Дали некогаш сте се запрашале што би се случило со вас доколку сте во хорор филм? Без разлика дали вашиот одговор е потврден или не, веруваме дека ќе ви биде забавно да откриете каква би била судбината на вашиот хороскопски знак доколку би бил лик од хорор филм.rnrnrnrnОвен: Прв ќе умре.rnrnБик: Оној кој се враќа дома на крајот и открива дека сите се мртви.rnrnБлизнаци: Оној што ќе открие кој е убиецот.rnrnРак: Оној што прашува – Еј, кој е таму? – како да убиецот навистина ќе одговори.rnrnЛав: Оној што пробува да се бори против убиецот и завршува мртов.rnrnДевица: Оној што се жртвува.rnrnВага: Оној што вели – Останете сите мирни! – а потоа самиот се избезумува.rnrnСкорпија: Оној што побегнува низ влезната врата наместо да истрча на катот.rnrnСтрелец: Оној што потајно му помага на убиецот.rnrnЈарец: Оној на кој ќе му „пукне филмот“ и оди во потрага по убиецот.rnrnВодолија: Оној што ќе преживее до крајот.rnrnРиби: Оној што постојано вреска.rnrnПрочитајте и како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак.
Мрзливците се многу интересни суштества, а за јапонскиот артист Кеиго тие се непресушна инспирација за креирање хумористични арт илустрации.rnrnrnrnСите знаеме дека мрзливците се бавни и по малку смотани, но тие се всушност одлични пливачи и спијат само по 10 часа на ден. Сепак, тие поголемиот дел од денот го поминуваат на дрво, па во своето „слободно време“ ретко одат да пливаат. Интересно за овие животни е што тие вршат голема и мала нужда само еднаш неделно, и тоа секогаш на истото место, секогаш во истото време.rnrnrnrnИлустрациите на Кеиго се смешни и прониклви и во нив се портретирани мрзливците кои сакаат да ги завршуваат работите полека и без брзање. Хуморот на овој артист е присутен во секоја од илустрациите подолу, а доколку сакате да ја следите неговата работа, придружете им се на останатите 850.000 следбеници на Инстаграм.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПовеќе забавни илустрации на следната страница…rnrn
Доколку вашиот живот е нерамен пат, а вие сте возилото кое се движи по патот, тогаш вашата смисла за хумор е амортизер што ви помага при патувањето. Хуморот го прави полесно справувањето со непријатните ситуации кои тешко се решаваат.rnrnrnrnПроцесирањето на хуморот не е лесна задача. Тоа бара сложено размислување и повеќеслојно разбирање на ситуацијата. За да видите нешто комично во неинтересна ситуација, потребна ви е фантазија. Па следниот пат кога некој ќе ве нарече забавни, не треба да се чувствувате само добро, туку и паметно.rnrnИсто така се смета дека црниот хумор е знак за повисока интелигенција. Овие шеги ви овозможуваат да ги гледате трагедиите малку „зачинети“. Се смета дека луѓето кои го разбираат и кои го создаваат црниот хумор, се многу поинтелигентни.rnrnВашата смисла за хумор е и доказ дека сте креативни. Овие две одлики се поврзани со вашата способност за замислување и творење. Научниците откриле дека забавните луѓе настојуваат да постигнат повеќе на скалата на креативноста.rnrnСмислата за хумор е и показател за вашето психичко здравје. Едно истражување нашло поврзаност помеѓу хуморот и неговото влијание врз психичката состојба. Способноста да го цените хуморот е голем фактор кој ја одредува вашата добра емоционална состојба. Воглавно, смислата за хумор е одговорна за личниот развој, па смејте се за подобар и поисполнет живот.rnrnВашата смисла за хумор може да биде и причина за добриот имунитет. Научниците веруваат дека смислата за хумор има позитивно влијание врз имунолошкиот систем. Наводно, смеењето може да ја зголеми активноста на некои имунолошки клетки.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате смисла за хумор.
Викендот е овде и сега можете вистински да се релаксирате, а нема подобар начин да го направите тоа одошто со смеење. Веројатно имате забележано дека смеењето секогаш ви го подобрува расположението, па затоа прочитајте ги следниве 10 шеги и смејте се до солзи.rnrnrnrn1. Ѝ кажав на жена ми дека си ги црта веѓите превисоко. Изгледаше изненадено.rnrn2. Фрлив бумеранг пред неколку години. Сега живеам во постојан страв.rnrn3. Не ви треба падобран за да скокнете од авион. Ви треба падобран ако сакате да скокнете два пати.rnrn4. Не си сосема бескорисен. Секогаш можеш да послужиш како лош пример.rnrn5. Паралелните линии имаат многу заеднички нешта. Штета е што никогаш нема да се сретнат.rnrn6. Некој ми го украде прстенот за емоции. Не знам како се чувствувам околу тоа.rnrn7. Дедо ми има лавовско срце и доживотна забрана од зоолошката.rnrn8. Жените ме нарекуваат грд сè додека не откријат колку заработувам. Тогаш ме викаат грд и сиромав.rnrn9. Жена ми постојано ми вели дека сум незрел. Ѝ реков да излезе од мојата тврдина.rnrn10. Работењето во фабрика за огледала е нешто што можам да се видам како го правам.rnrnПрочитајте ги и овие брачни изјави и шеги што нема да ве остават рамнодушни.
Забавните луѓе се смешни, знаат како да водат разговор и се искрени кон себе и кон другите. Овие луѓе секогаш знаат да ја намалат напнатоста и да го подобрат расположението. Благодарение на астрологијата можеме да кажеме кои луѓе се забавни, а тоа започнува со одредување на оние со одлична смисла за хумор, добри манири и неверојатни социјални вештини.rnrnrn
1. Близнаци
rnБлизнаците се неверојатно забавни, најверојатно бидејќи имаат развиена интуиција. Тие знаат што ѝ е потребно на ситуацијата или на соговорникот. Ако забавата станува монотона, Близнаците ќе го променат тоа. Ако се претерува со пиењето алкохол, Близнаците можат да го средат и тоа. Тие се одлични и во социјални ситуации и во кризи. Паметни се и знаат што ѝ е потребно на публиката.rn
2. Риби
rnРибите се премногу чувствителни и имаат свои лоши моменти. Но, кога сакаат можат да бидат навистина забавни. Мислат на другите и не сакаат да повредат никого со нивниот хумор. Можат да бидат смешни, итри, или само да кажуваат слатки и смешни приказни што ќе ви го стоплат срцето.rn
3. Вага
rnВагите се движат на линијата помеѓу смешно и урнебесно. Мислат на другите и никогаш нема намерно да ја влошат ситуацијата или да повредат нечии чувства. Тие можат да проценат дали има потреба од хумор или треба само да го слушаат соговорникот. Освен ако не станува збор за пријателско исмејување, тие се вистински дипломати.rn
4. Водолија
rnВодолиите не изгледаат смешни и затоа се толку забавни. Кога ќе кажат некоја шега, тоа е целосно неочекувано. На почетокот можеби нема да им ја сфатите шегата, но по некое време ќе ви текне дека била навистина смешна. Токму ова ги прави забавни. Тие се природни со нивниот хумор и никогаш не се обидуваат да бидат главниот забавувач.rn
5. Стрелец
rnСтрелците се спонтани со нивниот хумор. Ретко се саркастични бидејќи не сакаат да навредуваат. Тие одлично ја намалуваат напнатоста во собата со едноставни шеги. Не сакаат да бидат околу негативна енергија и ќе направат сè за да го променат тоа. Тие можат да видат хумор и на места каде што другите не го забележуваат, а ова ги прави навистина одлични пријатели.rnrnДознајте и кои хороскопски знаци се нечувствителни кон другите со својот хумор.
Без разлика дали станува збор за свесен или несвесен напад со хумор, овие хороскопски знаци најчесто ја користат оваа карактеристика како одбранбен механизам. Тие се толку исплашени или се чувствуваат толку непријатно во одредена околина, што едноставно не знаат како да се справат со тоа и почнуваат да се „расфрлаат“ со шеги кои некого, кога-тогаш, ќе го погодат во срце. Погледнете за кои знаци станува збор…rnrnrn
1. Водолија
rnВодолиите не сакаат големи изјави на емоции, па затоа и често се дистанцираат себеси преку шеги што можат да ги повредат чувствата на другите. Тие се креативни и нивниот ум работи многу брзо, па затоа и можат да станат нетрпеливи ако сметаат дека другите не се на истото ниво со нив.rnrnКога ги користат шегите и хуморот како одбранбен механизам, тие можат точно да ја идентификуваат најслабата точка на личноста што ја напаѓаат и со сарказам буквално да ја уништат. Мора да им дадете поени за точноста и креативноста.rn
2. Скорпија
rnАко Скорпиите се помеѓу луѓе што не ги познаваат, како пријатели на пријатели, тие можат многу брзо да се насочат кон својот хумор за да ја маскираат својата чудност. Тие се паметни, саркастични и понекогаш дури и малку огорчени.rnrnБидејќи ништо не прават половично, кога се во вакво расположение, тие ќе ве прочитаат како отворена книга и ќе ве нападнат толку силно, што нема да знаете што ве снашло. Добро составениот коментар од Скорпија може да ве остави со лузна за цел живот.rn
3. Рак
rnРаковите, за разлика од Скорпиите, го користат хуморот како реакција, а некако добро осмислен напад. Тие ги чувствуваат нештата длабоко и ако се повредени или лути, веднаш се бунтуваат. Друг пат пак, може да се насочат кон шегите за да ве спречат да им се доближите.rnrnАко Раковите имаат насобрани емоции и не се чувствуваат безбедно да ги изразат, тие ќе го користат хуморот како одбранбен механизам, без да внимаваат кого ќе повредат. Ова не е најдобар начин за справување со негативни емоции, но понекогаш им делува како единствен.rnrnДознајте и кои 6 хороскопски знаци кои се оперирани од хумор, иако никогаш нема да го признаат тоа!
Сите знаеме дека смеата го продолжува животот, но она што им смешно на едни им е сосема чудно и бизарно на други. Некои луѓе се смеат кога ќе видат како некој паѓа, додека другите сакаат саркастичен хумор. Секој хороскопски знак си има различна смисла за хумор, па дознајте што му е смешно на секој од нив.rnrnrn
Овен: Физички хумор и нихилизам
rnОвните се визуелни суштества на кои им е смешен физичкиот хумор и нихилистичката комедија. Не се премногу загрижени за суптилностите и добрата приказна и повеќе би сакале да гледаат како некој паѓа.rn
rn 011
Препорачани комичари: Рил Хол, Чарли Чаплин.
rn
rn
Бик: Стари класици и безвременски комедии
rnКога станува збор за комедија, Биковите често им се навраќаат на класиците. Тие уживаат во нежен, но паметен хумор. Го ценат доброто сценарио и им се допаѓаат добро напишаните британски комедии како „Викарот од Дибли“ (The Vicar of Dibley) или „Монти Пајтон“ (Monty Python). Од американските филмови би им се допаднале класиците како „Г-ѓа Даутфаер“ (Mrs Doubtfire).rn
rn 011
Препорачаникомичари: Сара Миликан, Били Коноли.
rn
rn
Близнаци: Смешни приказни и паметни анегдоти
rnНишто не може да ги насмее Близнаците како добар и смешен раскажувач на приказни. Тие сакаат хумор со повеќе слоеви и неочекувани пресврти. Сакаат да гледаат комедии во кои откриваат нешто ново со секое наредно гледање. Најмногу би им се допаѓале филмови како „Шон од мртовците“ (Shaun of the Dead) или „Евтини приказни“ (Pulp Fiction).rn
rnЧувствителните Ракови уживаат во пародии на човечките особини. Ги сакаат комедиите за неуспесите на светот и ја наоѓаат смешната страна и во навидум обичните ситуации. Сакаат и чуден хумор, оној кој прави да се чувствувате неудобно но не можете да престанете да го гледате. Комедиите како „Канцеларија“ (The Office) и „Господин Бин“ (Mr Bean) им се едни од омилените.rn
rn 011
Препорачани комичари: Џими Кар, Еди Пепитон.
rn
rn
Лав: Срамен хумор и стенд-ап комедија
rnЛавовите секогаш се во тек со најновите и најдобрите комедии. Тие уживаат во срамното и колку е поапсурдно, толку подобро. Сакаат комичари кои ги поместуваат границите и пробуваат нешто ново. „Зулендер“ (Zoolander) и „Сексот и градот“ (Sex and the City) се одлични комедии за нив.rn
rn 011
Препорачани комичари: Џоан Риверс, Алан Кар.
rn
rn
Девица: Саркастичен хумор
rnДевиците често користат сарказам. Тие наоѓаат нешто смешно и во најцрните места и сакаат да ги рушат табуата. Филмовите како „Страв и гадење во Лас Вегас“ (Fear and Loathing in Las Vegas), „Американска убавина“ (American Beauty) и „Да се биде Џон Малкович“ (Being John Malkovich) сигурно ќе ги насмеат.rn
rn 011
Препорачани комичари: Луис С. К., Бил Мареј.
rn
rn
Вага: Музичка комедија
rnВагите уживаат во каква било музичка комедија. Тие сакаат интересни и паметни текстови на песни и ја ценат убавината на смешните песни. Музичките комедии како Шрек (Shrek) и „Мормони“ (Mormons) се совршени за нив.rn
rn 011
Препорачани комичари: Бил Бејли, Чудниот Ал Јанкович.
rn
rn
Скорпија: Мрачна и опасна комедија
rnСкорпиите сакаат хумор со мрачен пресврт. Сакаат да бидат шокирани и однесени на места каде што им се помрднува моралниот компас. Тие често ги гледаат филмовите како „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs) и „Американски психопат“ (American Psycho) за забава.rn
rn 011
Препорачани комичари:Расел Бренд, Сара Силвермен.
rn
rn
Стрелец: Хумор што ги поместува границите
rnСтрелците имаат сеопфатен вкус кога станува збор за хумор и уживаат во сè – од стенд-ап до музички комедии. Често ги привлекуваат нешта што ги предизвикуваат табуата и ги поместуваат границите. „Монти Пајтон“ и „Саут Парк“ им се едни од омилените.rn
rn 011
Препорачани комичари: Џон Дор, Вупи Голдберг.
rn
rn
Јарец: Интелигентен хумор
rnПаметните Јарци не сакаат едноставни шеги, туку уживаат во добро напишана комедија. Често гледаат комедија каде што другите гледаат драма. Поради ова им се допаѓаат серии како „Сеинфилд“ (Seinfeld) и „Костуми“ (Suits)rn
rn 011
Препорачани комичари:Стив Мартин, Стивен Фрај
rn
rn
Водолија: Реален хумор
rnВодолиите го ценат секого што може преку шега да ги разбие познатите верувања. Сакаат хумор во кој треба да го употребат својот мозок. Британските серии како „Да, министре“ (Yes Minister) и американските класици како „Недела навечер во живо“ (Saturday Night Live) им се омилени.rn
rn 011
Препорачани комичари: Џим Џефрис, Тим Минчин.
rn
rn
Риби: Физичка комедија со бизарен пресврт
rnРибите ги ценат специјалните ефекти и добриот визуелен стил. Не можат да се воздржат кога ќе се соочат со навистина бизарен хумор. Исто така се љубители на трикови и магија. Рибите можете да ги забавувате со „Дедпул“ (Deadpool) или „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy).rn
„Зошто на клавир можеш да се наслониш, а на слон не можеш да се наклавириш?“, „Дали вработените во фабрика за чај прават пауза за кафе?“, „Доколку човекот може да се наежи, дали ежот може да се начовечи?“, „Дали сме Дебелиот крај затоа што сме дебели или сме дебели поради Дебелиот крај?“ се само дел од прашањата што го измачуваат ова pun-тастично дуо познато како Дебелиот крај. Наско Џорлев и Симе Златков ги освоија социјалните мрежи со нивните „pun-ови“ и уникатната смисла за хумор. Креативни и забавни, Дебелиот крај нудат квалитетни и досетливи шеги што успеваат да извлечат насмевка од сечие лице.rnrnrnrnСепак, нивната спонтаност е она што им носи најмногу следбеници. Кога ги гледате нивните видеа, не знаете на што попрво да се насмеете: Дали на нивните интелигентни игри со зборови, дали на нивното заразно смеење или на фактот што тие самите се забавуваат максимално додека снимаат. Не постои сомнеж дека хуморот на Дебелиот крај нуди оддишка од секојдневните проблеми и брзото темпо на живот. Наско и Симе (обајцата музичари по професија) ни раскажаа нешто повеќе за улогата на хуморот во општеството…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=WY61dayv_0Ern
Хуморот на Дебелиот крај
rnОчигледно е дека хуморот на Дебелиот крај воглавно се состои од правење „puns“ (панови). Па, што се тоа „puns“? Се работи за игри со зборови, односно правење комбинација од зборови со двосмислено значење. Тоа не е толку лесно колку што изгледа, но Дебелиот крај многу вешто ја користат оваа хумористична алатка и со право се нарекуваат pun-тастични. Па, за кого е наменет ваквиот хумор?rn
„Тоа што го правиме би го нарекле забава, пред сѐ за нас самите, а потоа и за оние на кои им се допаѓа. Не целиме кон некоја одредена публика, туку нашиот хумор е наменет за луѓето коишто сакаат да нѐ гледаат. Ако мораме некако да го класифицираме нашиот хумор, освен тоа што го имаме направено со пановите, правиме комедија на скечеви, треш и нискобуџетна комедија (во нашиот случај без-буџетна хахах)“, откриваат Дебелиот крај.
rnНа крајот на краиштата не е толку важно во која група спаѓа хуморот на Дебелиот крај сѐ додека успева да нѐ насмее.rnrnrn
Целта на Дебелиот крај
rnДали Дебелиот крај се навистина толку спонтани колку што изгледаат или пак целиот нивен концепт е добро испланиран? Дали тоа што го прават има некаква цел или пак само сакаат да се забавуваат? Симе и Наско ни ги одговорија овие прашања…rn
„Почетокот на тоа што почна да функционира како Дебелиот Крај беше наменето за сосема различна платформа на хумор и забава и не испадна тоа планираното туку беше сосема спонтано од самиот почеток. Немаме некоја конкретна цел, туку одиме напред со таа идеја што ја имаме во моментот.“
rnНајинтересните работи во животот се случуваа случајно. Идејата за Дебелиот крај не е исклучок. Спонтаноста е една од главните одлики на ова хумористично дуо. Тоа е видливо по начинот на обработување на нивните видеа, а и самата содржина. Дебелиот крај се искрени и се издвојуваат од толпата „фолиранти“, а мора да признаеме дека тоа е вистинско освежување!rnrnТаа: Излегувам само со фолк пејачи Јас:rn
Хуморот како алатка за справување со напорното секојдневие
rnЧестопати се вели дека смеењето е половина здравје и дека го продолжува животот. Па, според тоа, слободно можеме да кажеме дека хуморот е одлична алатка за справување со напорното секојдневие. Дали ви се случило да ве изнервира шефот на работа и да ви се уништи цел ден? Но, потоа сте погледнале некое смешно видео и веднаш сте се чувствувале подобро. Сличен ефект постигнуваат и видеата на Дебелиот крај.rn
„Смеењето и хуморот се изворот на доброто расположение. Дури и кога сте најдепресивни, ако нешто искрено ве насмее, барем за момент ќе заборавите на лошите мисли, напорната работа и сите проблеми што ги имате.. Дури самото ’исмевање’ на таа негативна работа или проблем ја прави полесно надминлива и денот веднаш станува полесен“, објаснуваат Наско и Симе.
rnАко имате тежок ден, ние ви препорачуваме да го погледнете следново видео на Дебелиот крај:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=sHRuv57zKc0rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Постои голема разлика од она што го сметаме за смешно и она што го сметаме за духовито. Разлика помеѓу смеата како израз за добро расположение, ведрина и радост и како реакција за нешто што ни е смешно. Во разните истражувања за тоа кои особини се ценат најмногу кај потенцијалните партнери, духовитоста се наоѓа многу високо, и кај мажите и кај жените. Но никој не би започнал врска со некого само затоа што е забавен. На крај, привлечноста и хемијата се на прво место, а ако личноста која ве привлекува има и смисла за хумор, тоа е само уште еден вид поврзаност. Потребно е да го цениме партнерот, да го сметаме за паметен, способен и добар човек, а ако има и смисла за хумор која ни годи, тоа е само бонус.rnrnrn
Хуморот како показател за менталното здравје
rnНаучниците биле зачудени од тоа што духовитоста е една од најпосакуваните одлики кај партнерот, па во истражувањата забележувале одговори за тоа зошто ни е важен хуморот во односот. Една од вредностите на хуморот можеби е тоа што тој е показател на менталното здравје и стабилноста. Личностите кои духовито реагираат во стресни ситуации, влеваат доверба со својата ментална сила – тие нудат друга перспектива на целата ситуација и на здрав и конструктивен начин се справуваат со околностите.rn
Духовитоста како израз на интелигенцијата
rnДобрата смисла за хумор секогаш оди со висок степен на интелигенција. Односно, ако некој знае да се шегува, сигурно е многу паметен. Ако е паметен, можете да се потпрете на неговата способност да се снајде во непознати ситуации. Животот е полн со непредвидливи и непознати ситуации, па интелигенцијата влева сигурност.rn
Хуморот како дел од сексот
rnКакво би било флертувањето ако во него нема доза хумор? Сепак, ако хемијата е силна, додека флертувате со некого дури и најлошите шеги може да бидат причина за смеа. Кога две личности флертуваат, тие се смеат и изгледаат како добро да се забавуваат. Сексот вклучува заведување со шеги, од кажување глупави вицови, до софистицирани интелектуални провокации. Веројатно го правиме ова бидејќи немаме раскошни пердуви или рогови како животните.rn
Без телесна привлечност, хуморот не функционира
rnАко сте биле во прилика да одбирате помеѓу партнер кој лудо ве забавува и партнер кој навистина ви го одзема здивот, сигурно сте го избрале вториот.rn
Смеата како израз на радоста во односот
rnДури и ако хуморот на вашиот партнер не е сличен со вашиот хумор и ако сметате дека не е многу духовит, голема е веројатноста и покрај тоа често да се смеете заедно. Во кревет, во друштво, додека гледате некој филм, хуморот е важен начин на комуницирање, а со смеата во која уживате заедно ја покажувате вашата радост, виталност и поврзаност во врската.rnrnЗнаевте ли дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?
Кога студентот по медицина Џозеф се заглавил во лифт, за среќа имал доволно батерија на телефонот за да ја раскаже неговата урнебесна приказна. Тој објавувал фотографии на Снепчет од неговото клаустрофобично искуство во текот на 60-те минути додека бил заглавен, а сиот виртуелен свет сега му ракоплеска за неговата храброст.rnrnДен: Моментално сум заглавен во лифтrnrnРобинзон Крусо е одлична приказна, но не може да се спореди со оваа современа сказна за преживување. Џозеф морал да даде сѐ од себе за да преживее: Да го мери времето, да се брани од сите тие смртоносни флуоресцентни светла и да се соочува со сите останати предизвици што ја тестирале неговата смелост. Земете си пуканки и внесете се во овој напнат и возбудлив трилер…rnrnДен 1, 10-та минута: Дали вака изгледа пеколот?rnrnДен 1, 15-та минута: Ако некој друг беше сега со мене, најверојатно ќе се свртев кон канибализмотrnrnДен 1, 20-та минута: Ќе почнам да наоѓам некаков алтернативен начин за да излезам од таванотrnrnДен 1, 25-та минута: Наскоро ќе си ја исечам раката со џебно ноже. Не е заглавена во ништо, само ми снемуваат идеиrnrnДен 1, 28-ма минута: Лаптопот си го крстив ВилсонrnrnПродолжете на следната страница за да дознаете како ќе заврши возбудливата приказна на заглавениот доктор…rnrn