КАФЕ ПАУЗА

Tag: фраер

  • 3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот

    3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот

    Понекогаш жените тешко проценуваат кој маж сака само да ги одвлечка во кревет, а кој има сериозни намери. Па, според експертите за љубов, постојат 3 типа заводници кои секоја жена ги сретнува барем еднаш во својот живот (особено во летниот период). Прочитајте нешто повеќе за нивните карактерни особини и научете како да разликувате измамник од фраер.rnrn(1) 3-tipa-na-mazhi-koi-sekoja-zhena-naiduva-vo-odreden-periodrn

    Вистински џентлмен

    rnСо своите манири докажува дека џентлмените сè уште постојат. Тој е голем заводник кој вешто умее со жените. Тој шармира со оригинален флерт и комплименти, правејќи да се чувствувате како дама, а не како „улов“. Користи трикови во кои е сигурен дека ќе му успеат во заведувањето на жена која сака да биде третирана како „капка на дланка“. Доколку познавате ваков фраер, тој е совршен за вас.rn

    Вешт шармер

    rnОвој фраер е познат и како „гулаб“ кој се залетува само за една цел – да ги однесе жените во кревет. Тој ги знае сите трикови и ретко кој ќе му одолее на неговиот шарм, па често го користи за да ја убеди партнерката дека таа е единствена за него. Сепак, тоа е празна приказна, а неговата цел е само да ве однесе во кревет. Ако не го делите неговото мислење, овој фраер не е за вас.rnrn(2) 3-tipa-na-mazhi-koi-sekoja-zhena-naiduva-vo-odreden-periodrn

    Сериозен господин

    rnТој не е од оние што ќе ви пријдат со некоја застарена фраза која сте ја слушнале 100 пати. Тој ќе ви пријде само ако е навистина заинтересиран за вас. Овој господин ќе сака да зборува со вас – за вас, ќе го интересира вашето детство и слични теми кои претходните мажи ги избегнувале. Разговорот е сè што ќе добиете на првиот состанок, но тоа не значи дека не е заинтересиран за вас. Тој е најдобриот кандидат за врска од оваа листа кој со сигурност ќе ве побара повторно доколку му оставите добар впечаток.rnrnПрочитајте и за овие 3 типа мажи кои жените најмногу ги сакаат.

  • 5 ситуации кои ќе го расплачат и најголемиот фраер

    5 ситуации кои ќе го расплачат и најголемиот фраер

    Посилниот пол денес многу повеќе покажува чувства и нежност за разлика од порано, но мажот кој плаче е сѐ уште ретка глетка. Уште од раното детство, машките деца ги учат дека не треба да плачат и дека треба да ги задржуваат нивните солзи, па така тие тоа го спроведуваат и понатаму во животот, мислејќи дека ако некој ги види расплакани ќе ја изгубат машкоста. Но, сепак постојат ситуации во кои дури и најсилните претставници на посилниот пол ќе се расплачат. И не е тоа ништо срамно, туку баш напротив, секоја жена ќе се трогне од солзите на нејзиниот партнер и ќе го засака уште повеќе кога тој пред неа ќе ја открие неговата слабост. Во тој контекст и најголемиот фраер ќе пушти по некоја солза кога…rnrn5 ситуации кои ќе го расплачат и најголемиот фраерrn

    1. За прв пат ќе го види неговото дете на ултразвук

    rnМажот во тој момент се свестува дека навистина ќе стане татко и поради тоа доживува бура на емоции. Погледот во таа точка на екранот од ултразвукот која ја створил заедно со саканата жена, во него буди чувство на гордост и необјаснива среќа.rn

    2. Ќе стане татко

    rnКога тоа минијатурно суштество, кое му предизвика солзи уште прв пат кога го виде во облик на ситна точка на ултразвукот, ќе пристигне на овој свет, нов втрлог на емоции ќе го преплави секој маж. Допирот на раката на неговото сопствено дете и помислата на тоа дека некој наскоро ќе го вика „тато“, се доволни причини за мажот да заплаче од среќа.rn

