КАФЕ ПАУЗА

Tag: ирак

  • Водете љубов, а не војна!

    Водете љубов, а не војна!

    Серијата фотографии „Водете љубов, а не војна“ на модниот фотограф Стивен Мајзел е направена за септемвриското издание на италијанскиот Вог од пред пет години. Ги претставува војниците во сред воена зона во Ирак, кои наместо да војуваат, заедно со бројни фото модели зазеле позиции кои асоцираат на водење љубов.1 Водете љубов, а не војна!2 Водете љубов, а не војна!Овие фотографии предизвикаа многу контроверзи. Тие беа повод Мајзел да биде критикуван со образложение дека ù дава гламур на војната во Ирак, и покрај извонредниот уметнички впечаток и пораката која ја пренесуваат.3 Водете љубов, а не војна!4 Водете љубов, а не војна!5 Водете љубов, а не војна!6 Водете љубов, а не војна!7 Водете љубов, а не војна!8 Водете љубов, а не војна!9 Водете љубов, а не војна!10 Водете љубов, а не војна!11 Водете љубов, а не војна!12 Водете љубов, а не војна!13 Водете љубов, а не војна!14 Водете љубов, а не војна!15 Водете љубов, а не војна!16 Водете љубов, а не војна!
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поинаков поглед во секојдневието на Ирачаните

    Поинаков поглед во секојдневието на Ирачаните

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnСè што сме слушнале за Ирак во последно време се експлозии, пукотници, немири и многу цивилни жртви. И не може да се очекуваат поинакви вести од држава којашто беше погодена од војна, но не може ни да мислиме дека тоа е сè што се случува таму.rnrnДаниел Брит е патописец и фотограф кој го пропатувал Блискиот Исток во последниве неколку години и ни нуди редок поглед во секојдневието на Ирачаните. И самиот потврдува дека избегнувањето на бомбите била неговата најважна задача, но видел и многу други работи кои немаме можност да ги видиме на вести, а кои се прикажани на следниве фотографии.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеПовеќето кафези во Багдадската зоолошка градина се празни, но и оние десетина животни што останале не се многу пријатни за гледање. Рибата на сликата морала да мине низ ласерско тетовирање на ирачкото знаме, а мајмунот е многу тажен. Вработените во зоолошката се лесно поткупливи, па не е тешко дури и да се влезе во кафезот на мајмунот, кој патем речено, разбира малку арапски. На зборовите „салам садеки“, што значи поздрав, тој веднаш пријателски ќе ја испружи шепата.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеСтатуата на жена што пишти е поставена во близина на најголемата џамија во Багдад во знак на сеќавање на 408 жени и деца кои загинале на тоа место во напад на Американските воздушни сили во 1991 година, сметајќи дека тоа всушност било воено засолниште.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеЛокалното население се соочува со големи горештини, па не е зачудувачки тоа што уште во текот на месец мај во реката Тигар се забележуваат луѓе на внатрешни камионски гуми како се разладуваат во реката.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеТешко е да се одреди професијата на Мула Али. Тој ги користи и исламската вера и технологијата при лекувањето на неговите пациенти. Со помош на електрошок терапија поставува дијагноза, а потоа препишува комбинација од молитви и лекови кои треба да го истераат злиот дух од телото на пациентот. Мула Али е доста популарен во Ирак, а тврди дека досега успеал да излечи рак, сида и кравјо лудило. Целиот процес на лекување се снима, а дивиди може да се купи на излезот од ординацијата.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеБорбата со петли е најпопуларна занимација на Ирачаните, пред сè затоа што им овозможува да се коцкаат. И покрај големата сиромаштија во земјата, обложувалниците за некои борби примаат облози во вкупна вредност и од по неколку илјади долари.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеВо Багдад има три руинирани фудбалски игралишта, каде што не се игра на трева туку во прашина, но тоа не ги спречува локалните жители да уживаат во убавата игра. Секој градски кварт има свој тим, се игра секој ден, а еден тим може да изигра и по неколку натпревари.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеПазарот во Алави нуди една од најавтентичните слики за Ирак, но може да биде морбидна за останатиот дел од светот. Таму најчесто може да се забележат глави од овци, кои се најважната состојка на традиционалната ирачка супа.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеПазарот на животни во Зако работи само во недела, а уште претпладне пречекува стотици посетители кои со нетрпение чекаат во живо да гледаат убивање на овци! Покрај тоа, доста барани се и гулабите и кучињата за борба. Продавачите задолжително носат каубојски шапки.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеСпоменикот на жртвите од Халабџа сведочи за масакрот што го сторил поранешниот диктатор Садам Хусеин, кој плашејќи се од бунт на Курдите во северниот дел на земјата, употребил гас со кој убил повеќе од 5.000 луѓе во овој град. Денеска, меѓу другите знаменитости, на тоа место има восочни фигури на луѓе кои лежат убиени на земјата.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеУште еден музеј за времето на Садам Хусеин, овој пат слика од тортурата што ја трпеле затворениците.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Закопан (Buried)

    Закопан (Buried)

    Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa rnrnЗакопан (Buried)Режија: Родриго КортесrnrnСценарио: Крис СпарлингrnrnУлога: Рајан РејнолдсrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 септември 2010rnrnЖанр: трилер, мистерија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnВо кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn

    rn

    Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”. Закопан (Buried) За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… Закопан (Buried)Закопан (Buried) Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот. Закопан (Buried)Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.Закопан (Buried)

    rnrn

    rn

    rn

    Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

    rn

    rn