КАФЕ ПАУЗА

Tag: глумци

  • Животни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги

    Животни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги

    Не само што милениците ве изненадуваат и внесуваат ведрина во вашите животи, туку тие може и да го добијат она што го сакаат со помош на некои манипулативни трикови. Само погледнете го навреденото куче кое му врти грб на сопственикот или тажната мачка чии очи ја имаат собрано тагата на цел свет во нив и ќе разберете на што се мисли.rnrnСите сакаат животни, посебно кога тие ќе започнат да ги покажуваат своите извонредни таленти за да го добијат тоа што го сакаат или едноставно затоа што знаат како да го прават тоа. Споделуваме доза на хумор преку фотографиите од снаодливите животни:rn

    1. „Моето куче се обидува да манипулира со мене затоа што треба да работам и не можам да си играм со него.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    2. Кога ќе чуете дека паркот за кучиња е затворен:

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    3. „Дали тоа сум јас?“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улогиrn

    4. „Мојот ‘соработник’ сака да разговараме за неговиот надоместок за исхрана.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    5. „Се чувствувам многу тажно. Јас навистина не знам што сакам.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    6. „Тој не се чувствува заглавено, само сака внимание.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    7. „Не, не сакам да работам повеќе.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    8. „Тој еднаш го лижеше капачето од капките за очи. Сега тој го прави ова секогаш кога ќе го доближам лекот до него.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    9. „Има ли грицки?“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    10. „Аааајдеее дааа одиииме на проооошеткааа!“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    11. „Еве што се случува кога ќе ја извадам кутијата со грицки…“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    12. „Еј брат, вози побавно, пробувам да позирам“.

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    13. Ах, таа насмевка!

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    14. „Никогаш не можам сам да уживам во храната кога сум дома.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    15. „Мојата прекрасна Саша во ‘елемент’.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    16. „Моето неверојатно куче кога го виде банкарот како ѝ носи ужинка.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rn

    17. „Таа сака да ја проба новата храна за мачки.“

    rnЖивотни кои со нивниот талент за глума лесно може да добијат главни улоги rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто куоката се нарекува најсреќно животно во светот, а овие фотографии го докажуваат тоа.

  • Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

    Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

    Обожавателите на филмот „Титаник“, кој во 1997 завладеа со сите светски кина и стана еден од најгледаните филмови на сите времиња, веројатно не можат ни да замислат како ова филмско ремек-дело би изгледало без Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги.rnrnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnКога во 1996 година започнал кастингот за „Титаник“, продуцентите во филмското студио 20th Century Fox го планирале Метју Меконахи во улогата на Џек, а главниот избор за улогата на Роуз според режисерот на филмот, Џејмс Камерон, била Гвинет Палтроу.rnrnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnЗа обожавателите на филмот оваа потенцијална поделба на улогите делува незамисливо, а многумина сметаат дека филмот не би постигнал толкав успех да не глумеле Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.rnrnКога славниот режисер го запознал Леонардо за прв пат, не бил баш уверен дека тој е идеален за улогата.rn

    „Леонардо беше само еден од листата на имиња. Не го знаев, никогаш го немав запознаено. Мислам дека дотогаш го имав видено само во улогата на Гилберт Грејп, така што не знаев што да очекувам“, изјавил Камерон.

    rnКејт Винслет знаела дека е створена за улогата на Роуз веднаш штом го прочитала сценариото.rn

    „Ронев крокодилски солзи кога го прочитав. Тоа никогаш ми се немаше случено и помислив дека едноставно морам да глумам во овој филм. Безброј пати му се јавив на Џејмс и го молев да ми ја даде таа прилика“, раскажува Кејт.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnНа крајот, Камерон сепак ѝ ја дал улогата на Кејт, а потоа следел изборот за главен актер. По првото двоумење, режисерот сфатил дека сака Леонардо да го отелотвори Џек, но во меѓувреме актерот за малку не се откажал од „Титаник“ поради филмот „Ноќи исполнети со буги“ (Boogie Nights).rnrnЛегендата вели дека Кејт Винслет го нашла Леонардо во неговата хотелска соба и го натерала да ја прифати улогата бидејќи многу сакала да работи со него.rnrnАмериканскиот актер Џереми Систо исто така влегол во потесниот избор за улогата на Џек, а како би изгледало кога тој би глумел наместо Леонардо, можете да видите во неговото прво пробно снимање со Кејт Винслет.rnrnrn

    „Тоа беше една од многуте улоги кои не сум ги добил. Ми беше малку срам да откријам еден од многуте неуспеси во мојот живот, но не можев на обожавателите на „Титаник“ да им ја одземам приликата да го погледнат филмот од некоја алтернативна перспектива. Бев на аудиција со Кејт и со уште три други актерки. Возбудливо беше да се биде дел од тој процес, дел од нешто толку големо. Сѐ што Џејмс Камерон прави е големо. Бев лудо инспириран од тоа искуство и малку ми се скрши срцето кога не ја добив улогата“, изјавил Џереми во едно интервју.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnСтивен Дорф исто така добил прилика да дојде на аудиција за улогата на Џек, но тврдел дека сепак бил среќен поради тоа што не глумел во филмот.rn

    „Сакам да имам кариера како Џони Деп, Шон Пен и Џек Николсон. Сакам да освојам Оскар еден ден. Тоа немаше да биде возможно ако глумев во „Титаник“. Погледнете го Лео. Неговата кариера само пропаѓа. Секогаш ќе биде само оној тип од бродот“, рекол Стивен своевремено, но очигледно многу се излажал.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnЛеонардо по „Титаник“ стана една од најголемите филмски ѕвезди, а оваа година го освои и долго посакуваниот Оскар за најдобар актер благодарение на извонредната изведба во филмот „Повратник“.

  • Познатите личности и нивните уште попознати двојници од минатото

    Познатите личности и нивните уште попознати двојници од минатото

    Веќе за никого воопшто не е чудно кога ќе види или слушне за луѓе кои неверојатно наликуваат едни на други, а не се во сродство. Но колку и да не нѐ изненадува тоа повеќе, секогаш ни е интересно да видиме двојници, особено кога станува збор за оние на познатите личности. А она што е уште поинтересно е кога и тие двојници биле некогаш познати. Глумци, пејачи или артисти, погледнете ја најновата збирка фотографии на познати личности и нивните уште попознати двојници од минатото.rnrn

    Одри Хепбурн (1954) и Лили Колинс
    Одри Хепбурн (1954) и Лили Колинс
    rnrn

  • Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?

    Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?

    Иако денеска не знаат што да прават со парите, и тие порано работеле секаква работа за да имаат некој долар во џебот. Ќе се изненадите што сè работеле некои од најдобрите глумци на денешницата.rnrnМадона – Одредено време работела во „Dunkin Donuts“ и продавала крофни.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnТом Круз – На 14 години тој завршил благословија и аплицирал за да стане католички свештеник. Сепак подоцна плановите му се промениле.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЏони Деп – Својата одлична глума пред да стане познат актер, Џони ја користел за да им продава уникатни пенкала на клиенти. За возврат им ветувал и можно патување во Грција и џебен часовник.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnХју Џекман – Верувале или не, но тој порано работел како кловн за детски родендени. Самиот признава дека не бил многу добар во работата.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЕлен Деџенерис – Пред да стане позната водителка, Елен работела како продавачка на правосмукалки.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЏорџ Клуни – Во минатото работел како продавач од врата на врата, продавач на женски чевли, а едно време и сечел тутун.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnСинди Крафорд – Одредено време Синди за 4 долари на час, требела пченка.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnМетју Меконахи – Додека студирал парите ги заработувал чистејќи кокошарници.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnХауард Стерн – Возел камионче за продавање сладолед.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnОрландо Блум – Пред да стане познат актер, Орландо ракувал со машините што исфрлаат глинени гулаби за оние што спортуваат пукање со пушка.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnБред Пит – Одредено време Бред работел како маскота за пилешкиот ресторан „El Pollo“.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnВупи Голдберг – Одредено време Вупи работела како шминкерка, но на мртовци.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnСилвестер Сталонe – Пред да ги добие своите први улоги, Силвестер работел како чистач на кафези во Зоолошка градина.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес

  • Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Популарната ТВ серија „Како ја запознав мајка ви“ доаѓа при својот крај. Сѐ уште е неизвесно дали по крајот на осмата сезона, ќе продолжи да се снима или пак конечно ќе дознаеме која е мајката на децата на Тед. Без разлика на сѐ, серијата ќе биде запаметена како една од најгледаните и најинтересните, иако и таа одвреме-навреме си имаше свои падови. Досега сте имале прилика да прочитате интересни занимливости поврзани со оваа серија, но вреди да се прочитаат и овие легендарни факти.rnrnЛегендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“rnrn1. Најгледана епизода е „Pineapple Incident“ од првата сезона со 12,5 милиони гледачи на премиерата во САД, додека најмалку гледана е епизодата „Landmarks“ од шестата сезона со околу 6,5 милиони гледачи.rnrn2. Телевизискиот канал „Lifetime“ за прикажување на серијата плаќа по 750.000 американски долари по епизода.rnrn3. Нил Патрик Харис (Барни) заработува 210.000 американски долари по епизода, додека останатите главни ликови по 120.000 американски долари.rnrn4. Во серијата Лили, Тед и Маршал се на иста возраст, но во реалноста Алисон Хениган (38) и Џош Реднер (38) се 5 години постари од Џејсон Сигал (33).rnrn5. Книгите поврзани со шоуто, како „The Bro Code“ и „The Playbook“, се вистински издадени.rnrn6. Барни е навистина креатор на „The Bro Code“. Според пребарувањата на Гугл, пред 2008 година фразата не ни постоела.rnrn7. Околу 20 веб-сајтови кои се спомнуваат во шоуто, навистина се направени. Помеѓу нив се и познатите www.notafathersday.com, slapcountdown.org и puzzlesthebar.com.rnrn8. Во шоуто се направени вкупно 13 „Interventions“ (помагање на пријател).rnrn9. Барни ја носи легендарната вратоврска со патки 11 епизоди.rnrn10. Коби Смолдерс, актерката која ја игра улогата на Робин, е навистина Канаѓанка.rnrn11. Сите познати фрази на Барни ги има во првата епизода.rn

      rn011

    • „Have you met Ted?“
    • rn011

    • „What up!“
    • rn011

    • „Wait for it“
    • rn011

    • „Suit up!“
    • rn

    rn12. Во шоуто Барни има костум за секоја пригода, па дури и во вид на пижами за спиење. Само во 12 прилики во сите сезони, тој не носи костум.rnrn13. За време на сите сезони Тед излегува со околу 29 девојки кои не се мајката на неговите деца.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Приватните бизниси на познатите ѕвезди

    Приватните бизниси на познатите ѕвезди

    Многу познати глумци, пејачи и модели, покрај својата кариера, паралелно си водат и успешни бизниси, но малку е познато за тоа. Најверојатно сакаат бизнисите да им бидат успешни поради тоа што се, а не поради нивните успеси во кариерата. Многумина од нив ова го чинат за да си ја обезбедат иднината и во поодминати години.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСандра Булок има свој ресторан, но тоа не е ништо ново кога станува збор за холивудските ѕвезди. Специфично за ресторанот на Булок е тоа што таму можете да купите еколошки свеќи „Bessence“ направени од соино масло. Една свеќа чини 40 долари. Исто така таа има фирма која се занимава со организација на свечености, која успешно функционира.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАктерот Крис Норт има свој бизнис поврзан со музиката. Тој е еден од партнерите на клубот „The Cutting Room“ во Менхетен, каде што можете да чуете џез, блуз и соул. Тој во клубот сака да промовира нови неоткриени таленти. На неговата сцена пееле и Нора Џоунс и Гвинет Палтроу.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАмериканската хип-хоп ѕвезда Фарел Вилијамс ги вложил своите пари во модната индустрија. Неговите две колекции „Billionare Boys Club“ и „Icecream“ веќе го доживеаја својот успех, а Фарел веќе вложи и во производство на текстил од рециклирани пластични шишиња. Неговиот план е да отвори продавници во сите краеви на светот.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАлиса Милано ја промовираше својата модна линија за женска спортска гардероба. Модната линија „Touch“ се прочу како удобна и комотна, но и со многу стил.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСтив Карел е сопственик на продавниците „Marshfield Hills“ каде што можете да купите накит, играчки, подароци и други ситници. Тој за „CNN“ изјавил дека ваквиот бизнис го започнал од љубов, но дека тоа е сериозен бизнис.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnТај Барел пред да ја добие Еми наградата работел како келнер. Откако кариерата му донесе многу пари, со својот брат отворил бар „Utah’s Bar-X“ каде што можете да се напиете коктели по цена од 9 долари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите актери

    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите актери

    Џеф Виктор е илустратор и дизајнер на ликови од предградието на Чикаго. Тој е ко-креатор на краткиот филм „Superfriends“ и има работено на голем број анимирани филмови за Ворнер Брос, како и на концепти за „National Geographic,“ „BBC“ и „HBO“. Тој моментално работи на серија цртежи наречена „Evolutions“ каде што ги илустрира некои од најпознатите улоги на своите омилени глумци и глумици. Илустрациите се наредени хронолошки, но секако не се опфатени сите ликови кои тие ги толкувале. Погледнете ги овие забавни илустрации кои ќе ве потсетат на дел од најголемите моменти на филмското платно…rnrn

    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Том Хенкс
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Џони Деп
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Бил Мареј
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Џек Николсон
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Ума Турман
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Сигурни Вивер
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Рик Моранис
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Натали Портман
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Курт Расел
    rnrn
    Забавни илустрации од еволуцијата на ликовите на најпознатите глумци и глумици
    Шарлиз Терон
    rnrnДоколку ве интересира нешто повеќе за работата на Џеф Виктор, погледнете го и неговиот веб-сајт каде што ги изложува своите илустрации за продажба.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Австралискиот артист Гај Витби или познат под псевдонимот WorkByKnight (WBK) ги изработува овие фантастични портрети користејќи електронски отпад или подобро кажано тој создава слики од познати пејачи, глумци, политичари и слично со помош на копчиња од тастатури, калкулатори, телефони и машини за куцање.rnrn

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Дејвид Бекам
    rnrnУпотребувајќи ја својата вештина секое копче на неговата слика претставува еден пиксел. Резултатот од неговата работа е навистина фантастичен, а во неговата галерија можат да се најдат околу 1.000 слики. Доколку имате проблем да препознаете некое од лицата на неговите изработки, оддалечете се од екранот или погледнете со подзамижани очи.rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мерлин Монро
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боно Вокс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Салвадор Дали
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Стив Џобс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Марк Цукерберг
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Нелсон Мандела
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боб Марли

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луди 70-ти: каде се тие сега?

    Луди 70-ти: каде се тие сега?

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnПодгответе се за флешбек од TВ-серијата „Луди 70-ти“. Поминаа 6 години откако го напуштивме подрумот на Форман и сега кога веќе се расчисти чадот кој мирисаше чудно, можеме да забележиме дека некои од глумците станаа големи ѕвезди.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Тофер Грејс (Ерик Форман)

    rnВистинското име на овој глумец било Кристофер, но бидејќи не сакал да го викаат Крис, го променил во Тофер. Тој во серијата „Луди 70-ти“ го глумеше тинејџерот Ерик кој никогаш не доаѓаше до израз. Тофер ја напушти последната сезона од ТВ-серијата за да се обиде да успее на големото платно и ја доби улогата на негативецот Веном во третиот дел од Спајдермен. Тој успеа во своите намери да стане филмска ѕвезда и стана дел од филмови како „П.С.“, „Предатори“ и „Одведи ме дома вечерва“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Лаура Препон (Дона Пинчиоти)

    rnЛаура ја имаше улогата на Дона, најголемата машкуданка, која воедно му беше сосетка и девојка на Ерик. Веднаш по завршувањето на шоуто, таа ја доби главната улога во ТВ-серијата „Патот октомври“. Таа гостуваше и во неколку многу познати серии како „Касл“ и „Како ја запознав мајка ви“. На почетокот од оваа година Лаура конечно им се врати на своите корени со улогата на младата Челси Хендлер во серијата „Таму ли си Челси“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Дени Мастерсон (Стивен Хајд)

    rnДени со својата „луда“ фризура и наочари типични за 70-те ја имаше улогата на саркастичниот Хајд, најдобриот пријател на Ерик. Денес тој е професионален диџеј, сопственик на голем број ресторани (од кои неколку дели со Кучер и Валдерама) и одржува славни покер-настани. Но и покрај сè, тој сепак наоѓа време и за глумење, појавувајќи се како гостин во „Надеж која расте“ и „Белиот ремен“. Ова лето, тој ќе ја има главната улога во комедијата „Мажи на работа“. Дури изгледа и како конечно да ја „скротил“ својата фризура.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Ештон Кучер (Мајкл Келсо)

    rnКога започна снимањето на шоуто, тој беше само непознат тин-модел. Кучер совршено ја долови улогата на симпатичниот и не баш интелигентен, Келсо. По завршувањето на серијата тој беше во брак со Деми Мур и има снимено неколку незаборавни филмови како „Што се случува во Вегас“ и „Убијци“. И кога сите помислија дека неговата кариера расте со неверојатна брзина, тој ја доби улогата во познатата серијата „Два и пол мажи“ како замена за Чарли Шин, која според многумина го врати неколку чекори наназад.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Мила Кунис (Џеки Буркхарт)

    rnЗа време на аудицијата за шоуто од 70-те, Мила лажела дека има 18 години само за да може да учествува. Таа ја добила улогата и неколку недели пред почетокот на снимањето признала дека има само 15 години, но тоа воопшто не влијаеше врз нејзиниот понатамошен успех. Мила брзо се прилагоди на улогата како доминантната девојка на Келсо, Џеки. По завршувањето на снимањето таа го позајмува својот глас во „Семејниот човек“, и потоа започнува да гради цврста филмска кариера со улогите во филмови како „Заборавајќи ја Сара Маршал“ и „Книгата на Илај“. Но, благодарение на улогата во „Црниот Лебед“ од 2010, конечно се забележа нејзиниот сериозен талент за глумење и денес таа е на листата на најталентирани актерки во светот.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Вилмер Валдерама (Фез)

    rnНеобичниот студент од странство, Фез (за кој ни ден денес не се знае од која држава потекнува), Вилмер постојано измамуваше насмевка кај публиката со добро познатите етнички стереотипи. Во еден период тој беше познат по врските со старлети како Линдзи Лохан и Деми Ловато, но овој месец се очекува голем успех од него, бидејќи игра улога како детектив во серијата „Буден“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Куртвуд Смит (Реџиналд „Ред“ Форман)

    rnДа глуми улога на злобен лик, не беше ништо ново за Смит, кога ја прифати оваа на намуртениот татко на Ерик, Ред. Тој се проби со филмовите „Здружението на мртвите поети“ и „Робокап“, но улогата на Ред ја покажа комичната страна на овој глумец и оттогаш тој продолжува да работи со овој жанр во филмови како „Најлошата недела“. Исто така се појави во „Болница за деца“ и во комедијата за ЦИА „Хаос“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Дебра Џо Руп (Кити Форман)

    rnСекогаш насмеаната Дебра беше во центарот на вниманието како слатката и секогаш загрижена мајка на Ерик, Кити. Нејзината природна разиграност помагаше при балансирање на сериозноста и строгоста на Ред. Дебра имаше уште една слична улога во серијата „Подобро со тебе“ која траеше само една сезона, но сите сме сигурни дека таа во брзо време повторно ќе се врати на ТВ екраните.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Дон Старк (Боб Пинциоти)

    rnДон како таткото на Дона, започна во шоуто заедно со неговата прекрасна жена, Миџ (Тања Робертс) покрај него. По завршувањето на снимањето, тој остана доследен на својата улога со неколку гостувања во серии како „Закон и ред: ЛА“ и „Мелиса и Џои“. Наредниов месец тој конечно ќе стане дел од големото платно во научно-фантастичната авантура „Џон Картер“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Лиса Робин Кели (Лори Форман)

    rnПриказната за глумицата која ја имаше улогата на постарата промискуитетна сестра на Ерик, Лори е малку тажна. Таа беше отпуштена од шоуто поради злоупотреба на алкохол и дрога. Во 2005 година го има снимено единствениот свој краток филм наречен „Ланец на исхрана: страшна Холивудска приказна“. Во 2010 година таа е уапсена поради возење во алкохолизирана состојба и сè уште нема никаква најава дека повторно ќе се врати на глумата.Луди 70ти - Каде се тие сега?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите со нивните симпатични миленичиња

    Познатите со нивните симпатични миленичиња

    „Набиениот“ работен распоред не ги спречува ниту најуспешните луѓе во светот да ја покажат својата љубов кон животните. Некои од нив се премногу блиски со своето милениче и повеќе личат како да се милуваат со љубовен партнер, а не со животно, други имаат чуден избор на животинче-пријателче, а трети ги користат помалите мирни животинки како моден детаљ со кој се прават важни во јавноста. Погледнете за што станува збор.

    rnrn

    rn

    Кети Пери очигледно негува голема љубов кон ова мило кенгурче. „Аха, се љубам в уста со кенгур.“ – објавила поп ѕвездата на Твитер, на 12 мај.Познатите со нивните симпатични миленичињаПрвото куче на сопрузите Барак и Мишел Обама, дефинитивно го одржува во фит форма овој брачен пар. Претседателот на САД и првата дама, се држат за раце додека го бркаат нивното куче Бо на јужниот тревник крај Белата куќа минатиов јуни, чија раса е португалско водно куче.Познатите со нивните симпатични миленичињаЏастин Бибер очигледно почнал да се интересира за водниот животински свет. „Во друштво со мојот нов пријател“ – твитна поп ѕвездата на 8 септември.

    rn

    Познатите со нивните симпатични миленичињаАктерката Ен Хатавеј можеби е зафатена со снимањето на филмот „The Dark Knight Rises“ во кој таа ја глуми улогата на жена-мачка, но на крајот од долгиот ден, таа отишла со нејзиното куче Есмералда на прошетка во Пистбург, на 5 август.Познатите со нивните симпатични миленичињаДрскиот фраер од ТВ серијата Gossip Girl (Озборувачка) Ед Вествик, го шета неговото куче додека е на снимање во Њујорк, на 14 септември.Познатите со нивните симпатични миленичињаСекое куче има право на свој посебен ден! Присуствувајќи на настанот „Божиќ за миленичиња“ во месец јули, кој е наменет за промоција на подароци за миленичиња, а чии гости се само VIP фаци, Денис Ричардс решила додека е таму, да нахрани едно среќно кутре.Познатите со нивните симпатични миленичињаМузичарот Елтон Џон се спријателува со делфинот Лили, кој се наоѓа во Аквариумот Џорџија, а неговиот маж Дејвид Фурниш и деветмесечното бебенце се смешкаат во позадина.Познатите со нивните симпатични миленичињаМожеби „очајната домаќинкаЕва Лонгорија е од неодамна сингл жена, но неа очигледно во моментов не ù е потребен маж кој ќе ù прави друштво. „Примање малку љубов од Џинкси!“ – твитнала актерката на 1 февруари.Познатите со нивните симпатични миленичињаЅвездата на ТВ серијата How I Met Your Mother (Како ја запознав мајка ви) Ниел Патрик Херис заедно со неговиот партнер Дејвид Буртка имаат две бебиња и две кучиња. Новите татковци дискретно ги носат близнаците Харпер Грејс и Гидеон Скот, додека ги шетаат нивните кучиња низ Лос Анџелес на 30 јануари.Познатите со нивните симпатични миленичињаХилари Даф релаксирано си возела велосипед покрај езерото Толука во Калифорнија на 12 август, заедно со нејзиниот јоркширски териер кој се вика Јак.Познатите со нивните симпатични миленичињаАманда Сејфрејд му покажала нежност на своето куче Фин, во Лос Анџелес, во февруари 2010. Таа изгледа обожува да се бакнува на француски начин, со нејзиното куче, кое е од расата австралиски овчар.Познатите со нивните симпатични миленичињаПо сè изгледа бившата сопруга на Рајан Филипе, Рис Витерспун си имала слободен ден само за себе. Посветениот татко, ги прошетал неговите две деца Ева, 11, Дикон, 7 и семејното куче, во Беверли Хилс на 13 март.Познатите со нивните симпатични миленичињаДру Баримур многу се зближила со едно необично, влакнество суштество – мало слатко меченце, додека била на фестивалот Синема Кон, во Лас Вегас, на 30 март.Познатите со нивните симпатични миленичињаМараја Кери има дури пет крзнени пријателчиња кои ù помагаат да го намали стомачето после раѓањето близначиња во април. Таа ја споделила оваа слика на нејзиниот Твитер профил на 20 август со наслов „Џогирање во кучешки стил“.Познатите со нивните симпатични миленичињаДефинитивно најинтересна „алка“ на МТВ видео музичките награди имал Џастин Бибер. На свеченоста, тој бил во присуство на неговата подобра половина Селена Гомез, а бидејќи не сакал да прошета сам по црвениот килим, решил со себе да го понесе неговото милениче – змијата Џонсон.Познатите со нивните симпатични миленичињаЗа 25-от роденден, родителите на Кели Озборн, Ози и Шерон, ù купиле совршен поклон – неверојатно слатко кутре, кое го собира во една рака. „Сè ми разместува“ – твитнала Кели, кога го добила нејзиниот малечок померанец. Во секој случај, малиот бељаџија ù послужил како одличен моден детаљ, во текот на модната недела во Њујорк, во февруари 2010.Познатите со нивните симпатични миленичињаАктерката Рејчел Блисон, која ја запознавме преку нејзината улога во ТВ серијата „Округот Оринџ“, првоаприлското попладне, го поминала шетајќи низ Лос Анџелес, заедно со нејзиното симпатично пријателче.Познатите со нивните симпатични миленичињаКој вели дека момците како Фифти Сент не знаат да бидат нежни? Тој ја твитнал оваа фотографија од него и неговото повредено кутре, во септември 2010.Познатите со нивните симпатични миленичиња

    rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.