Истражувањата покажуваат дека парите потрошени на патувања, ќе ве направат посреќни отколку парите потрошени на материјални работи. Должината на патувањето не влијае на среќата којашто ја чувствувате по неговото завршување. И кратките патувања ќе ве направат среќни, како што се викендите надвор од градот.rnrn
rnrnРедовните патници подобро се согласуваат со другите луѓе и умеат подобро да ги решат животните проблеми. Паровите кои патуваат заедно имаат поголема интимна поврзаност. Патувањата можат дури и да ве направат попаметни. Погледнете ги останатите среќни факти кои произлегуваат од патувањата, во видеото.rnrn
Tag: интима
-

Интересни факти кои ќе ве натераат почесто да патувате
-

5 навики на среќните парови
Сите познаваме парови кои дури и по долги години поминати заедно се гледаат со ист жар како првиот ден. Што е тоа што тие го прават различно од другите парови?rnrn
rnrnОва се 5 навики на среќните парови:rn1. Никогаш не дозволуваат да заврши третиот состанок
rnКако што изминува времето, разговорите за желбите за иднината и за патување низ светот, се заменуваат со разговори за сметки, кредити, одржување на домот. Психологот Тери Орбуч во своето истражување започнато во 1986, следела 373 парови на средовечна возраст. 98% од оние кои се изјасниле како среќни и задоволни во своите бракови, кажале дека интимно го познаваат и разбираат својот партнер. Половина од истите рекле дека често делат интимни детали за нивните животи, нивните соништа, стравови, цели, додека тоа го прават помалку од 1/5 од оние парови кои во истражувањето се класифицирани како понесреќни.rnrn
rnrnТаа препорачува партнерите да одвојуваат макар 10 минути дневно зборувајќи, не за работа или трошоци во семејството, туку за своите интимни чувства. Без разлика на изминатото време, паровите треба да умеат да поставуваат и да одговараат прашања кои наликуваат на оние од третиот состанок, како на пример: Што би направил/а кога би добил/а на лотарија? или Кога би имал/а шанса да започнеш нова кариера, што би одбрал/а? Ваквите разговори ги оттргнуваат паровите од стресното секојдневие, пробудуваат интерес за меѓусебните чувства и интереси и ги доближуваат повторно на интимно поле.rn2. Објективно гледаат на своите проблеми
rnПсихологот Ели Финкел заедно со своите колеги, во неговата претстојна студија предлага објективно гледање на работите. Многумина во текот на некакво несогласување ќе пробаат да се стават во кожата на својот партнер, трудејќи се да го/ја разберат. Но, вистинското решение е да се погледне ситуацијата од страна, како непристрасен надгледувач на работите.rnrnВо текот на истражувањето, на дел од брачните двојки им било побарано да посветат 7 минути пишувајќи за несогласувањето со партнерот, од објективна гледна точка, и да го повторат тоа 3 пати во текот на една година. По изминувањето на годината, оние парови кои ги гледале кавгите и несогласувањата од неутрално гледиште, биле позадоволни од нивната врска со партнерот, пострасни и со повеќе доверба во сопругот/сопругата.rn
3. Им посветуваат внимание на ситниците
rnГолемите гестови навистина се показ на грижа и внимание. Но, малите гестови се оние кои прават срцето да заигра од радост. Во проектот на универзитетот во Вирџинија биле испрашани над 1.400 парови. Оние кои правеле мали гестови за својот партнер се покажале како посреќни и поисполнети од оние кои не им обрнувале толку внимание на ситниците.rnrn
rnrnМирисот на кафето кое вашиот партнер го подготвил додека вие мрзеливо ги отворате очите наутро, здиплената облека или наместениот кревет, можеби се само ситници, но се вистински пат до среќа и задоволство.rn4. Наоѓаат поддршка надвор од нивниот брак
rnПаровите кои се во опкружување кое ги поддржува, се посреќни и имаат постабилни бракови. Може тоа да биде вашето семејство, круг на пријатели или соседство, односно личности кои го поддржуваат вашиот брак и општо бракот како институција.rnrnДоколку имате пријател или пријателка која има негативни ставови за бракот, исто така ќе влијае и на вас, па ќе почнете да им ставате акцент на сите негативности наместо на позитивните нешта. Но доколку поминувате повеќе време со вашите родители, на пример, кои се долго во брак, тоа позитивно ќе влијае на вашите сфаќања за вашиот брак.rn
5. Проблемите ги лечат со смеа
rnНели сите знаеме дека смеата е лек за сè? Среќните парови проблемите и предизвиците ги лечат со смеа. Не мора да биде шега кажана во моментот, туку уште подобро ако се потсетите на урнебесна случка од минатото. Психологот Дорис Базини тврди дека и најтешките моменти олеснуваат со помош на смеата.rnrnКога сте во вистински хаос, потсетете се на некоја интересна случка од вашиот одмор или излет со пријателите. Разговарајте за тоа, смејте се. Така го наоѓате патот кон излезот од проблемот. Смеата можеби нема целосно да го реши несогласувањето, но во секој случај ќе ги смири страстите пред и двете страни сосема да избувнат.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Мажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начин
За жените бакнежот претставува начин емотивно да се поврзат со нивниот партнер, додека за мажите, бакнежот служи како средство за постигнување на крајната цел т.е. сексот, покажуваат резултатите од новото американско истражување.rnrn
rnrnВо истражувањето учествувале преку 1.000 студенти, а резултатите покажале дека двата пола го сметаат бакнежот за важна интимна интеракција помеѓу луѓето. Но, додека за жените бакнежот претставува покажување нежности, мажите во главно го користат за да ја возбудат партнерката.rnrnБакнежите исто така, покажуваат колку сте компатибилни со вашиот партнер. И мажите и жените рекле дека можат само врз основа на еден бакнеж да го изгубат или да го зголемат интересот за некоја личност.rnrnРазликите помеѓу мажите и жените во однос на бакнежот и понатаму се продлабочуваат. Па така, за дамите лошиот бакнеж најчесто значи и крај на состанокот, додека повеќето од мажите веруваат во спротивното, односно за нив лошиот бакнеж не значи дека не би се впуштиле во интимен однос со таа личност.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вашата омилена боја открива какви сте во сексот
Омилената боја, може да открие многу работи за една личност, вклучително и нејзиното однесување за време на сексуалниот чин. Доколку не сте сигурни која е вашата омилена боја, ѕирнете која доминира во вашиот гардеробер или во вашата соба и прочитајте какви сте под чаршафите. :)rnrn
rnЦрвена
rnСтрасни сте во сексот и уживате во него на секој можен начин. Не постои нешто во сексот, кое вие не би сакале да го пробате. Обожавате кога партнерот копнее да биде интимен со вас, особено кога чувствувате дека имате моќ над него. Доколку и вашиот партнер ја сака црвената боја, вие двајца сте како главни ликови од одличен еротски роман.rn
Жолта
rnВашиот сексуален нагон е прилично комплексен, но истовремено и прилагодлив. Сакате доминантни партнери, кои ја имаат целосната контрола во сексот. Никогаш не уживате комплетно во сексот бидејќи сте премногу срамежливи да кажете на глас што ве возбудува, но никогаш и не би одбиле покана од некој кого обожувате или на кој му се восхитувате.rn
Розова
rnВо сексот сте незрели. Жените кои сакаат розово имаат тенденција да го предизвикуваат партнерот и му ветуваат повеќе одошто можат да му пружат. Некои од нив премногу ја нагласуваат нивната женственост, а тоа е така бидејќи потајно ги мразат мажите. Машките љубители на розова боја, имаат тенденција да бидат неверни. Тие се големи женкари и приврзувањето едноставно не е за нив.rn
Виолетова
rnСебеси се сметате за софистицирана личност и не го обожавате баш сексот, бидејќи е премногу валкан за вас. Жените стравуваат дека ќе си ја расипат косата ако имаат секс, а мажите се однесуваат како да ѝ нудат бизнис-предлог на нивната партнерка, а не водење љубов. Ги сакате контролата и правилата, поради што сте склони кон рутински секс. Поважно ви е вашето уживање, во однос на желбите и потребите на партнерот.rn
Зелена
rnВашиот пристап во сексот е нежен и искрен. Жените кои сакаат зелена, цел живот ќе водат љубов како да се девици. Мажите се малку тромави и чудни во сексот, но на еден привлечен и шармантен начин. Сексот секогаш го доживувате како чисто водење љубов. Нежни сте, но не сте страсни. Вашиот партнер никогаш не треба да се грижи и посомнева дека ќе го изневерите.rn
Портокалова
rnСексот го доживувате како фантазија. Предиграта ви е подеднакво важна како и самиот чин на водење љубов. Иако ретко доживувате оргазам, вие секогаш уживате во самата игра на заведување, која неретко вклучува и сцени од филмови, како на пример оставање трагови од нокти на грбот на партнерот и влечење на косата на партнерката.rn
Црна
rnСакате предизвици, нови начини на уживање и неочекувани ситуации. Можеби сте склони и кон поперверзен секс. Себични сте, имате променливо расположение, а во сексот гледате бегство од вашиот гнев и фрустрации.rn
Кафена
rnВие сте нежни, чувствителни и ги почитувате желбите и потребите на партнерот. Можете да водите љубов со часови. Романтични сте, поради што многу уживате во самиот чин на заведување и флертување. Поради вашата сензитивност, само еден погруб збор од вашиот партнер, може да значи крај на врската. Вие ја давате сета љубов која ја чувствувате, но очекувате исто (па и повеќе) за возврат.rn
Сива
rnПрилично сте неодлучни и тешко се возбудувате. На машките љубители на оваа боја, сексот им служи за ослободување од притисокот и задоволување на нагоните, додека за жените сексот во превод значи задоволување на потребите на партнерот или неопходен пат за проширување на семејството.rn
Сина
rnВнимателни сте и чувствителни, а љубовта и сексот за вас претставуваат уметност. Страсни сте и се возбудувате како моќен морски бран. Ја сакате предиграта, исто колку и самиот секс. Верни сте на својот партнер, многу давате, но и многу очекувате. Вие сте одличен брачен материјал – секогаш ќе го правите партнерот задоволен и никогаш нема да барате утеха кај некој/a друг/а.rn
Бела
rnСексот за вас е нешто интимно и таинствено. Обожавате да водите љубов во мрак, што значи дека сте срамежливи и не сте баш подготвени за сексуални игри. Туширање пред и по сексот е честа појава кај вас, но тоа не значи дека сметате дека вашиот партнер е валкан. Вие едноставно сметате дека чистотата е начин да се покаже респект кон партнерот. Според вас, сексот треба да биде дел само од сериозните љубовни врски.
-

Неколку совети за одржување на цврстината на вашата врска
Добрите љубовни врски го подобруваат вашиот живот на сите полиња, го зајакнуваат вашето здравје, ум како и врските со останатите луѓе. Но, доколку таа не функционира добро може да предизвика стрес, немир, лошо расположение и во краен случај депресија. Врските се како инвестиции, колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате. Секоја врска е уникатна сама по себе, луѓето се зближуваат поради многу причини и функционираат најдобро на најразлични начини. Но постојат неколку работи кои се заеднички за сите. Еве неколку начини кои ќе ви помогнат во одржување на цврстината на вашата врска или пак, ќе ви пружат мала помош при враќање на довербата, љубовта и забавата помеѓу вас.rnrn
rnОдржувајте ја физичката интимност
rnДопирот е фундаментален дел на човековото постоење. Топлиот допир кај возрасните предизвикува зголемување на нивото на окситоцин, хормон кој влијае врз способноста за приврзување и обврска. Во сериозна врска помеѓу двајца возрасни партнери, физичкиот однос често е столбот на таа врска. Но, тоа не би требало да биде единствениот метод на физичка интимност. Секојдневни, топли и нежни допири (држење за раце, прегратки, бакнежи) се подеднакво важни, колку и сексуалниот однос.rnrn
