КАФЕ ПАУЗА

Tag: годишно време

  • Какво влијание има топлото време на вашиот мозок?

    Какво влијание има топлото време на вашиот мозок?

    Најверојатно сте забележале дека сонцето има големо влијание на вашето расположение. Сите луѓе се однесуваат малку поразлично кога времето е топло. Ова не е никаква случајност. Истражувањата покажале дека топлото време има мало позитивно и понекогаш негативно влијание на вашиот начин на размислување. Во продолжение, дознајте како високите летни температури влијаат на вашето расположение…rnrnКакво влијание има топлото време на вашиот мозок?rn

    Ако поминувате време надвор кога е сончево, ќе бидете порасположени

    rnЕдно истражување од 2004 година, спроведено од страна на Универзитетот во Мичиген, открило дека луѓето кои поминувале 30 минути надвор на убаво време, без разлика дали отпатувале на место со потопла клима во текот на зимските месеци или излегле во парк за време на пролетта, биле порасположени. Освен тоа, тие имале попозитивен начин на размислување и се ослободиле од стресот.rn

    Но, тоа не важи за жешките денови во август

    rnИ покрај тоа што летото ни носи посончеви денови и посветла облека, луѓето се изложени на поголем ризик од сончаница и дехидратација. Нормално е тоа што се јавува чувство на непријатност кога температурите се многу високи. И дехидратацијата и сончаницата можат да влијаат на расположението и однесувањето, а во најлош можен случај можат да го оштетат мозокот.rn

    Посреќни сме кога деновите се подолги

    rnПовеќе светлина, повеќе среќа. Луѓето се чувствуваат подобро кога деновите се подолги и кога се изложени на сончева светлина. Иако имавме многу врнежливи денови пролетва, сепак деновите беа подолги и продолжуваат да се зголемуваат. Дополнителните часови сончева светлина можат да направат голема разлика.rnrnКакво влијание има топлото време на вашиот мозок?rn

    Некои луѓе се поподложни на депресија во текот на потоплите месеци

    rnИако ова не се случува толку често колку во зимските месеци, некои луѓе навистина стануваат подепресивни во текот на пролетта и летото. Експертите тврдат дека оваа состојба се влошува кога има прекумерна топлина и влажност. Кај многу малку луѓе се случува ова во споредба со бројот на луѓе кои страдаат од депресија во зимскиот период, но сепак се случува и тоа не треба да се игнорира.rn

    Топлото време ја буди вашата креативност

    rnИстражувачите од Универзитетот во Мичиген исто така дознале дека доколку поминувате време надвор на топло време, ќе ја подобрите вашата меморија и ќе добиете покреативен начин на размислување. Убавото време навистина може да ја промени природата на вашите мисли. Сите мислат дека времето влијае на расположението, но најголемите истражувања не покажале никаква поврзаност, па затоа истражувачите спровеле уште некои експерименти и дознале дека постојат 2 важни варијабли: Колку време поминувате надвор и кое годишно време е. Ако завршила зимата, дошла пролетта и вие поминувате повеќе време надвор, ќе забележите огромна промена.rnrnПо сите овие сознанија, не ви преостанува ништо друго освен да излезете надвор и максимално да ги искористите сончевите зраци!rnrnПрочитајте и дали времето влијае на вашето расположение.

  • Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

    Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

    Самото спомнување на есента веднаш нѐ асоцира на удобна облека, вкусна храна, топли чаеви и магична атмосфера, но симболичните значења на есента се многу подлабоки отколку што мислите. Древните култури, науката и астрологијата го поврзуваат ова годишно време со многу аспекти од човечкиот живот. Несомнено е дека есента е најдоброто време за самоанализа, подигнување на свеста и збогатување на мудроста. За да можете да го разберете ова подобро, прочитајте ги следните симболични значења на најволшебното годишно време…rnrnСимболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно времеrn

    Промена

    rnГрчкиот филозоф Хераклит еднаш рекол „Единствената константа е промената“. Есента нѐ потсетува дека нашите тела, умови и опкружувања секогаш се развиваат. Таа ја истакнува непостојаноста на животот и потенцира колку е важно да се биде присутен во сегашноста. На тој начин, ќе можеме да го спасиме она што го имаме пред да исчезне.rn

    Мистерија

    rnБлагодарение на променливата природа на животот, секој ден е исполнет со нови мистерии. Сувиот есенски воздух и промената на лисјата ја отсликуваат таа мистериозност. Само тогаш кога ќе ги прифатиме тие мистерии, ќе можеме да го живееме животот со полни гради. Во секој случај, утешително е да се знае дека сите се наоѓаме во истиот брод и пловиме по истото мистериозно море.rn

    Зачувување

    rnЕсента ја претставува животната заштита и неопходните потреби. Во текот на овој период, животните се подготвуваат за зимата со тоа што складираат храна и градат удобни и топли засолништа. Земјоделците ја заштитуваат есенската жетва и чуваат големи резерви на житни растенија. Исто така, сите ние обично се повлекуваме во домот и се фокусираме на тоа да создадеме безбеден и удобен дом. На некој начин, есента ни нуди можност одново да се поврземе со самите себе и да го зачуваме нашето сигурно засолниште.rn

    Заштита

    rnКако што летото се трансформира во есента, така ние почнуваме да се штитиме себеси со тоа што носиме повеќе слоеви облека од подебел материјал. Исто така, се фокусираме на нашето здравје и се обидуваме да го подобриме имунитетот преку здрави навики и исхрана. Есента ја подигнува свеста на луѓето за самите себе и за нивното опкружување.rnrnСимболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно времеrn

    Удобност

    rnЕсента исто така се поврзува и со удобноста. Ова годишно време ја нуди вистинската можност да пронајдете комфор кој ќе ве заштити од ниските температури. Создадете си удобно катче и откријте што е тоа што прави да се чувствувате згрижено и безбедно.rn

    Баланс

    rnДолжината на денот и ноќта е иста за време на есенската рамноденица. Како последица од тоа, древните култури отсекогаш го поврзувале тој ден со воспоставувањето рамнотежа. Освен тоа, сонцето влегува во Вага која е знак на балансот. Есента ни нуди можност да постигнеме хармонија со Земјата и да воспоставиме внатрешна рамнотежа.rn

    Ослободување

    rnТемпературите се снижуваат во ритамот на паѓањето на лисјата што ја отсликува убавината на ослободувањето. Ова годишно време ја претставува смртта, но на привлечен и фасцинантен начин. Смртта не мора да означува нешто морничаво и ужасно. Наместо тоа, концептот на смртта можеме да го поврземе со нашето внатрешно его и потреба од алчност и гордост. Идејата на ослободувањето од нештата исто така ја потенцира привремената природа на сѐ што нѐ опкружува.

  • Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото

    Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото

    Летото е годишно време кое асоцира на младост, безгрижност, убавина и слободен живот, па кога ќе почнете да ги одбројувате неговите последни денови, можно е да се почувствувате малку депресивно особено кога ќе се сетите дека ве чека долгата и студена зима. Но, да не постоеше зимата дали ќе можевме навистина да ги цениме топлите летни денови? Веројатно не. 22-ри септември е датумот кој го означува крајот на летото и почетокот на златнокосата есен. Има уште цел месец до тогаш, но првите знаци на есен се веќе присутни. Денот е пократок, времето е поладно, а сигурно веќе сте забележале и по некој паднат жолт лист. Не ни преостанува ништо друго освен да се збогуваме со летото онака како што му доликува, а има ли нешто помоќно од пишаниот збор? Овие цитати, кои ја доловуваат минливата убавина на летото, ќе ве уверат дека станува збор за годишно време кое го носиме со себе во текот на целата година. Прочитајте ги следниве поетски мисли и испратете го летото со позитивни чувства и емоции…rnrnИнспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летотоrn

    „Во благодарното срце постои вечно лето.“ – Силија Текстер

    rn

    „Според сите овие прекрасни знаци, септемвриските денови пристигнаа со најубавото летно време и најголемата есенска радост.“ – Хелен Хант Џексон

    rn

    „Во длабочините на зимата, конечно научив дека во мене се крие непобедливото лето.“ – Албер Ками

    rn

    „Моментот кога зимата ја собира нејзината грандиозна руба и како сон исчезнува.“ – Сара Хелен Витман

    rn

    „Август помина, а летото продолжува со сила да ги зголемува деновите. Тие скришум никнат помеѓу годишните поглавја и тајно се наметнуваат помеѓу нивните страници.“ – Џонатан Сафран Фоер

    rn

    „Дожд во август: Најдоброто од летото помина, а новата есен е сѐ уште неродена. Чудно неурамнотежено време.“ – Силвија Плат

    rn

    „Заминаа птиците кои беа нашите летни гости.“ – Хенри Вадсворт Лонгфелоу

    rn

    „Човек мора да задржи барем малку од летото, дури и во текот на зимата.“ – Хенри Дејвид Торо

    rnИнспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летотоrn

    „Луѓето не забележуваат дали е зима или лето кога се среќни.“ – Антон Чехов

    rn

    „Нема засекогаш да биде лето, изградете амбари.“ – Хесиод

    rn

    „Постои нешто длабоко скриено во сите нас што плаче на краеви. Зошто Господе сѐ мора да заврши? Зошто целата природа старее? Зошто пролетта и летото мораат да заминат?“ – Џо Вилер

    rn

    „Завршните летни ветри ги прават луѓето немирни.“ – Себастијан Фолкс

    rn

    „Есента ја остава зад себе нејзината смиреност и ја заменува со бодликави, распаднати патишта. Не се сеќава дали летото воопшто кажало ’збогум’.“ – Дејвид Мичел

    rn

    „Кога доаѓа зима, летото бесконечно блеска во нашите срца.“ – Мехмет Мурат Илдан

  • Топ 10 летни цитати: Летото и неговите мудри мисли!

    Топ 10 летни цитати: Летото и неговите мудри мисли!

    Секое годишно време носи свои пораки, но се чини дека летото некако најмногу се издвојува од останатите. Многумина на своите Инстаграм профили веќе објавија различни летни пораки, а ние пронајдовме 10 кои многу ни се допаѓаат. Слободно споделете ги на вашите профили!rnrn1-top-10-letni-citati-letoto-i-negovite-mudri-misli-www.kafepauza.mk_rn

    „Тенот ќе избледи, но спомените ќе траат засекогаш.“

    rn

    „Таа се однесува како лето, а оди како дожд.“

    rn

    „Сакај ме како да си пијан и осамен во 5 наутро без никого за разговор.“

    rn2-top-10-letni-citati-letoto-i-negovite-mudri-misli-www.kafepauza.mk_rn

    „Подобро едно ‘упс’ отколку да се прашувате: ‘Што ако…’“

    rn

    „Не е важно каде одите во животот, сè додека патот ве води кон плажата.“

    rn

    „Ако се вклучени панталони и градник, тоа нема да се случи денес.“

    rn

    „Сакам да седам со некого на покрив во 3 часот наутро и само да ги гледам ѕвездите.“

    rnrn3-top-10-letni-citati-letoto-i-negovite-mudri-misli-www.kafepauza.mk_rnrn

    „Ние се враќаме еден на друг како бранови. Тоа е начинот на кој водата сака.“

    rnrn

    „Не можам да се одлучам дали ми треба прегратка, 6 шотови или две недели спиење.“

    rn

    „Не ги троши зајдисонцата со луѓе кои нема да го дочекаат изгрејсонцето.“

  • Во кое годишно време сте родени? Тоа го открива вашиот карактер

    Во кое годишно време сте родени? Тоа го открива вашиот карактер

    Унгарски истражувачи успеале да најдат врска помеѓу годишното време, раѓањето и личноста, благодарение на конкретниот биолошки часовник и количината на дневна светлина во периодот на раѓање.rnrn1-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnДури и ако не верувате во астрологија, неодамнешното истражување на Универзитетот во Будимпешта е претставено на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија и ја потврдува релацијата помеѓу овие три параметри. Оние карактерни особини и склоности кои се откриваат преку оваа врска се повеќе воочливи на возрасни години, одошто во детството.rn

    Пролет

    rnРодените во пролет имаат т.н. хипертимичен темперамент, кој ги прави попозитивни одошто луѓето родени во друго годишно време. Затоа пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и не им е потребно долго за да се загреат за некоја идеја. Не се претерано склони кон депресија, а често поседуваат некој уметнички талент.rnrn2-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Лето

    rnЛуѓето родени во летните месеци имаат т.н. циклотимичен темперамент, кој ги прави посклони на чести промени на расположението, кои пак не мора да бидат предизвикани од нешто конкретно. Исто така, посклони се кон нервоза одошто луѓето родени во другите годишни времиња, а се смета и дека многу лесно се заљубиваат по природа. Често ја менуваат работата и прилично се склони на конфликти.rnrn3-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Есен

    rnИ покрај дождот, паѓањето на лисјата и успивањето на природа, луѓето родени во есенските месеци најмалку се склони на депресија. Иако не им се припишува премногу позитивен туку повеќе рационален карактер, есенските деца имаат најмал ризик од појава на ментални нарушувања. Исто така тие се прилично физички активни.rnrn4-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Зима

    rnЛуѓето родени во зима се емотивно најстабилни, т.е. најотпорни на емоционални стресови, а на тоа влијае количината на сонцето која ја имаат впиено за време на мајчината бременост. Се водат од разумот, повеќе одошто од чувствата, а се одликуваат и со постојаност во ставовите и целите.rnrn5-vo-koe-godishno-vreme-ste-rodeni-toa-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mk

  • Зошто да ѝ се радувате на зимата?

    Зошто да ѝ се радувате на зимата?

    Како што есента доаѓа при крај, време е да се подготвите за она што го носи зимата. Ладното време, топлата облека, вкусното чајче се само некои од работите кои ја прават зимата поубава. Еве неколку причини зошто треба да се радувате на ова годишно време.rnrn(0) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mkrnrn

    Зимска облека

    rnrnМеките, топли и удобни парчиња облека се својствени за зимскиот период. За оние што сакаат зимска облека, ова е вистинско време за уживање и причина плус зошто да ѝ се радуваат на зимата.rnrnSONY DSCrnrn

    Слатки закуски

    rnrnВо текот на зимата подолго време поминувате дома, па затоа имате и повеќе простор за да зготвите нешто вкусно. Одлучете се за едноставни слатки печива, кои ќе го исполнат домот со топлина и миризба и ќе бидат уште еден повод за уживање со најблиските.rnrn(2) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mkrnrn

    Топол чај

    rnrnЗимата е одлично време за топло чајче припремено на ваш начин. Најдете некои домашни билки, експериментирајте и уживајте во она што сте го направиле со некоја добра книга.rnrn(3) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mkrnrn

    Чизми

    rnrnУште една причина зошто да ѝ се радувате на зимата е носењето на омилените чизми. Девојките изгледаат одлично кога ги комбинираат со фармерки или хеланки и добра сукња.rnrn(4) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mkrnrn

    Време за гушкање

    rnrnДобро, секое време од денот, ноќта или годината е добро за ова. Но, студените зимски ноќи се како створени за гушкање, топли прегратки и нежни бакнежи. Уште една убава причина зошто со нетрпение да ја очекувате зимата.rnrn(5) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mkrnrn

    Прошетки на свеж воздух

    rnrnПрошетките на свеж воздух се одлични за здравјето. Нема ништо поубаво од чекорење по снегот и уживање во студениот воздух, особено наутро. Ќе се разведрите и ќе се чувствувате витално во текот на целиот ден.rnrn(6) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mkrnrn

    Празнична музика

    rnrnПразничната музика ја разигрува зимската атмосфера и го крева расположението. Постојат многу песни инспирирани од зимата и зимските празници. Пуштете си ги вашите омилени и едноставно уживајте.rnrn(7) zoshto-da-i-se-raduvate-na-zimata-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Примамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгија

    Примамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгија

    Фотографииве ќе направат магично да заборавиш на летните денови и да се радуваш за убавите денови кои се пред тебе.rn

    Здраво пријателе,

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Слушнавме дека си тажен бидејќи летото завршува.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Доаѓа новата сезона во градот.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Ја викаме есен…

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    И таа е вистинска убавица.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Не велиме дека твоето мислење за есента треба да се базира само на естетскиот изглед.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Но, едноставно есента е навистина убава.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    На некој начин те тера да се запрашаш зошто некогаш воопшто си го сакал летото, нели?

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Летото ги нема овие интензивни бои.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Ги нема овие длабоки нијанси и сенки.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Што ви недостига од летото? Сонцето? Забавата? Долгите вечерни прошетки?

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Што ќе ти е? И есента има сонце, а прошетките во ова годишно време се волшебни!

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Наскоро ќе ги видиш оние блескаво златни лисја…

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Колоритната експлозија од листови…

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    И таа огнена мистерија која постои само од септември до ноември.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Сериозно, на кого му е потребно лето?

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Ќе ти биде многу поубаво без него.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    И ќе ти биде мило што завршува.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Чао лето!

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Здравооооо, есен!

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Воз кој патува низ сите годишни времиња

    Воз кој патува низ сите годишни времиња

    Ова едноминутно тајмлапс видео ни покажува возење на еден воз низ Норвешка, кој не само што го прикажува патувањето низ просторот, туку и низ годишните времиња.Воз кој патува низ сите годишни времињаВидеото е креирано од страна на Норвешката национална радио телевизија, која го снимила истото патување од 730 км, од Трондхејм до Буде, во секое годишно време. Снимката потоа е обработена, за да ја прикажува истата локација, како се менува од една кон друга сезона.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во духот на пролетната еуфорија

    Во духот на пролетната еуфорија

    Конечно можеме да ја поздравиме пролетта – периодот од годината кој ја препородува замрената природа и ѝ дава интензитет на животната енергија во сите нас. Мистичното влијание на ова годишно време ни ги буди сите скриени пориви кои стрпливо тлееле додека студенилото владеело околу нас, давајќи ни чувство на бескрајни можности. Нека следните цитати ја разбудат пролетната еуфорија во вас и нека ве инспирираат да го искористите ова време најдобро што можете.rnrnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Пролет е кога животот е жив во сè.“ – Кристина Росети

    rn

    „Дојде прекрасната пролет, а кога природата ја обновува својата убавина, и човечката душа е подготвена повторно да заживее.“ – Хериет Ен Џејкобс

    rn

    „Седи во тишина, не прави ништо, пролетта доаѓа, тревата сама расте.“ – Зен поговорка

    rn

    „Април внесува младешки дух во сè.“ – Вилијам Шекспир

    rn

    „Пролетта е омиленото годишно време на сите во светот. Сè е можно во мај.“ – Едвин Веј Тил

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Оптимистот е човекова персонификација на пролетта.“ – Сузан Џ. Бисонет

    rn

    „Без сомнение, најголемата радост во пролет се децата кои тогаш излегуваат надвор.“ – Едгар Гест

    rn

    „Со доаѓањето на пролетта, природата ни вели: Ајде да се забавуваме.“ – Робин Вилијамс

    rn

    „Тоа е пролетна треска. Така се вика. Кога ќе те фати, сакаш, не знаеш баш што, но знаеш дека те боли срцето од што го сакаш толку многу.“ – Марк Твен

    rn

    „Ја сакам пролетта насекаде, но кога би можела да бирам, секогаш би ѝ посакувала добредојде в градина.“ – Рут Стаут

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Науката нема пронајдено поефикасен лек за смирување од пролетниот сончев ден.“ – В. Ерл Хол

    rn

    „Во пролет, љубовта се разнесува низ ветрот. Внимавај на летечките страсти и бакнежи кои ти фучат околу главата.“ – Ема Расин Дефлер

    rn

    „Пролет – период на искусување на бесмртноста.“ – Хенри Торо

    rn

    „Април го подготвува зеленото светло и така светот сфаќа дека треба да тргне.“ – Кристофер Морли

    rn

    „Пролетта покажува што може Бог да направи од едноличниот и валкан свет.“ – Вирџил Крафт

    rn

    „Денот кога Бог ја создал надежта веројатно е истиот ден кога ја создал и пролетта.“ – Берн Вилијамс

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Пролетта ги ослободува цвеќињата за да ја насликаат насмеаната земја.“ – Реџиналд Хебер

    rn

    „Пролет е кога си свиркаш дури и додека чевлите ти се полнат со раскашавен снег.“ – Даг Ларсон

    rn

    „Ниедна зима не трае вечно. Ниедна пролет не пропушта да дојде.“ – Хал Борланд

    rn

    „Пролетта е будењето на земјата. Мартовските ветриња се утринското прозевање.“ – Луис Гризард

    rn

    „Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.“ – Пабло Неруда

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто го сакаме летото?

    Зошто го сакаме летото?

    Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, разиграните облачиња, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи… Ах, колку многу причини има да се сака летото… Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но додека трае летото, треба максимално да уживаме во него бидејќи ќе мине за миг. Како се доживува летото?rn

    Летото е како…

    rn

    Лето
    цвет кој ја видел убавината на денот
    rnrn
    Лето
    бавчи полни со црвени овошки на зелени дрвја
    rnrn
    Лето
    нешто суво, жешко, жолто…
    rnrn
    Лето
    добра топка сладолед во корнет
    rnrn
    Лето
    магичен одблесок на сончевите зраци од водените површини
    rnrn
    Лето
    бесконечна игра – прскање во вода и со вода
    rnrn
    Лето
    читање добра книга на раат
    rnrn
    Лето
    забава за сите кои знаат како да се забавуваат
    rnrn
    Лето
    многу денови поминати високо во воздухот
    rnrn
    Лето
    залез на сонце кој не сакате да го пропуштите
    rnrn
    Лето
    скокање во вода
    rnrn
    Лето
    детска радост
    rnrn
    Лето
    облаци кои играат на небото
    rnrn
    Лето
    разлеани капки вода кои танцуваат под сончевите зраци
    rnrn
    Лето
    крајбрежје, вода, песок, плажа…
    rnrn
    Лето
    свежи краткотрајни дождови
    rnrn
    Лето
    момент за семејството
    rnrn
    Лето
    капка роса на тревата
    rnrn
    Лето
    природата насликана со весели бои
    rnrn
    Лето
    одмор на планина
    rnrn
    Лето
    романтична средба под отворено небо
    rnrn
    Лето
    топол поглед
    rnrn
    Лето
    страстен бакнеж
    rnrnШто е за вас летото? Што го прави ова годишно време незаборавно во вашиот живот? rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.