КАФЕ ПАУЗА

Tag: функционалност

  • Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

    Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

    Секоја недела излегува некоја нова студија која ги реафирмира придобивките на физичката активност за работата и функционалноста на мозокот. Но колку да звучи повторливо, сепак експертите се согласуваат дека ако постои барем една дневна навика или животен избор кој ќе ви помогне да го одржите мозокот и телото здрави во текот на вашиот животен век, тогаш физичката активност е одговорот кој го барате.rnrnКој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?rnrnВо истражувањето „Физичката активност во слободното време се поврзува со когнитивниот пад: Студијата на Северен Менхетен“, спроведено изминатава недела од страна на тимот истражувачи од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Мајами и објавено во дневникот „Неврологија“ се објаснува дека луѓето кои не правеле ниту лесни вежби, како што старееле искусувале пад на мозочната активност еднаков на 10 години во споредба со оние кои практикувале умерена физичка активност.rn

    „Бројот на луѓето над 65 години се зголемува, што значи дека ќе се зголемат и проблемите со мислењето и меморијата во јавното здравје. Нашата студија покажува дека редовното вежбање може да биде многу корисно, посебно за постарите луѓе, во подолгото задржување на когнитивните способности“, вели Клинтон Б. Врајт, доктор и магистер при Универзитетот во Мајами.

    rnБидејќи се смета дека физичката активност за време на слободното време има неврозаштитни придобивки врз деменцијата, со ова истражување, спроведено врз 876 луѓе, се докажало дека вежбањето е многу корисно против падот на функцијата на когнитивните активности на мозокот. 90% од испитаниците рекле дека прават никаква или лесна физичка активност како бавното пешачење или јога, а 10% рекле дека прават умерена до висока физичка активност како трчање, велосипедизам, аеробик. На сите им биле дадени вежби за меморија и размислување и им било направено магнетна резонанса на главата. Пет години подоцна, им биле дадени истите тестови.rnrnСо анализирањето на податоците, истражувачите откриле дека оние кои покажале ниска физичка активност имале поголем пад на мозочната функционалност во текот на тие 5 години, во споредба со оние кои практикувале умерена или висока физичка активност. Според резултатите од тестовите, истражувачите заклучиле дека разликата била еднаква на 10 години стареење.rn

    „Физичката активност е атрактивна опција да се намали товарот од мозочна нефункционалност во јавниот здравствен систем бидејќи е евтина и нема никакво влијание врз дејството на различните лекови“, заклучува д-р Врајт.

  • Важноста на чантите за жените: Што кажува за вас онаа која ја носите?

    Важноста на чантите за жените: Што кажува за вас онаа која ја носите?

    Надворешниот изглед е начин преку кој го изразуваме своето јас. Се облекуваме така како што се чувствуваме, секој на свој начин и во она во кое се чувствуваме најубаво. Секое парче облека, секој додаток, чевлите… Сите овие работи кои внимателно ги избираме и комбинираме откриваат дел од нашиот карактер и по малку ја опишуваат нашата личност. Истиот случај е и со чантата која ја носиме. Таа е симбол кој на светот му кажува нешто повеќе за нас, па како таква има голема улога во оној т.н. прв впечаток кој го оставаме на некој кој го запознаваме за прв пат.rnrn(1)-shto-kazhuva-za-vas-chantata-koja-ja-nosite-kafepauza.mkrn

    Функционалност

    rnЧантата е главно собиралиште за секоја потребна и непотребна работа, особено онаа женската. За првпат чантите се појавиле во средината на 19-иот век и со една единствена намена – во нив да се чуваат основните и неопходни работи. Со текот на времето, чантата добила двојна функција. Жените почнале да носат чанти кои го изразуваат нивниот моден стил, па денес чантата претставува и неопходен, но и моден детаљ на секоја жена. Така, доколку функционалноста на чантата е поважна за жената отколку модата, таа најверојатно ќе одбере чанта која е доста практична и во која може да ги собере сите неопходни ситници.rn

    Големината е важна

    rnПостојат милиони различни типови чанти, во сите можни бои и големини и секоја соодветна за различна пригода. Голема или мала, сѐ зависи од вкусот и потребите на жената. Големите чанти се најчесто избирани поради нивната функционалност, што не го исклучува фактот дека можат соодветно да одговараат на облеката. Малите чанти, од друга страна, се повеќе избирани за моден изглед, кафе шема или вечерни излегувања. Како големината на чантата влијае на изгледот? Доколку е чантата преголема во однос на телото на жената, се добива прилично неприроден изглед, односно пренатрупаност во поглед на додатоци, дури и ако имате само чанта на себе. Доколку чантата е премала за да ги задоволи потребите, се добива доста неуредна слика за личноста која ја носи, па таа воопшто не изгледа убаво.rnrn2-shto-kazhuva-za-vas-chantata-koja-ja-nosite-kafepauza.mk_rn

    Бренд

    rnЗа некои жени, брендот на чантата која планираат да ја носат е многу важен. Се следат најновите модни трендови и се чита и слуша за најславните модни имиња, а сѐ што тие креираат е неверојатно привлечно и целосно ин. Од друга страна, носењето брендирана чанта кажува многу за социјалниот статус на личноста која ја носи. Тие се прилично скапи, па може да се претпостави дека жената која носи чанта од некој светски познат бренд е добро ситуирана. Но додека за некои жени е важно тоа што со брендираната чанта го изразуваат својот статус во општеството, за други брендот може да биде опсесија. Тие едноставно обожаваат некој бренд, па се случува да купуваат чанти кои дури не се ни практични. Но фактот дека се модерни и од нивниот омилен креатор е многу поважен за нив. Со други зборови, брендот е одраз на модниот вкус, стилот, но и на социјалниот статус.rn

    Она што се случува внатре

    rnВнатрешноста на чантата е одраз на културата, трпението и контролата на личноста која ја носи. Средена или хаос, полна или празна, со секакви глупости или исполнета само со потребните и неопходни работи. Секое од овие четири нешта открива поинаква особина за личноста која ја носи. Во поглед на самата чанта, жените кои се грижат за тоа каков впечаток оставаат на луѓето околу нив поверојатно ќе носат модерни и наизглед убави чанти, во кои ќе ги собере нивниот телефон, огледалото, паричникот и карминот. Оние жени за кои чантата претставува секојдневна потреба ќе одберат практична чанта, со повеќе прегради и џебови, во која лесно и организирано можат да ги сместат работите кои ги носат со себе, односно чанта во која собира сѐ.rnrn3-shto-kazhuva-za-vas-chantata-koja-ja-nosite-kafepauza.mk_rnrnИ внатрешниот и надворешниот изглед на чантата кажуваат многу за секоја жена. Секој детаљ од чантата може да ни открие нешто за жената, карактерно или во однос на физичкиот изглед. Чантата е од големо значење за секоја жена, таа е чувар на нејзините лични работи, па не за џабе велат дека ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за жената, треба да погледнеш во нејзината чанта.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Функционални работни катчиња во мал простор

    Функционални работни катчиња во мал простор

    Не секој располага со доволно голем станбен простор за уредување на посебна канцеларија. Но, доколку работите од дома, и тоа како ви е потребно ваше лично, работно катче, каде слободно ќе можете да ѝ се препуштите на вашата креативност и да уживате во вашето парче слобода. Доколку не знаете како би го постигнале тоа, се надеваме дека следниве совети ќе ви помогнат во реализацијата.rnrn(0) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mkrn

    Поделете го работниот простор од дневната соба

    rnПотрудете се да го изолирате работното катче од дневната соба со одредено парче мебел. На пример, соодветно голем плакар и слично, притоа внимавајќи на естетиката. Ваквото изделување позитивно ќе влијае врз вашите професионални достигнувања.rn

    Најдете соодветно биро

    rnДоколку имате слободен ќош, пронајдете го соодветното биро, што би се вклопило таму. Или пак, тоа може да биде едноставно потпрено на ѕидот. Што и да правите, размислувајте на функционалноста. Не ви е потребен огромен работен простор, сѐ додека имате одлично биро.rn

    Потребните работи нека ви бидат при рака

    rnБез разлика дали ќе поставите и неколку полици над самото биро, внимавајте сѐ што ви е потребно за работата да ви биде при рака и лесно достапно. Секако, зборуваме за најразлични документи, папки, канцелариски прибор, лаптоп итн. Некои од работите распоредете ги на полиците, некои ставете ги на самото биро, а другите пак, наредете ги во украсни кутии, кои одговараат на боите и сензибилитетот на вашиот дом.rnrn(1) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (2) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (3) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (4) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (5) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (6) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (7) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mk (8) funkcionalni-rabotni-katchinja-vo-mal-prostor-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уредете го домот според хороскопскиот знак

    Уредете го домот според хороскопскиот знак

    Дајте му душа на просторот во кој живеете со помош на советите од ѕвездите. Сакате дом полн со ситни спомени кој заличува на музеј или пак минималистичка едноставност и строги линии? Астрологијата може да ви помогне да го разубавите просторот во вашиот дом.rnrnРибите најмногу сакаат раскошна бања, ракот сака да го украси ѕидот со семејни фотографии, на бикот најважен му е креветот, близнакот мора да има модерни полици за неговиот телевизор, додека вкусот на лавот е луксузен, но некогаш и по малку кичест.rnrnuredete-go-domot-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mkrn

    Овен – функционалност

    rnВо домот на овенот сè мора да биде добро средено и пристапно. Овој знак има смела смисла за дизајн, но нема трпение да се занимава со премногу детали. На неговата огромна енергија најмногу одговараат интензивни и светли бои, па ова е еден совет кој можат да го земат предвид при уредувањето на домот.rn

    Бик – удобност

    rnКаучот и креветот се најважни елементи од мебелот во домот за бикот. Квалитетот е на прво место. Кога бикот купува мебел за дома, сака да избира природни влакна кои создаваат попријатна и опуштена атмосфера. За биковите идеални се земјените бои, кои добро е да ги комбинираат со пролетните, а од материјалите сакаат кадифе и дрвени рамки. Доколку не користат некои стари парчиња мебел кои ги имаат во домот, треба да ги подарат некому наместо да го затрупуваат просторот со непотребни работи.rn

    Близнаци – комуникација

    rnНа близнаците комуникацијата им е на прво место, па затоа им е потребен модерен и мултифункционален мебел. Близнакот треба да се погрижи да има квалитетни и естетски ѕидни носачи или фенси полици за телевизорот и компјутерот, додека истовремено мора да си осигура супербрз интернет.rn

    Рак – фамилијарни мотиви

    rnНа раковите им се препорачува да украсат еден цел ѕид во дневната или во ходникот со врамени фотографии од своите роднини и семејството, како и со некои други спомени од минатото. Бидејќи тие се сентиментални души, некој ваков предмет ќе им значи многу повеќе отколку некое модерно парче мебел за кое сите зборуваат.rn

    Лав – луксуз

    rnЛавот секогаш ќе си го дозволи најдоброто што може. Овој знак гордо ќе си купува нови, атрактивни парчиња мебел за својот дом, и ќе обрнува внимание сето тоа убаво да изгледа, бидејќи постојано сака да ги воодушевува оние околу него. Заради потребата постојано да купуваат многу нови модерни ствари кои не одат најдобро една со друга, просториите на лавовите можат да бидат и по малку кичести. За нив идеални се топлите бои.rn

    Девица – ред и организација

    rnДевиците се најпознати по своето чувство за ред и дисциплина, што многу добро се гледа по нивните полици во домот. Тие ќе го искористат и најмалиот простор, но никогаш нема да зачуваат нешто што нема своја функција. Со добра организација и истенчен осет за естетика, тие се мајстори за примена на формулата: како со малку да направиш многу.rn

    Вага – декор

    rnЕстетиката им е многу важна на вагите, па тие се трудат да го украсат својот простор за живеење со предмети кои го одржуваат нивниот стил. Совет за припадниците на овој знак е да избегнуваат распродажби и купување на половни предмети. Домот на вагата е како уметничка галерија во која се изложени оригинали. Треба да употребуваат светли и провидни бои, како и метални и стаклени површини.rn

    Скорпија – приватност

    rnДомот е најдрагото место за скорпијата, па затоа најдобро е при уредувањето таа да користи мирни и потемни бои. Приватноста му е многу важна на овој хороскопски знак, па тие своите лични спомени сакаат да си ги чуваат во фиока. Доста се врзуваат со предмети и патат од прекумерно чување ствари, поради што треба повремено да прават селекција и да се ослободуваат од непотребното.rn

    Стрелец – прилагоденост

    rnВо идеална варијанта, благодарение на нивната практичност и ромска душа, домот на стрелецот е лесно пренослив, па селидбата за нив е лесна задача. Меѓутоа, знаат да се затрпаат со многу предмети кои сведочат за некои возбудливи моменти од нивниот живот. Најдобро би било да се обидат да ги организираат на начин кој ќе овозможи полесно одржување на домот, како не би се удирале на нив при секое поминување.rn