rnПоминувајте квалитетно време заедно
rnСигурно имате пријатни спомени од вашите први состаноци. Сѐ ви изгледало ново и возбудливо и можевте да разговарате и да се забавувате со часови. Но, како што поминува времето се појавуваат нови обврски надвор од вашата врска, кои често влијаат негативно врз вашето заедничко време. Ако не поминувате квалитетно време заедно, почнуваат да се губат комуникацијата и разбирањето. Не заборавајте да се забавувате. Смислете интересен начин да го изненадите партнерот, играјте карти, одете на билјард или куглање. Издвојте една вечер за излегување, направете „екскурзија“ како на вашите први состаноци: Одете прво на кафе или пијалак, потоа продолжете во дискотека или на некоја забава и танцувајте до сабајле.rnrn
rnНикогаш не престанувајте да комуницирате
rnСите ќе се согласиме дека добрата комуникација е основата на секоја добра врска. Секој од нас на различен начин најдобро ги прима информациите. Некои луѓе подобро реагираат на поглед, звук или допир, додека пак други на директен разговор. Пронајдете време да ги научите методи со кои вашиот партнер најдобро комуницира и не заборавајте да му/ѝ ги откриете и вашите. Фокусирајте се и на тоа што не се кажува. Невербалните знаци како контактот со очите, движењето на телото или допирот може да значат многу повеќе од зборовите. Ако некој инсистира дека е сѐ во ред, а притоа стиска со забите и го избегнува вашиот поглед, неговото/нејзиното тело говори дека не е најискрен/а со вас.rnrn
rnНаправете компромис
rnАко очекувате дека во врската се ќе биде по ваше 100% од времето, тогаш подгответе се за разочарување. Здравите врски се градат врз основа на компромис. Секако потребно е време и работа од двете страни за да постои разумен баланс во вашата врска. Научете да препознавате што му е навистина потребно на вашиот партнер. Тоа може многу да помогне при создавање пријатна атмосфера помеѓу вас. Исто така многу е важно и вашиот партнер да го научи истото за вас, па пробајте да бидете јасни во врска со она што го сакате.rnrnКонфликтите се честа појава во врската. Но, за да се одржи цврстината на врската двете страни мора да бидат слушнати. При решавање на конфликтот, погрижете се да се борите за она што е фер, но не го напаѓајте партнерот директно и не отворајте стари рани. Наместо тоа почнувајте ги речениците со „јас“ при што ќе објасните како вие се чувствувате во врска со настанатиот проблем, без да наведувате милион причини зошто вие сте во право, а тој греши.rnrn
rnОчекувајте добри, но и лоши моменти
rnНе постои врска која нема лоши моменти. Дури и кога сѐ е во ред меѓу вас, надворешни проблеми кај едниот партнер може да предизвикаат „растресување“ на врската. Во таков случај научете да се контролирате. Никогаш не истурајте му се на вашиот партнер. Тој не е крив зашто денес професорот/шефот премногу ве изнервирал или мајка ви ве напнала. Но тоа не значи и дека треба да ги игнорирате проблемите настанати меѓу вас двајца. Влијанието на стресот врз вас се зголемува доколку ги потиснувате нерешените проблеми и се однесувате како тие да не постојат.rnrn

-

Интимни фотореалистични слики
Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу фотографија и слика. Марта Пентер е психолог кој се занимава и со сликање. Таа живее во Бразил, а нејзините неверојатни фотореалистични слики ќе ви ги поместат границите на реалното. Нејзината серија на портрети „Shared Intimacy“ вклучува слики за кои дефинитивно ќе помислите дека се земени од нечиј приватен фотоалбум.rn
Таа црта со акрилни и мрсни бои на платно. Нејзините дела најчесто се во црно-бела техника, а понекогаш знае да вметне и некоја друга боја. На прашањето зошто ги прави сликите толку големи, таа одговорила:rn. rn„Кога пред себе имате голема слика, таа ве тера да станете дел од неа многу побрзо, отколку кога таа би била мала.“
rn








rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Астрологијата и страста
Што го „пали“ вашиот љубовен партнер? Без разлика дали тој/таа во сексот се поврзуваат на духовно, мистично ниво или си го закажуваат самиот акт во нивниот дневен планер, секој хороскопски знак има позитивен стил кога станува збор за ова задоволство. Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.rnrn
rnrnЛавот го возбудува помислата дека го забележувате и цените како личност. Погалете го неговиот/нејзиниот грб одозгора надолу и притоа со „љубовна нота“ шепнете му/и во уво некој комплимент. Верувајте, лавот нема да остане рамнодушен на убавите зборови.rnrnТајната за поминување една незаборавна романтична вечер со вашиот рак, е да направите да се чувствува сигурно и заштитено. Спалната соба е најдоброто место во кое можете да се релаксирате и да зборувате слободно за сето она што ви лежи на душа. Бидете отворени, расположени, нежни и чувствителни за да ја разбудите страста во вашиот љубовник со хороскопски знак рак.rnrnКога станува збор за близнаците и девиците, ништо нема да ви донесе повеќе возбуда во креветот од добриот разговор базиран на обострано зборување и слушање. Одрежете жива, весела комуникација во спалната и избегнувајте сериозни теми на разговор. Чувајте го нивниот ум свеж и активен, на начин што во детали, вербално ќе им објаснувате сè што планирате да им правите во креветот.rnrnБикот и вагата се сензуални и грациозни секс партнери, кои сакаат да даваат, но го очекуваат истото од вас за возврат (тие воопшто не ценат самобендисани луѓе). Создадете пријатна атмосфера, луксузно декорирајте ја собата, прилагодете се на секоја нивна желба и ќе го добиете и вие она што ви следува.rnrnОвните сакаат физички да ја демонстрираат нивната страст и би сакале да им дадете дозвола да ја заземат главната улога во креветот и да ви ги остварат сите ваши сексуални фантазии. Следете ги. Кога ви се дава прилика да правите нешто дрско, не се повлекувајте.rnrnЈарците може на прв поглед да изгледаат конзервативно кога станува збор за сексот, но тоа го компензираат во постелата со нивниот нежен, сензуален и трпелив стил на водење љубов. Сексот со нив можеби не е спонтан, но јарците по природа се „диви“. За да биде задоволен, договарајте со него редовни термини во седмицата за водење љубов.rnrnСтрелецот има богата духовна природа и не е тајна дека има желба сексот, интимноста и водењето љубов да ги одведе до едно легендарно ниво. Бидете дарежливи со стрелецот во кревет и научете спектакуларно да го прославувате чинот на водењето љубов. Трчајте низ шумата голи, бркајќи се еден со друг, може да биде една предлог – идеја. :)rnrnЉубовникот со хороскопски знак водолија е див, понекогаш перверзен, умее добро да се забавува, а во остатокот од времето е емоционално отсутен. Со неа бидете отворени, експериментирајте и имајте волја да го пробате она што има да ви го понуди, но не и дозволувајте да го избегнува емоционално поврзување, кое прави партнерите во сексот да се чувствуваат интимно блиски и задоволни.rnrnРибите се мечтатели, кои изгледаат како да дошле на планатава од некое далечно место. Тие можат да лежат и само да гледаат во вашите очи со саати, доколку им го дозволите тоа. Па, дозволете им. Обидете да се поврзете со нив на едно мистично ниво, со тоа што ќе го одржувате контактот со нивните тажни очи, кој може да ве одведе двајцата до највисоката точка на сексуално уживање.rnrnМоже да мислите дека вашата скорпија сака да ја поседува вашата душа на начин што сексуално ќе се поврзе со вас и да ви изгледа како таа да си ги „полни батериите“ кои ја одржуваат во живот со вашата сексуална енергија. Тоа и не е далеку од вистината. Кажете и на вашата скорпија што посакувате. Бидете искрени. Верувајте, таа ќе ги претвори сите ваши сексуални мечти во реалност.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn