КАФЕ ПАУЗА

Tag: хостел

  • За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

    За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

    Во Токио неодамна се отвори хостел што личи на вистинска книжарница, познат како Book And Bed Tokyo. Со оглед на тоа што тој стана многу популарен, на 2-ри декември ќе се отвори уште еден таков хостел, овој пат во Кјото. Исто како и во хостелот во Токио, гостите ќе спијат во кревети вградени во самите полици за книги. Освен тоа, ќе бидат опкружени со фантастичен избор на 5.000 книги на англиски и јапонски јазик.rnrnЗа сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостелrnrnСите љубители на книгите ќе уживаат во ова ново удобно катче! Цените се движат од 39 долари од вечер па нагоре. Погледнете како изгледа овој необичен хостел што веднаш ќе ве натера да се сместите во креветот во придружба на некоја интересна книга…rnrn

  • Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

    Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

    Планирањето на трошоците за патување, покрај за транспортот, секогаш се врзуваат за цените на хотелите и рестораните. Секогаш изгледаат скапо и одвраќаат многумина од намерата да патуваат некаде. Сепак, суштината на патувањето не е во купувањето комфор, туку во доживувањето на новата средина која ја посетувате. Тоа е она што носи возбуда и што остава спомени. Не се тоа преценетите хотели и ресторани кои својата услуга ја наплатуваат според пазарната логика, а не според она што вистински го нудат. Факт е и тоа дека ручек во традиционален ресторан може да му додаде вредност на доживувањето, но не мора сите оброци да ви бидат такви.rnrnВо продолжение ви претставуваме неколку алатки со чија помош можете вашиот престој во странство да го направите евтин.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    1. Краток престој

    rn

    Каучсурфинг

    rnВеќе пишувавме за каучсурфингот, веб-сервис кој го смени начинот на патување во светот. Доколку не сте запознаени со тоа, се работи за можност да престојувате како гостин кај некого кој може да ви го понуди своето гостопримство преку својот кауч и времето кое може да го помине со вас покажувајќи ви го градот. Тоа најчесто не е комфорен начин на патување. За него потребен ви е малку авантуристички дух, отвореност и желба за запознавање на нови луѓе и култури. Имајте предвид дека каучсурфингот не е само можност за бесплатен престој, туку начин на запознавање на нови луѓе и култури, така што не би требало да го злоупотребувате ако не ви е дојдено до дружба со вашите гостопримливи домаќини.rnrnПрочитајте поопширно за каучсурфингот.rnrnCouchsurfing.com е најпопуларниот светски сервис за размена на гостопримство, но не и единствен. Покрај него можете да ги проверите и HospitalityClub.org и BeWelcome.org. Тие имаат помалку членови, но ако не успеете да најдете ништо на Каучсурфинг, можете да се обидете и таму. Доколку сте велосипедист кој ужива во долги велосипедски тури, користете го Warmshowers.org. Тоа е сервис во кој велосипедистите на долги патеки меѓусебно си помагаат на начин што на своите колеги им го нудат својот кауч и дом, или само топол туш додека се на поминување.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    ЕрБнБ

    rnЕрБнБ овозможува да изнајмите соба или цел апартман за помалку пари од вообичаеното. Не ги изнајмувате од какви било агенции, туку од обични луѓе. Кога некој има вишок соба или цел стан и сака да го издаде на туристи, тој тоа може да го огласи на ЕрБнБ со цел да дојде во контакт со оние на кои им е потребно сместување. Препорачливо е да го користите овој метод кога патувате барем двајца или пак во поголема група, затоа што цената секогаш е фиксна за собата или станот, така што трошоците се делат. Некои од сопствениците одлучуваат дека својот простор ќе го издаваат за одреден број луѓе и наплатуваат за секој дополнителен човек, додека пак други не ги интересира колкумина престојуваат внатре сѐ додека го добиваат својот фиксен надомест.rnrnЦените многу варираат во зависност од квалитетот што го добивате. Сепак, возможно е да се најде цел стан за двајца за околу 30 евра за една ноќ во Прага, што би било 15 евра по човек и е поевтино од хостел. Во центарот на Париз може да најдете сместување за 250 евра неделно, што поделено на двајца излегува по помалку од 20 евра за еден човек, додека нема шанси да добиете таква цена во хостел во истиот град.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    Хостел

    rnДоколку немате друг избор, а имате и нешто повеќе пари за трошење, хостелите се доста добра опција, иако не се и најевтината. Можете да одберете соба за еден или за двајца, но ако сакате да поминете поевтино тогаш препорачливо е да одберете кревет во една од оние големи спални во кои престојуваат и по повеќе од десет луѓе. Двата најдобри пребарувачи на хостели во светот се hostelworld.com и hostels.com.rn

    Кампување

    rnАко цел за вашето следно патување е некој преубав дел од природата, размислете за кампување. Кампувањето на диво надвор од означените кампови речиси секаде е илегално, но се толерира. Доколку сакате да бидете сигурни можете да одите во камп, но ќе треба да издвоите некоја сосема мала сума пари која се определува по ноќевање. Дури и во поскапите западноевропски земји тие цени често пати се под 10 евра за една вечер.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrnrn

  • Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

    Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnЗамислете си „бекпекер“. Сигурно веднаш помислувате на млади луѓе со износени фармерки и неверојатна издржливост. Но, „бекпекингот“ е многу повеќе од студенти кои прават пауза од студиите престојувајќи во некојси дотраен хостел. „Бекпекингот“ е симбол за авантурата и независноста, а покрај тоа е и еден од најевтините начини да се пропатува светот. Затоа постарите патници, оние со ограничен буџет, па дури и оние кои претпочитаат приватна бања и елитна храна не треба да го одбиваат начинот на патување на еден итар „бекпекер“.rnrnПрисвојте го начинот на размислување на еден „бекпекер“ и подобрете ги вашите тактики за патување. Во денешното неизвесно економско опкружување, лекциите за евтино патување што може да се добијат од „бекпекерите“ се бесценети. Од пакување со ултра лесна торба до пронаоѓање достапна храна и сместување, „бекпекерите“ навистина знаат како да патуваат.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотrn

    Лекција бр. 1 – Размислете за престој во хостел

    rnКако зрела возрасна личност, можеби се плашите дека вашето присуство во хостел може да биде налик на присуството на сува слива во кошница полна со свежи јаболка. Меѓутоа, хостелите не се наменети само за младите. Како што растат цените на хотелските услуги, сè повеќе постари патници престојуваат во хостели, каде што, покрај другото, можат да се најдат и приватни соби со бања и чисти кревети, а за нив не е потребна ниту претходна резервација.rnrnПо дефиниција, хостелот нуди сместување слично како во студентските домови – заедничка спална со повеќе кревети. Но, како што со текот на годините хостелите добија на популарност, трендовските хостел-оператори ја проширија дефиницијата неговата дефиниција со вклучување на приватни апартмани, луксузна храна, модерен декор, базени, па дури и собна услуга. Во овој пример може да се вклучи хостелот „Oasis Backpackers’ Mansion“ во Лисабон, кој нуди сервис за перење и сушење алишта, бесплатен интернет и гастрономски вечери, како и хостелот „Oops!“ во Париз, кој има модерен стилски ентериер дизајниран од страна на реномиран графички декоратер.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотТрикот за пронаоѓање добар хостел е да го откриете пред да тргнете на пат. Проверете на  TripAdvisor.com, Hostels.com, HostelBookers.com или на некој друг реномиран сајт за преглед на хотели, чисто да се информирате подетално за вашиот потенцијален хостел. Додека некои хостели личат на трендовски „бутик хотели“ кои изобилуваат со приватност, другите се традиционални младински хостели, со по 10 луѓе во спална и преполни заеднички бањи.rn

    Лекција бр. 2 – Пешачете

    rn„Бекпекингот“ обично бара голема доза на сила и издржливост. Но, ако не сте тип кој сака планинарење или пак маратонско пливање низ реки и канали, тогаш воведувањето на рути за пешачење додека патувате е прифатлив начин да се предизвикате себеси. Како и со која било друга физичка активност, откако ќе ги поместите вашите граници и ќе стигнете на саканото одредиште, ќе доживеете голем налет на самодоверба.rnrnСтавете го на една страна патувањето со воз или со автомобил, а на друга пешачењето до местото што сакате да го посетите. Се разбира дека долгата прошетка ќе ви овозможи близок и личен контакт со вашата локација. Националните паркови, средновековните градови и живописните крајбрежја најдобро ќе ги искусите ако одите пеш. Уште подобро, пешачењето е бесплатно (исто така и трчањето е доста пристапно, но зошто да се брза? :))Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотАко планирањето не е вашата силна страна, тогаш резервирајте си одмор кој вклучува тури со пешачење. Road Scholar е реномирана компанија која нуди пакет одмори за постари лица. На нивниот сајт  ќе најдете многу активни пакети кои вклучуваат доста пешачење и велосипедизам.rnrnНо пред да го пропешачите целиот свет, бидете сигурни дека сте во форма. Почнете со пешачење неколку месеци пред патувањето за да се навикнете на подолги дестинации и ако имате некакви здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар пред да се впуштите во патување кое може да биде доста напорно. Обезбедете си добар пар удобни чевли и не прескокнувајте ја нашата следна лекција…rn

    Лекција бр. 3 –  Не носете многу багаж

    rnЗа да патувате како „бекпекер“, ќе треба да се спакувате како „бекпекер“. Речиси е невозможно да се пешачи на долги релации со куфер на тркалање или со гломазна рачна торба. Со намалување на багажот ќе ги избегнете и оние здодевни такси за носење екстра багаж што ги наплаќаат многу авиокомпании само затоа што ви го провериле багажот.rnrnПа како бекпекерите патуваат со месеци по светот со само неколку килограми на нивниот грб? Едноставно – со пакување на мултифункциски предмети како што се пантолони кои се претвораат во шорц и комбинирано пакување на шампон и балсам заедно. Носат лесни ранци специјално направени да собираат повеќе, а да тежат помалку и пакуваат лесна, памучна облека во која телото може да дише. Набавете си квалитетна опрема за патување. Една од светски познатите продавници што се занимава исклучиво со продажба на опрема за патување е Magellan’s.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотАко сте во посета на некој голем град, информирајте се каде има градски перални за облека. Исто така, многу хостели и хотели имаат сопствени пералници. Уште поевтина алтернатива ви е да си носите мини пакување на детергент, да си ги исперете алиштата во мијалник и да ги оставите да се сушат преку ноќ :).rn

    Лекција бр. 4 – Купувајте од самопослуга

    rnНосењето лесен багаж не е добро само за да ги избегнете таксите, туку и затоа што ослободувате место во вашата торба за храна. „Бекпекерите“ имаат навика да ги бараат штандовите со разновидна храна, пазарите каде што се продаваат свежи продукти и локалните пекарници.rnrnОва е добро особено ако патувате низ Европа, каде што многу пристојни ресторани знаат да бидат и тоа како скапи. Затоа, купувањето автентична локална храна со пристапна цена од локална колонијална продавница е одлична идеја. На пример, купете си свеж багет и некое сирење во Париз, појдете во градината Tuileries за да ручате на отворено и добивате автентичен, а сепак пристапен париски оброк надополнет со еден од најдобрите погледи на градот.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотrn

    Лекција бр. 5 – Направете промена во вашата маршрута

    rnПроменете ја вашата маршрута малку. Или пак многу. Токму во тоа е спонтаноста на „бекпекингот“ – дава можност за долги и флексибилни одмори. Замислете си да имате резервација на повратна карта без назначен датум за враќање – ќе можете да ја истражувате вашата дестинација тогаш кога вам ви одговара и да се вратите тогаш кога ќе сметате дека треба. Иако повеќето од нас го немаат тој луксуз на неограничено време за патување, сепак може да си приграбите малку спонтаност. „Бекпекерите“ обично не се придржуваат кон некоја одредена маршрута во која е испланирана секоја минута од денот и обожаваат да ги менуваат плановите во последната минута. Но, тоа не значи дека тие се против внимателното планирање.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотПред да решите да патувате, испланирајте си ја вашата флексибилност. Послушајте ги препораките што ви ги дава локалното население или пак некои други патници и бидете подготвени да го промените вашиот распоред на патување. Резервирајте соба во хостел, но информирајте се и за другите области каде што има хостели, како и за местата кои нудат ноќевање со појадок. Ако планирате да одите во некој одреден град, истражете каде се наоѓаат некои места што сакате да ги посетите, а потоа направете си белешка за сместувањето, храната и превозот во близина. Кога на својот грб носите сè  што ви е потребно и сте подготвени да одите онаму каде што ќе ве однесе ветрот, тогаш зошто да не оставите простор за малку спонтано разгледување?rn

    Лекција бр. 6 – Патувајте сами

    rnВистинските фанатици за патување обично патуваат сами и немаат придружник со кој би ги споделиле авантурите со кои ќе се сретнат по пат. Токму тоа е и сржта на „бекпекингот“ – тој е за слободата и личното истражување, тоа е начин на размислување за кој не ви е потребен придружник за поддршка кој се држи за вашата рака.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотЗагрижени сте дека нема да имате со кого да ги споделите авантурите кои ќе ги доживеете?  Размислете повторно – „бекпекерите“ знаат дека лесно може да се поврзат со другите патници или со локалните жители. Патувајте сами како „бекпекер“ и можеби ќе создадете нови пријателства кои нема да ги имате доколку патувате со друштво.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотЛесно можете да се запознаете со други патници во хостелите и местата кои нудат ноќевање со појадок. Таквите места често ги поттикнуваат активностите и интеракцијата помеѓу своите гости. На пример, „Hostel Inn“, ланец на хостели лоциран во Јужна Америка, нуди лекции за танго, часови по шпански јазик, градски тури и други активности на одредени локации. За разлика од повеќето хотели, хостелите обично имаат заеднички места каде што се игра шах, пинг понг и други друштвени игри и каде што се одвиваат долги разговори со другите патници. Дури и да се случи да сте највозрасните во собата, не гледајте на вашите сопатници како на незрели лица со кои немате ништо заедничко. Напротив, имате многу заеднички нешта – вклучувајќи ја желбата да заштедите пари, чувството за авантура, способноста за прераскажување на доживувањата и се разбира, она најважното – љубовта кон патувањето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.