КАФЕ ПАУЗА

Tag: гимнастика

  • Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

    Гимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

    Станува збор за многу лесна гимнастика која се прави во креветот веднаш откако ќе се разбудите, а препорачливо е да се направи до 6 часот наутро. Оваа вежба е наменета за сите возрасни, а особено за постарите, затоа што дава ефект на подмладување. Обидете се, со сигурност ништо нема да изгубите!rnrnГимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телотоrnrn1. Тријте ги рацете. Тријте ги дланките неколку секунди додека не станат топли, а во исто време проверете го своето биополе. Ако тоа е жешко, тогаш сѐ е во ред со вашата енергија. Ако е топло, тогаш енергијата ви е намалена, а ако рацете ви се студени и влажни, тогаш постои сериозно заболување во телото. Но, без оглед на сѐ, правете ја оваа гимнастика затоа што ќе ви помогне да се ослободите од сите проблеми и заболувања.rnrn2. Вежба со дланките. Топлите дланки ставете ги на очните јаболкници. Притиснете нежно 1 секунда, а потоа повторете го истото 30 пати. Кога ќе завршите, задржете ги дланките на јаболкниците и држете уште 30 секунди. Ако имате лош вид, тогаш задржете ги дланките до 2 минути. Во тој момент храната оди во очните јаболкници од сите рецептори наоколу. Така, ако бидете редовни и издржливи, видот полека може да почне да ви се поправа. Освен видот, може да ви се врати и природната боја на вашата коса.rnrn3. Притискање на ушите. Ставете ги дланките на ушите и притискајте ги 30 пати во рок од 30 секунди. Ако на почетокот почувствувате болка, тогаш тоа е знак за хронична болест и може да се појават одредени симптоми, особено ако се поврзани со ушите. Но, не прекинувајте, туку продолжете со понежно притискање, додека не помине болката. Доколку станува збор за хронично воспаление на ушите, тоа ќе помине со текот на времето, а на овој начин може да го подобрите и вашиот слух. Ако сте упорни во период од 6 месеци, хроничната болка ќе помине. За лекување на сериозни проблеми потребно е подолго време, од година и пол до две.rnrn4. Затегање на лицето. Ставете го палецот зад ушите, рацете стиснете ги во тупаница и почнете да го затегнувате лицето од брадата до ушите, и масирајте силно притискајќи ја кожата на лицето. Повторувајте го тоа 30 пати. После оваа вежба ќе почувствувате прилив на крв во лицето и може ќе забележите пот. Со ова се подобрува лимфниот проток и се затегнува кожата.rnrn5. Масажа на челото. Ставете ја десната дланка на челото, а левата врз десната. Тријте со движења од лево на десно и така 30 пати. Со ова се активира хипофизата и се подобрува работата на синусите.rnrnГимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телотоrnrn6. Масажа на главата. „Летајте“ со рацете над главата. Направете прстен и движете ги над главата, напред-назад, 30 пати, а потоа лево-десно од едното уво кон другото, исто така 30 пати. За оваа вежба треба малку да ја подигнете главата. Таа има моќ да го нормализира притисокот, како високиот, така и нискиот, а исто така го подобрува движењето на зглобовите на рамената, а ги зајакнува и мускулите на рацете. Со текот на времето исчезнуваат болките во рацете, а ако порано не сте можеле да ги држите, наскоро ќе можете да го правите тоа со леснотија.rnrn7. Масажа на тироидната жлезда. Ставете ја десната рака на тироидната жлезда, а левата на десната. Со левата рака правете полусфера од грлото до крајот на стомакот, како да масирате енергетски центри и тоа повторувајте го 30 пати. На крај, ставете ја левата рака на десната и задржете се неколку секунди.rnrn8. Масажа на стомакот. Спуштете ги рацете на стомакот. Ставете ја десната долу, а левата горе и така масирајте го стомакот 30 пати во правец на стрелките на часовникот. Со оваа вежба се нормализира работата на абдоминалните органи.rnrn9. Вежба со нозете и рацете. Дигнете ги рацете и нозете нагоре и правете кружни движења 30 пати, а потоа растресете се. Тоа ја подобрува циркулацијата на крвта.rnrn10. Триење на стапалата. Тријте ги стапалата едно со друго и со рацете секое стапало, па внимавајте дали ќе забележите некои болни точки. Ако има такви, тогаш масирајте ги повеќе, а особено внимание обрнете на средината на стапалото.rnrnГимнастика за постари луѓе која за брзо време го подмладува и го зајакнува телото

  • 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

    10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметни

    „Невробик“ е термин што се користи за опис на група ментални вежби, кои на мозокот му овозможуваат една посебна „гимнастика“. Тука се вклучени сите наши сетила: Вид, слух, допир, вкус и мирис. Редовното вежбање го поттикнува растот на нови невронски врски во различни делови од мозокот, ги зајакнува нервните станици и го поттикнува производството на мозочните хранливи состојки кои го подобруваат паметењето.rnrn(1) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметниrnrnВи ги препорачуваме овие едноставни, но многу корисни вежби. На тој начин, секој ден можете да го вежбате својот мозок, што ќе ја подобри вашата физичка и емоционална состојба.rn

    1. Четкајте ги забите со недоминантната рака

    rnНаучните истражувања покажуваат дека користењето на хемисферата од нашиот мозок којашто не е доминантна (што всушност се поттикнува со оваа вежба), резултира со брзо и значително проширување на кортикалната површина.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЕдноставно четкајте ги забите со раката којашто не ви е доминантна (ако сте деснак користете ја левата рака и обратно). Исто така, не заборавајте со истата рака да ја отворате пастата и да ставата од неа на четката.rn

    2. Туширајте се со затворени очи

    rnДопирот активира различни делови од нашиот мозок. Додека очите ви се затворени, под рацете можете да ја почувствувате текстурата на кожата, којашто не можете да ја видите. Тоа е така благодарение на нервните завршетоци во вашите дланки и прсти, коишто испраќаат знаци во мозокот кога доаѓаат во допир со кожата.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnОбидете се да ги користите само своите чувства за допир (притоа внимавајте да ги отстраните сите опасности во околината, кои можат да ви нанесат повреда). Внимателно со затворени очи наместете ја саканата топлина на водата и потоа уживајте под млазовите вода.rn

    3. Внесете свежина во утринските ритуали

    rnИстражувањата на мозокот покажуваат дека со промена на секојдневната рутина, се зголемува дебелината на кортексот и се подобрува активноста на мозокот.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnПо појадокот облечете се, изберете ново место за прошетка на вашето куче, сменете ги вашите омилени ТВ канали или радио станици.rnrn(2) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметниrn

    4. Свртете ги наопаку познатите предмети (навистина, сторете го тоа!)

    rnКога ги гледаме работите околу нас, кои се наоѓаат во нивната правилна положба, нашата лева вербална хемисфера лесно преминува преку тие предмети и брзо го префрла вниманието на други нешта. Со превртување на веќе познатите работи наопаку, ја фрлате во работа десната половина од мозокот, а истовремено, се посветува поголемо внимание на работите коишто ги гледате, нивните форми и бои.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnСвртете ги наопаку семејните фотографии, ѕидниот часовник или календарот.rn

    5. Сменете го местото на масата

    rnВо повеќето семејства, секој член си има свое место на масата, но понекогаш треба да го изненадите мозокот со ново искуство, со цел да се влијае врз неговиот развој.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnСеднете на друго место за да ја смените положбата и погледот на собата, како и на луѓето околу вас. Ќе забележите дека со тоа се сменил дури и начинот на кој ги земате солта и биберот.rn

    6. Вдишувајте нови мириси

    rnВеројатно не можете да се сетите кога и како сте го поврзале мирисот на кафето со почетокот на новиот ден. Но, поврзувањето на необични мириси и вкусови, на пример, ванила, цимет и пеперминт, со која било активност, ќе му помогне на вашиот мозок да изгради нови невронски патишта.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЕдна седмица оставајте го вашиот омилен мирис во близина на креветот на кој спиете. Вдишете го штом се разбудите, откако ќе се искапете и пресоблечете.rn

    7. Отворете го прозорецот во автомобилот

    rnХипокампусот е дел од мозокот кој е одговорен за паметењето. Вашите сеќавања ќе бидат поживописни доколку се вклучат мириси, звуци и делови од пејзажите.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnОбидете се да препознаете нови мириси и звуци на вообичаената рута по којашто возите. Едноставното отворање на прозорецот од автомобилот ќе ви помогне поубаво да ги апсорбирате сите нешта од надвор.rnrn(3) 10 забавни ментални вежби кои ќе ве направат попаметниrn

    8. Проучете ги производите во маркетите

    rnВо сите супермаркети, најпрофитабилните производи се секогаш сместени во висина на вашите очи. Затоа, кога купувате обидете се да го проширите вашиот поглед по полиците.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЗастанете меѓу два реда полици и детално погледнете од врвот до дното. Доколку забележите нешто што не сте го виделе порано, земете го тој производ, прочитајте што пишува на амбалажата, проучете ги состојките и размислете малку за неговата употреба. Не морате да го купите тој производ, едноставно, главната задача сте ја завршиле. Сте ја надминале секојдневната рутина и сте се стекнале со ново искуство.rn

    9. Комуницирајте повеќе во текот на денот

    rnНаучните истражувања во повеќе наврати докажуваат дека недостатокот на комуникација сериозно влијае врз целокупната когнитивна способност.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnНаместо на банкомат, вадете пари на шалтер во банка. Наместо да пазарувате во големите маркети, посетете го локалното пазарче…rn

    10. Сменете го начинот на читање

    rnДодека читаме или ги слушаме другите луѓе како читаат, ние активираме различни делови од мозокот. Читањето на глас или читањето во себе различно влијаат врз работата на нашиот мозок.rn

    Како да го сторите тоа:

    rnЧитајте му на глас на вашиот партнер, а потоа сменете ги улогите на читател и на слушател. Можеби ќе ви треба повеќе време да ја прочитате книгата, но на тој начин и ќе си посветите повеќе време заедно, а и позабавно е да се чита на глас.

  • 20 интересни прашања за вежбање на мозокот

    20 интересни прашања за вежбање на мозокот

    Познато е дека за мозокот да биде во добра форма потребно му е секојдневно вежбање. Докажано е дека различните загатки и логички задачи се одлични за најпаметните мускули. Поголемиот дел од нив, особено оние што се наменети за деца, содржат клучен момент за решението кој обично ние како возрасни го игнорираме. Додека некои можат да се решат со малку напор, некои ги оставаат замислени со часови дури и најбистрите мозоци. Ова се 20 загадочни прашања кои ќе ви послужат како одлична утринска гимнастика на мозокот…rnrn20 интересни прашања за вежбање на мозокотrnrn1. Според Меѓународното здружение за воздушен превоз, два патника не смеат да седат заедно во истиот ред во авионот. Кои се тие?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Мачки и кучиња.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn2. Група жени се качуваат во локален автобус. Иако автобусот не е преполн, тие седнуваат на задните седишта. Зошто?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Се наоѓате во Иран. Малите деца и сите жени мораат да седат во задниот дел од автобусот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn3. Во 1445 година луѓето во Москва мислеле дека ќе се соочат со апокалипса затоа што црковните ѕвона почнале самите истовремено да ѕвонат. Но, истото се случило и во 1091 во Киев и повторно во 1802 во Москва. Која била причината за тоа?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Земјотрес.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn4. Жителите во Мјанмар (Бурма) одгледуваат добиток и живина, но многу ретко го колат добитокот, па дури и живината. Обично ги продаваат животните на пазар, претежно на соседните земји како Кина и потоа го купуваат назад месото што го сакаат. Зошто трошат толку време и пари?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Поради будистичкото учење ахимса (да не се нанесува штета никому).[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn5. Во еден период во Европа кратењето на опашката на кучињата било вообичаено без оглед на расата на кучето. Зошто?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Порано, сопствениците на кучиња плаќале такса според должината на опашката на кучето. Според тоа, кратењето на опашките било со цел да се намали износот на таксата.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn20 интересни прашања за вежбање на мозокотrnrn6. Секој ден планетата Земја станува потешка, односно качува до 60 тони поради што?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Космичка прашина.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn7. Што имаат заедничко Русија, Турција и Египет?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Се наоѓаат на два континента.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn8. Во 1945 година секоја убиена кокошка во Музо, Колумбија била прегледувана од јавен службеник. Зошто имале толку чуден закон?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Ги отстранувале скапоцените камења од желудникот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn9. Во 1965 година Пеле добил златен медал од Министерството за образование во Бразил за неговата автобиографска книга „Пеле“. Зошто книгата имала влијание на образованието?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Илјадници неписмени Бразилци почнале да читаат со една единствена цел: Да ја прочитаат автобиографијата на Пеле.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn10. Некои африкански племиња од Сахара закачуваат торбички полни со инсекти на нивните нозе кога одат да ловат навечер. Зошто им е потребно такво нешто?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]За да си го осветлат патот (ставале светулки во торбичките).[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn20 интересни прашања за вежбање на мозокотrnrn11. Во 1997 година кога власта на Табаско, Мексико решила да ги забрани сите видови пиво за да ја намали појавата на алкохолизам, реакциите биле исклучиво негативни. Потоа, Конгресот на државата добил брилијантна идеја: Ја забраниле продажбата на само еден вид пиво. За кое пиво се работи?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]За ладното пиво.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn12. Во Свациленд никогаш не смее да се прекинува сенаторот кога прави една работа за време на парламентарски собир затоа што тој можеби во моментот се консултира со големите предци. Што прави тој?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Спие.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn13. Голем дел од сувенирите кои можат да се купат во традиционалните африкански села веројатно се користеле како средство за лечење болести. За кои сувенири станува збор?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Традиционалните африкански исцелители користеле маски за да ги излечат болните. Потоа тие маски се продавале како сувенири.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn14. Овој мал град во Андалузија, Шпанија бил првото пристаниште во историјата кое им наплаќало на трговците за користење на истото. Како се вика градот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Тарифа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn15. Оваа река во Орегон, САД влегла во Гинисовата книга на рекорди како најкратката река во светот, долга 130 метри. Нејзиното име кое почнува на буквата „Д“ е веројатно најкраткото име на некоја река. Кое е името?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Реката Д.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn20 интересни прашања за вежбање на мозокотrnrn16. Астронаутите велат дека од вселената речните корита личат на системот за циркулација на живите суштества. Колку интересно! Случајност или не, но за време на Втората Светска војна докторите користеле еден вид вода наместо крвна плазма. Кој вид вода е ова?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Докторите користеле морска вода кога ќе им снемало лекови.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn 17. Далтонистите не смееле да служат војска во американските воздушни сили пред 1941 година. Но, ситуацијата се сменила на почетокот од Втората Светска војна. Одеднаш тие станале многу популарни помеѓу кандидатите. Зошто?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Откриле дека тие многу лесно ја препознаваат камуфлажата бидејќи ним им се истакнувала.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn18. Некои северни мориња имаат долги тесни бразди, уште познати како вдлабнатини или корита. Тие можат да достигнат до 30 метри во должина и 5 метри во длабочина. Кој е одговорен за овој феномен?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Ледените морски брегови.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn19. Првите божиќни елки во Европа стоеле точно на едно место во домовите. Каде?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Ги носеле елките дома и ги закачувале да висат од таванот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn20. Секоја година околу Нова година, Исланд поставува нови рекорди во продажбата на еден одреден производ. Кој е овој производ?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Огномет. Според законот, населението во Исланд смее да користи огномет само во периодот околу Нова година.[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Најтешките женски потези во сала за вежбање

    Најтешките женски потези во сала за вежбање

    Она што ќе го видите на ова видео ќе направи да се пролигавите со отворена уста, без разлика дали гледате од машка или од женска перспектива. Најтешките женски потези во сала за вежбањеОона Кивела, која изведува артистички точки на шипка, а се занимава со гимнастика од својата 9-та година, ги совладала сите справи во салата за вежбање и ни ги презентира најтешките, хардкор вежби, кои бараат голема еластичност и цврсти мускули. Би пробале да направите нешто од ова?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најтешките олимписки дисциплини

    Најтешките олимписки дисциплини

    Спортските натпревари на Олимписките игри, по правило, се едни од потешките, но одредени олимписки дисциплини се издвојуваат како најтешки.rn
    rn

    Маратонско пливање

    rnМаратонското пливање е една од најтешките олимписки дисциплини, затоа што потребно е да се вложат натчовечки напори сè со цел да се препливаат 10 километри за 2 часа. Освен тоа што целото тело ви лебди во вода, постојано треба да се справувате со брановите, струите, живиот свет, а понекогаш дури и со канализацијата. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Борење

    rnДоколку Александар Карелин, рускиот трикратен освојувач на златниот медал во супер тешка категорија во грчко – римски стил ве нападне, дали би знаеле како да се одбраните? Борењето се смета за доста тежок спорт затоа што натпреварите се одвиваат во текот на еден ден, што значи дека секој натпреварувач мора да победи во 5 напади, во текот на 3 рунди, кои траат по 2 минути. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Бокс

    rnВо едно американско истражување за биомеханичките удари во глава учествуваа седум олимписки боксери. Резултатите беа следниве: брзината на ударот со рака изнесува 15,24 метри во секунда, просечната тежина на ударот изнесува 2,9 килограми, додека силата со која се поместува главата во моментот на ударот е 53 пати поголема од силата на гравитацијата. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    50-километарско брзо одење

    rnБрзото одење цели 50 колиметри придонесува опаѓање на крвниот притисок до тој степен што губите контрола и воопшто не го чувствувате телото од половина надоле. Овој факт е потврден дури и од искусниот натпреварувач во брзо одење на 50 километри, русинот Сергеј Бакулин. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Кругови (гимнастика)

    rnОва е една од најтешките гимнастички олимписки дисциплини и затоа во неа се натпреваруваат само мажи. Алберт Азарјан, американецот кој освои златен медал за Советскиот Сојуз во оваа дисциплина во 1956 и 1960 година, беше првиот кој ја изведе позата позната како „Железен крст“ или „Распетие“. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Теквондо

    rnТеквондо е стара корејска боречка вештина, но и една од најстарите олимписки дисциплини. Тука ударите во глава кои предизвикуваат потреси се вообичаени, додека екстремната природа на теквондото носи ризик од сериозни повреди на лигаментите. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Десетобој и седмобој

    rnДа се натпреварувате во збир од десет, односно седум атлетски дисциплини, е навистина тешка задача. Натпреварите во десетобој и седмобој се одржуваат во рок од два дена, а само една мала повреда може да биде пресудна за понатамошното натпреварување во овие дисциплини. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Скок во вода

    rnСкоковите во вода се сметаат за тешки заради неколку причини. Како прво, скокалницата е висока 10 метри, потоа, за време на скокот треба да се завртите за 180 степени, а рамнотежата на скокалницата треба да ја одржувате со помош на прстите. При вртењето треба да бидете исклучително внимателни за да не добиете повреда, а при конечното влегување во вода треба да заземете вертикална положба. Најтешките олимписки дисциплиниrn

    Пинг-понг

    rnПинг-понгот не е само еден од најтешките, туку и еден од најбрзите спортови. Тежината на овој спорт се состои во големата концентрација и брзите реакции кои се потребни за да се натпреварувате во пинг-понг. Се смета дека пинг-понг топчето се врти и до 150 пати во секунда. Најтешките олимписки дисциплиниrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Танцувачи меѓу нас

    Танцувачи меѓу нас

    Барем еднаш на сите ни се случило несвесно да заиграме кога ќе ја слушнеме вистинската песна во вистински момент. Тогаш без никакво објаснување нашето расположение го достигнува својот максимум и во наредните неколку часови никој и ништо не може да го намали. Но, доколку тоа ни се случи на отворен простор и покрај интензивната потреба да заиграме, нешто нè спречува и си продолжуваме по нашиот пат како ништо да не се случило…Танцувачи меѓу насНо, за танчерите од проектот „Танцувачи меѓу нас“ како што видовме и претходно, овие настани се секојдневна појава. А доколку некогаш решите да се препуштите на музиката и да заиграте помеѓу голем број непознати луѓе – отприлика вака би изгледале во нивните очи…Танцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу нас
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Несекојдневниот календар на еластичната Русинка Злата

    Несекојдневниот календар на еластичната Русинка Злата

    Којзнае колку би ни било интересно и практично да можевме да си ги префрламе стапалата преку рамена додека читаме книга за да ги одмориме рацете или да го превиткаме ’рбетот под прав агол за убаво да се истегнеме секогаш кога имаме болки во грбот. „Гумената“ Русинка Злата покажува дека може многу повеќе од тоа, позирајќи на 12 несекојдневни и секси начини, за нејзиниот календар за 2012 година.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаЗлата не само што е неверојатно флексибилна и може да го витка телото како ù душа сака, таа очигледно може да работи и некоја друга работа паралелно, на пример да готви со една нога префрлена преку главата. 🙂Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаОваа Русинка, која сега живее во Германија, а чие вистинско име е Julia Gunthel, го открила нејзиниот талент кога имала само четири години и уште од таа возраст можела да го витка телото наопаку. Чуден пресврт во нејзината кариера е тоа што таа во ноември оваа година, го освоила Гинисовиот светски рекорд за најбрзо дупнување три балони со грб, кое таа го извела за само 12 секунди.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаРусокосата акробатка која е висока 175 сантиметри, а тешка 54 килограми, поголемиот дел од денот го поминува вежбајќи и подготвувајќи се за шоута ширум светот на кои таа настапува. Една од омилените пози на поранешната гимнастичарка е онаа кога го витка долниот дел од телото наназад, формирајќи совршен агол од 90 степени, при што виртуелно изгледа како да е пресечена на пола бидејќи за нас, обичните смртници, е невозможно да си ги качиме стапалата на глава.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаНесекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаНо, талентот на оваа дваесет и петгодишна девојка не завршува овде. Таа исто така, умее да го свитка целото тело за да влезе во кутија со големина од 50 сантиметри квадратни.rn. rn

    Правењето на овие пози е сосема природна работа за мене. Понекогаш може да ми стане малку неудобно, доколку морам за време на фотосесиите подолго да останам во некоја поза. Но, мислам дека таквото чувство е идентично како кај секој човек кој подолго време седи во една иста положба и му се вкочануваат мускулите. Јас не држам некои посебни диети, но морам да тренирам многу напорно за да ги одржувам моите мускули во добра форма и да бидам што е можно пофлексибилна.“ – вели Злата

    rnНесекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаПокрај тоа што напорно вежба, Злата сепак има и многу ретка медицинска состојба која ги прави нејзините мускулни жили екстремно еластични, а тоа ù оди во прилог на нејзината професија.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаПоради нејзините невообичаени способности, таа кога била малечка, искусила љубомора од другите девојчиња.rn. rn

    Во Русија, да се биде флексибилен е многу добра работа бидејќи сите ја обожаваат гимнастиката. Но, на некои девојчиња не им се допадна колку мене ме бива за оваа професија.“ – објаснува таа

    rnОвој календар можете да го нарачате онлајн на нејзиниот веб-сајт за 17.90 евра, плус патни трошоци.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ви го претставуваме Демиен Волтерс – човекот од гума

    Ви го претставуваме Демиен Волтерс – човекот од гума

    Демиен Волтерс е професионален каскадер, тркач, поранешен гимнастичар и актуелен тренер по гимнастика. Неговите „најбесни“ изведби се дел од ова видео кое има за цел во неколку минути да ги претстави неговите вештини. Скока од покриви, влегува низ прозорец од автомобил и излегува од другиот во еден потег, во скок си ја мести капата на главата…Ви го претставуваме Демиен Волтерс - човекот од гумаrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Танц во воздух

    Танц во воздух

    Понекогаш наидуваме на фотографии кои едноставно кажано не тераат да потскокнеме од радост. Проектот на њујоршкиот фотограф Џордан Матер т.н. „Танцувачите меѓу нас“ го постигнува токму тој ефект. Овој проект Џордан започнал да го работи пролетта, 2009, со артисти од „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“, кои изведуваат неверојатни движења во воздух, без трамбулина или други слични помагала кои го засилуваат телото при скок. Проектот го работел една година, а фантастичните фотографии кои се направени на различни локации во Менхетен, едноставно се резултат на стотици часови напорно вежбање.Танц во воздух.rn

    Идејата за овие фотографии ја добив кога гледав една од изведбите на танцувачите во „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“. Бев импресиониран од чудесната комбинација од уметност и атлетика која ја имаат во себе танцувачите. Тие се посветени и ангажирани околу вежбањето на движењата и надвор од нивните проби и изведби – тоа е нивен начин на живот.

    rnТанц во воздух.rn

    Во фотографиите танцувачите се обидувам да ги прикажам како најобични луѓе. Ги фотографирав далеку од нивната сцена како ги извршуваат нивните секојдневни обврски танцувајќи. Работата на овие танцувачи говори за моќта на живеење на животот со страст. Ако целосно се внесеш себеси во нешто, што е твое ќе си дојде.

    rnТанц во воздух.rn

    Размислував за рецесијата и како таа се одразила на талентираните луѓе кои можеби ја изгубиле нивната работа. Дали сè уште ќе работиш како танцувач, ако не си платен за твојата изведба? Или дали сè уште ќе бидеш готвач ако немаш кујна во која ќе готвиш? Станува збор за луѓе со неверојатен талент кои чекорат по улиците и ги рекламираат нивните способности секојпат кога ќе посакаат. Танцувањето е неизоставен дел од нив и тие секогаш ќе бидат танцувачи.

    rnТанц во воздух.rn

    Бев вџашен од талентот кој го поседуваат танцувачите на Пол Тејлор и благодарение на еден мој пријател успеав  да дојдам до овие момци и девојки, кои дојдоа и ми го ставија на располагање нивното слободно време за овој проект.

    rn

    Танц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздух