КАФЕ ПАУЗА

Tag: голо

  • 15 начини да носите проѕирно без да се чувствувате голо

    15 начини да носите проѕирно без да се чувствувате голо

    Автор: Софија СионоваrnrnПроѕирните материјали се омилена инспирација на голем број дизајнери и полека се пробиваат низ улиците. Од маичките до макси здолништата со шлиц, овој тренд брзо се здобива со популарност. Но, сепак треба внимателно да се одбираат парчињата за да не изгледате нападно и невкусно.rnrn0-15-nachini-da-nosite-prodzirno-bez-da-se-chuvstvuvate-golo-kafepauza.mkrn

    1. Проѕирна блуза врз кошула за шик бизнис изглед

    rnПроѕирното може да биде пристојно за на работа кога се носи врз конзервативна кошула. Само осигурете се дека транспарентното парче е доволно широко за кошулата да не се гужва.rnrn1-15-nachini-da-nosite-prodzirno-bez-da-se-chuvstvuvate-golo-kafepauza.mkrn

    2. Користете проѕирни материјали за да додадете текстура на монохроматскиот изглед

    rnКога целата комбинација се состои од една боја, елементите се вклопуваат целосно и проѕирноста на кое било парче е помалку забележлива.rnrn2-15-nachini-da-nosite-prodzirno-bez-da-se-chuvstvuvate-golo-kafepauza.mkrn

    3. Користете апликации за да не се чувствувате голо

    rnАпликациите привлекуваат визуелно внимание кое создава илузија дека сте повеќе покриени.rnrn3-15-nachini-da-nosite-prodzirno-bez-da-se-chuvstvuvate-golo-kafepauza.mkrn

    4. Кроп топ под нешто проѕирно

    rnМалку мрежичка или тантела е одлично ако сакате да го испробате кроп топ трендот, но сепак не сакате да изгледате нападно.rnrn4-15-nachini-da-nosite-prodzirno-bez-da-se-chuvstvuvate-golo-kafepauza.mkrn

    5. Додадете женственост на машката силуета со помош на транспарентни материјали

    rnПроѕирна кошула врз градник или маичка во комбинација со пантолони изгледа прекрасно кога сакате да делувате конзервативно, но ако посакувате посекси изглед тогаш носете здолниште.rnrn5-15-nachini-da-nosite-prodzirno-bez-da-se-chuvstvuvate-golo-kafepauza.mkrnrn

  • Фустан кој станува проѕирен ако се возбудите

    Фустан кој станува проѕирен ако се возбудите

    Холандскиот моден дизајнер Daan Roosegaarde, основач на студиото „Roosegaarde“, креирал модна линија на хај-тек фустани кои стануваат провидни под влијание на емоциите на оние кои ги носат. Ха, одлично за на љубовен состанок. rnrnФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеrnrnМодната линија се вика „Intimacy 2.0“ и претставува проект кој ја изразува врската помеѓу технологијата и интеракциите кои ги остварува телото со луѓето од околината. Самите фустани, кои ги има во бела и црна варијанта, се направени од паметни непроѕирни е-фолии, па кога телото ќе се возбуди и срцето ќе почне забрзано да чука, спроводниците стануваат транспарентни.rnrnФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеrnrnПаметните фолии комбинираат ЛЕД светилки, безжична технологија, бакар и други материјали. Социјалните интеракции го одредуваат нивото на транспарентност на облеката, креирајќи ефект на сензуално разоткривање на женското тело.rnrnФустан кој станува проѕирен ако се возбудитеrnrnКонцептот не е сосема нов, компанијата работеше на ваков проект и во 2010, но новата колекција се промовира токму во пресрет на Денот на вљубените. Фустаните се моментално изложени во Хонг Конг и Париз, додека за поширока јавност, ќе бидат достапни моделите од следната верзија на оваа модна линија, велат од компанијата.rnrn

    rnrnСтудиото не ги занемарува ниту мажите, па во полза на понежниот пол, моментално работи на костуми кои стануваат проѕирни кога мажите лажат.rnrnИнтересна идеја, но дали би се осмелиле да облечете облека која може да ве разоткрие како се чувствувате?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин

    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин

    Сè уште постојат дилеми, дали ова писмо е навистина напишано од Чарли Чаплин и адресирано до неговата ќерка. Некои велат дека тоа е дело на новинарско перо. Тврдат дека пред 30 години го напишал ирански новинар по име Farajollah Saba и го објавил во весникот во кој пишувал, под наслов „Фантазија“. Но, поголемиот дел се убедени во спротивното.rnrnБез разлика кој од нив е во право, писмото испраќа силна порака, која верувајте, вреди да се прочита…rnrn

    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин
    Чарли Чаплин во филмот „Детето“
    rnrnМоја девојко,rnrnСега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев  заспаните птички.rnrnТолку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.rnrnЈас сум твојот татко, Жералдин!rnrnЈас сум Чарли, Чарли Чаплин!rnrnДали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!rnrnДенеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“  Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.rnrnПодобро да зборуваме за тебе!rnrn
    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин
    Жералдин
    rnrnПосле твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.rnrnЈас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.rnrnТи зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит, бидејќи најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.rnrnТвојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.rnrnЈас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.rnrnВо моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.rnrnЧарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.rnrnТе бакнувам, Жералдин.rnrnТвојот, Чарлиrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Друга димензија на голото тело

    Друга димензија на голото тело

    На прв поглед, сè што гледате на фотографииве е заљубен пар на клупа, човек што си лови рипки итн., но ако подобро се загледате, ќе забележите неправилни облици, влакна и набрана кожа, бидејќи во суштина се работи за една необична инсталација на минијатурни фигури врз голи фотомодели.Друга димензија на голото телоДруга димензија на голото телоСамоукиот фотограф Ален Тегер (63), кој е бивш професор по психологија на Универзитетот Пенсилванија, го нарекол овој негов проект „Bodyscapes“, (кованица од англиските зборови body-тело и landscape-пејзаж), а неговата идеја била да ја испровоцира човековата перцепција и да покаже дека истовремено може да постојат повеќе реалности.Друга димензија на голото телоrn
    rn

    „Намерата ми беше да создадам слики кои на прв поглед ќе се доживуваат како пејзажи, но ако повеќе се задлабочите, да откриете дека станува збор за голо тело“.

    rnДруга димензија на голото телоrn
    rn

    „Со месеци го смислував концептот, но користев стари методи, без трикови со компјутери. Денес, кога уметноста многу често е резултат на компјутерски манипулации, се надевам дека луѓето ќе знаат да ја ценат и идентификуваат мојата работа како поинаква“.

    rnДруга димензија на голото телоrn
    rn

    „Bodyscapes произлезе во моментот кога почнав да чувствувам дека традиционалната академска психологија не ги адресира вистински проблемите на нашето внатрешно патување, односно на начинот на кој го гледаме светот“.

    rnДруга димензија на голото телоrn
    rn

    „Фотографиите можат да се гледаат на два начина, како пејзажи или како тела. И покрај тоа што се различни, двете перцепции се исправни во исто време. Универзумот ги повторува своите облици, телото личи на планина.“

    rnДруга димензија на голото телоДруга димензија на голото телоДруга димензија на голото телоДруга димензија на голото телоДруга димензија на голото телоДруга димензија на голото телоДруга димензија на голото тело
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Автопортрети од разголената Јулија Городински

    Автопортрети од разголената Јулија Городински

    Фотографот Јулија Городински немала потреба долго да трага по својата муза, т.е. некој млад и нежен субјект кој ќе го окупира нејзиниот објектив. Оваа Израелка со потекло од Белорусија, спојувајќи портрети и пејзажи во едно, создава сензуална серија на автопортретски приказни. Таа воопшто нема трошоци за нивното создавање, изложувајќи се себеси, без инхибирање.rnАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиЛокациите кои Јулија ги избира, се наоѓаат во околината на нејзиниот дом во Тел Авив и претставуваат совршени позадини за нејзините автопортретски нарации. Тркалајќи се по песочни дини, мирни плажи и празни урбани места, Городински добива шанса да биде ѕвезда во сопствената приказна, без никој друг во кадарот.rnАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиНејзината голотија во автопортретите е истовремено елегантна и со вкус. Уживајте во селекцијата од нејзините фотографии.Автопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија ГородинскиАвтопортрети од разголената Јулија Городинскиrnrn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #12

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #12

    Денешната десктоп-позадина е специјално наменета за припадниците на посилниот пол, иако не е забрането да ја употребат и жени, секако доколку им се допаѓа изборот. Оваа слика на вашиот монитор ќе ви предизвикува возбуда и истовремено ќе ви дава енергија. Комбинација е од двете работи во кои најмногу уживате, прекрасното голо женско тело и кафето.rn

    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.Кафе-позадина за вашиот десктоп #12Доколку вашиот шеф не би го одобрил ова на работното место или пак вашата девојка би ви замерила доколку види туѓи женски гради на вашиот монитор дома, тогаш можеби треба да и се навратите на галеријата од останатите позадини со кафе-мотиви.