Google Street View е корисна и забавна опција што им овозможува на луѓето да го истражуваат светот од удобноста на својот дом. Досега камерата има снимено неверојатно изолирани и прекрасни места, но одвреме-навреме знае да сними и навистина бизарни сцени на својот пат низ светот.rnrnrnrnЕдна од овие чудни, но забавни кадри се наоѓа токму во Јапонија, кога будалесто куче ќе реши да почне да го брка автомобилот со камерата. Зошто кучињата прават вакви нешта и што очекуваат да постигнат? Дали планираат да ја нападнат колата и да ја растргнат на милион парчиња или едноставно сакаат да се возат во неа со главата извадена низ прозорецот? Можеби никогаш нема да знаме… исто како што не знаеме што се случило со автомобилот кога стигнал до слепа улица, со ова будалесто куче веднаш зад своите тркала.rnrnrnrnОва храбро и малку чудно кученце стана голем хит во Јапонија, како и едно од најпопуларните пребарувања на Google Street View во моментов. Но, како оваа сцена била пронајдена е голема мистерија. Дали постојат луѓе што го истражуваат секој дел од планетата од својот компјутер, барајќи чудни и урнебесни сцени? Или пак, можеби на него налетал сосема обичен човек што се обидувал да ја најде својата дестинација? Без разлика на ситуацијата, сите сме среќни што сега имаме можност да го набљудуваме ова забавно куче. Ако сакате и вие да го сторите тоа, кликнете тука.rnrnrnrnПогледнете ги и 14-те најчудни работи пронајдени на Google Maps!
Арон Хобсон е фотограф и истражувач на „Google Street View“. Тој е роден во Рочестер, Њујорк, но денес живее во далечниот град на планините Адирондак каде што е дел од нов вид современи артисти кои пронаоѓаат интересни места и истражуваат дел од животот на луѓето преку леќите на „Google Street View“.rn rn„La Linea de la Concepcion“ – Шпанијаrn
„Со потрагата по маѓепсани и далечни места кои најчесто биле резервирани само за очите на нивните жители, денес тие конечно можат да излезат на виделина,“ вели Хобсон.
rn„Las Champas“ – Мексикоrnrn„Côte d’Azur“ – ФранцијаrnrnАвтопатот 101 кој поминува низ областа ХамболтrnrnНекаде на Италијанските АлпиrnrnСеверното крајбрежје на Естонија (Заливот на Финска)rnrn„Okinawa Prefecture“ – ЈапонијаrnrnУлиците на Хонг КонгrnrnДетроит, Мичиген, АмерикаrnrnЈужен Тексас, АмерикаrnrnАквареси, СардинијаrnrnБахе, Бразилrnrn„Posada de Valdeón“ – ШпанијаrnrnУтсира, Норвешкаrnrn„San Felipe Jalapa de Diaz“ – МексикоrnrnМост од кутии за испорака во ТајванrnrnОстровот Сандеј, Шкотскаrnrn„Saint-Nicolas-de-la-Grave“ – ФранцијаrnrnПустина во МексикоrnrnПат 17, Јужна Африкаrnrn
Канаѓанецот Џон Рафман се занимава со навистина необична фотографија. Тој детално ги разгледува фотографиите направени од камерите поставени на автомобилите на Google Maps за Street View и го слика екранот со копчето Print Screen, секогаш кога ќе наиде на некаква неверојатна глетка. На неговиот избор од најинтересни фотографии гледаме бебе оставено само надвор, тигар кој спокојно си шета по улица, проститутка која чека автомобил на патот и разни неочекувани ситуации.Оригиналните фотографии се всушност направени од цела „армија“ хибридни електрични автомобили на Гугл кои немаат возач, а на секој од нив има шипка со по 9 камери. Поради тоа Џон го нарекол неговиот проект „Деветте очи на Google Street View“.Според Џон, фотографиите на Street View поседуваат спонтан квалитет и природност и се „нерасипани“ од чувствителноста или целта која ја имаат вистинските фотографи.rnrn
Автомобилите кои на себе ги имаат прикачено камерите на „Google’s Street View“ прават навистина фантастични фотографии. Ова го открил фотографот Арон Хобсон, откако за неговиот проект почнал да го користи сервисот за да слика разни локации околу Лос Анџелес. После ова откритие, тој станал зависник од сервисот и започнал да истражува нови места насекаде низ светот.После часови и часови „нуркање“ низ сликите со полиња, пустини и предели, почнал да ги категоризира според нивната естетска привлечност и според приказната која ја раскажуваат. Особено се посветил на изолацијата на некои предели и луѓе во светот, кои можел да ги забележи благодарение на технологијата на Гугл. Тој се труди да сподели прекрасни далечни локации и изолирани места каде што животот е тежок и бавен бидејќи тие се наоѓаат далеку од големи општества.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.