    Јарец – традиција

    rnЗа јарците традицијата е клучна. Тие својот простор сакаат да го декорираат со одбрани предмети кои ја одржуваат личната историја, вклучувајќи и дел од семејното наследство и винтиџ парчиња мебел кои во последно време се повторно во тренд. Бидејќи практичноста е една од нивните одлики, тие секогаш размислуваат за намената која некое парче мебел може да ја има, пред да решат да го фрлат, подарат или продадат.rn

    Водолија – еклектичност

    rnТие се познати по својата еклектична црта, па затоа не обрнуваат многу внимание на правилата кога е во прашање дизајнот, туку својот животен простор го уредуваат онака како што им одговара според нивниот вкус. На водолиите едноставно сè им е дозволено, па можат слободно да комбинираат принт со точки и пруги, како и сè друго што го одликува нивниот единствен вкус.rn

    Риби – едноставност

    rnНа рибите, како воден знак, најважен дел од домот им е бањата. Затоа тој дел треба да изгледа што пораскошно и поудобно за моментите кога им е потребен одмор и релаксација. Тие најчесто бираат простор кој диши и мами со својата удобност. Рибите се склони кон едноставни линии, заради што многу им е лесно да го одржуваат домот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 12 креативни начини да уредите мал стан

    12 креативни начини да уредите мал стан

    Големината на вашиот дом не е важна, туку топлината која владее во него. Ова се 12 креативни начини да уредите мал простор, да го направите функционален и визуелно поголем.rn

    1. Одберете долги завеси

    rnПоставете ги завесите високо до таванот така што вашите прозорци ќе бидат визуелно поголеми, а воедно и целата просторија.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    2. Офарбајте го мебелот

    rnДоста креативно решение за да внесете разиграност во вашето место на живеење. Доколку ги обоите ѕидовите во различни бои просторот може да делува позатворен, затоа, ако сакате да внесете боја во вашиот дом, подобро решение е да го исфарбате мебелот во светли и привлечни бои.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    3. Двојна функција

    rnСекаде каде што имате прилика направете ги нештата што пофункционални. На пример, покрај ѕидот во дневната соба поставете долга маса со повеќе фиоки која може да ви служи како работно биро, а кога ќе се расчистат материјалите воедно да ви служи и како бар или маса со закуски доколку приредувате забава.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    4. Сокријте

    rnЖивеењето во стан често подразбира справување со работи кои не можете да ги промените. Непотребните работи како кабли, прекинувачи и слично, можете да ги „маскирате“ на пример со ѕидни слики.rn

    5. Плус просторија

    rnДа претпоставиме дека живеете сами, со партнер или со цимер/ка. Трпезариска просторија не ви е потребна па најдобро би било просторот да го преуредите и да го искористите порационално.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    6. Искористете ги ѕидовите

    rnНајпаметен начин за заштеда на простор е поставување полици на ѕидовите. Практични се, убаво изгледаат и заштедуваат многу простор.rn

    7. Дополнителен простор

    rnСекогаш е добра опција да додадете полици во кујната за да добиете дополнителен простор за чување храна.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    8. Ќилими

    rnДоколку сте под кирија или немате средства за поскапи зафати, може да се соочите со под кој не одговара на стилот во вашиот стан. Најдобро решение е да вложите во ќилими кои ќе го покријат она што вас не ви е по мерак.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    9. Висок мебел

    rnСо одбирањето на повисок мебел визуелно ја зголемувате просторијата. Колку полиците на вашата комода се поблиску до таванот, толку вашата дневна соба ќе изгледа поголема.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    10. Огледала

    rnЗакачете огледала во станот за да креирате илузија на поголем простор. Одберете огледала со рамки кои ќе го нагласат декорот. Секако, без претерување.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    11. Искористете стари парчиња мебел

    rnДоколку имате плакар кој никако не се вклопува во вашето уредување, извадете ги вратничките и префарбајте го. Најголемиот простор во средина искористете го за закачување палта, најдолу за чување на обувки, а доколку ви треба плус простор, може да најдете доста евтини големи кутии за чување на корисни работи кои ќе ги поставите на другите полици. Ете толку лесно од стариот плакар ќе си наравите совршено парче мебел за во ходник или за во претсобје.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrn

    12. Отстранете ги вратите од плакарите

    rnВратите од плакарите заменете ги со интересни завеси со цел да заштедите простор и да добиете поголема пристапност.rnrn12 креативни начини да уредите мал станrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапарат

    Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапарат

    Автор: Маја ВладимироваrnrnСо оглед на популарноста на овој смартфон, не е зачудувачки што компаниите често нè изненадуваат со разни додатоци наменети за него, кои или го разубавуваат или му додаваат функционалност. Ваков новитет е и оваа футрола од „Photojojo“, која вашиот ајфон ќе го опреми со сите функционалности и карактеристики кои ги поседува еден класичен фотоапарат, како што се визирот (viewfinder), копчето за фотографирање (shutter button), бројчињата на леќата (aperture number) и стативот (tripod mount).Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутролата е додаток за ајфон на којшто љубителите на фотографијата нема да можат да му одолеат. Тој едноставно ќе го трансформира вашиот смартфон во фотоапарат кој можете да го закачите на вратот и да правите неверојатни фотографии со него.Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратИако оваа футрола е дизајнирана во „old-school“ стил, тоа нема никакво влијание врз фотографиите. Вие сè уште ќе ги добивате високо квалитетните фотографии карактеристични за ајфон, како и моменталното задоволство создавајќи ги истите.Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратИ додека вашиот ајфон е маскиран во фотоапарат вие сè уште ќе можете да ги користите неговите вообичаени функционалности.Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратДоколку ви се допадна овој додаток, можете да го добиете за 65 долари (само футролата) или за 99 долари (футролата заедно со три леќи).Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапарат
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Удобна и функционална фотелја

    Удобна и функционална фотелја

    Овој уникатен дизајн на Канаѓанецот Џадсон Бомонт, нуди повеќе од удобност. Фотелјата е практична и штеди простор. Таа е шуплива околу седиштето, со што ви овозможува да ја користите и како еден вид полица. Со ова функционално парче мебел, дел од предметите кои често ги употребувате, може да ви бидат лесно на дофат.rnrnУдобна и функционална фотелјаУдобна и функционална фотелјаrnrnКанадскиот дизајнер оставил простор и за креативност кај купувачите. Им дава неколку идеи како ова парче мебел, покрај удобно и функционално, може да стане и забавно. rnrnУдобна и функционална фотелјаУдобна и функционална фотелјаУдобна и функционална фотелјаУдобна и функционална фотелја
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеи за идеално уредување на вашата кујна

    Идеи за идеално уредување на вашата кујна

    Доколку размислувате да ја реновирате вашата кујна, тогаш овие фотографии ќе ви бидат одлична инспирација за да ја направите функционална и тренди. На сите им е важно просторот кој е определен за кујна да биде максимално искористен, бидејќи сите елементи мора да бидат совршено распоредени за полесно снаоѓање во неа.Идеи за идеално уредување на вашата кујнаБез разлика дали сакате да ја направите во темни или ведри бои или пак едноставно сте личност на која поважна ù е функционалноста отколку дизајнот, овие примери ќе ви докажат дека можете да добиете две во едно.Идеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаИдеи за идеално уредување на вашата кујнаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршен мал стан во Њујорк

    Совршен мал стан во Њујорк

    Ова мало станче во Њујорк е уште еден успешен пример, како правилно треба да се искористува просторот, без разлика колкав е. Проектот е реализиран благодарение на компанијата JPDA. И не само што просторот е максимално искористен, туку на многу паметен начин се направени некои специфични работи кои го прават станот уште пофункционален. Како на пример, скалите имаат функција на фиоки.rnrnСовршен мал стан во ЊујоркrnrnПедесет-квадратниот стан се состои од просторна кујна и прилично голема дневна соба, во која има и посебен дел со работно биро. Скалите-фиоки кои веќе ги споменавме, водат кон спалната која е сместена во интимна галерија. Бањата, која е со туш кабина е прилично голема. Пред и после влезот на кујната има два плакари, во кои може да се складираат многу работи. Сумирано, просторот е перфектно искористен, модерно наместен и совршен за млад пар.rnrnСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во Њујоркrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Столче во форма на филџан за кафе

    Столче во форма на филџан за кафе

    Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма. Столчето перфектно ги исполнува двата клучни дизајнерски елементи, функционалноста и декоративноста. Задниот дел т.е. потпората за грбот е изработена како силуета на филџан за кафе, на чија рачка можете да ја закачите вашата чанта или пак вашето палто.rnrnСтолче во форма на филџан за кафеrnrnТоа се произведува во „Bentek Furniture“, фабрика за мебел во Јужна Кореја, а е изработено од дрвен фурнир со европско потекло. Столчињата се со димензии 547 x 470 x 810 милиметри.rnrnСтолче во форма на филџан за кафеrnrnИнтересно видео за презентација на столчето:rn

    rnrnСтолче во форма на филџан за кафеСтолче во форма на филџан за кафе
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn