КАФЕ ПАУЗА

Tag: гром

  • Луѓе кои добиле „супермоќи“ откако биле удрени од гром

    Луѓе кои добиле „супермоќи“ откако биле удрени од гром

    Луѓето се доминантните видови на оваа планета веќе илјадници години. Во целиот овој период сме имале само една примарна цел – да преживееме. Но, понекогаш природата може да биде нашиот најголем непријател. Се смета дека веројатноста да ве удри гром е 1:3.000, а кога ќе се соочите со него речиси е невозможно да преживеете. Но, ова не важи за луѓето на оваа листа. Сите тие преживеале, а некои од нив добиле и нови „супермоќи“.rn

    1. „Тетоважа“

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnОвие линии се појавуваат на површината на изолирачки материјали. Ако човек биде удрен од гром, се појавуваат кај него и се трајни.rn

    2. Тони Сикориа

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnТони е ортопед кој една вечер бил удрен од гром. Но наместо да загине, тој добил нова способност. Од нигде почувствувал силна желба да свири пијано, нешто што никогаш не го правел. Денес тој држи професионални концерти низ Америка и компонира негови песни.rn

    3. Рој Саливан

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnКутриот Рој бил удрен од гром дури 7 пати и успеал да го преживее секој удар. Ова го направило легенда бидејќи речиси никој нема шанси да му се случи ова. Рој дури завршил и во Гинисовата книга на рекорди.rn

    4. Адам Кембел

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnЗа време на еден маратон во Колорадо, на 11-ти јули 2014-та година, Адам бил удрен од гром додека се обидувал да победи. Тој изјавил дека громот го почувствувал како куршум покрај неговото уво. За повеќето луѓе ова би значело откажување од трката. Но, Адам продолжил да трча и 12 часа подоцна го освоил 3-тото место.rn

    5. Едвин Е. Робинсон

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnЕдвин Е. Робинсон, кој имал 62 години, го изгубил својот вид по една сообраќајна несреќа. Но, откако бил удрен од гром, Едвин повторно можел да гледа. Тој исто така тврдел дека значително се подобрил и неговиот слух.rn

    6. Брајан Скинер

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnФотографот Брајан се обидувал да фотографира грмотевици кога бил удрен од гром. Не претрпел сериозни повреди, но неговата дланка била црна, а вереничкиот прстен искривен. Исто така тврдел и дека имал искуство надвор од телото. За среќа не станувало збор за директен удар. Но, Брајан тврди дека неговите сетила се изостриле, како и дека добил натприродни способности.rn

    7. Кендра Виануева

    rnЛуѓе кои добиле „супер моќи“ откако биле удрени од громrnrnКендра била бремена со нејзината ќерка Кимберли Гордон кога била удрена од гром. Веднаш била однесена во болница и била породена со царски рез. Девојчето било родено 2 недели порано. Иако преживеале и мајката и детето, останале неколку несакани ефекти од громот. Косата на Кимберли постојано расте нагоре, дури и цела година по ударот од громот. Покрај тоа девојчето развило невролошки проблем и не може да станува сама и има проблеми со варењето.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни вистински приказни за преживување на Арктикот.

  • 10 неверојатни случајности

    10 неверојатни случајности

    Некои веруваат во судбина сметајќи дека сè се случува со причина, а други тврдат дека постојат случајности. Во која група и да припаѓате, следниве примери ќе ви изгледаат премногу чудно за да бидат било судбина, било случајност.rn

    Марк Твен

    rnМарк Твен е роден во 1835 година, кога Халеевата комета поминала покрај Земјата. Во 1909 година рекол:rn
    rn

    „Дојдов на овој свет со Халеевата комета во 1835 година. Таа се враќа следната година, па очекувам и да си заминам со неа. Ако не заминам со Халеевата комета, тоа би било најголемото разочарување во мојот живот.“

    rnПочинал на 21 април 1910 година од срцев удар, само еден ден по најблиската средба меѓу Земјата и Халеевата комета.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Авантурите на Гордон Пим

    rn„Авантурите на Гордон Пим“ од Едгар Алан По е приказна за еден млад авантурист кој заминал на патување со брод. Бродот потонал, но тој бил еден од неколкумината преживеани кои останале на сред море без храна. За да не умрат од глад, одлучиле да влечат сламка за да решат кого да изедат, а несреќникот бил морнарот Ричард Паркер. Неверојатната случајност се случила 46 години подоцна, кога преживеаните од несреќата на бродот Мињоне биле во идентична ситуација, па кога влечеле сламка за да одлучат кој ќе им послужи како ручек, изборот паднал на морнар со име Ричард Паркер.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Потонувањето на Титаник

    rnМорган Робертсон е американски писател кој во 1898 година ја издал просечната новела „Залудност или потонувањето на Титан“. Измислената приказна се однесувала на дотогаш најцврстиот и најголем брод, кој во месец април за првпат тргнал да плови од Европа кон САД. Во текот на патувањето низ северниот Атлантик удрил во санта мраз, при што загинале сите поради недостиг на чамци за спасување. Само 14 години подоцна, во 1912 година, во вистинскиот живот бродот Титаник тргнал од Англија кон САД. Во една априлска ноќ удрил во санта мраз и потонал. Немало доволно чамци за спасување, па повеќето патници се удавиле. Покрај оваа, помеѓу измислениот Титан и вистинскиот Титаник, има и многу сличности во карактеристиките и конструкцијата.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Лотаријата на Орегон

    rnЛокалниот весник Колумбијан секоја недела ги објавувал броевите извлечени на Орегонската лотарија, а на 28 јуни 2000 година тоа успеале да го сторат една недела порано. Тие по грешка ги објавиле броевите кои биле извлечени таа недела во Западна Вирџинија, но само една недела подоцна истите броеви биле извлечени и во Орегон.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Мејџор Самерфорд

    rnЗа време на Првата светска војна британскиот офицер Мјеџор Самерфорд бил погоден од гром, поради што морал да се повлече од армијата. Се преселил во Ванкувер да живее мирен живот, но небото никако не сакало да го остави на мира. Додека рибарел седејќи под едно дрво повторно бил жртва на гром, што било причина за парализа на десната страна од телото. Некако успеал да се опорави, но наскоро шетајќи во парк бил погоден од уште еден гром, по што му целото тело му останало парализирано. Починал две години подоцна, кога, верувале или не, гром удрил во неговиот гроб и ја уништил надгробната плоча.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Проклетството на бродот Мермејд

    rnСлично како и офицерот Самерфорд, проклетството не сакало да ги остави на мира ниту преживеаните од бродоломот на бродот Мермејд. Тој потонал во близина на некое островче близу до Австралија, кое станало прибежиште на малкуте преживеани. По неколку дена тие биле спасени од бродот Свифтфајр, кој наскоро ја загубил битката со силните струи. По само осум часа наишол товарниот брод Говернор Реди. Ги натоварил сите 32 несреќници од двата брода помеѓу товарот од дрва, но откако бил зафатен од пожар, сите повторно морале да скокаат во водата. За среќа, набрзо дошол бродот Комет и безбедно ги вратил во Сиднеј. Сепак, „ѓаволот“ не слегол од Комет. Тој потонал пет дена подоцна, а екипажот бил спасен од бродот Јупитер кој, неверојатно но вистинито, потонал само 12 часа подоцна. Тие биле извлечени од водата од страна на луѓето од бродот Градот Лидс, по што несреќите конечно престанале.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Кралот Умберто I од Италија

    rnИталијанскиот крал Умберто владеел со земјата во последните 23 години од деветнаесеттиот век. На 29 јули 1900 година вечерал во еден ресторан во Монца, а кога се запознал со сопственикот сфатил дека и тој се вика Умберто, а дури и нивните сопруги имале исти имиња. За да биде случајноста уште поголема, следниот ден кралот бил застрелан од анархистите, а истиот ден бил убиен и сопственикот на ресторанот.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Ернан Кортес и календарот на Маите

    rnПомеѓу бројните пророштва во календарот на Маите има и едно кое вели дека „еден ден ќе дојде бледолик човек пратен од богот Кецалкоатл кој ќе им помогне да си ја повратат власта над градот Теночтитлан“. Случајно, во 1519 година, токму на време кај нив пристигнал конквистадорот Ернан Кортес, кој совршено одговарал на описот. Веднаш добил статус на бог и домородното население му понудило помош во освојувањето на денешно Мексико во надеж дека пророштвото ќе се оствари и повторно ќе живеат богато и во мир. Се разбира, Кортес со сето срце ја прифатил помошта, но за да го опустоши цело Мексико. Откако ограбил сè што можело да се ограби, се вратил назад во Европа. За жал, Маите премногу доцна сфатиле дека тој не бил нивниот човек пратен од бога.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Почетокот и крајот на Граѓанската војна во САД

    rnВилмер Меклин си живеел мирен селски живот сè додека не избувнала Граѓанската војна во САД и тоа токму пред прагот на неговата куќа. Тој живеел на сред пат помеѓу Вашингтон, главниот град на северот и Ричмонд, главниот град на југот. Неговата куќа во тоа време послужила како база на оние од југот, па таму официјално започнала војната со битката на Бул Ран. Не можејќи да ги поднесе редовните пукотници во близина на неговиот дом, Меклин се преселил во друго село во Вирџинија. Чудно, но вистинито, четири години подоцна во неговата нова куќа војната завршила, откако токму таму се предал генералот Роберт Ли. За оваа неверојатна случајност Вилмер МекЛин еднаш рекол:Војната почна во мојот двор, а заврши во мојата дневна соба“.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Ентони Хопкинс и Девојката од Петровка

    rnВоодушевен дека ја добил главната улога во филм базиран на книгата „Девојката од Петровка“ од Џорџ Фајфер, холивудскиот актер Ентони Хопкинс веднаш се упатил кон лондонските книжарници за да набави еден примерок за себе. Иако „се убил“ од барање, тоа завршило неуспешно. Кога отишол на железничката станица за да фати воз накај дома, на една клупа ја забележал токму оваа книга, која претходно некој ја заборавил. За време на снимањето, авторот Џорџ Фајфер се сретнал со него и разочарано му рекол дека не поседува ниту еден примерок од своето дело, затоа што единствениот кој го имал го позајмил на некој пријател кој ја загубил во Лондон. Ја добил назад затоа што, верувале или не, тоа била токму книгата што ја нашол Хопкинс.rnrn10 неверојатни случајностиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни приказни за луѓе кои ја избегнале смртта

    Неверојатни приказни за луѓе кои ја избегнале смртта

    Можеби дел од нив ќе ви звучат премногу неверојатно за да бидат вистинити, но сепак овие среќи во несреќи се случиле. Иако станува збор за среќа, дел од овие луѓе успеале да преживеат благодарение на нивната храброст и желбата за живеење.rnrnНеверојатни приказни за луѓе кои ја избегнале смрттаrn

    Преживала пад од 10.160 метри

    rnСтјуардесата Весна Вуловиќ влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице кое преживеало пад од огромна висина без падобран. Несреќата се случила на 26 јануари 1972 година над селото Српска Каменица во Чехословачка, денешна Чешка. Терористи поставиле бомба на авионот на ЈАТ. Бомбата го разнела авионот, а Весна преживеала затоа што била врзана за своето седиште во задниот дел кој останал споен за тоалетот и паднал во планина.rnrnИнтересен податок е тоа што 22 годишната стјуардеса не ни била предвидена да се најде на тој лет. Таа била замена за друга стјуардеса, која исто така се викала Весна. Таа била единствената која го преживеала летот, но привремено останала парализирана. Сепак, после неколку операции таа повторно можела да се движи.rn

    Неколку пати ѝ побегнал на смртта

    rnСреќата секогаш била на страната на хрватскиот професор по музика Фране Селак, кој е роден во 1929 година. Тој е надалеку познат низ светот поради неговите фатални несреќи од кои секогаш извлекувал жива глава. Првата таква ситуација се случила во 1962 година кога Селак се возел во воз кон Дубровник. Возот излетал од шините и паднал во замрзната река. Тој преживеал само со скршена рака и неколку модрици и гребнатини.rnrnПосле една година летал од Загреб кон Ријека. На авионот му се откачила вратата и почнал да паѓа. Загинале 19 луѓе, но и овој пат Селак имал среќа и паднал врз куп со сено. Во 1966 доживеал уште една несреќа кога автобусот во кој се возел се превртел и паднал во река. И овој пат се извлекол без тешки последици. Но и тука не е крајот на неговите несреќи. Во 1970 година неговиот автомобил се запалил, а во 1995 го удрил автобус. И во двата случаи повторно преживеал. Дека среќата го следи овој човек докажува и фактот што во 2003 година, Селак добил на лото и стана милионер.rn

    Преживеале 72 дена на Андите

    rnВо 1972 година, еден уругвајски авион се срушил на Андите. Дванаесет луѓе погинале во несреќата, а преживеаните морале да го победат гладот и да издржат на температури кои паѓале до –30 степени Целзиусови. Тие сметале дека резервите со храна ќе им издржат додека да ги најдат спасувачите, но се  разочарале кога на радиото чуле дека потрагата е откажана. За да преживеат морале да извршат канибализам и да се хранат со жртвите од несреќата. Сите 16 преживеани издржале 72 дена на Андите сè додека не ги нашле спасувачите.rn

    Протони му поминале низ главата

    rnАнатоли Бугорски работел како истражувач на Институтот за физика во Протвино, Русија на најголемиот советски акцелератор за честички. Заради неисправната опрема во 1978 година се случила несреќа во која низ неговата глава му поминале протони. Наводно тој наеднаш видел светлина 1.000 пати посилна од онаа на Сонцето, но не осетил никаква болка. Сепак, протоните што прошле низ неговата глава се движеле со брзина на светлината и изгореле делови од неговото лице, черепот и дел од мозочното ткиво.rnrnВеднаш бил префрлен во болница во Москва, каде што лекарите очекувале дека тој нема да се извлече. Но Бугорски не само што преживеал, туку подоцна успеал и да докторира. Неговиот интелектуален капацитет не бил оштетен, но го загубил слухот. Исто така едната страна од лицето му останала парализирана поради оштетувањето на нервите.rn

    Гром го удрил 7 пати

    rnРој Саливен бил шумар од Вирџинија кој преживеал удари од гром, верувале или не, седум пати. Седмиот удар се случил во 1977 година и со него официјално влегол во Гинисовата книга на рекорди. Тој починал на 71 година, но од природна смрт.rn

    Воз го исекол на пола

    rnТруман Данкан паднал пред вагон во движење кој неговото тело го преполовил на два дела. И покрај тоа, успеал да повика итна помош од мобилен телефон и да издржи 45 минути додека да дојде екипата. После 23 операции успеал да ја добие битката и да преживее.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.