    3. Прв пат ќе ја здогледа неговата идна сопруга во невестински фустан

    rnКога прв пат ќе ја здогледаат нивната невеста во невестински фустан, очите на мажите неретко се насолзуваат од среќа и радост. Глетката на саканата жената во такво свечено, бајковито издание кај мажите предизвикува силно чувство на возбуда и тој не може да се воздржи, а да не ѝ каже на идната сопруга: „Прекрасна си!“.rnrn5 ситуации кои ќе го расплачат и најголемиот фраерrn

    4. Ќе се разболи неговата сакана личност

    rnКога некоја ужасна болест ќе погоди некоја личност која му е многу блиска и драга и најголемиот фраер ќе заборави на срамот и ќе пушти солзи. Тоа се моменти кога болката и немоќта едноставно не може да ги држи во себе, а солзите му даваат олеснување и му помагаат да ја издржи целата ситуација.rn

    5. Ќе прекине долга врска или ќе се разведе

    rnМажот ни за жива глава не би признал дека прекинувањето на љубовната врска или разводот многу го погодиле. Тој пред останатите ќе делува среќен што е слободен, но кога ќе остане сам со себе ќе попушти и ќе се расплаче.

  • Несфатените фраерски ставови

    Несфатените фраерски ставови

    Ја спуштам шолјата со кафе и се ѕверам во кујната. Се прашувам, кога недај Боже би ми влегол крадец дома, колкава повреда би му нанела со дрвената лажица за манџа? За што размислува човек без работа… Зафатеноста е најважното нешто на светот. Човек без обврски почнува да филозофира и драматизира за своето постоење. Затоа решив да се фатам за работа и да пишувам…rnrnПосматрајќи го брат ми како гледа филм во кој дечкото ѝ симнува ѕвезди на девојката со клише зборови, почувствував огромна одговорност како постара сестра, која демек има врска од животот, да му дадам до знаење дека тоа е само филм и да го насочам во друг правец. Во реалниот живот, паметните девојки не паѓаат на глупави фрази. И додека му објаснував на 11-годишник дека клучот до женското срце на долгорочен период, не се „фраерските“ потези, јаките коли и симнувањето ѕвезди, почувствував потреба да го кажам тоа на разглас. Па таква лекција треба да им се одржи на многу постарите. На крај си реков, остави го детето на мира, што го замараш, секако, стискајќи палци дека нешто му влегло во глава и дека во иднина ќе порасне во вистински џентлмен, баш како што сестра му го учела.rnrnЗа да допреш до женското срце не ти се потребни лигавења, туку треба да покажеш дека ти е грижа. Кога момците ќе сфатат дека клучот до женското срце, пред сè е грижливоста? Е сега, да не си мачкаме очи. Ако веќе сте во потрага по празноглави риби горди на својата глупост, тогаш подобро да имате клуч од Ауди.rnrnНесфатените фраерски ставовиrnrnЏони Браво можеби е само лик од цртаните, но со сигурност е одраз на сите „јаки фраери“, а воедно се користи за да се исмеат истите. Сите негови плитки финти и клише изрази завршуваат безнадежно, типот искусува нова корпа при секое „пуштање“, а неретко добива и ќотек. Вистински пример за како НЕ се фаќаат женски, само што многумина го сфатиле обратното, дури можеби го идолизираат. Сличен случај е „македонскиот Казанова“, Тошо Малерот: „Па ја бе батка, коа ќе решам да искочам у град, коа ќе опнам бела кошула бе, кравата, бела панталона, бела чорапа, бела кондура, се појавам со бело сако, на корзо или у кафана било каде, па нема женска… шо не ми се свиѓа бе.“rnrnШто најчесто прават мажите на состанок (уште веднаш ќе испратам извинување до исклучоците, кои секако дека ги има): ги влече нозете по пат за да те привлече звукот и да ги забележиш неговите оригиналки Адидас, „ненамерно“ секој разговор завршува со по некој детаљ за неговата кола, мафта со мобилниот како да е единствениот на земјава благословен со телефон или се фали за бројот на женски кои ги имал, (е од сите нелогичности, последново е најголемиот апсурд).rnrnАко зборуваме за состанок кој би водел до сериозна врска со иднина, тогаш нема да ја освоите ѕверејќи се во нејзиното деколте, иако не негирам дека можеби би ви успеало ако барате нешто за една вечер. Секоја интелигентна девојка, која ви посветила внимание, одвоила време и излегла на состанок со вас, би била ужасно навредена од вашите манијачки погледи, пред сè бидејќи има потенцијал да зборува за толку многу работи, а вие ја гледате како сексуален објект.rnrnНема девојка која не „паѓа“ на џентлменски гестови и грижливи потези. Па нареден пат, пред да пробате да ја освоите тропкајќи со клучот од вашиот автомобил по масата, пробајте исполнет муабет кој „држи вода“. Покажете дека ја слушате и дека сте грижливи. Кога ќе ѝ подарите цвеќе, ќе ја фатите за рака додека бесно врват коли по улица или кога ќе ја потсетите да го стави појасот штом влезе во кола, знајте дека е ваша, најголемиот дел од работата е веќе направена.rnrnСакам да чујам ваше мислење на темава. Согласувања, несогласувања и аргументи. И она најважното, сакам да чујам мислење за спротивната страна. Што е со погрешните начини на заведување кои девојките ги применуваат?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Славните фраерски цитати на Тошо Малерот

