КАФЕ ПАУЗА

Tag: горење

  • 5 свети тревки за чистење на вашиот дух

    5 свети тревки за чистење на вашиот дух

    Горењето тревки е честа практика во многу ритуали за лекување и шамански традиции. Тоа е начин на прочистување на просторот или некоја личност од негативна енергија и негативни влијанија. Аромата која ја испуштаат некои растенија има енергија со висока вибрација која ги штити и физичкото и духовното тело. Погледнете некои од најчестите свети тревки кои се користат за прочистување и за чистење на негативната енергија.rn

    1. Жалфија

    rnSONY DSCrnrnЖалфија потекнува од латинскиот збор „salvare“ кој значи „лекува“. Исушената жалфија се користела во шаманските церемонии многу долг период со цел да го заштити и исчисти светиот простор, како и луѓето кои учествуваат во церемонијата. Се верува дека секој конфликт, гнев, болест или зло се апсорбира во чадот од жалфијата од енергетското поле на личноста. Чадот од жалфијата обично го менува јонскиот состав на воздухот и може да има директен ефект на намалување на стресот. rnrnМожете да горите суви листови од жалфија, или пак да запалите миризливо стапче пред да започнете ваш личен ритуал или медитација. Шаманите често користат жалфија и за да ги повикаат древните духови. Жалфијата ја враќа рамнотежата на чакрите, ја зголемува релаксираноста за време на медитација и ги отстранува психичките и емоционалните трауми. Често листовите жалфија се расфрлани на подот во сауни, или пак се замотуваат околу свети предмети, како на пример церемонијално луле. Користењето ливчиња од жалфија во чај помага при смирување, фокусирање и насочување на умот.rn

    2. Слатка трева

    rn(2)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mkrnrnСлатката трева се гори заедно со жалфија со цел да се повикаат добрите духови на мирот и љубовта откако биле истерани лошите. Оваа тревка е една од 4-те свети лекови за северните Индијанци. Останатите 3 се тутун, жалфија и кедар. Индијанците ја сметаат оваа тревка за косата на мајка природа, а нејзината пријатна арома е потсетник за нежноста, љубовта и добрината која таа ги има за нас. rnrnТокму поради ова Индијанците ја плетат во плетенка со 3 нишки кои ги претставуваат љубовта, нежноста и добрината. Слатката трева се гори за време на многу свети церемонии и се користи за ритуали за лекување, заштита од духови и заштита од зло. Чајот од оваа тревка исто така има лекувачки ефект. Се користи за кашлица, повраќање, болно грло и крвавење.rn

    3. Кедар

    rn(3)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mkrnrnИ кедарот ја „брка“ негативната енергија и носи добро влијание. Кога се гори, кедарот има улога на прочистувач. Тој ја чисти просторијата во која е запален и емитува пријатна арома. Оваа тревка често се фрла во логорски огнови за да прочисти поголем простор. Исто така гранките од кедар се користат и во сауни. rnrnСе верува дека кедарот има позитивно влијание на јасновидството, го оживува изморениот ум, тело и дух, и штити од болести. Кедарот се користи и за правење масла за воспалени мускули и настинки. Кога се меша со жалфија или чај, тој го чисти телото од инфекции. Исто така купките со кедар имаат многу добро лекувачко својство.rn

    4. Пало Санто (свето дрво)

    rn(4)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mkrnrnСветото дрво се користи во церемониите за да ја задржи енергијата чиста. Ова е мистично дрво кое расте на брегот на Јужна Америка. Во превод од шпански, името Пало Санто значи свето дрво. Ова дрво се користи за настинка, грип, стрес, астма, главоболка, анксиозност, депресија, воспаление, емоционална болка и многу други работи.rn

    5. Копал

    rn(5)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mkrnrnКопалот долго бил користен како темјан од Маите и Ацтеките. Копалот е всушност смола од дрво која е слатка, лута, земјена и дрвенеста. Ацтеките го гореле копалот во нивните храмови за време на церемонии, како и во нивните сауни. Маите го користеле како храна за боговите. Чадот од копал може да се користи за заштита и чистење на телото, како и за просветлување.rnrnКога се двоумите кои растенија да ги користите, одберете ги оние кои најмногу ви одговараат и оние со кои можете да се израмните на енергетско ниво. Исто така обидете се да покажете и благодарност кон нив. Без разлика дали го подготвувате вашето место за медитација и лекување, или пак само сакате да се опуштите и да го намалите стресот, користењето свети тревки е одлично за вашите тело и дух.rnrnПогледнете ги и овие начини на прочистување на вашата душа.

  • Неверојатна уметност: Букет од рози кои горат!

    Неверојатна уметност: Букет од рози кои горат!

    Неколку уметници имале едноставна идеја – да создадат нешто што никогаш претходно не било видено во светот кој премногу добро го познаваме. Можеби звучи чудно, но првата идеја на Петар Јавoровски била да создадат архетип на убавина – предмет кој ја одржува својата форма, но е пред распаѓање.rnrn0-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mkrnrnЗа овој проект, тие не можеле да користат 3Д алатки и затоа се решиле да создадат нешто сосема одново. Најпрво, користеле различни материјали за да ја изградат формата на цвеќињата. Потоа ги обоиле цветовите и ги прекриле со вулкански пепел, па надополниле со јаглен кој гори, а за да ја исполнат празнината помеѓу розите искористиле црвено светло кое им дало светлечки ефект.rnrnВториот дел се состоел од фотографирање само на јагленот, користејќи ја истата перспектива за потоа дигитално да ги спојат и усогласат сите слоеви. Финалниот резултат – една голема и многу детална слика за која би требало многу повеќе време кога би се користеле вообичаените 3Д алатки.rnrn1-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 2-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mkrnrnПогледнете како течела подготовката за проектот.rnrn3-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 4-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 5-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 6-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk

  • Еве зошто е добро да ги запалите работите на вашиот поранешен партнер

    Еве зошто е добро да ги запалите работите на вашиот поранешен партнер

    Ова е метод кој навистина може да ви помогне кога патите и не можете да го заборавите поранешниот дечко.rnrneve-zoshto-e-dobro-da-gi-zapalite-rabotite-na-vashiot-poraneshen-partner-kafepauza.mkrnrnПред да почнете, прво треба да запомните дека се работи за дечко кој ве изневерил или ве повредил на друг начин, а второ се зборува за палење во сигурни услови кои нема да предизвикаат никаква опасност за вас и околината.rn

    1. Се ослободувате

    rnКако што писмата, сликите, неговата четка за заби или неговата маица, постепено ќе исчезнуваат во пламенот, така ќе почувствувате како од грлото ви исчезнува кнедлата која ви правела притисок и потоа ќе можете длабоко да земете здив.rn

    2. Минатото останува во минатото

    rnРитуалот на палење, во многу култури означува крај на еден живот и почеток на нов. Самото горење на работите од вашиот поранешен партнер може да го означува завршетокот кој ви е потребен за да продолжите напред во животот и да се концентрирате на иднината.rn

    3. Можете да продолжите понатаму

    rnКога ќе сфатите дека нема ништо физичко што ќе ве потсетува на него, едноставно ќе завртите нов лист и без пречки ќе почнете да правите планови за својата иднина.rn

    4. Може да биде забавно

    rnПокрај тоа што ја чистите душата од „лоши емоции“, палењето на работите кои му припаѓале на поранешниот партнер, може да биде и забавно. Посебно ако ги повикате вашите другарки да ви се придружат и после тоа да организирате заедно мала забава со која ќе го прославите дефинитивниот крај.rn

  • Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години

    Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години

    „Врата кон пеколот“ е соодветно именувано поле со гас во пустината Каракум во Туркменистан, кое гори веќе подолго од 40 години. Разгорениот кратер првин бил пронајден од страна на советските научници во 1970 година, како област полна со ресурси на гас. За жал, земјиштето пропаднало од тежината и притисокот на платформата за нафта поставена на местото. Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 годиниГолеми количества метански гас штетен за околина, се ослободиле од масивното опаѓање и тоа ги натерало научниците брзо да реагираат и да го изгорат гасот, сметајќи го за најевтино и најлесно решение на проблемот. Гасот, планирале да  изгори за неколку дена. Но, она што тие не го очекувалe, е огнот да гори 4 декади, до ден денешен. Денес, ова е туристичко место, кое привлекува посетители од целиот свет, да дојдат и да ја видат одблизу пеколната бездна. Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 годиниrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пирографија – фасцинантна уметност со оган

    Пирографија – фасцинантна уметност со оган

    Пирографијата е уметност со горење на природни површини. Таа потекнува од старите египетски и африкански племиња, кои биле фасцинирани од мистериозната моќ на огнот и неговата убавина. Наместо четка и бои за сликање се користат вжештени предмети, а платното се заменува со дрво, хартија и кожа.rnrnМеѓу уметниците кои го практикуваат овој уникатен правец е и Џули Бендер. Нејзината уметност ја создава на дрвени површени и е насочена кон природата и кон животните.Пирографија-фасцинантна уметност со оган
    rn

    „Со позајмување на античкиот занает, се обидувам да доловам делови од природниот свет и на еден нов начин да ја изразам мојата длабока благодарност кон него. Понесена сум од прекрасната синтеза на мазната дрвена површина и од топлината која ја внесувам во неа, што резултира со создавање богата сепија. Како што сликам со топлината, чувствувам одредена паралела помеѓу дивината и духот на природата, кои се отелотворуваат во моите дела“, вели Бендер.

    rnПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганНацртаниот мотив е траен. Нема промени, сè додека предметите на кои се наоѓа се во добра форма. Со оваа ретка уметничка техника, најдобро се црта врз парчиња дрво од даб, бука, топола, орев или костен. Тие претходно добро се обработуваат. Треба да се внимава и да не бидат премногу темни.rnrnВо продолжение погледнете уште еден дел од преубавите дела на Бендер, која себеси се смета за пуританец.Пирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оган
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.