Ние гледаме некого, неговата работа и живот, па му се восхитуваме, тој е наш идол. Тоа може да бидат нашите родители, некој пријател, професор или пак некоја славна личност. Тоа е добро, но кога се посветувате на нечиј живот, заборавате на вашиот, на она што навистина сте. Оставете другите да ве инспирираат, но работете напорно за да бидете сами свој идол. Гледајте ја својата рефлексија, променете го вашето мислење на подобро и започнете да го контролирате вашиот живот. Верувајте, ќе бидете посреќни.rnrn
rnrn1. Другите нема да успеат за вас. Сакате да станете како Тејлор Свифт? Тоа е супер. Можеби таа е вашиот идол и се обидувате да ја копирате, но запомнете, нејзиниот успех не е ваш. Ниту една позната личност не може да ви помогне да успеете. Сè додека го трошите вашето време за да го следите успехот на другите, губите време за создавање на својот.rnrn2. Вашите цели не се како на другите. Вашиот живот и вашите цели се поразлични од целите на другите луѓе во светот. Зошто да следите нечии стапки? Вашиот пат до успехот е поразличен. Следењето туѓи цели може да ве однесе кон неуспех.rnrn3. Само вие сте одговорни за себе. Лесно е да ги обвините вашите идоли за неуспехот. Можеби тие не биле особено инспирирани таа недела или пак не ви кажале „добро завршена работа“. Но, тоа не е нивна одговорност. Од моментот кога ќе одлучите да бидете свој идол, ќе започнете да се чувствувате одговорно за вашите постапки.rnrn4. Идолите доаѓаат, но и си одат. Понекогаш тие ќе ве разочараат. Па, што ќе правите тогаш? Нема да се напуштите себеси. Потрудете се да станете подобра личност, останатото е само изговори и откажување.rnrn5. И сами можете да станете подобра личност. Очигледно е дека вие сакате да изгледате како некого. Сепак, кога ќе започнете внимателно да се набљудувате, ќе ги забележите сите ваши недостатоци, но и предности и на тој начин ќе го подобрите вашиот живот. Ќе станете горди на себе. Еден ден ќе застанете пред огледалото и ќе бидете благодарни на сето она што сте го постигнале.rnrn6. Нашите погледи за другите се нереални. Еве ја тешката вистина – нашите идоли не се совршени. И тие имаат проблеми и лоши денови. Но, кога ние ги гледаме, тие се совршени, а поради тоа се чувствуваме лошо во врска со себеси. Вие ги знаете сите свои предности и слабости. Знаете дека не сте совршени и тоа е голем чекор пред нив.rnrn
rnrn7. Вие сте единствените кои можат да одлучат. На крајот, вие сте оние кои треба да го кажат последниот збор. Вие може да идеализирате некого со години, но тој нема да ви помогне за да ги постигнете вашите цели. Потребно е да се мотивирате самите за да ги одберете најдобрите одлуки за вас.rnrn8. Тоа ја зголемува вашата самодоверба. Кога ќе забележите дека вие сте сопствен херој во вашата приказна, вашата самодоверба ќе се зголеми. Ќе имате чувство како да имате контрола над вашиот живот. Знаете дека успехот е тотално ваш.rnrn9. Искрени сте кон себе. Чудно е колку многу луѓе го губат своето сопствено „јас“ откако ќе се опседнат со некој друг. Како свој идол, потребно е да останете искрени кон себе. Нема потреба да го жртвувате тоа и да се преправате дека сте некој друг. Единствена личност која треба да бидете е онаа која навистина сте.rnrn10. Може да ги инспирирате останатите. Почитта што ја имате кон себе, тешката работа што сте ја завршиле и самодовербата која сте ја добиле може да ги инспирира луѓето околу вас. Најдобар дел е она кога ќе останете верни на себе, па затоа станувате реална инспирација за останатите. Плус, кога другите ќе започнат да ви се восхитуваат, вашата самодоверба ќе се зголеми.rnrn11. Ќе делувате за да ги исполните вашите цели. Ако вие сте единствените кои се заслужни за вашиот успех, тоа ќе направи да делувате за да ги исполните вашите цели. Вие не сакате да го разочарате вашиот идол, односно не сакате да се разочарате себеси. Тој притисок прави да бидете уште поупорни и да продолжите да успевате.rnrn12. Треба да се импресионирате само себеси. Вие многу се трудите, но не можете да ги импресионирате луѓето што сакате да ги импресионирате. Што ќе направите? Ќе се откажете. Но, ако се импресионирате себеси, секоја мала победа ќе биде од големо значење за вас, а вие ќе бидете повеќе мотивирани и среќни.rnrn13. Животот не е натпревар. Да се има други идоли значи постојано да се споредувате со нив. Вие се обидувате да бидете како нив или пак се трудите да бидете подобри од нив. Сè додека учествувате во некој замислен натпревар, нема да напредувате и ќе бидете полни со стрес. Не треба да се споредувате со останатите. Едноставно, направете го она што е најдобро за вас и не споредувајте се со никого. Натпреварувајте се со себе.
Tag: идол
-

Извадете ги постерите од собата, вашиот идол се крие во огледалото!
-

Дами и господа, ви го претставуваме Холивуд Андерсон, музички талент кој никогаш нема да го заборавите
За време на аудициите во Њујорк, судиите и публиката од ТВ шоуто „American Idol“ добиле неверојатно изненадување – уличен свирач кој се претставил како Холивуд Андерсон. И покрај ниските очекувања кои можат да се видат на лицата на судиите неколку моменти пред тој да почне да свири и пее, овој талентиран бездомник им покажува дека има нешто посебно во себе. Тој настапил со своја песна, наречена „My Best Friend“, која ја напишал за девојка од својот клас во која лудо се заљубил. Направете место во вашето срце, бидејќи тој со сигурност ќе ве освои! Погледнете.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Зошто малите деца сакаат да бидат секси?
Пренагласената сексуализација во однесувањето кај децата е тема на обемна дебата во последните неколку години. И додека за оние кои веќе навлегуваат во адолесценција и на кои им лудуваат хормоните може да се разбере таквото однесување, сега започнува да загрижува тоа што многу помали деца се обидуваат да бидат сексуално атрактивни во очите на околината. Навистина делува чудно кога ќе видите дека девојче од десетина години на Фејсбук објавило слика на која позира како да се обидува да привлече некого со својот изглед, а сликата ја надополнуваат и некои дечиња кои се појавуваат на детските фестивали.rnrn
rnrnЗа да ги најдат причините за ваквата појава, психолозите Кристин Стар и Гејл Фергусон неодамна направиле еден експеримент. Тие на неколку девојчиња на возраст од шест до девет години им дале неколку кукли, а тие требало да кажат на која кукла мислат дека личат, на која сакаат да личат, која од куклите би била најпопуларна во реалниот живот и со која од нив би сакале да си играат. Резултатот бил дека најсекси куклата би била најпопуларна, па следствено на тоа девојчињата сакале да изгледаат токму како неа. Интересно, не ја избрале секси куклата кога одговарале на прашањето со која кукла сакаат да си играат.rnrn
rnrnСтар и Фергусон понатаму продолжиле да ги бараат причините кои довеле до ваквиот детски избор. Резултатите од нивните истражувања покажале дека пренагласената сексуалност кај децата доаѓа од содржините кои им се сервираат преку медиумите, но тоа не бил најважниот фактор. Се покажало дека клучно е влијанието на мајките и нивната перцепција за сопствените тела. Кога мајката пред детето покажувала дека е незадоволна од својот изглед, медиумите лесно ја повредувале и перцепцијата за убавото на детето. Но, кога мајката била задоволна од себе и на својата ќерка и укажувала што од она кое се прикажува на телевизија е добро, а што лошо, тогаш девојчињата ретко ја избирале секси куклата како свој идол.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Запознајте ја Рита Ора
Ви ја претставуваме Рита Ора (Rita Sahatçiu Ora), 21-годишна девојка со неверојатен глас и впечатлив имиџ. Рита полека, но сигурно ги освојува љубителите на добрата музика низ целиот свет, а како што и самата тврди, најдоброто од неа допрва доаѓа.
Родена е на 26 ноември 1990 година. Израсната е во Лондон и на светот му е позната како слатка и талентирана Британка, но по потекло е од Приштина. Рита заедно со своите родители и со нејзината постара сестра, заминале од Косово уште пред таа да наполни една година.
Рита Ора не поседува само талент за пеење, таа е и текстописец, а одлично се снаоѓа и во актерството. На самиот почеток на нејзината кариера, се појавува во улога на Росана во Британската криминална драма „Spivs“ во 2004.rnrnВо 2007 и 2008 се појавува со неколку музички хитови, како „Akward“ заедно со Craig David и „Where’s your love“ со Tinchy Stryder. Она што почнува да ја вади од сенка, е обидот да ја претставува Британија на Евровизија во 2009 година, за што и самата признава дека не се чувствувала подготвена, па се повлекува. Ора е забележана од страна на големи музички имиња, па кон крајот на 2009 се приклучува кон издавачката куќа „Рос Нејшн“, чиј основач е Џеј Зи.rnrn
rnВо текот на 2009 се промовира настапувајќи во барови и клубови во Лондон, а во 2011 издаде видеа со подготовките на нејзиниот деби албум, кој би требало да излезе ова лето. Она што може да го очекуваме од албумот се големи хитови, имајќи ги предвид нејзините гласовни способности и фактот што таа работи на него повеќе од две години. Исто така, соработува со познати музички имиња, како Вил Ај Ем, Дрејк, Канје Вест и други.rn
rnrn
„Ми дадоа три години за да го подготвам мојот албум. Две години за да се пронајдам себеси и речиси една година за да го снимам. Луѓето не го прават тоа во денешно време, но најверојатно тие веруваа во мене.“ – изјави таа
rn
Нејзиниот прв голем хит е издаден кон крајот на 2011, насловен како „Hot right now“, во соработка со Dj Fresh. Водечкиот сингл на албумот е „How do we do (Party)“.rnrnШпекулациите дека е во врска со Канадскиот рапер Дрејк, стивнаа откако ја обелодени врската со членот на познатото семејство Кардашијан, Роб, кој во неколку наврати изјави дека е до уши вљубен во слатката и необична Рита. Засега, најновото од неа е појавувањето како гостин во жирито на познатото шоу за таленти „X Factor“, за што видно возбудена „твитна“:rnrn
„Јас сум иста како вас. И јас само што започнав… тука сум за да ви помогнам.“
rn
Рита ќе ги придружува членовите на популарната група Coldplay за време на нивната летна турнеја.rnrnНејзиниот стил и музика, често е споредуван со оној на Ријана, но многумина ќе речат дека оваа девојка е оригинална и единствена.
Всушност, таа отворено признава дека нејзина инспирација е Гвен Стефани, не само во музиката, туку и во градењето на целокупниот имиџ. Исто така, ја наведува и Бијонсе, како личност на која ù се восхитува и ја почитува. Во врска со нејзиниот имиџ, инспирацијата потекнува и од познатата Мерлин Монро, а оваа поврзаност се објаснува со нејзиниот ретро стил.rnrn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да изгледате како омилениот пејач?
Имате идол кој е познат поп или рок пејач? Се воодушевувате на неговиот имиџ? Пронајдете го вашиот идол и облечете се во негов стил.




















-

Подигнете го нивото на вашата самодоверба
Вашата претстава за себеси има огромно влијание врз тоа како другите луѓе ве доживуваат. Колку сте посамоуверени, толку е поверојатно дека ќе успеете во животот. Голем број фактори имаат силно влијание врз вашата самодоверба кои се надвор од ваша контрола, но има и многу нешта кои можете да ги направите за да ја доизградите. Со следниве стратегии ќе успеете да ја достигнете вашата потребна ментална подготвеност за успех.rn
1. Облеката нека говори за вас
rn
rnrnИако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствувате. Направете ја вашата појава необична и препознатлива за останатите. Ова не значи да трошите премногу пари на облека. Едноставно почнете полека и надградувајте го вашиот плакар со интересни и квалитетни парчиња. Изгледот комплетирајте го со вашиот омилен парфем, некое парче накит и интересна фризура.rn2. Изберете идол
rn
rnrnБез разлика дали станува збор за некој ваш близок или позната личност, најдете модел на личност кому навистина се восхитувате. Ова не значи да го имитирате или да му го преземате стилот. Едноставно, фокусирајте се на квалитетите кои таа личност ги поседува и учете.rn3. Вежбајте
rn
rnrnВежбањето и оформувањето на вашето тело може двојно да ја зајакне вашата самодовербата. Редовната физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и ќе направи да се чувствувате поудобно во вашето тело. Ќе бидете изненадени од тоа колку опуштени и комуникативни можете да бидете.rn4. Најдете ја вашата страст
rn
rnrnБез разлика дали тоа ќе биде музиката, некоја боречка вештина или пак везење, правењето нешто во кое уживате ќе ве направи сигурни и исполнети. Уште поважно е тоа што со напредувањето во вашето хоби, самодовербата ќе се движи во нагорна линија.rn5. Подобрете го држењето на вашето тело
rn
rnrnДржете ги грбот и рамената секогаш исправени. Главата секогаш нагоре и не дозволувајте погледот да ви паѓа надоле. Избегнувајте да ги прекрстувате рацете или постојано да ги подигате ракавите нагоре. Ваквите гестикулации прават да изгледате многу несигурно и нервозно.rn6. Однесувајте се самоуверено дури и да не се чувствувате така
rn
rnrnМожеби ќе ви звучи чудно и неприродно, но овој метод е многу ефективен. Секогаш смејте се, зборувајте гласно и јасно, правете шеги и гледајте ги луѓето во очи додека зборувате со нив. Научете да не ви е грижа што мислат другите, само така навистина ќе бидете среќни.rn7. Примајте комплименти, но и давајте
rn
rnrnКога имаме негативна перцепција за некого, обично тоа се преточува во озборувања и навреди. За да се надмине овој проблем, без разлика на се, треба да се гледаат и позитивните страни кај секого. Со самото тоа што ќе почнете да ги забележувате и истакнувате добрите страни на човекот, индиректно го изнесувате најдоброто од себе, а тоа сигурно нема да помине ненаградено.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.