    Славните фраерски цитати на Тошо Малерот

    Генијалците од К-15 во ликот на Тошо Малерот создадоа совршена пародија на секој кој е очаен да биде фраер. А, таков лик може да искаже вакви урнебесно смешни мисли.rnrnСлавните фраерски цитати на Тошо Малеротrn

    „У секоја озбилна веза мора да има флуид бе батка. Мора да се знаат луѓето, да се осеќаат… Ја тачно знам жена ми дека само со мене води љубов. Со сите други се плеска онака без емоции.“

    rn

    „Друго шо е многу битно, е тоа шо мачо тип мора да има вуна на груди, или љубавни тепих као шо го викаат. Таков тип батка, стално е раскопчан, медаљонот Света Софија тука, ти реков ми рече, и стално има на лагер четири риби.. И ако се закачаш со него можеш да наебеш.“

    rn

    „Еве баш идам сеа со една покварена, и нешо глеам по муабетиве нешо кревет, нешо секс, нешо ми врти ваму таму… а бе не пијам ја нафта бе. Знаеш шо и праам? Четири месеца ја шетам, ја частам, и не ја пипам. Маста и ја извадив!“

    rn

    „Друго батка, шо е карактеристично за мене вака као тип шо вртам многу риби, е тоа шо ја не признавам ниедна друга чарапа осим бела. Закон! Со бела чарапа никад нема да се заебеш, затоа шо бело иде на све. Па и уше ако ги носиш на поотворена кондура… ќаруеш риба док си реко ‘пиксла’.“

    rn

    „Трето батка, шо е веома интересантно кај мене, е тоа шо ја пијам као коњ. Си видел ли ти батка, тип шо не пие да има добра риба? Си видел? Нема шанси бе.. Ако не се начукаш здраво, ако не и ждригнеш у фаца – ништо!“

    rn

    „Ја батка не сум као некои пробирливи шизици шо се мотаат у градов, и пеглам шо ми падне под рука, зашо ко не пегла свашта – не пегла ништа.. Или пеглал, не пеглал – пегли време пролази. Додуше, рука на срце, поише сакам да пеглам мазни материјали него вунести, зошо пеглата боље клизи и не запиња.“

    rn

    „Бејби, ти знаеш ли колку сум ја политички активен бе? Знаеш ли дека 80% од плакативе у градов за локални избори ја ги иам лепено? Сам! И тоа нема да ги одлепи никој до наредни избори!“

    rn

    „Maче, ти знаеш колку време се знаеме ја и ти… Сакам нешто да ти кажам, тоа е јаче од мене. Морам да ти кажам. Не знам, да не ме сфатиш погрешно, да не го расипеме другарството… Иам делови за Шкода, оригинал, дај да ги бутнеме преку стариот твој?“

    rn

    Тошо: „Батка, дај ми 16 кондоми.“rnПродавач: „Oooo на одмор, а комши?“rnТошо: „На викенд.“

    rn

    „Јас сум батка страшно комуникативен. Страва! Али една работа не можам да поднесам.. Највише мрзам у јако друштво коа ми дува некој у фаца. А зашо? Коа ти дува некој у фаца батка, аутоматски те става у незавиден положај, затоа шо ти ускратуе видно поле и може да ти ја ќари женската.“

    rn

    „Ја сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик, али једино шо не можам да поднесам е коа ќе ми каже некој у расправија дека сум копук. Зашо бе батка копук, коа народов измисли цела лепеза на лепота од изрази? Осим тоа шо се убави, него и делуваат васпитно. Зашо на пример више коа дошло до вербален дуел, уместо копук, да не ти кажат говедо неваспитано?“

    rn

    „Коа стануе реч за рогови батка, треба да се каже дека они се добиваат, односно се набиваат исклучиво као поклон и пажња од женската, а за тоа шизикот обично нема појма, што е за мене еден овака веома дирљив моменат, и му дава поголема вредност на самиот чин.“

    rn

    „Kaко беше она танго бе Мики? Имаше од Битлси едно многу добро баш се сечам. Како беше.. саданлии, нананана јусд ту биии… Шо риби иам заглавено на оваа нумера бе па па па па па.. Фати се, поиди 2-3 години – откачија ја. Фати друга, пак 2-3 години – пак откачи ја. Парче сум праел бе батка, парче!“

    rn

    „Бејби, многу си наивна. Ти знаеш ли кои предности ги иаме ја и ти ако поидеме? Па ја и ти ако поидеме, тоа се предности бе.. Еве на пример ако не се фатиме, не може да се договориме да искочиме. Може ти имаш договорено за вечер, ја од кај знам, и ти ако ми се јавиш може и ја иам договорено за вечер. Овака ако се фатиме ако поидеме, не знаеш кои предности… Веруј ми!“

    rn

    „Па ја бе батка, коа ќе решам да искочам у град, коа ќе опнам бела кошула бе, кравата, бела панталона, бела чорапа, бела кондура, се појавам со бело сако, на корзо или у кафана било каде, па нема женска… шо не ми се свиѓа бе.“

    rn

    „Мрдни мори ајде, треба да плетам… Ја батка, не ебам жива сила. И сите ми викаат: ‘Браво бе Тошо, алал нека ти е, то е муж’. Па то е муж ебате! Е не, ќе глеам утакмица у евтина струја, Холандија – Енглеска нешо… Холандија 2-0 водела. Јак штик… А у животов батка, ќе налеташ на типови шо им наредуваат жените и шо немаат свое ЈА. Ја такви типови батка презирам. Тоа се папучари, и ја многу ги мрзам. Абе не може она мене бе…“

    rn

    „Maче, знаеш дека иам минимаркет у Буњаковец. Фати се со мене бе душо… Фати се, ќе те напраам чоек, ќе ти ги отворам очите, и со стариот твој ќе праиме парче!“

    rn

    „Ти се мешам јас кога гледаш спортски преглед?! Не! Она мене…“

    rn

    „Пуштаат танго у диско, ти доаѓаш, ја шмекаш рибата, и приоѓаш, и дуваш у фаца, она се утепуе од кашлање и ти одма у дадено место на даден моменат и буташ јазик.“

    rn

    „Абе ја толку риби сум имал у градов, она најде мене да ми раскинуе? И никад не сум ја терал ролка да носи, разбираш? Шливки праат само сељаци бе батка…“

    rn

    „Највише ми се праи ќејф коа ќе видам млади како идат за озбилно. Замисли ги бе батка у парк.. Он, она и куче. Он нешо седнал, ја љуби у увце, она нешо жвака вуница оние од шеќер, а кучево нема појма шо е работава. Абе да ти е милина да ги гледаш…“

  • Зошто ги сакаме лошите момци?

    Зошто ги сакаме лошите момци?

    Секоја девојка си има свој тип момци кои ја привлекуваат и за вкусови не се расправа. Но, никоја од нас не може да одрече дека барем еднаш во животот била привлечена од некое лошо момче. Зошто ги сакаме лошите момци?rnrnТие го имаат оној шмек на лош фраер, остар поглед на заводник, оставаат впечаток со своите движења и преовладуваат во друштвото, со други зборови, го освојуваат просторот околу себе.rnrnКолку и да не признаваме, лошите момци шармираат, дури и истражувањата покажале дека се предизвик за девојките. Можеби во филмовите и приказните, девојките се вљубуваат во шармантните принцеви и добрите грижливи момци, но реалноста е поинаква. Девојките најчесто ги преферираат лошите и дрските момци. Кои се причините?rnrnЗошто ги сакаме лошите момци?rnrnОпасноста – Ваквите момци се опасни и зрачат со адреналин. Да се биде со лошо момче е предизвик за девојката и на некој начин значи зголемување на нејзиното его знаејќи дека може да се носи со опасноста и ризикот.rnrnЖелбата да го промени – Девојката верува дека би можела да го промени и да го зачува за себе. Всушност огромен дел од девојките сонуваат за момче кое ќе биде лошо кон сите останати, а неа ќе ја третира како принцеза… да, можеби, но само во првите неколку месеци. Не залажувајте се, ако човекот е темпераментен, таков е секогаш и со секого! Најголема грешка е помислата дека би можеле да го промените.rnrnУпорноста – Ваквите момци се навикнати да добиваат сè што сакаат. Можеби друго момче би се откажало откако еднаш ќе го одбиете или со денови ќе се мисли како да ви пријде, но за разлика од ваквите, лошите момци дејствуваат, ги користат сите свои тактики за освојување, самоуверено тргнуваат кон својата цел и не се откажуваат. Го хранат вашето его со нивната упорност да ве освојат сè додека не омекнете и станете кршливи.rnrnЗабранетоста – Најчесто врската со вакво момче спаѓа во оние забранети врски, тоа се оние момчиња кои не се прифатени од страна на родителите, особено од таткото на девојката. Тоа што врската не е одобрена, ја претвора во забрането овошје кое секогаш е послатко од дозволеното.rnrnЗаштитата – Девојките се чувствуваат сигурни и заштитени покрај вакво момче. Тој ѝ влева сигурност на девојката, па таа покрај него е безгрижна и безбедна.rnrnВпечатокот кој таа го остава – Девојката покрај него, има поинаква слика за себе. Има перцепција за тоа како другите ја гледаат кога се заедно. Тоа е нешто како: „Да, јас го освоив!“rnrnАвантури – Нивниот однос нема да е секојдневен и тој ќе ѝ пружи многу авантури. Дури и обичните работи со него ќе ги доживува поинаку, бидејќи тој е „фраер со диплома“, па ги знае сите трикови за тоа како да направи девојката да се чувствува посебно.rnrnЦврстиот став и самоувереноста – Девојките сакаат момците да им ги исполнуваат желбите, но сакаат и момци со цврст став. Лошите момци нема да имаат став на „папучар“, тие се самоуверени и секогаш ќе знаат одлучно да речат „не“. Така девојките се слатко изманипулирани и привлечени од цврстината и начинот на кој тие го кажуваат своето мислење.rnrnОд друга страна пак, лошото момче најчесто одбира покревки девојки на кои им е потребна заштитата која тој ја нуди. Така се чувствува помажествено и си го храни егото како мачо тип.rnrnИнтересно е тоа што најчесто, кога станува збор за сериозна врска или брак, најголем дел од девојките ги одбираат спротивните од тие лоши момци. Сакаат грижливи и верни сопрузи и добри татковци. Тогаш не им е примарност авантурата и опасноста, туку животната сигурност. Така што, колку и лошите момци да ги сметаат девојките за свои авантури, секоја девојка потајно во себе не го гледа лошото момче како потенцијален кандидат за сериозна врска или брак. Можеби она што секоја девојка го бара е некаков баланс помеѓу лошо и добро момче. Тој баланс не е тежок за постигнување, но не секој ќе се потруди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мало фраерче пробува на сите начини да ја освои симпатијата

    Мало фраерче пробува на сите начини да ја освои симпатијата

    Пробајте да си ја замислите следнава ситуација. Додека си одите по својот пат, размислувајќи за нешто сосема далечно од вас, налетувате на една посебна личност која ви остава толку голем впечаток што едноставно не можете да се воздржите, а да не ја прегрнете. И без никакво размислување, тргнувате накај неа полни со самодоверба… Но, нејзината реакција не е баш тоа што очекувавте. Што би направиле тогаш?rnrnМало фраерче пробува на сите начини да ја освои симпатијатаrnrnПогледнете го ова слатко видео во кое мало фраерче пробува да ја прегрне својата симпатија. И покрај тоа што таа многу јасно и гласно вели дека не сака да биде прегрната, упорноста и решителноста на малиот во ниеден момент не се намалува. Баш напротив, тој смислува нови начини како да го привлече нејзиното внимание и да покаже дека токму тој е совршениот за неа…rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

    8 типови фраери кои не сакаат да се врзат

    Пастувот знае дека е неодолив за жените и тоа го искористува, на ловецот „пленот“ бргу му досадува, а скршеното срце поради стравот повторно да биде повреден ќе остане сам.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrnrnПовеќето мажи темелно ја разработуваат стратегијата на заведување, но има и такви на кои им е помила стратегијата на бегање, бидејќи не сакаат да се врзуваат. Според психологот Џорџ Вајнберг, причина за ваквото однесување на мажите е стравот дека ќе ја изгубат својата мажественост, доколку се заљубат и врзат за една жена. Тие се воспитувани да не ги покажуваат своите чувства и слабости, па поради тоа целиот свој живот докажуваат дека се олицетворение на моќ.rnrnАко сте во врска со некој кој не сака да се врзе, треба да му дадете на знаење дека и покрај вас може да биде и да остане вистински мачо фраер.rn

    Ловец без граници

    rnЗа него вечерното излегување е само лов, жената е плен, а целта само добра забава и секс, па според тоа врската со само една жена не се вклопува во тоа. Доколку овој тип вечен заводник се врзе за една жена, таа најверојатно нема да може да држи чекор со него и на долг рок да ги задоволи неговите сексуални апетити, па затоа тој ќе излезе од таа врска.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Пастув – една не е доволна

    rnВо оваа категорија честопати спаѓаат познатите спортисти и ѕвезди. Жените што се во врска со овој тип маж живеат во постојан страв дека ќе го изгубат, бидејќи се свесни дека тој може да биде со скоро секоја жена што ќе ја посака. Овие мажи ретко се врзуваат, но и ако влезат во сериозна врска, таа ќе биде кревка и кршлива, токму каква што е и нивната посветеност кон партнерката.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Господин скршено срце

    rnТој ги има поминато сите фази, од изјави за вечна љубов до болни прекинувања на врската. Разочарувањето и одбивањето кои ги има доживеано после разделувањето со партнерката оставиле голем траг на него, па затоа тој не сака да се впушти во нови сериозни врски, бидејќи се плаши дека може повторно да биде повреден.rn

    Страв од гушење и етикета на папучар

    rnОвој тип мажи уште на првиот состанок проценуваат дали во врската ќе можат да останат мачо типови или ќе бидат папучари. Најпрвин проценуваат дали покрај партнерката ќе можат слободно да дишат, или пак ќе мораат да ѝ полагаат сметки за секој чекор.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrnrnМажите сакаат да бидат потполно сигурни дека жената го сака искрено, дека со него не е само поради парите или поради намерата да си најде сопруг, бидејќи времето ѝ одминува. И покрај тоа што мажот сака да ја сочува својата слобода, тој уште од самиот почеток на врската од жената бара потполна посветеност. Мажите исто како и жените сакаат блискост, но во исто време стравуваат дека ќе ја изгубат својата слобода, дека жената ќе им ги троши парите и дека во очите на другите мажи ќе изгледаат како папучари.rn

    Расеан, сака врска ама…

    rnТој едноставно не може да се среди. Постојано се обидува да ги среди работите, но му се чини дека мора уште многу работи да направи пред да биде спремен за сериозна врска со жената која ја сака. И покрај тоа што таа врска ја доживува како светло на крајот од тунелот, проблемот е во тоа што тунелот низ кој поминува е многу, многу долг.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Скржавец, тој мисли дека врската е скапа

    rnМногу мажи не сакаат да се врзуваат пред да обезбедат добра финансиска состојба. Сериозната врска подразбира вечерни излегувања, вечери, подароци и на крајот, се разбира, прстен. Сето тоа чини пари, а кога станува збор за финансиите, скржавците се многу внимателни и практични, па честопати парите им се поважни од љубовта.rn

    Нарцис

    rnТој секогаш предолго и многу опширно зборува за себе. И покрај тоа што изгледа совршено, и понатаму внимателно продолжува да работи на градењето на својот имиџ. Ваквиот маж нема да ви биде посветен, бидејќи тој е премногу посветен на самиот себе.rnrn8 типови фраери кои не сакаат да се врзатrn

    Вечно дете

    rnМажите никогаш вистински не одрастуваат. Дури и тогаш кога ви се чини дека пред вас се наоѓа потполно зрел маж, всушност зад таа фасада се крие голем труд, енергија и самодисциплина. Некои мажи пак, и покрај целиот труд не можат да ја скријат својата хронична незрелост и детско однесување, а одреден степен на зрелост секако е предуслов за влегување во сериозна врска.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Додај ме за пријател

    Додај ме за пријател

    Автор: Столеrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnДодај ме за пријателПогледни го мојот профил,rnизмами се да стиснеш „Add friend“.rnМожеби не бев вреден за да ме викнеш на кафе,rnама барем однесувај се како што е во тренд.rnrnСе знаеме девојко, не биди инат.rnЗнам дека од мене чекаш да направам потег,rnама мене „фраер“ ми е средно име,rnедноставно не сум таков човек.rnrnСменив и слика за повеќе да те привлечам,rnсе активирав и на другите мрежи.rnНемам намера на мене да те навлечам,rnсамо сакам да ми бидеш виртуелен френд.rnrnПа имавме нешто мајку му стара,rnкликни за да знам дека осети страст.rnНаправи ми „Follow“ или барем прати едно „Invite to connect“,rnизбери си мрежа, само пушти некој глас.rnrnЗнам дека и тебе те мами тоа копче, тој линк,rnби сакал да ти олеснам,rnно јас нема да го направам тој клик.rnrnАко треба, уште долго ќе чекам тоа да се случи,rnа можеби во меѓувреме и во живо ќе те сретнам.rnЕ тогаш нема да дојдам да ти кажам „здраво“,rnНо ќе дојдам да ти признаам: да ме додадеш за френд уште чекам.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.