КАФЕ ПАУЗА

Tag: хранливи влакна

  • Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

    Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

    Овесот е житно растение кое потекнува од Русија, но во поново време се произведува и во САД, Канада и дел од земјите на Европа. Од останатите житни растенија се издвојува по количеството влакна кои ги содржи, огромната хранлива вредност и други позитивни ефекти по здравјето. Токму поради неговиот состав, привлекува големо внимание и е тема на многу студии кои ја покажуваат поврзаноста на овесот со здравјето. Еве неколку причини зошто овесот да биде вашиот нов здрав појадок!rnrnВнесете нова здрава навика – овес за појадок!rn

    1. Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта

    rnВисокото ниво на холестерол во крвта е познато како „проблем на денешницата“ кој не бира возраст, пол и раса и многу често е на листата ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања.rnrnХолестеролот во крвта е во форма на LDL (лош холестерол) и HDL (добар холестерол). Позитивно е кога имаме ниски нивоа на LDL и високи нивоа на HDL – тоа значи дека нивото на холестерол во крвта е нормално и дека ризикот за кардиоваскуларни заболувања е низок. Овесот се вбројува на листата намирници кои го намалуваат нивото на LDL поради високото ниво на специфични влакна – бета-глукани.rnrnВнесете нова здрава навика – овес за појадок!rnrnУште еден заклучок кој може да го изнесеме од тука е дека ниското ниво на LDL во крвта влијае позитивно врз крвниот притисок и го намалува ризикот за развој на коронарна болест на срцето.rn

    2. Го намалува ризикот за развој на колоректален карцином

    rnКолоректалниот карцином е сѐ почеста појава кај пациентите, особено во Велика Британија и Холандија. Тоа ги натерало овие научници да истражат дали консумирањето повеќе храна богата со влакна ќе го намали ризикот. Меѓу храната која ја јаделе испитаниците бил овесот. Резултатите покажале дека само 10 грама повеќе храна богата со влакна дневно, го намалува ризикот за развој на колоректален карцином за 10%.rnrnВнесете нова здрава навика – овес за појадок!rn

    3. Помага при варење на храната

    rnБогатата хранлива вредност на овесот го прави одлична замена за квалитетен појадок. Денес постојат многу рецепти за комбинација на овесот во слатки и солени рецепти. Повторно, влакната кои ги содржи овесот помагаат за подобро варење на храната, ја подобруваат работата на цревата и го олеснуваат нивното празнење. Луѓето кои редовно го користат овесот, сведочат дека се чувствуваат подобро, немаат проблем со надуеност или чувство на тежина во стомакот.rnrnВнесете нова здрава навика – овес за појадок!rn

    Автор: Катерина Каланоска

  • Ова овошје го забрзува метаболизмот, но и слабеењето

    Ова овошје го забрзува метаболизмот, но и слабеењето

    Не се сите овошја исти. Додека некои содржат високо ниво на природен шеќер, постојат и такви кои кога се консумираат во одредена количина го поттикнуваат слабеењето.rnrn1-ova-ovoshje-go-zabrzuva-metabolizmot-no-i-slabeenjeto-www.kafepauza.mk_rnrnПапајата содржи ензим наречен папаин, кој го забрзува варењето и го олеснува губењето на килограмите.rnrnАвокадото е богато со здрави масти, кои го поттикнуваат метаболизмот и производството на тестостерон. Овој хормон е заслужен за губење на килограмите како кај мажите, така и кај жените.rnrnКога ќе почувствувате потреба за попладневна ужина, секогаш избирајте овошје кое е богато со влакна.rnrnКрушите и јаболката содржат високо ниво на влакна и ако изедете само една од овие вкусни овошки, тоа ќе ви помогне да го задоволите гладот.rnrnВисокото ниво на антиоксиданси во боровинките може да ви помогне да ги исчистите токсините кои ги таложат килограмите.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnБананите се полни со растворливи влакна кои создаваат чувство на ситост. Уживајте во бананите во текот на појадокот. Тие ќе ви помогнат да го намалите струкот и да го подигнете имунитетот.rnrnАко јадете кокос, брзо ќе станете сити и нема да чувствувате потреба за храна.rnrnЛимонот е одличен за детоксикација на црниот дроб. Пијте чаша лимонада секое утро пред појадокот за да го регулирате нивото на масти кои влегуваат во вашиот организам.rnrnГрејпфрутот е одличен против чувството на глад и има многу малку калории.rnrnДоколку јадете портокали, ќе го намалите бројот на калории кои сте ги внеле во текот на денот и ќе го одржите телото хидрирано.rnrnПраските се одлично овошје за нискокалорична диета. Тие се извор на антиоксиданси и помагаат во исфрлањето на токсините од телото.rnrnКалинката е одлична ако сакате вашето тело потполно да го исчистите од токсините. Исто така, го намалува апетитот.rnrnВажно е да знаете дека сувото овошје, кое се комбинира со свежото, е ефективно во согорувањето на мастите и регулирањето на холестеролот.

  • Печени компири – едно од најздравите јадења

    Печени компири – едно од најздравите јадења

    Печените компири го држат крвниот притисок под контрола. Доколку ги спремите со кората, тие се одличен извор на хранливи влакна, а имаат и многу малку калории. Сепак, важно е да знаете како да ги припремите.rnrnПечени компири – едно од најздравите јадења  rn

    Богати се со калиум

    rnПечениот компир е на врвот на листата намирници кои се богати со калиум, а е многу важен затоа што го неутрализира штетното влијание на вишокот натриум и го држи крвниот притисок под контрола.rn

    Доколку ги подготвите со кора се одличен извор на хранливи влакна

    rnЕден печен компир покрива 12 проценти од потребите на една возрасна жена и 8 проценти од потребите за хранливи влакна на еден маж. Влакната се важни за варењето и за ефикасна апсорпција на хранливите материи, а печениот компир содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна го контролираат холестеролот, а нерастворливите помагаат да се исфрлат лошите материи од организмот. Но, за да успеете од оваа здрава намирница да го извлечете најдоброто, неопходно е компирот да не плива во масло, путер или некоја друга состојка.rnrnПечени компири – едно од најздравите јадења  rn

    Имаат малку калории

    rnКомпирот неретко е неправедно оптужен дека е калорична храна, но вистината е дека еден печен компир со средна големина содржи околу 170 калории. Калорични се сирењето, кашкавалот, павлаката, путерот и многу други производи кои најчесто се консумираат со компирите. Наместо тоа подгответе ги компирите со многу малку сол и маслиново масло, а јадете ги со природен сос од домати или брокула.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Победете го гладот помеѓу оброците

    Победете го гладот помеѓу оброците

    Држите диета според која смеете да внесувате мало количество калории во организмот и одлично ви оди, но сепак имате проблем… гладувате. Цело време размислувате за храна и за тоа што би можеле во тие моменти да каснете. Пробајте да се придржувате до овие совети, кои можат да ви помогнат да го победите гладот и да останете задоволни помеѓу оброците.rnrn

    Направете избор на енергетска храна

    rnПрвото правило за да не се чувствувате гладни помеѓу оброците е да одбирате храна која нуди голем број  хранливи материи. Една лименка Кока-кола има исто калории колку тост со кашкавал, но сепак ефектот е сосема различен. Кока-колата ќе предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта, кое потоа брзо ќе се спушти, правејќи да се чувствувате слаби и нервозни во следниот час. Тостот со кашкавал содржи хранливи влакна и протеини, кои ќе му помогнат на телото да издржи до следниот оброк.rnrnПобедете го гладот помеѓу оброциrnrnНајдобро е да јадете три балансирани оброка и една закуска секој ден. Правете избор од овошје, зеленчук, мешункасти плодови, зрнести плодови, млечни производи со ниска масленост и малку месо. Храната полна со хранливи влакна е најдобра за да се остане сит, бидејќи тие бавно се варат оставајќи ве подолго задоволни од чувството во стомакот. Останете настрана од преработена храна која изгледа вкусно, но е преполна со непотребни калории. Гледајте да пиете многу вода, бидејќи дехидрирањето може да го успори вашиот метаболизам.rnrnДали обожавате да јадете житарици за појадок? Можеби палачинки или ѓеврек? Кој и да е вашиот избор, обидете се секогаш да го искомбинирате со свежо овошје. Исто така, можете да најдете безброј рецепти за печење овошен леб. Во него можете да додадете свежо или сушено овошје, а маслото за готвење да го замените со сок од јаболко, тиква или сладок компир.rnrnПобедете го гладот помеѓу оброциrn

    Пијте сокови од цедено овошје

    rnМногу е важно да ја внесувате дневната доза на овошје во организмот. Во повеќето денешни џусови се исфрла пулпата од сокот, со што се намалува количината на хранливи влакна. Тие се тешко варливи елементи на секое растение кое помага дигестивниот систем да функционира правилно. rnrnПобедете го гладот помеѓу оброциrnrnИстражувањата покажуваат дека јадењето големо количество хранливи влакна помага при борбата со срцеви заболувања, шеќерна болест, дигестивни нарушувања, дебелината и некои видови рак. Многу е важно, доколку решите да си правите свој џус од свежо овошје, да ја оставите пулпата и да го извлечете максимумот од овошјето.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Еве неколку видови храна кои ќе му бидат добредојдени на вашиот организам.rn
    rn

    Зрнести плодови

    rnrnСите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини, боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу важни за нормален и здрав дигестивен систем. Малините имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат при подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови, се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така помагаат во намалувањето на телесната маса.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јајца

    rnЈајцето како извор на високо квалитетен протеин, може навистина да ви даде поголема моќ. Една неодамнешна студија покажала дека, луѓето кои за доручек јадат пржени јајца и тост, се чувствуваат позаситено и јадат помалку на ручек, отколку кога појадуваат ѓеврек (кој има отприлика сличен број на калории). Дури и кога внимавате на вашиот холестерол, едно јајце одлично би се вклопило во вашата дневна исхрана. Жолчката од јајцето содржи лутеин и зеаксантин – два антиоксиданси кои ги одржуваат очите здрави. rnrnИстражувањата исто така ги поврзуваат лутеинот и зеаксантинот како фактори за намалување на ризикот од макуларна дегенерација, причина поради која ослепуваат голем број лица постари од 50 години. Лутеинот е добар и за заштита на кожата од УВ зраците.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Грав

    rnГравот е одличен извор на железо, минерал кој го пренесува кислородот од белите дробови до клетките низ нашето тело. Бидејќи телото не може да апсорбира исто количество железо преку растителната храна, како што може преку говедското или пилешкото месо, комбинирајте го гравот со храна богата со витамин Ц, за да го зголемите нивото на апсорпција на железо. Гравот е исто така богат со растителни влакна, кои помагаат за регулација на нивото на холестерол во крвта.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се добри за срцето. Студиите на „Seventh-Day Adventists“ (религиозна вероисповед која придава големо значење на здраво живеење и вегетаријанска исхрана) покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години. Оревите се најверојатно во центарот на вниманието, поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува расположението.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Портокали

    rnСамо еден голем портокал или пак чаша цеден сок е одличен извор на витамин Ц. Витаминот Ц е од суштинско значење за производство на бели крвни зрнца и антитела. Тој е исто така моќен антиоксиданс кој помага и ги штити клетките од радикална штета и игра клучна улога во производството на колаген за зацврстување на кожата. Портокалите се богати и со влакна и фолна киселина.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Сладок компир

    rnСлатките компири се сјајно портокалови поради фактот што содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот. Еден среден сладок компир обезбедува речиси четири пати повеќе од препорачаната дневна вредност на витаминот А, плус неколку други витамини како Ц и Б6, калиум, манган, лутеин и зеаксантин, што го прави еден од најхранливите зеленчуци.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Брокула

    rnОваа зелена велесила претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските), како и фолна киселина. Постои уште една причина поради која брокулата често се наоѓа на првото место на листата за здрава храна – таа обезбедува здрава доза на сулфорафан, еден вид на изотиоцијанат за кој се смета дека го спречува ракот, преку помагање во стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Чај

    rnИстражувањата покажуваат дека доколку редовно пиете чај, го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни. Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Препорачливо е чајот да се пие топол и свежо сварен. Доколку сакате да го пиете ладен од фрижидер, во него додадете цеден лимон. Лимонската киселина и витаминот Ц ќе помогнат во зачувувањето на флавоноидите.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Спанаќ

    rnСпанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е лесен, вкусен и добар извор на фолна киселина, витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.rnЗдрава храна препорачлива за секој денrn

    Јогурт

    rnВо 70-тите години на минатиот век, советската република Грузија имала повеќе жители со над 100 години, од која било друга земја. Извештаите од тоа време тврдат дека тајната на нивниот долг живот бил јогуртот, кој редовно се наоѓал на нивната трпеза. Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата. Само 1 чаша јогурт обезбедува речиси половина од препорачаната дневна вредност на калциум, а богата е и со фосфор, калиум, цинк, рибофлавин, витамин Б12 и протеин.Здрава храна препорачлива за секој ден
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn