КАФЕ ПАУЗА

Tag: идентитет

  • Тест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе го открие вашиот вистински идентитет

    Тест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе го открие вашиот вистински идентитет

    Оваа оптичка илузија ќе ја открие вашата личност според она што прво ќе го забележите. На почетокот може да ви изгледа како да гледате една слика, но всушност има три елементи. Обрнете внимание на сликата. Што прво ви го привлече вниманието? Одговорот може да открие многу за вас и за вашата личност.rnrnТест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе го открие вашиот вистински идентитетrn

    1. Ако прво забележавте силуета на куче

    rnТест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе го открие вашиот вистински идентитетrnrnВие сте едноставна и смирена личност. Избегнувате драми, сакате да живеете опуштено и знаете како да се приспособите на секоја ситуација.rnrnНекои ве сметаат за флексибилна, мудра и искрена личност, а некои ве гледаат како слаба личност.rnrnВсушност, вие сте способни сами да ги решите вашите проблеми. Семејството и пријателите честопати ви се обраќаат за совет и за мислење затоа што тие ги сметаат за многу вредни.rn

    2. Ако прво забележавте силуета на зајак

    rnТест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе го открие вашиот вистински идентитетrnrnВие сте импулсивна и екстровертна личност. Се грижите за мислењето на другите и понекогаш размислувате премногу за она што другите луѓе го мислат за вас.rnrnВие сте таинствени, па затоа другите луѓе не можат да откријат што мислите во одредени ситуации. Добри сте во криењето на вашите емоции и иако обично имате многу „пријатели“ околу вас, само неколку од нив ве сметаат за вистински и искрен пријател.rnrnМоже да изгледате нежно однадвор, но однатре сте многу силни и знаете како да го добиете она што го сакате. Вие нема да пропуштите ниту една можност да успеете да ги постигнете поставените цели.rn

    3. Ако прво забележавте силуета на мачка

    rnТест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе го открие вашиот вистински идентитетrnrnАко прво видовте мачка, тоа значи дека сте мирна и воздржана личност и не сакате да привлекувате внимание кон себе. Особено сте добри во прифаќањето конструктивна критика и напорно работите за да бидете подобра личност, што може да ги инспирира оние околу вас.rnrnИако сте независни, фокусирани и одговорни, истовремено сте исклучително дисциплинирани во сè што правите. Кога некој ќе ве запознае, прво мисли дека сте обична, просечна личност, без посебен талент или револуционерни квалитети.rnrnСепак, впечатокот се менува откако ќе ве запознаат подобро и ќе сфатат дека сте многу посебни и исклучително компетентни.rnrn[message_box title=”Изберете слика и откријте што мислат другите за вас” color=”yellow”]Тест: Изберете слика и дознајте што мислат другите за вас[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • Еве зошто 40-тите се најтешките години за една личност: Дали е тоа почеток на нов живот или целосно уништување на стариот?

    Еве зошто 40-тите се најтешките години за една личност: Дали е тоа почеток на нов живот или целосно уништување на стариот?

