КАФЕ ПАУЗА

Tag: храбра

  • Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

    Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

    Само човек со искрено и посветено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак. Жената родена во знакот на Лав секогаш се развива и се трансформира себеси во чекор со промените во светот. Таа знае дека животот е вреден за живеење и оти тој мора да биде изграден на цврсти темели на вистината. Затоа да се сака Лавица значи дека отчукувањата на срцето во вашите гради мора да бидат силни и искрени.rnrn(1) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnИако секогаш изгледа храбро и самоуверено, во нејзиното срце има голем сомнеж околу тоа дали може да биде целосно сакана и затоа е подготвена да „покаже заби“ доколку премногу се доближите до местото каде што го крие тој страв. Тоа значи и тест за човекот кој сака да ѝ доближи вистински. Да се сака жената Лав значи да ѝ се биде целосно посветен, а најмногу треба да ја сакате и негувате нејзината ранлива страна. Мора да бидете подготвени дека ќе има моменти кога ќе биде обземена од потребата за трка низ џунглата (низ светот) и таа без никакво објаснување ќе замине. rnrnТаму ќе го впива животот низ сите нејзини сетила, така ќе научи како вистински функционира реалноста околу неа. Оној момент кога ќе помислите дека сте заборавени, нејзиното срце ќе ве замоли да бидете трпеливи, затоа што жената Лав ќе ви се врати, задишана, со срце кое силно бие во нејзините гради и безброј приказни кои ѝ се случиле на патот од нејзината авантура.rnrn(2) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnЛавицата има потреба од слобода за да ја нахрани својата креативност. Таа ќе ве натера да ги видите сите убавини на животот во кои таа знае да ужива. Едноставно сака бидете тоа што сте, ништо повеќе и ништо помалку. Да се сака жена Лав значи да бидете подготвени да ѝ пружите заштита кога таа ѝ е потребна, но и кога нема никакви опасности, оваа жена сака да знае дека може да се надева на вашата закрила во секое време. rnrnТоа за неа значи дека вистински сте ѝ посветени и оти ја сакате со сето срце. Нејзиниот ум е вистинско богатство на мудрости, од неа можат да се научат прекрасни работи за животот. Доколку сакате да добиете почит од жената Лав, прво мора да научите сами да си се почитувате. Таа со текот на годините станува сè помудра и поотворена кон другите луѓе. Но, искуството истовремено ќе ја научи да владее со себе.rnrn(4) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnНемојте да се изненадите доколку некогаш падне и се скрши пред вас, доколку солзите ѝ навираат како река од очите, а сите емоции кои ги криела во себе избијат како жешка лава од вулкан. Тогаш бидете покрај неа, помогнете ѝ да ги собере распрсканите делчиња од неа, потрудете се да ја врати насмевката на нејзиното лице. Токму тоа ја карактеризира Лавицата. Тоа се ретки моменти на слабост, но кога ќе надојдат се незапирливи. Таа ќе ви биде вечно благодарна за вашата посветеност и искрена љубов. rnrnНе брзајте со донесувањето одлуки за неа, зад цврстиот оклоп се крие мека и ранлива душа. Дајте ѝ време да ги забележи вашите искрени намери и ќе добиете неизмерна љубов и внимание за возврат. Точно е дека Лавицата сака да биде во центарот на вниманието и да има на себе облека и модни додатоци кои светкаат и лесно паѓаат во очи. Но, таа во никој случај не е површна, а под блескавата наметка се крие личност која многу вложува во себе и во својата личност. Нејзиното срце владее со сè, а таа ќе го покажува тоа без ни малку скромност, затоа што зад нејзината моќ стои големо искуство и многу труд. Лавицата не мечтае за дворец на ридот, туку за мала колиба во шумата, создавајќи си простор покрај некоја мирна река, каде што може да ги слуша лекциите кои доаѓаат од сите четири страни на светот.rnrn(3) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnТаа е тврдоглава, но истовремено и љубезна. Таа во себе ги носи и радоста и тагата, како и насмевките и солзите. Иако изгледа горделиво, Лавицата без никаков проблем ќе се наведне и ќе ја допре земјата со своето чело во знак на обожување, благодарност и молитва. Лавицата сè што прави го прави со сето срце. Таа едноставно сака секаде да владее хармонија, како во нејзината душа, така и кај сите луѓе, токму затоа таа е кралица на џунглата.rnrnЖената Лав се сака со целосно посветени срце и душа. Само така ќе можете да го освоите нејзиното ранливо срце, кое умешно го крие зад златните оклопи. Лавицата ќе биде ваша љубовница, пријателка, учителка, водилка…

  • Книга: „Јас те сакам повеќе“ – Лиса Гарднер

    Книга: „Јас те сакам повеќе“ – Лиса Гарднер

    „Јас си ја сакам ќерката“ – дали овие зборови се доволни за да ве убедат дека таа е добра мајка?

    rnrn„Јас те сакам повеќе“ – Лиса Гарднер Наслов на оригиналот: Love you more – Lisa GardnerrnrnНејзината прва новела ја има објавено на 20 години, а ако се земе предвид дека работела на книгата 3 години и ја препишала од почеток 4 пати, може да се каже дека Лиса Гарднер била навистина упорен и неуморен тинејџер со јасна цел. Има објавено 27 новели, а наскоро ќе излезе и нејзиното последно дело „Watch & Go“,кое што како и сите претходни, читателите во преку 30 земји во светот го очекуваат со нетрпение.rnrnЗа својата работа вели дека е напорна и бара многу истражувања, особено затоа што станува збор за крими новели со неверојатни заплети. Не сака да ги базира своите ликови врз реални личности бидејќи не би сакала да се соочи со некакви тужби, но затоа доста често добива инспирација за заплетите од вистински крими настани.rnrnЗа тоа од каде ги добива идеите за бројните новели, освен секако од хоророт во вестите, вели дека ни сама не е сигурна, но среќна е што успева страшните сценарија кои ѝ паѓаат на памет да ги канализира во пишување книги. Наводно, да бидеш сериски убиец не било толку исплатливо како писател! Сигурни сме дека сите нејзини читатели, а и оние кои не слушнале за неа, се многу среќни поради нејзината одлука.rnrnЈас те сакам повеќе - Лиса Гарднерrnrn

    Синопсис

    rnСлучајот е јасен – Теса Леони, државен полицаец и единствена жена во нејзината касарна во Алстон Брајтон, мајка на шестогодишно девојче Софи и сопруга на насилен маж, кој го убива со своето службено оружје откако со години е жртва на домашно насилство. За детективите ДиДи Ворен и Боби Доџ ова е прилично едноставен и за жал чест случај кој би требало брзо да се разреши, но постојат два проблеми: ќерката е исчезната, а Теса е еден од најинтелигентните и најцврсти полицајци кои ја завршиле Академијата.rnrnЗошто тогаш, паметна и цврста жена не би ја искористила приликата да побегне од својот маж за време на неговите патувања кои траеле со недели? Зошто при нападот веднаш го употребила својот пиштол наместо арсеналот од други оружја со кои како трениран полицаец веднаш би можела да го онеспособи наместо да го убие? Зошто не се обратила за помош кај нејзините колеги? И најважно од сè, каде е нејзината ќерка?rnrnНеверојатен е правецот во кој се движат настаните во оваа фантастична новела, неизвесноста го следи читателот до крај, а сето она што го добивате како информација на почеток ве води во целосно погрешна насока. Но, читателите не се сами во борбата со мистериозниот случај, двајцата детективи се впуштаат во приказната која започнува со ранлива жена со модро око и потрес на мозок, а завршува со најхрабриот лик кој може да се појави во која било книга – мајка. А одговорот лежи во едно единствено прашање „Кого сакаш?“rnrnЈас те сакам повеќе - Лиса Гарднерrnrn

    Лична критика

    rnОва е втората книга којашто ја читам во овие неколку месеци, а вклучува жена-детектив како еден од главните ликови и изгубено девојче, и исто како и првата – Ангелски повик, буквално ме остави без здив и без спиење. Веќе еднаш споменав дека сакам приказни за жени-херои и можеби затоа толку и ми се допадна, но реално, со фантастичен лик како Теса Леони може да се поврзе секој, особено ако е родител. Она што најмногу ми остави впечаток е тоа што писателката успешно ја одржува неизвесноста докрај и ова е една од ретките книги во кои навистина не можеш веднаш да одлучиш кој е позитивецот, а кој е негативецот.rnrnБез премногу развлекувања и непотребни описи, Лиса Гарднер ќе ве води од една неверојатна сцена во друга, длабоко навлегувајќи во суштинското прашање – „Колку далеку може да оди една мајка за своето дете?“ Ова е книга за пожртвуваност, пријателство, храброст, но пред сè љубов, и тоа безгранична. Добро изградените ликови и слоевитоста на приказната која навлегува во оние темни ќошиња на човечката психа, ја прават оваа книга еден од подобрите трилери кои ги имам прочитано.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Brave (Храбра)

    Brave (Храбра)

    Филм за храброста и решителноста на млада и малку необична принцеза која треба да се соочи со ужасна клетваrnrnBrave (Храбра)Режија: Марк Ендрус, Бренда ЧепманrnrnГласови: Кели Мекдоналд, Били Коноли, Ема ТомпсонrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 јуни 2012rnrnЖанр: анимација, акција, авантураrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rnrn


    Внимавајте што посакувате, бидејќи желбата може навистина да ви се оствари! Но, што е најлошото што би можело да се случи, ќе се запрашате… Верувајте, понекогаш е подобро доколку никогаш не го дознаете одговорот на тоа прашање. Овој филм нè потсетува токму на овие мисли, а младата Мерида ќе го открие тоа на потешкиот начин. Интересен филм кој нè предупредува дека понекогаш пред да посакаме нешто, треба прво добро да размислиме за последиците кои можат да настанат од нашите желби.


    rn

    rnПриказна: „Храбра“ е прекрасна и трогателна нова бајка која си го пронајде своето место меѓу најдобрите анимирани филмови од овој жанр. Во филмот се прикажани проблеми кои ни се добро познати и поради тоа се многу лесно прифатени и сфатени од публиката на сите возрасти. Оваа приказна не се движи според нормалниот „шаблон“ на бајките и целосно го менува начинот на кој ние сме замислиле како би требало да изгледа една принцеза.Brave (Храбра)Според законите на кралството, само првородените смеат да се борат за раката на убавата принцеза. Стрелците треба да ги заземат своите позиции и да им покажат на сите присутни зошто токму тие ја заслужуваат младата дама. Додека тие буквално се „препотуваат“ и нервираат пред публиката, Мерида (Кели Мекдоналд) и нејзиниот татко – кралот Фергус (Били Коноли) тивко се шалат за нивниот изглед и начин на однесување.Brave (Храбра)Brave (Храбра)Кога сосема случајно и несакано, еден од претставниците ќе ја погоди стрелата, Мерида ќе реши да ги преземе работите во свои раце така што ќе истапи пред сите велејќи: „Јас сум Мерида и јас ќе се натпреварувам за својата рака“. Таа со својата изјава ќе ги изненади сите, а мајка ù – кралицата Елинор (Ема Томпсон) која добро ги познава нејзините способности ќе се обиде да ја спречи. Но, решителноста на Мерида е толку голема што со своите резултати ќе успее буквално сите да ги остави без зборови.Brave (Храбра)Brave (Храбра)Импулсивната Мерида сака да го живее својот живот на нејзин начин, а правилата кои ù се наметнати како принцеза целосно ù ги попречуваат нејзините соништа. Таа од срце посакува работите да се сменат – и тоа брзо ќе стане основа на голем проблем. Со нејзината желба, сосема случајно и не сакајќи, таа ќе ослободи античка клетва која ќе биде закана за целото кралство. Младата Мерида мора да направи сè што може за да го спаси кралството, а нејзините стрелачки способности ќе ù бидат од голема корист во оваа необична мисија.Brave (Храбра)Brave (Храбра)Koга и како да го гледате: Оваа несекојдневна приказна е одлична за кратко бегство од реалноста. Доколку ви е потребен одмор и одвлекување на вниманието, Мерида со сигурност ќе успее да ве насмее и расположи. Направете си кафе и пуканки, вклучете ја климата, наместете се удобно пред телевизорот и пуштете го овој одличен филм – забавата е гарантирана!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

    Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnСите ние имаме денови кога стануваме од кревет сабајле и зјапаме „бледо“ во нашиот плакар мислејќи: „Што ли да облечам денес?“ Овој проблем лесно можете да го решите. Направете го следниов тест за да ја откриете бојата која го отсликува вашето моментално расположение.rnrnИнструкции: Запишете ја на посебен лист буквата која најмногу одговара на дадената изјава. На крај од тестот, пресметајте која буква најмногу пати сте ја заокружиле и откријте која е бојата која одговара на вашето расположение.rnrnТест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rnrn

    1. Дали се чувствувате уморно?

    rnа) Малку – би сакала да дремнам барем уште половина час.rnrnб) Малку сум уморна, но не дозволувам тоа да ми пречи.rnrnв) Премногу сум уморна – може да се вратам одма на спиење?rnrnг) Воопшто не сум уморна.rnrnд) Уморна? Секогаш се будам полна со енергија.rn
    rn

    2. Што е прво на вашата листа денес?

    rnа) Хм, денес има маратон на мојата омилена ТВ серија.rnrnб) Милион нешта – цел ден ми е резервиран, но знам дека на крај ќе се исплати.rnrnв) 3 предавања, па на работа и на крај започнување на есејот кој треба да го завршам до утре.rnrnг) Одбирање на совршената облека и средување на мојата фризура веднаш! Потребно е многу труд за да изгледа сѐ добро.rnrnд) Уживање на сонцето, па одење на предавање.rn
    rn

    3. Какво е времето надвор?

    rnа) Врне дожд/снег? Го обожавам!rnrnб) Малку е ладно, но ќе се облечам потопло. Треба да одам на неколку места!rnrnв) Многу е мрачно надвор – посакувам да можев да останам дома.rnrnг) Сончево е – одлично време за забава.rnrnд) Топло и сончево – едноставно совршено!rnrnТест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rnrn

    4. Каква шминка планирате за денес?

    rnа) природнаrnrnб) пудра, моливче, маскара и сјај за усниrnrnв) едноставна: маскара, сјај за усни, можеби и моливче за очи ако имам времеrnrnг) Мислам да пробам нешто ново – можеби посветло моливче за очи или посмел сјај.rnrnд) пудра, сјај за усни, маскара, сенка, моливче за очи, руменило – секојдневната рутинаrn
    rn

    5. Каков вид облека би сакале да носите денес?

    rnа) Нешто удобно и опуштено.rnrnб) Нешто професионално и софистицирано.rnrnв) Нешто едноставно и класично.rnrnг) Нешто уникатно што би привлекло внимание.rnrnд) Нешто тренди и интересно.rn
    rn

    6. Кои од следниве активности би сакале да ги правите денес?

    rnа) Да се завиткам во ќебе со добра книга и кафе.rnrnб) Да работам – и покрај тоа што не е забавно, ќе ми се исплати подоцна.rnrnв) Да се дружам со пријателите или роднините дома.rnrnг) Да правам нешто сама – можеби да одам во друг град или да посетам фитнес-центар.rnrnд) Да излезам со пријателите – на шопинг или на добра забава вечер.rn
    rn

    7. Каква музика би сакале да слушате во моментов?

    rnа) Нешто релаксирачко и весело.rnrnб) Класична музика – ми помага да останам фокусирана.rnrnв) „Old school“ музика која ме враќа назад во друга ера.rnrnг) Што било – ќе го пуштам мојот плеер на рандом.rnrnд) Сѐ на што би можела да танцувам!rn
    rnРезултати: Проверете која буква најмногу сте ја одбирале, и видете подолу која боја ѝ припаѓа. За секоја боја има предлог комбинација за да ви помогне при изборот на вашата облека денес.rn
    rn

    Најмногу одговори под а)

    rnЛадни бои: светло сина или зеленаrnРасположение: релаксирано и смиреноrnrnОваа облека би била совршена за опуштен ден поминат дома или со пријателите. Едноставната маичка, откопчаната кошула и удобните фармерки кои се во нежна зелена, сина или сива боја го надополнуваат вашето смирено расположение. Додадете шал и удобни патики и целосно ќе бидете подготвени за денот кој следува.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под б)

    rnУкрасни тонови: смарагд, рубин, сафирrnРасположение: амбициозно и мотивираноrnrnДенес се чувствувате амбициозно и инспирирани сте да ги постигнете своите цели. Знаете дека овој ден ќе имате многу работа и дека облеката е само мал дел од вашите идни постигнувања кои ве мотивираат да поминете преку сѐ. Овој виолетов фустан и црно сако ќе ви помогнат да го започнете денот на „десна нога“. Додадете едноставни златни обетки и мал прстен како завршни детали за вашиот изглед.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под в)

    rnНеутрални бои: црна, кафена, сива, темно сина, белаrnРасположение: мрзеливо и без енергијаrnrnНеутралните бои создаваат елегантен изглед. Оваа облека е класична, но истовремено носи и елементи клучни за денешната мода – совршена е за денови кога сакате да изгледате убаво, но немате многу време за подготвување. Маичката без ракави и темните фармерки ѝ овозможуваат безвременска основа на облеката без никаков труд, додека пак сакото, саатот и чевлите додаваат малку инспиративен допир кој ќе ви помогне да го започнете денов.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под г)

    rnСмели бои: црвена, портокалова, светло зеленаrnРасположение: храбро и незапирливоrnrnДенеска се чувствувате храбро и најдобар начин за доловување на тоа расположение е носењето црвени панталони. Бидејќи тие сами по себе се многу впечатливи, најдобро е да ги комбинирате со понеутрална маичка и капут. Додадете удобни црни балетанки и необични обетки и постојано ќе привлекувате внимание околу себе.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?rn

    Најмногу одговори под д)

    rnСветли бои: розово, светло сино, жолтоrnРасположение: весело и разиграноrnrnКој вели дека зимската облека треба да е темна и досадна? Денес вашиот дух ќе го разубави денот на сите околу вас, па затоа погрижете се да носите облека која ќе одговара на вашето весело расположение. Жолтиот капут ќе ве истакне во морето од црни и сиви капути во центарот од градот, додека пак сивите фармерки ќе овозможат интересен контраст на шарениот топ. Црните високи чизми и розовиот грејач за глава ќе ви помогнат со студеното време.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.