КАФЕ ПАУЗА

Tag: грациозно

  • Како да станете поженствени?

    Како да станете поженствени?

    Грижата за себе е главен услов за женственост. Поради тоа, не штедете на маникир, редовно посетувајте козметичар, следете го вашето здравје и не прескокнувајте го вежбањето. Престанете да го приспособувате вашиот распоред за убавина. Педикирот не е потребен само во текот на летото, а отстранувањето влакна само во пресрет на интимен состанок. Секогаш мора да бидете убави од глава до пети.rnrnКако да станете поженствени?rn

    Носете секси долна облека без некоја посебна причина

    rnЖенственоста, исто како сексуалноста, е состојба на умот. Но, соодветното опкружување за такво расположение нема да ви наштети. Барем понекогаш носете секси долна облека без причина и само за себе. Не дозволувајте никој да знае за тоа, а ако ја носите за време на работниот ден ќе се чувствувате сосема поинаку.rn

    Опкружете се со убавина

    rnЗдодевните украси во вашиот стан целосно ја убиваат секоја желба за убавина. Колку повеќе е сива околината околу вас, толку повеќе ќе ја имитирате. Значи, вашата цел е да живеете во пространа удобна просторија, со дизајн по ваш избор и со соодветна атмосфера. Започнете со малите работи. Престанете да се шетате низ домот во искината маица и ставете цвеќиња на ноќната масичка. Ќе бидете многу задоволни кога ќе се разбудите наутро и ќе ги видите цвеќињата, дури и ако не се подарок од партнерот.rn

    Танцувајте

    rnТанцувањето помага да ги намалите килограмите и да ја подобрите фигурата на телото. Но, најважно е тоа што танцувањето радикално ја менува индивидуалната култура на движење. По само неколку лекции ќе забележите дека сте ги промениле вашите движења и чекори и сте станале пограциозни.rn

    Носете потпетици

    rnСе разбира дека во патики и во чизми е многу поудобно, што е исто така пожелно и модерно. Но, една девојка во високи потпетици секогаш остава посилен впечаток. Патем, нозете ќе ви бидат визуелно потенки, подолги и позатегнати, а одот ќе ви биде поженствен.rn

    Насмевнете се

    rnСвиткани веѓи и спуштени агли на усните – ова е некое намрштено суштество, а не жена. Во животот ќе имате многу проблеми, но нема потреба целиот свет да знае за тоа. Напротив, оставете ги другите да мислат дека сте безгрижна девојка и тогаш тие ќе бидат подготвени да ви помогнат во тешките времиња.rn

    Додајте фустани во вашата гардероба

    rnДете во блуза и фармерки и девојка во фустан се две различни личности, а кој било маж може да го потврди тоа. Но, сега не станува збор за него, туку за вас. Немојте да бидете мрзливи или да се срамите да се облекувате како жена и започнете да се навикнувате дека е лесно да ги шармирате сите околу вас.rnrnПрочитајте ги и овие 11 совети за убавина со кои ќе ги истакнете вашите најдобри карактеристики.

  • Елегантни танчари ги покажуваат своите движења во урбана срединa

    Елегантни танчари ги покажуваат своите движења во урбана срединa

    Ова е серија фотографии кои ги прикажуваат класичните танцови движења во една урбана средина, доловени преку објективот на фотографот Омар З. Роблс.rnrn1-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrnОмар З. Роблс ги фотографира танчарите на невообичаени места.rnrn2-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrnТој на неговиот сајт објаснува дека ужива во фотографирањето затоа што е раскажувачки медиум кој не бара зборови.rnrn3-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrn

    „Со фотографијата го правам моментот бесмртен на малку подолго.“

    rn4-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrnГледајќи ги грациозните пози на танчарите поставени крај урбаната позадина се добива некоја невообичаена совршеност.rn

    „Обожавам што може да се доловат и креираат сите прекрасни линии и движења само со човечкото тело.“

    rn5-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk7-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk8-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk10-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk11-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk12-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mk13-Elegantni-tanchari-gi-pokazhuvaat-svoite-dvizhenja-vo-urbana-sredina-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn 

  • Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

    Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

    Русинката Јулија Вјачеславовна Липницкаја е родена на 5 јуни 1998 година и на само 15 години успеала да постигне нешто што никој досега не успеал. Таа во областа на уметничкото лизгање за само 3 години освоила 4 златни и 4 сребрени медали, а исто така ги држи рекордите за најмладата девојка која ја освоила титулата Европски шампион и најмладата девојка која освоила Олимписко злато во оваа категорија.rnrnЈулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање...rnrnЛипницкаја започнала со лизгање уште кога имала само 4 години. Таа тренирала во градот Eкатеринбург сè до 2009 година, кога со мајка ѝ решиле да разговараат за нејзината иднина, заклучувајќи дека треба или да се преселат за да продолжи со својата кариера во уметничкото лизгање или целосно да го напушти овој спорт. За среќа, тие одлучиле да се преселат во Москва каде што Липницкаја се придружила на групата Етери Тутбериџе и таму продолжила со својот тренинг. Погледнете како изгледаше нејзината рутина на овогодишните Зимски Олимписки Игри…rnrnrnrnНеверојатно е колку грациозно изгледа секое нејзино движење и со каква леснотија ги прави скоковите и пируетите. Сигурни сме дека таа ќе продолжи да нè изненадува со секоја нова рутина и дека за неколку години ќе стане една од најпознатите и најпрепознатливите спортистки во уметничкото лизгање. Погледнете дел од нејзините најдобри перформанси досега…rnrnrnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    „Нејзините движења се поелегантни и посуптилни од секоја нота. А нејзиното тело е синоним за страст и убавина. Елеганцијата, лирското изразување, емоциите и грациозноста се соединуваат во едно име: Ана Балит“.rnrnКнига: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќВи претставувам книга која ќе ве трогне, буквално ќе ве помести од место, ќе ве натера да се соживеете со животот на една од најголемите балерини на сите времиња, примабалерината Ана Балит. Доколку веќе сте ја прочитале, сигурно и вие, исто како јас, пробувате да ги складирате сите спомени од оваа книга за ни еден момент од животот на грандиозната Ана да не ви се излизне од сеќавањата. Доколку, пак, не сте ја прочитале, сигурно сте чуле еден куп позитивни препораки. Ве предупредувам, ако сте во потрага по негативна критика за оваа книга, со мојава рецензија нема да го задоволам вашето барање. Напротив, можам само да ве убедам што поскоро да посвоите еден примерок за вашата домашна библиотека.rnrnМајката на Ана Балит станува свесна дека нејзиното малечко девојче не е родено за да игра во калта на селскиот имот, туку за да ги освојува светските балетски сцени. Ленка го препознава талентот со кој Ана е дарувана, како и нејзиното интересирање за класичната музика. Бидејќи таткото на Ана, Стеван, никогаш не би дозволил таа да си замине од салашот, пред да зазори новиот ден во далечната 1938, Ана Балит водена од храбрата рака на нејзината мајка, тајно го напушта родното место и ита кон иднината.rnrnНа моменти Ленка чувствува грижа на совест бидејќи ќерка си ја одвоила од нејзиниот татко и од шарениот рингишпил на баба ѝ Дара, дека нејзиното безгрижно детство го претворила во амбициозни часови во балетското студио на поранешната примабалерина Клара, во Белград. Но со тек на време, Ана потврдува дека вербата која Ленка ја имала во ќерка си не била залудна. Таа заминува да живее во Москва и работи во познатиот „Бољшој театар“ каде секојдневно мами воздишки кај својата публика и ги освојува срцата на сите вистински љубители на уметноста.Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќАна Балит за брзо станува прочуено име и почитувана примабалерина. Како воопшто да не ја допира земјата, таа со своите елегантни движења ја раскажува својата животна приказна, ги пренесува своите чувства и емоции, ги изразува болката, тагата, загубата, но пред сè големата и никогаш непреболена љубов кон Сергеј Павлович.rnrnЦелата приказна е раскажана низ спомени и слики на старата и болна Ана Балит, која во болничката соба со бели ѕидови, своите бадемести очи ги насочила кон таванот и спокојно пред да го напушти овој свет сака да си спомне за нејзиниот животен пат. Приказната на некој начин е интимна исповед за животот на балерината. Животот воопшто не ја штедел, па затоа на нејзиното убаво лице се испишани загубата и чувството на непребол. Иако успешна и богата, во животот на Ана постојано се редат несреќи и загуби. Лежејќи во студената болничка соба која мириса на смрт, Ана сè уште не може да си прости за ужасната и кобна одлука од нејзината младост…rnrnОваа книга ја читав со солзи во очите и со постојано чувство дека ми лазат морници по телото. Не ви препорачувам само да ја прочитате, туку и да ја купите, да ја имате во својот дом и да ја почитате повеќе од еднаш. Како што ми прелетуваа страниците под прсти, јас станував дел од животот на Ана Балит, ја гледав како се вози на рингишпилот, како расте во прекрасна млада жена со густа коса и јадри бадемести очи, како ја доживува својата прва љубов, како ја освојува публиката и игра како да ќе нема утре, како се враќа во Белград… го слушав нејзиниот елегантен од по калдрмата обложена со есенско лисје и со опоен мирис на слатко од дуњи. Топло ви препорачувам да станете дел од оваа приказна и да го научите главното што авторката сака да ни го пренесе, дека животот е како голем разигран рингишпил, кој без разлика колку и да се врти, секогаш ќе се врати на појдовната точка…rnrnОваа книга е потпишана од српска авторка, и не дека сакам да звучам строго или осудувачки, но време беше некој да ми го промени мислењето за српскиот јазик и култура, кој низ годините сè повеќе го поврзував со плитки и глупави турбо фолк стихови од кои ти доаѓа да сакаш да си наштетиш себеси. Ова го прочитав на корицата од книгата, но сега можам и да го потврдам, да, Ана Балит го заслужува местото покрај Ана Каренина.rn
    rn

    „Налик на сјаен, блескотен рингишпил со божилачни бои, облеан од сонцето, се менуваа годишните времиња на нејзиниот живот, боите се разлеваа како налудничави трепети на четката по сликарското платно, а живите слики, зборовите, погледите и настаните се прелеваа во една слика, слика на весел рингишпил во подножјето на ридот, во еден салаш, под гранките на стариот костен. Музиката го исполнуваше просторот околу него, чудесна, прекрасна, истовремено нежна и очајна. Наместо коњчето со украсните реси, патиките, филџаните за чај и аутата, очите на Ана грчевито ги впиваа сите лица од нејзината приказна…“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Астрологијата и вашето справување со староста

    Астрологијата и вашето справување со староста

    Дали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?rnrnАстрологијата и вашето справување со старостаrnrnЈарецот е интересен, бидејќи го живее својот живот во обратен редослед. Припадниците на овој знак, додека се деца се многу сериозни и одмерени, а како што стареат стануваат сè повесели и опуштени.rnrnВодолиите се најчесто позаостанати во однос на нивните другарчиња додека се деца. Но, како што одминуваат годините тие стануваат поексцентрични и не им е гајле што другите мислат за нивниот необичен стил на облекување. Не се изненадувајте ако видите осумдесетгодишна водолија како носи големи округли обетки како оние на Доринда, од ТВ серијата „Касандра“.rnrnОвенот и стрелецот го игнорираат одминувањето на годините. Тие живеат во моментот, мислејќи си дека утре никогаш нема да дојде. Луѓето со овие хороскопски знаци, во нивната зрела фаза, најчесто безрезервно се впуштаат во истите оние активности кои ги правеле пред 30 години. Нивната енергичност и виталност, ги одржува млади во душа во текот на целиот живот.rnrnЛавот со текот на годините станува посмирен, умерен и сериозен, па поради побавното темпо на живот, може да качи некој килограм плус со тек на време. Потајно, лавовите сакаат да бидат почитувани како мудри возрасни личности, а тоа е статус до кој овој хороскопски знак може да дојде на свој начин.rnrnБлизнаците немаат намера да го забават нивното темпо, па тие најверојатно ќе го одржуваат нивниот луд набиен распоред во текот на нивниот средовечен живот, а и понатаму.rnrnРакот со текот на годините може да се јави во две варијанти. Едната варијанта е тој никогаш вистински да не порасне, а другата варијанта е да стане личност која постојано ќе ги негува и чува луѓето околу себе. Како што стареат, раковите сакаат да бидат сметани за личности достојни за почит.rnrnНа вагата ѝ е многу важен нејзиниот изглед, па затоа ќе направи сè што е во нејзина моќ да ги намали брчките и да не качува премногу килограми. Вагите сакаат суптилно да пловат низ времето и да веруваат дека на 90 години, сè уште го живеат својот средовечен живот.rnrnБиковите сакаат добро да се хранат, така што за нив е многу веројатно дека ќе се поправат и ќе станат помалку флексибилни, како што одминуваат годините. Во умот, исто така стануваат побавни. Но, за овој знак се смета дека е многу жилав, издржлив и може многу да поднесе, па така може да тера долги години.rnrnДевицата може да стане по малку негативна со текот на годините, ако ѝ дозволи на нејзината тенденција за критикување на другите луѓе да излезе надвор од контрола. Припадниците на овој хороскопски знак, мораат да останат љубезни и мили, доколку сакаат убаво да ја проживеат нивната зрела фаза од животот.rnrnСкорпијата има тенденција да стане отмена и грандиозна како што созрева, гордеејќи се со сопствената мудрост, која несомнено ја поседува. Но, таа може да стане и премногу нефлексибилна и тврдоглава да направи некакви промени во животот, дури и ако знае дека тоа е вистинската работа која треба да ја стори.rnrnРибите ги мразат физичките знаци кои ја одбележуваат фазата на стареење, поради што можат да станат премногу загрижени, раздразливи и неспокојни. Може да се каже дека, ако помалку се нервираат, рибите подолго и ќе живеат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.