Артистката Лизи Кампбел ги рекреира познатите уметнички дела на навистина необичен начин. Овие „Полимерни цртежи“ изгледаат како ликови од друг свет.rnrn
rnrnОд автопортрет на Фрида Кало, до „Девојката со бисерна“ обетка на Вермер, секое дело е направено од жици и слоеви полимерна глина.rnrn
rnrnНајпрво Лизи ја прави позадината од глина, а потоа ги закачува тродимензионалните елементи и малите детали. Откако ќе го заврши делото, го става во рерна за да се исуши, а потоа го става во декоративна рамка.rnrn
rnrnКреативноста на Лизи ѝ донела клиенти како BBC, Universal Music, Glastonbury Festival и Sony Pictures Home Entertainment. Делата на Лизи понекогаш можат да се видат и во многу музеи ширум светот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие реалистични кукли кои сигурно ќе ве наежат.
Tag: глина
-

Артистка рекреира познати уметнички дела со шарена полимерна глина
-

Како да ја одберете соодветната маска од глина за вашиот тип кожа?
Забрзаниот ритам на живот и многубројните обврски со кои се сретнуваме во секојдневниот живот честопати се одразуваат на нашата кожа. Стресот, нездравата исхрана и ниските температури го прават своето. Поради тоа многу е важно да ѝ ја овозможите соодветната нега и одвреме-навреме да направите длабинско чистење, односно детоксикација на кожата.rnrn
rnrnБлагодатите на глината во негата на кожата се познати уште од антички времиња, а ја користеле уште Египќаните за лекување на различни кожни проблеми. Поради тоа глината е честа состојка во козметичките препарати, особено во оние кои се наменети за нечиста и проблематична кожа. Глината изобилува со минерали и хранливи супстанци кои го поттикнуваат чистењето на кожата однатре. Резултатот од редовната употреба на природни маски од глина е чиста, здрава и блескава кожа.rnrnПопуларноста на маските од глини денес нагло порасна, а сигурно и вие самите веќе сте испробале една. Сепак, постојат различни типови глинени маски и секоја од нив има свои специфичности и типови кожа за која е наменета. Најпознати видови глини се зелена, бела, црвена и црна. Секоја од нив содржи одредени минерали, а по составот донекаде се разликуваат, па затоа некои се наменети за масна кожа, а други пак за мешана или чувствителна кожа. За да знаете кој вид глина треба да го изберете, прво мора да знаете кој тип кожа го имате. Во продолжение подетално ќе ве запознаеме со најпознатите видови глини, како и со нивните карактеристики и специфичности.rnrn
rnЗелена глина
rnТаа во себе содржи бројни минерали како што се калциум, цинк и фосфор, а маската од зелена глина се препорачува на луѓето со масна и мешана кожа на лицето. Зелената глина го чисти и омекнува лицето, го спречува развивањето на бактериите, ја подобрува микроциркулацијата на кожата и ја враќа нејзината влажност. Исто така, делува против воспаленија и помага при отстранувањето на лојот.rn
Бела глина (каолин)
rnИ оваа глина најдобро им одговара на луѓето со масна и мешана кожа, а го поттикнува чистењето и детоксикацијата на кожата и ефикасно делува на акните и мозолчињата. Исто така, помага при отстранувањето на вишокот лој од кожата. Освен тоа, ја ублажува иритацијата на кожата, го изедначува тенот и ги осветлува темните флеки. Со редовното употребување на маските од бела глина вашата кожа ќе стане помека и поеластична, а појавата на акни ќе станува сѐ поретка. Белата глина е нежна и блага кон кожата поради неутралната pH вредност и антисептичните својства, па може да ја користат и личностите со чувствителна или сува кожа на лицето.rn
Црвена глина
rnОваа глина е добар избор за чувствителна и кожа која е склона кон алергии. Добра е за решавање кожни проблеми како што се црвенилото, чешањето и лупењето. Многу е ефикасна во третирањето на зрелата кожа, па е одлична за различни видови третмани против стареење. Содржи богати состојки и разни минерали кои го поттикнуваат чистењето на кожата. Црвената глина го поттикнува и протокот на крв и кислород во кожата, а резултатот е сјајна и здрава кожа.rn
Црна глина
rnЦрната глина содржи висока концентрација на соли и минерали, па затоа е одлична за отстранување на мртвите клетки од кожата. Ја поттикнува циркулацијата на крвта и поволно влијае на тонусот и текстурата на кожата. Таа е добар избор за личностите кои имаат проблеми со разни кожни заболувања како што се псоријаза и егзема.rnrnВажно е да се каже дека во маските за лице уште се користи и расул, глина која ја прочистува кожата и монтморилонит, глина која ги отстранува површинските несовршености.rnrn
rnrnДоколку имате мешана кожа на лицето, би требало да го испробате таканаречениот мултимаскинг. Станува збор за употреба на повеќе различни маски за лице, а тоа ќе ви помогне да постигнете различни ефекти на одредени делови од лицето. На пример, доколку вашето чело често се мрси, тогаш потребна ви е маска за отстранување на вишокот лој, но нема смисла истата маска да ја нанесувате и на останатите делови од лицето, ако имате само проблематично чело. На останатите делови нанесете маска за сјај или пак за чистење на нечистата кожа и слично.rnrnВо продолжение прочитајте и за 6-те најдобри домашни маски за лице за блескава кожа. -

За бујна и сјајна коса: Најдобрата маска од зелена глина која прави чуда!
Зелената глина е делотворна за детоксикација на косата и темето. После маската со глина, вашата коса ќе изгледа полна и сјајна.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 5-6 лажички глина
- 1 лажичка базно масло хидролат (цветна водичка) или вода
- 5-6 капки етерично масло
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnМешајте ги сите состојки додека не добиете течна паста. Потоа, нанесете ја по целата должина на косата и масирајте 5 минути. Смесата задржете ја на косата најмалку 1 час. После тоа, измијте ја косата на вообичаениот начин.
-

Сакате да имате долга и здрава коса? На овој начин направете таа да порасне побрзо, поздраво и посјајно!
Во мода е долгата коса. Тешко е да ја пораснете, но ние сакаме да ви помогнеме да успеете во тоа. Долгата коса, ако е сува и расцветена, ќе делува непривлечно и ќе изгледа како да имате малку влакна на главата. Од долгата, бујна и сјајна коса ве делат само неколку чекори и правила кои мора да ги испочитувате до крај. За почеток, замислете се себеси со долга, бујна коса до под рамената која мами воздишки и предизвикува љубомора. Она што сигурно ве мачи, како и поголемиот број жени, е како косата да порасне до одредена должина, а потоа да „застане“.rnrnВистина е дека на некои косата им расте побрзо, а на некои побавно, но ваше е да ѝ овозможите таа да ја употреби својата полна сила. Една од причините зошто се случува ова е тоа што почесто користите фен, фигаро или преса за коса кои го истанчуваат влакното и ги оштетуваат краевите на косата. Дури и стресот може да доведе до губење, проретчување и паѓање на косата. За вашата коса да започне да расте со полна брзина, направете го следново.rnrn
rn1. Користете рицинусово масло
rnРицинусовото масло е полно со витамин Е и омега-9 киселини кои ќе направат вашата коса буквално да оживее, да се поправи и да започне брзо да расте. Рицинусовото масло можете да го ставите во шампонот заедно со масло од кокос или бадем или едноставно да го втриете на темето и да го оставите да делува околу 45 минути, а потоа да ја измиете косата. Природните препарати богати со рицинусово масло, еукалиптус, лаванда и камилица исто така ќе направат косата да започне да расте брзо.rn
2. Направете маска од јајца
rnЈајцата се богати со протеини и содржат железо, цинк, селен, сулфур и фосфор кои помагаат во обновувањето на фоликулите на влакната. Маската од јајца можете да ја користите еднаш месечно, а ефектите ќе бидат веднаш видливи. Изматете ги белките и во таа смеса додадете четири лажички сончогледово масло и неколку капки масло од лаванда. Смесата втријте ја на темето и оставете ја да делува околу половина час. Наместо со масло, белката можете да ја изматите со млеко, маслиново масло и сок од лимон.rnrn
rn3. Глина
rnТаа длабински ја чисти косата, ги исфрла токсините, ја подобрува циркулацијата и логично, со самото тоа самата коса побрзо расте. Глината треба редовно и долго да се користи. Поголемиот дел од препаратите кои ги користиме содржат јаки супстанци кои иако не ги нанесуваме на темето, завршуваат на него… Исто така, самиот воздух е полн со штетни материи, особено во градските средини, па многу е важно темето редовно и длабински да се исчисти од сите нечистотии.rn
4. Консумирајте храна богата со протеини
rnПротеините се исто така важни за здравјето на косата. Тоа е така, бидејќи самата коса има протеински состав. Количината на протеини која ја внесува личноста може директно да влијае на здравјето на косата. Ако се внесуваат доста протеини преку исхраната, ќе се подобри и растот на косата, но и бројот на влакната. Ако личноста внесува намален број протеини преку исхраната, најверојатно ќе дојде и до истанчување на косата и послаб раст. Затоа, за здрава и долга коса се препорачува консумирање пилешко, јајца, бадеми, риба и кикиритки кои се многу богати со протеини.rn
5. Зелен чај
rnЗа брз раст на косата и за здрава и убава коса не е важна само надворешната нега. Мора и да го исчистите вашиот организам однатре, а зелениот чај е една од намирниците која го забрзува метаболизмот. Бавниот метаболизам влијае на сè, па и на растот на вашата коса.rnrn

-

Истенчете се со домашен трик! Обичната фолија ќе ги стопи вашите масни наслаги и ќе ви го исчисти организмот од токсини
Ослободете се од масните наслаги, но и од целулитот и стриите.rnrn
rnrnЗамотувањето во целофанска фолија стана популарна козметичка процедура, а се користи за слабеење, детоксикација на организмот и подобрување на квалитетот на кожата.rnrnПостојат различни начини на замотување во фолија. Денес ви ги претставуваме двата најефикасни методи на слабеење, детоксикација и ослободување од целулитот со помош на целофанска фолија.rn1. Замотајте се во фолија со мед
rnЗагрејте мед во мал сад и додадете една жолчка и неколку капки цитрусно етерично масло (лимон, портокал или јојоба). Оваа смеса нанесете ја на проблематичните делови од телото (нозете, стомакот и бутовите) и цврсто замотајте се во фолија. Облечете топла облека, легнете и покријте се со ќебе. После половина час, тргнете ја фолијата и истуширајте се.rn
2. Замотајте се во фолија со глина
rnАнтицелулитното замотување со глина е најдобар начин за согорување на масните наслаги. Притоа најдобро е да користите сина глина бидејќи таа содржи голем број микроелементи кои благотворно делуваат на кожата. Разредете сина глина со вода и нанесете ја смесата на проблематичните места. Облечете топла облека и оставете да делува 1 час.rnrnЗа подобар ефект, пред да почнете со третманот, направете пилинг.rnrnЗамотувањето во фолија би требало да го практикувате два пати неделно и фантастичните резултати нема да изостанат. Ќе се ослободите од масните наслаги, но и од целулитот и стриите.rn
Предности од употребата на кујнската фолија во процесот на слабеење:
rn
- rn011
- Фолијата не е скапа и секој може да си ја дозволи.
- Не мора да ги замотувате само критичните делови, туку можете и целото тело.
- Помага за обликување на телото.
- Кога се потите, тогаш слабеете.
- Помага во справувањето со целулитот.
- Ја прави кожата убава и затегната.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnАко се занимавате со фитнес и вежбате три пати неделно, а притоа и се замотувате во фолија, во една недела можете да изгубите до 1,5 килограми.rnrnНапомена: Ако страдате од срцева болест, кардиоваскуларна болест, хипертензија или проширени вени, замотувањето во пластична фолија не е препорачливо!
-

Минијатурните креации од полимерна глина на Ивана Чурај
Ивана Чурај е уметница која со уметничко и креативно изразување се занимава веќе 3 години. Преку нејзиниот медиум – полимерната глина, имаме прилика да видиме иновативни аксесоари кои произлегуваат од нејзината богата имагинација.rnrn
rnrnИвана живее во Градот под Исарот, по занимање е дипломиран економист, но отсекогаш била љубител на уметноста.rnrn„Пред отприлика 4 години имаше една статија на интернет што го привлече моето внимание, се работеше за минијатури од храна изработени од глина. Бев воодушевена од реалистичниот изглед, па изгуглав за да разберам за кој вид глина станува збор, и сето останато е, како што се вели, историја.“
rn
rnrnПроцесот на изработка на секое парче започнува со идеја, било да е лична на артистката или сугестија од друг, во случај кога некој сака да подари ваков предмет, а потоа се носи одлука за големината и за употребата на бои. Потоа започнува изработката на предметот, што е проследено со усовршување на деталите со помош на скалпел и други алатки и на крај доаѓа печењето.rnrn„Црпам инспирација скоро од секаде. Од кујната на мојата мајка до омилениот карактер од некој цртан. Секако ме инспирираат и полимерните минијатури на некои други уметници за кои изработките не претставуваат хоби туку примарна работа во која уживаат.“
rnНе сите, но поголемиот дел од изработките се минијатурна храна, која сама по себе е предизвик, бидејќи треба многу труд за да изгледа реално.rnrn
„Понекогаш ми се потребни добри 3-4 часа за средување на деталите, но што да кажам, го обожавам крајниот резултат. Не за џабе Конфучие рекол: ‘Одбери работа што ја сакаш за да не мора да работиш ниту еден ден во животот’.“
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Највкусната глина што некогаш сте ја виделе
Ahlam Alnajdi е 30-годишна саудиска фотографка и артистка, која стана интернет-сензација со нејзините неверојатни скулптури од глина, кои личат на неодоливо вкусна храна. Таа создава минијатурни, реалистични скулптури од глина, ги фотографира, а потоа ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм.rnrn
rnrnПред неколку недели, оваа жена се здобила со бројка од 1 милион следачи, со што станала најследената Саудијка, надминувајќи го и познатиот пејач и судија на арапскиот „Идол“ Ahlam Al Shamsi. Таа и ги обележува големите бројки на следачи со глинена храна, на овој начин.rnrn
rnrnСаудијците се всушност многу тренди луѓе кога станува збор за социјалните мрежи. Едно истражување открило дека овие луѓе се најактивните корисници на Твитер во целиот свет. Како што истакнува Би-Би-СИ, социјалните мрежи можат да бидат излез за жените од Саудиска Арабија кои живеат ограничен јавен живот, како резултат на забраната за возење за жени и други рестриктивни закони.rnrn
rnrnИнаку Ahlam објавува фотографии од многу брендови, но таа вели дека тие не ја плаќаат, а тоа го прави бидејќи тие се сеприсутни и популарни. Сепак, таа профитира од нејзината работа. Има напишано две книги за нејзината уметност, од кои вели дека создава пристоен приход. Таа сега има и свој мал тим од артисти кои ги има најмено за да ѝ помагаат да ги создаде и фотографира скулптурите.rnrn
rn„Мислам дека мојата работа докажува дека со малку амбиција и упорност, возможно е една млада жена од Саудиска Арабија да изгради успешен бизнис. Луѓето се гордеат со мене и мислам дека сум добар пример за една Арапка која успева да допре до луѓето ширум светот, преку нејзината работа.“ – објаснува таа
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Минијатурна цементна уметност
Инсталациите на уличниот уметник Исак Кордал се располсани насекаде низ Лондон, а се во форма на мали цементни фигури. Доколку не сте внимателни додека се движите на тротоарите во градот, возможно е да ги прегазите. Фигурите се дел од проектот наречен „Cement Eclipses“, кој разработува теми како што се анонимноста и напорната работа на градскиот живот.
Кордал најпрво ги изработува фигурите од глина, а потоа прави повеќе копии од цемент употребувајќи силиконски калапи. Копиите потоа ги поставува на урбани локации, прицврстувајќи ги со супер силно лепило.
.rn„Ова претставува еден вид метаморфоза во која човекот ја напушта својата улога како граѓанин, камуфлирајќи се во градот и пополека постанувајќи дел од мебелот. На овој начин се потврдува доброволната изолација на човечкото суштество во однос на природата, скриена помеѓу тротоарите, ѕидовите и улиците, притоа препуштајќи ù се на урбаната средина како негово природно живеалиште.“
rn










rnrn————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
























