    Постојат два многу значајни периоди во животот на човекот проследени со кризи, а нивниот исход може да влијае врз иднината. Тоа  се „тинејџерската криза“ и кризата во 40-тите години.rnrnЕве зошто 40-тите се најтешките години за една личност: Дали е тоа почеток на нов живот или целосно уништување на стариот?rnrnИ двете кризи, како по правило, предизвикуваат силни емоции кои доведуваат до ненадејни одлуки.rnrn40 години. Некој што го поминал тој магичен број ќе рече: „Тоа е сè уште младост“. Додека адолесцентите оваа возраст ќе ја наречат „старост“.rnrnНо, поради некоја причина, личноста која се приближува до својот 40-ти роденден, категорично ќе одбие да го прослави тој датум. На тој ден, внимателно ќе застане пред огледалото и ќе ги побара новите брчки, броејќи ги попатно и сивите влакна.rnrnПојавата на нови брчки кај луѓето во овој период предизвикува неверојатна емоција: болка, тага, незадоволство, затоа што сметаат дека им се случува пресврт. Сега веќе – тие се официјално стари!rnrnОваа криза не трае само една година и секогаш се случува околу роденденот. Во зависност од карактерот на личноста, може да трае од 35 години до 45 години, но обично се јавува од 38 до 42 години.rnrnВо психологијата, овој период се нарекува „криза на идентитет“. Оваа криза се случува со секој човек што се обидува да одговори на прашањето „Кој сум јас?“.rnrnМногу психолози сметаат дека кризата на средни години е најлоша во животот на една личност. Тоа е период кога човекот, сфаќајќи дека половина од својот живот веќе поминал, погледнува наназад и се прашува себеси: „И кој сум јас во овој живот? Што постигнав? Што можев да направам? Кој сум сега?”.rnrnПотоа, секоја личност веќе е во услови кои психолошки се значително поразлични од претходните. Ова е период тој е во средината: од една страна се неговите родители, а од друга, неговите деца. Во повеќето случаи, децата се веќе тинејџери, а родителите се стари луѓе, желни за внимание.rnrnВо овој период од животот, личноста сфаќа дека е одговорна за себе, за својата судбина и за семејството. Секој што има семејство е под притисокот на одговорноста кон децата и кон родителите. И сè додека родителите се живи, сè додека се силни, додека можат да се грижат за себе, тие се чувствуваат заштитено и безбедно.rn

    Што се случува во главата на еден човек што минува низ „средовечна криза“?

    rnАко на 20-годишна возраст се даваа ветувања, сега е време тие да се исполнат. Сега тој е под притисок од зголемената свесност дека соништата се едно, а реалноста е друга. Тогаш сфаќаме кои работи се навистина важни во животот. Главното мото на 40-годишникот е:rn

    „Треба да најдам време за најважните работи.“

    rnПриближувајќи се кон овој период, нешто длабоко во нас почнува да се буди. Сега знаеме како да живееме, но она што треба да се случи не се случува. „Правилниот“ начин на живот не се исплаќа. Затоа човекот се менува, се ослободува од притисокот на општеството и тргнува кон сопствена авантура.rnrnОвој став најмногу влијае врз семејството и работата. Овие две области се најважни за него, така што промените се случуваат најмногу на овие полиња. Затоа овие промени имаат и најголемо влијание врз менталното здравје на една личност.rnrnПсихолозите имаат дефиниција за средновековниот период што гласи:rnrnКризата во средовечноста е психолошки феномен што го доживеале луѓето кои достигнале 40-45 години и се состои во критичко оценување на она што го постигнале во нивните животи.rnrnВо овој период, личноста може да промени сè: местото на живеење, земјата, работата, опкружувањето, семејството.rnrnПромените може да бидат погрешни и радикални. Сепак, тоа е време кога човекот може да го смени неговиот став за многу прашања. Тој може да сфати што е важно за него и да започне да го гради својот живот според негово убедување.rnrnЛуѓето кои ја минале кризата во 40-тите години и кои се осознале самите себе, сега се во хармонија со себе.rnrnОва е причината зошто се важни некои нешта од минатото: помирувањето со родителите, унапредувањето на семејниот живот, напредокот во кариерата, зголемувањето на самодовербата…rnrnНо, за целосно уживање во сите овие придобивки, потребна е храброст да се сфатите себеси и да се прифатите доживувајќи една од најтешките кризи за секоја личност – средовечната криза.rnrnМожеби сакате да дознаете и дека ако нешто не се одвива според планот, се одвива според судбината: Најдобрите работи во животот се случуваат кога најмалку се надеваме!

  • Мајка и син си го промениле полот и станале татко и ќерка

    Мајка и син си го промениле полот и станале татко и ќерка

    Кори Мејсон знаела дека сака да биде девојче кога имала 11 години, но се плашела од реакцијата на родителите. Таа немала поим дека и мајка ѝ Ерика имала проблеми со прифаќањето на нејзиниот полов идентитет. 4 години подоцна тие станале татко и ќерка и заедно го поминале нивното необично патување.rnrnМајка и син си го промениле полот и станале татко и ќеркаМајка и син си го промениле полот и станале татко и ќеркаrnrnЕрика, денес Ерик, собрал храброст да се соочи со неговата животна желба да премине од женско во машко, откако видел како Кори станала прекрасна млада жена каква што отсекогаш посакувала да биде. Ерик целиот негов живот се чувствувал непријатно како жена и изјавил дека ја мразел својата бременост. Но, исто како што Кори се плашела од реакцијата на семејството, така и Ерик се плашел од мислењето на сопругот и децата.rn

    Првото чувство беше ослободувачко, но второто беше вистински ужас. Се плашев од тоа како ќе изгледа мојата иднина и остатокот од мојот живот“, изјавил Ерик во едно интервју.

    rnМајка и син си го промениле полот и станале татко и ќеркаМајка и син си го промениле полот и станале татко и ќеркаrnrnПо една година тешки разговори, терапија со тестостерон и двојна мастектомија, Ерик се чувствува најдобро досега. Освен тоа, тој бил топло прифатен од страна на неговото сакано семејство.rn

    Имам 5 прекрасни деца, неверојатен сопруг и неверојатен живот“, признал Ерик.

    rnМајка и син си го промениле полот и станале татко и ќеркаМајка и син си го промениле полот и станале татко и ќеркаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 4 скриени особини кои сите добри момци ги бараат кај девојките

    4 скриени особини кои сите добри момци ги бараат кај девојките

    Секој од нас има потреба да го подели животот со некој кој нè разбира, цени и сака. Сите ние знаеме колку животот е поубав кога наутро се будиме покрај личноста која нè исполнува и нè прави среќни. Сите љубовни врски почнуваат со психичко, физичко и емоционално истражување. Искусуваме моменти на апсолутно задоволство како што поминуваме низ забавните фази и периоди. Но, во еден момент, реалноста затропува на вратата и со себе ги носи сите одговорности кои и двајцата партнери треба да ги исполнат. Одржувањето на здрава и функционална врска понекогаш може да биде голем предизвик. Како што односот меѓу вљубените се развива, има неколку работи кои секој маж ги посакува од личноста со која избрал да го гради својот живот и кои никогаш нема да ги изговори на глас. Во тој контекст, прочитајте ги 4-те најважни карактерни црти кои скоро сите добри момци ги бараат кај девојките.rnrn4 скриени особини кои сите добри момци ги бараат кај девојкитеrn

    1. Партнерка која има свој идентитет

    rnЕдна работа која што се случува во секоја стабилна врска е тоа што партнерите се чувствуваат удобно и се ослободени од секаков притисок. Ова е позитивно од секоја гледна точка освен од една: губењето на идентитетот. Можете да почнете да се идентификувате себеси и она што го сакате од животот преку вашата врска, а не преку самите себеси како индивидуи. Целите и амбициите кои некогаш сте ги имале можат да се изгубат низ чувствата и работите кои сметате дека можат да го подобрат вашиот однос со партнерот. Силната и цврста врска бара жртвувања, но тоа не значи дека треба да се откажете од себе и својот живот. Момците бараат партнерки кои никогаш не ја губат својата индивидуалност. Тие сакаат личност која е посветена и на врската и на најдобрата верзија од себе. За нив, нема ништо попривлечно од силна и самоуверена личност.rn

    2. Партнерка која никогаш не ја губи својата мотивација

    rnПроблемите во врската се често последици на безволното однесување на еден од партнерите. Тоа може да биде поврзано со работата, навиките, амбициите и други најразлични животни теми. Тие ја губат мотивацијата и желбата за напредок и постојано се ослонуваат врз силата на нивните партнери. Најпрвин, ова може да биде слатко и интересно, но со тек на време станува исцрпувачко постојано да бидете нечија инспирација и извор на енергија. За да бидете успешни и секогаш позитивни, најдобро е да сметате на себе. Да, постојат неколку работи и активности кои треба да ги правите заедно како пар, но главниот извор на сила и енергија треба да биде вашата мотивација. Така, ќе ги надминете сите актуелни проблеми и ќе ја зајакнете врската.rn

    3. Партнерка која ги дели вашите амбиции и соништа

    rnКога започнувате една љубовна врска вие се согласувате и ги прифаќате желбите и работите кои вашиот партнер ги посакува за себе и својот живот. Во еден момент ќе дојдете до оној степен во вашиот однос кога ќе можете да им кажете како се чувствувате и што мислите, но она што ви е во срцето и во главата може да ги сруши нивните сништа. Сите мажи бараат некој кој ќе биде реален уште од самиот почеток и со кој нема да си го трошат времето. Некој кој ќе ги поддржи и ќе сонува заедно со нив.rn

    4. Партнерка која посветено работи на одржувањето на добриот однос и комуникацијата

    rnВрските се тешки за одржување. Тие бараат време, енергија и добра комуникација. За да се развиваме треба да ја избереме љубовта наместо она што го чувствуваме во моментот. Момците бараат партнерка која го разбира ова и која е подготвена да се посвети на врската. Партнерка со која можат да ја делат напорната работа која е клучна во градењето на подобар меѓусебен однос. Љубовта е едно од најубавите искуства во животот кое секој треба да го почувствува. Таа овозможува личноста да расте и да се развива во она кон кое тежнее и кон кое се стреми. Кога ќе ја пронајдете личноста со која ќе можете да го споделите ова, со која ќе останете свои, мотивирани и ќе се чувствувате сигурно и удобно, тогаш ќе ги искусите вистинските вредности на животот.

  • 5 знаци дека минувате низ криза на идентитетот

    5 знаци дека минувате низ криза на идентитетот

    Ви се случува да се погледнете во огледало и да се запрашате која е личноста којашто гледа во вас? Вашиот вистински идентитет е она што вие всушност сте, без етикети (жена или маж со одредено име и презиме, сопруга и мајка или сопруг и татко итн.) Кризата на идентитетот не е ретка појава, особено кај жените и тоа во секоја старосна доба, а следните знаци укажуваат на тоа дека поминувате низ таква фаза.rnrn5-znaci-deka-minuvate-niz-kriza-na-identitetot-kafepauza.mkrnrn1. Почнувате да се прашувате кои сте надвор од етикетата на општествениот живот. Дали сте родител, брачен партнер, вработен човек, пријател или пријателка? И како сте дефинирани со помош на овие етикети? Кога си ги поставувате себеси овие прашања, тоа е сигурен знак дека сте прашувате кои навистина сте.rnrn2. Одвреме-навреме замислувате како бегате од сè, сосема сами. Каде бегате во вашите мисли?rnrn3. Се прашувате што има под вашиот надворешен изглед. Љубопитни сте да дознаете кои би биле кога би се ослободиле од сите етикети. Кој останува тогаш?rnrn4. Читате сè што ќе ви падне во раце за смислата на животот. Затоа што неодамна сфативте дека вашиот живот мора да биде нешто повеќе.rnrn5. Повеќе пати се прашувате кои сте, што сте и што сакате. Во длабочината на кризата на идентитетот работите може да изгледаат невозможни за справување, дури и неподносливи. Но, знајте дека оваа криза е почеток на големо и важно духовно патување.rnrnСте добиле прилика да сфатите која е личноста која гледа во вас во огледалото и што сака таа. Само напред. Отворете посебна сметка, побегнете негде за викенд, скршнете од стариот, истрошен пат и зачекорете по нов. Собујте ги чевлите и почнете да одите по новата патека. Пронајдете се себеси.

  • Книга: „Сенки од еднорог“ – Ракел Мартинес

    Книга: „Сенки од еднорог“ – Ракел Мартинес

    Книга која ве повикува да се доближите до себеси и да се вивнете без да ги одвоите нозете од земјата

    rn

    1-kniga-senki-od-ednorog-rakel-martines-kafepauza.mkНаша оценка: 9/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rn„Сенки од еднорог“ е дело на шпанската авторка Ракел Мартинес, со кое во 2010-та година ја добива Европската награда за литература. И тоа е сосема оправдано земајќи го предвид фактот дека станува збор за едно навистина необично, оригинално дело, каде како сенки се испреплетуваат минатото и сегашноста, за на крајот сосема случајно се создаде пат за ново самооткривање и подобар пат кон иднината. Преку ликовите на младите Клаудија и Едгар, на многу поетски, современ, напати кондензиран јазик, Ракел Мартинес зборува за животот на имигрантите во Мадрид, за бегството, потрагата по себе и сопствениот идентитет.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnИмено, Клаудија е новинарка родена во Овиедо, но израсната во Аргентина. Се враќа во Шпанија со надеж дека ќе започне нов живот, и првата работа што ја наоѓа е во еден мадридски коктел-бар, „Еднорог“, кој зрачи со мистерија и уникатност. Таму го запознава Едгар, кој исто така бега од своето тешко минато. Преку внатрешните монолози и размислувања, се објаснуваат причините за нивното доаѓање во Мадрид.rnrnИнаку книгата се состои од два дела. Првиот дел целосно е посветен на Клаудија, додека вториот, во поголем дел ги покрива случувањата на Едгар. При раскажувањето на Клаудија, читателот постојано е на релацијата Аргентина-Шпанија, што иако на почетокот изгледа малку чудно и несфатливо, сепак додава на чувството на нејасност и мистериозност, што самата книга сака да го постигне. Подоцна, во вториот дел, приказната на Клаудија се испреплетува со онаа на Едгар, создавајќи цела мрежа на случувања и сенки, како би се изградиле темелите на нова сегашност, а со тоа полека би почнало да се наѕира себепронаоѓањето и она што допрва треба да се случи.rnrn2-kniga-senki-od-ednorog-rakel-martines-kafepauza.mkrnrnКако и еднорогот, кој живее во нашата имагинација и желби, така и главните ликови, минуваат низ истата дуалност, и живеат меѓу она што се и она што сакаат да постанат. Низ своите желби и имагинации се трудат да го пронајдат својот пат, барајќи го еднорогот, лутајќи, преиспитувајќи се себе, своите одлуки и своето минато. На една средба со еднорогот, добиваат шанса да се пронајдат себеси, шанса што е подеднакво прекрасна и неочекувана.rnrnЕднорогот како митолошко суштество, постои во грчката митологија, кинеската традиција и индиската уметност. Во литературата најчесто симболизира чистота, невиност, мистериозност, копнеж за мир и вистина, по која сите трагаат и сакаат да ја достигнат. Со еден збор – самоспознавање и нов почеток. Токму она по кое чудните, осамени и различни Кладуија и Едгар постојано трагаат.rnrnДолгоочекуваната средба со еднорогот е шанса да се пронајдат себеси. По сите перипетии, доживеани разочарувања, болка и самосвест, при средбата со еднорогот се помируваат со реалноста и своето минато, подготвени за еден поубав живот и постоење. Набргу двајцата сфаќаат дека колку и да се обидуваш, невозможно е да започнеш сè од почеток. Но можеш да се откриеш и прифатиш себеси. Да се доближиш до своето јас и да се вивнеш без да ги одвоиш нозете од земјата.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 15 октомври 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Рејланд, девојчето кое на 5 години постана момче

    Рејланд, девојчето кое на 5 години постана момче

    Кога во 2007 година, Џек и Хилари Витингтон дознале дека ќе имаат ќерка, ни најмалку не очекувале дека за неколку години истото дете ќе стане нивни син. Рејланд се родила како женско бебе, за подоцна да стане машко дете.rnrn1-rejland-devojcheto-koe-na-5-godini-postana-momche-kafepauza.mkrnrnРејланд се родила како здраво и среќно бебе, но на првиот роденден нејзините родители сфатиле дека таа е глува. По направената интервенција, таа почнала да слуша и да зборува, но потоа забележале нешто друго – таа почнала да се интересира за работи кои би биле карактеристични за машко дете. Иако нејзината соба била розова, ја облекувале во женски алишта и живеела во нормална средина каде што можела да си игра со она што ѝ е интересно, сепак, таа секогаш избирала да се однесува како машко.rnrn2-rejland-devojcheto-koe-na-5-godini-postana-momche-kafepauza.mkrnrn

    „Кога ќе умрат моите родители, ќе си ја скратам косата за да можам да бидам момче. Зошто Бог ме направил ваков?“ – рекла Рејланд.

    rnЛуѓето зборувале дека тоа е фаза и дека ќе помине, но фазите завршуваат. Она што секојдневно го гледале родителите на Рејланд не делувало дека ќе заврши. По консултации со стручни лица и експерти, тие разбрале дека Рејланд е трансродно дете и биле советувани да ѝ дозволат да го промени својот идентитет.rnrn3-rejland-devojcheto-koe-na-5-godini-postana-momche-kafepauza.mkrnrnРазбрале дека децата обично го доживуваат идентитетот за својот пол помеѓу 3 и 5 години. Исто така, запрепастувачки е фактот дека дури 41% од трансродните лица се обидуваат да извршат самоубиство како резултат на неприфаќањето од околината. Родителите на Рејланд не сакале да ризикуваат. Му ја поткастриле косата, му купиле машка облека, му ја смениле собата и почнале да му се обраќаат како на момче. Тој е сѐ уште здраво дете, и што е најважно сега е среќен.rnrn4-rejland-devojcheto-koe-na-5-godini-postana-momche-kafepauza.mkrnrnЏек и Хилари ги известиле сите блиски за промената, секако притоа изгубиле некои луѓе, но вистинските пријатели, како што велат, секако останале со нив.rnrnОва е сега семејството на Витингтонови.rnrn5-rejland-devojcheto-koe-na-5-godini-postana-momche-kafepauza.mkrnrnГледајте го видеото со кое го допреа светот.rnrn

  • ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)

    ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)

    Кога излезот од проблемите е влез во нов свет каде има многу такви како тебеrnrnТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Главни улоги: Татјана Мазлани, Џордан Гаварис, Дилан БрусrnrnЖанр: акција, драма, научна фантастикаrnrnКреатор: Џон Фосет, Грем МенсонrnrnПремиера: 30 март 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Orphan Black“ е ТВ серија која користи позната тематика сместена во сосема нова приказна. Ова е приказна за човечки клонови, умешно раскажана преку главниот лик Сара Менинг. Жанровски е интересен микс од научна фантастика, драма и акција, па би можеле да ја гледаат љубителите на секој од овие жанрови. Забавна е, динамична, емотивна и со неочекувани дејства.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Сара Менинг е аутсајдер, израсната во Лондон заедно со Филекс, нејзиниот посвоен брат. Таа се враќа дома за да си го среди животот, да ја врати назад својата ќерка, да ја обнови врската со Филекс и да стави точка на нејзиното минато, лошите избори и лошите момчиња. Токму кога мисли дека го нашла лесниот начин за излез од проблемите, всушност влегува во лавиринт од нови непознати дејствија кои ни малку не се лесен пат до безгрижен живот.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Чекајќи воз на железничката станица, таа среќава жена која пред нејзините очи си го одзема животот, и што е најчудно од сè, изгледа идентично како неа. Сара е стаписана од оваа случка, но ја користи во своја полза, па ги зема нејзините лични документи и следствено, нејзиниот идентитет и нејзиниот живот.  ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Многумина не знаат дека таа не е полицајката Бет, но изненадувачки, некои сепак знаат дека не се работи за истата личност, а уште поголемо изненадување е тоа што Бет не е единствениот нејзин дупликат.rnrnКако се случило ова? Како е можно да има повеќе од една идентична личност? Кој ги создал? Колку ги има? Каде низ светот живеат? Колку досега се убиени…rnrnТВ серијата има интересна замисла и дејство кое е лесно да се следи. Воодушевува актерката Татјана Мазлани (Сара Менинг), која не само што глуми повеќе различни ликови кои имаат различен стил, карактер и начин на живот, туку се и од различни страни на светот и говорат со различен акцент. Нејзиниот руски е крут, британскиот англиски ѝ е стегнат, па би се запрашале кој е всушност нејзиниот мајчин  јазик. Се префрла од една улога во друга умешно претопувајќи ги сите различности на карактерите во клонирани верзии од себеси.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black) ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)И останатата актерска екипа фино се надополнува во реализацијата на дејството. Партнерот на Бет, детективот Арт (Кевин Ханчард), нејзиниот љубовник – харизматичниот Дилан Брус, ќеркичката Кира (Скајлер Векслер) и нејзиниот геј брат Филекс (Џордан Гаварис) ја поставуваат серијата на солидни темели, над кои се издига добра приказна и интересно дејство.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)Нема посебна целна група на која би ѝ ја препорачале оваа серија. Не е тешка, но не е ни здодевна, типична за во недела попладне. Изгледајте ја првата епизода, па или ќе сакате да продолжите да ја гледате или ќе се откажете уште на половина.rnrnПрвата сезона заврши заокружувајќи 10 епизоди, а за оние кои ќе станат нејзини фанови, добрата вест е дека нова сезона ќе се спрема во 2014.ТВ серија: Црно сираче (Orphan Black)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку е лесно да се клонира вашето лице?

    Колку е лесно да се клонира вашето лице?

    Американската артистка Хедер Дуи Хагборг ја приближила уметноста многу блиску до науката, со нејзиниот експериментален проект „Stranger Visions“, во кој пресоздава човечки лица од ДНК што ја наоѓа на предмети фрлени на улиците, како што се плукната гума за џвакање, паднати влакна или отпушок од цигара.“(1) “(2)Работејќи заедно со биолошката лабораторија „Genspace“, артистката имала можност по пат на анализа на ДНК да ги открие физичкиот изглед, полот, бојата на очите, културолошките корени на луѓето. Со истражувањето спроведено во овој проект не можело да се одреди возраста на личноста од која е најдена ДНК, па артистката решила да ги конструира нејзините маски како да се лица на 25-годишни луѓе.“(3) “(4)И покрај тоа што Хедер признава дека нејзините 3Д портрети можеби не изгледаат идентично како луѓето чијашто ДНК ја користи, таа тврди дека маските дефинитивно би личеле барем на роднина на личноста.“(5) (6) Колку е лесно да се клонира вашето лице?Уметничката серија презентира еден, иако застрашувачки, сепак и фасцинантен факт за тоа колку може да се открие за еден човек од неговата ДНК и колку е лесно да се дојде до неа. Секојдневно, во јавност сите ние оставаме бесконечно количество на скапоцена информација. Зарем не ве застрашува помислата дека еден ден може да влезете во некоја уметничка галерија и да го видите внатре сопственото лице?“(7) (8) Колку е лесно да се клонира вашето лице? (9) Колку е лесно да се клонира вашето лице? (10) Колку е лесно да се клонира вашето лице?Во јуни, артистката ќе зборува за нејзиниот проект и ќе презентира дел од проектот, во Лонг Ајленд, Њујорк.rnrn

    Хедер со својот генетички добиен портрет од себеси
    Хедер со својот генетички добиен портрет од себеси

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сè што не научивме досега…

    Сè што не научивме досега…

    Многу работи учиме секој ден, од книгите, од филмовите, од пријателите. Сепак, некои работи и понатаму забораваме да ги правиме како што знаеме дека треба за да се чувствуваме подобро и да направиме и другите да се чувствуваат така. Овој пат, да не дозволиме да ни се лизнат низ прсти. Да запомниме и повториме што е важно во животот…rnrnСè што не научивме досега...rnrn1. Следачите на Твитер не ја прават постелата ПОТОПЛА.rnrn2. Може и да се ужива во ГЛАДОТ.rnrn3. На луѓето кои ти помогнале, врати им трипати повеќе, но помогни им и на оние кои никогаш не ти помогнале бидејќи НЕ МОЖАТ.rnrn4. Кога би знаел/а дека болката е ПРИВРЕМЕНА, тоа би ги променило сите твои одлуки.rnrn5. Грдоста е само НА ЧЕКОР до убавината.rnrn6. Запознај ги СОСЕДИТЕ.rnrn7. Не сфаќај ги работите лично, НИКОГАШ!rnrn8. Кажувај НЕ на работи за кои не ти е грижа.rnrn9. Биди како ИСУС, не како неговите следбеници.rnrn10. Кога им се посветуваш на малите проблеми, НЕИЗБЕЖНО стануваат големи.rnrn11. Облекувај се како ПОКУЛ верзија од себеси.rnrn12. Најди начин да го измамиш системот, само НЕ ГИ МАМИ луѓето.rnrn13. Кога си на вечера со многу богати луѓе, ТИ плати ја сметката.rnrn14. Сите се чувствуваат како да не се доволно добри. НЕ СИ САМО ТИ.rnrn15. Храброста е ВЕШТИНА која се учи.rnrn16. Одејќи кон непознатото е начин ДА ГО ПРОШИРИШ она што ти е познато.rnrn17. Поминувај време со луѓе кои истовремено те почитуваат и ТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ.rnrn18. Остани СКЕПТИЧЕН/НА засекогаш.rnrn19. Прифаќај го напуштањето, дури и на делови од ТВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ.rnrn20. Преживувај со малку само за да докажеш дека е МОЖНО.rnrn21. Читај биографии. Тоа е како да добиваш пристап до најдобрите МЕНТОРИ во историјата.rnrn22. За сè постои начин кој ФУНКЦИОНИРА. Пронајди го.rnrn23. Никогаш не дозволувај некој ДА ФОТОШОПИРА твоја слика. Тоа создава лажно чувство на самодоверба.rnrn24. НАВИКНИ СЕ да се чувствуваш глупаво. Тоа е дел од развојот.rnrn25. Заплашувај се себеси секој ден по малку. Тоа ќе ја зголеми твојата ВНАТРЕШНА МАПА.rnrn26. Лесно им е на луѓето да зборуваат паметно, но наместо да ги слушаш, ГЛЕДАЈ како се однесуваат.rnrn27. Читај повеќе, особено дела со кои НЕ СЕ СОГЛАСУВАШ.rnrn28. Успеј во нешто додека си МЛАД/А. Тоа ќе ти помогне да си ја изградиш самодовербата за поголеми работи во иднина.rnrn29. Прави така КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕШ. Денес сè поретко има луѓе на кои може да се потпреме.rnrn30. Најдобрите разговори се прават седејќи ЕДЕН ДО ДРУГ, не еден спроти друг.rnrn31. Прави ги работите пократки или подолги одошто БИ ТРЕБАЛО.