Древната мудрост зборува за врската помеѓу менталното и физичкото здравје, со што речиси секој ментален проблем има физичко решение. Иако на западната медицина ѝ требало малку време за да се присети на оваа древна мудрост, повеќе студии ја покажуваат силната врска помеѓу телото и умот. Додека сите сте свесни кои придобивки ги нуди позитивното размислување, понекогаш заборавате да го користите овој најдобар начин на лекување. Еве кои физички лековити активности се препорачуваат, според резултатите од новите научни истражувања, за најчестите ментални тегоби во денешно време.rnrn
rnrn1. Ако сте депресивни, шетајте до 200 минути неделно, или 30 минути дневно. Некои студии покажале дека одењето може да биде еднакво делотворно како и антидепресивите.rnrn2. Ако сте расеани, земете длабок здив неколку пати за да го подобрите вниманието и да ја пренасочите енергијата. Научниците од универзитетот Висконсин-Медисон ги документирале своите истражувања кои покажуваат дека длабокото дишење може исклучително да ја подобри ефикасноста.rnrn3. Ако сте загрижени, вежбајте со тегови за да го намалите чувството на грижа, страв и нервоза. Едно спроведено истражување на тимот од Универзитетот во Ново Мексико покажало дека тренингот од умерен до висок интензитет, може да ги отфрли тешките чувства.rnrn4. Ако сте под стрес, практикувајте јога. Една студија од Националниот центар за биотехнолошки информации ја открива врската помеѓу јогата и ублажувањето на стресот и анксиозноста.
Tag: физички
-

Физички активности што делуваат лековито на менталните тегоби
-

Неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка
Срцето претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ целото тело, па кога ќе си ја скратите, тоа се собира и станува ладно. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, различни срцеви болести или инфаркт. Токму ова објаснување може да ви помогне подобро да го разберете вашето тело, мислите и нивната поврзаност. Секако, секој човек е уникатен и најчесто не може сè да се генерализира, но оваа поврзаност меѓу емоционалното и физичкото ни нуди навистина интересно и сосема поинакво гледиште на работите во нашиот живот.rnrn
rnrnГлавоболка – Се појавува кога се казнувате себеси. Мигрените ги имаат оние кои сакаат да бидат совршени и сами си го создаваат притисокот под кој живеат. Во нив има и многу потиснат бес.rnrnСинуси – Доколку имате проблем со синусите, можеби ве нервира блиска личност во вашиот живот. Дали имате чувство како некој од блиските да се свртел против вас?rnrnОчи – Проблемите со очите укажуваат на нешто во себе, во своето минато или иднина, кое не сакате да го видите. Одрекувањето и желбата да „не го гледате“ тоа што се случило може да ви предизвика проблеми со видот.rnrnУши – Овие проблеми најчесто ни кажуваат дека постои нешто што не сакате да го чуете. Болката во ушите и другите видови проблеми со слухот се јасен знак дека можеби нешто се обидувате да скриете од себе.rnrnКоса – Кога сте нервозни и уплашени, најчесто се создаваат „челични окови“ кои почнуваат во мускулите на рамената и се движат кон врвот на главата. Долгата изложеност на нив предизвикува косата да не може да дише, па затоа умира и опаѓа.rnrnВрат и грло – Кога имате проблеми со вратот, тоа значи дека сте биле тврдоглави во преоценката на својата ситуација, уверени дека вашето гледиште е единственото правилно. Од друга страна пак, кога необјасниво ве боли грлото, тоа може да значи дека сте толку лути што едноставно не можете ни да говорите.rnrnРаце – Тие ја претставуваат способноста да ги опфатите сите животните искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактите претставуваат флексибилност во менување правци во животот.rnrnГрб – Ако имате проблеми со грбот, тоа може да значи дека се чувствувате како околината да не ве поддржува доволно. Горниот дел е поврзан со недостаток на емоционална поддршка, средниот со чувството на вина, а стравот од живеење во немаштија се одразува со болка во долниот дел од грбот.rnrnБели дробови – Тие ја претставуваат способноста за давање и земање во животот, па ако имате проблем со нив, можно е да се плашите да го земете или дадете тоа што ви треба.rnrnГради – Ако имате проблеми со градите, тоа може да укажува на претерано мајчински, заштитнички или посесивен став кон некоја личност, место, предмет или искуство.rnrnСрце – Срцето претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ целото тело, па кога ќе си ја скратите, тоа се собира и станува ладно. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, различни срцеви болести или инфаркт.rnrnЖелудник – Тој ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Доколку ве боли желудникот, размислете… Што или кој не можете да „сварите“? Или кои нови искуства не можете да ги впиете?rnrnНозе – Тие ве водат низ животот. Проблемите со нив најчесто укажуваат дека постои страв од движење. Кога нешто не сакате да направите, тоа го чувствувате преку парализираност во нозете.rnrnКолена – Тие се флексибилност, исто како и грбот. Се поврзуваат и со способноста за прилагодување, гордоста, егото и тврдоглавоста, па кога ќе ве заболат прашајте се во која област сте тврди, непопустливи и одбивате да се прилагодите.rnrnСтапала – Тие се поврзуваат со разбирањето на себеси и животот околу вас, како и минатото, сегашноста и иднината.rnrnКожа – Кога имате проблеми со кожата, се чувствувате како на некој начин да сте загрозени, како некој друг да владее со вашиот живот.rnrnПрекумерна телесна тежина – Потреба за заштита. Оние кои се поголеми, секогаш бараат заштита со цел да не бидат повредени, омаловажени, критикувани или измамени. Тие се плашат од животот. -

Ги чувствувате емоциите на другите исто како да се ваши? 30 знаци дека сте емпат
Емпатите се луѓе кои се под силно влијание од енергијата на оние околу нив, па токму затоа и имаат способност интуитивно да ги чувствуваат и перципираат другите. Овие луѓе се под постојано влијание од желбите, мислите и расположението на другите, но да се биде емпат е многу повеќе од силна чувствителност на одредени емоции. Емпатите можат да почувствуваат и физички симптоми, како и спиритуални нагони, а во некои ситуации дури и можат да ги откријат мотивите и намерите на другите луѓе. Па, дали и вие сте емпат? Погледнете ги следниве 30 знаци…rnrn
rnrn1. Знаете работи без да ви бидат кажани. Вие едноставно чувствувате нешта кои никој претходно не ви ги кажал. Оваа способност ја надминува интуицијата, бидејќи вие не се сомневате во нешто туку едноставно го знаете тоа.rnrn2. Јавните места ви претставуваат проблем. Сите оние места каде што има многу луѓе, како трговските центри, маркетите или стадионите ги исполнуваат емпатите со силни и турбулентни емоции кои постојано ги преземаат од другите.rnrn3. Ги чувствувате емоциите на другите исто како да се ваши. Ова е една од најголемите карактеристики кои ги опишуваат емпатите. Без разлика колку се оддалечени од вас, големи се шансите дека вие ќе знаат точно што тие чувствуваат.rnrn4. За вас е неподносливо да гледате насилство, суровост или трагедија на телевизија. Токму затоа многу често сте целосно исклучени од светот и од она што моментално се случува во него.rnrn5. Вие знаете кога некој не е искрен со вас. Доколку некој ваш близок се обиде да ве излаже, вие истиот момент ќе му/ѝ дадете до знаење дека знаете што тој/таа се обидува да направи.rnrn6. Можете да ги преземете физичките симптоми на другите. Емпатите скоро секогаш можат да преземат и развијат различни видови болести, како настинка, инфекција на очите или пак, болки во телото. Особено кога станува збор за блиска личност.rnrn7. Често имате дигестивни нарушувања и проблеми со долниот дел од грбот. Токму на овие места тие ги чувствуваат сите емоции, па тоа може да доведе и до ослабување на областа проследена со различни видови проблеми како чирови и хронични болки.rnrn8. Секогаш сте насочени кон оние на кои им треба помош. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, вие едноставно не можете да одолеете да им помогнете на оние кои страдаат.rnrn9. Многу често луѓето ги „истураат“ своите проблеми на вас. Понекогаш тоа го прават дури и непознати личности. Емпатот со тек на време станува „контејнер за ѓубре“ во кој се собираат проблемите на сите, па доколку не внимава, може целосно да се изгуби себеси во сиот тој хаос.rnrn10. Постојано чувствувате умор. „Енергетските вампири“, кои често го наоѓаат својот пат до емпатите, постојано црпат енергија од нив. Оваа енергија понекогаш не може да биде вратена дури ни со спиење.rnrn11. Вие имате тенденција да развивате различни видови зависности. Алкохол, дрога, секс… Ова се само мал број од зависностите кои емпатите често ги развиваат со цел да ги блокираат емоциите на другите. Тоа е еден вид заштитен механизам за да се скријат од светот.rnrn12. Ве привлекуваат сите метафизички нешта. И покрај тоа што многу емпати сè што би сакале да направат е да им помогнат на другите, многу од нив со тек на време и едукација се оддалечуваат од оваа нивна способност. Некои дури и не знаат дека се емпати, па токму затоа и се намалува нивниот интерес за сите оние нешта кои не можат да бидат објаснети.rnrn13. Вие сте креативни. Без разлика дали станува збор за пеење, танцување, цртање или пишување, емпатите имаат силна креативност и живописна имагинација.rnrn14. Вие ја сакате природата и животните. Најдобро се чувствувате кога сте излезени во природата, на чист и свеж воздух. Уште подобро ви е ако покрај вас имате и милениче.rnrn15. Имате потреба од самотија. Емпатот кој постојано е опколен со луѓе, одвреме-навреме мора да најде време за себе со цел да остане при здрав разум.rnrn16. Лесно ви досадуваат нештата ако не сте стимулирани. Без разлика дали станува збор за работа, училиште или за домот, вашиот живот мора да биде интересен со цел да не се изолирате во вашите мечти и фантазии.rnrn17. Вие не можете да ги правите оние нешта во кои не уживате. Едноставно чувствувате дека би живееле во лага доколку го сторите тоа.rnrn18. Тежнеете за вистината. Емпатите се во постојана потрага по вистината, сакајќи да го осознаат светот околу нив најточно што можат.rnrn19. Секогаш барате одговори. И никогаш не престанувате да трагате по знаење. Да имате неодговорени прашања е толку фрустрирачко што има моќ да ве отфрли од вистинскиот пат во вашиот живот.rnrn20. Вие сакате авантури, слобода и патувања. Емпатите се слободни духови.rnrn21. Не ви е проблем да се ослободите од оние нешта кои не ви се потребни. Сите нешта кои ја изгубиле својата функција во животот на еден емпат веднаш се отфрлени со цел да не го забавува во животот и да не го блокира текот на енергијата.rnrn22. Вие обожавате да мечтаете. Емпатот може да го набљудува ноќното небо со часови, пренесувајќи се во сопствен свет кој е бескрајно среќен.rnrn23. Сметате дека рутините, правилата и контролата ве гушат. Сè што би можело да ја спречи вашата слобода е како отров за вас.rnrn24. Вие сте склони кон трпење многу повеќе од она што можете да го издржите. Како инаку би можеле да се справите со сите оние емоции кои луѓето ги фрлаат врз вас?rnrn25. Вие сте одлични слушатели. Емпатот никогаш нема да зборува за себе доколку пред него не се наоѓа личност која ја смета за многу блиска. Тие исто така обожаваат да учат што е можно повеќе за другите и да ги спознаваат во целост, па токму затоа никогаш не би ве прекинале во зборување.rnrn26. Вие немате толеранција за нарцисите. И покрај тоа што емпатите се познати како личности со висока толеранција, тие едноставно не сакаат да бидат во близина на егоисти кои секогаш се ставаат самите на прво место.rnrn27. Имате способност да ги чувствувате деновите во неделата. Почетокот на продолжен викенд може да го чувствувате како целиот свет да ви се смешка, додека пак секој понеделник за вас е како еден студен зимски ден во кој сите се кријат од лошото време.rnrn28. Вие никогаш не би купиле користени нешта. Вие верувате дека сите нешта кои некој пред вас ги користел, ја носат енергијата на таа личност, па токму затоа и преферирате да поседувате мебел или автомобил кој не содржи остатоци од туѓа енергија.rnrn29. Можете да ја почувствувате енергијата на храната. Многу емпати не сакаат да јадат месо бидејќи можат да ја почувствуваат енергијата на животните, особено на оние кои страдале за време на својот живот. Токму затоа и не им се допаѓа вкусот.rnrn20. Понекогаш делувате срамежливо, далечно и исклучено. Емпатите се склони на брза промена на расположението доколку впиле премногу негативни емоции за краток временски период. Токму затоа во овие моменти тие можат да делуваат тивко, недостижно, па дури и мизерно.rnrnАко се пронајдовте во поголемиот дел од овие ситуации, тогаш вие со сигурност сте емпат. -

Физичкиот изглед на хороскопските знаци
И покрај тоа што физичкиот изглед и градбата на луѓето се резултат на наследен фактор од нашите родители, сепак астролозите издвоиле општи физички карактеристики, кои ги имаат повеќето претставници на секој хороскопски знак. Прочитајте за вашиот сончев знак и за вашиот подзнак и видете дали ќе се пронајдете во описот.rnrn
rnОвен – снажно тело и изразени црти на лицето
rnСо средна до цврста градба, припадниците на овој знак се обично спортски градени, а нивните мускули се видливи дури и кога имаат вишок килограми. Најчесто имаат потемен тен, права и густа коса, а некои претставници имаат и црвена коса. Со нивниот изглед оставаат впечаток на енергични и снажни личности. Овните не се склони кон гоење. Најчесто се облекуваат опуштено и спортски, а кога треба да облечат свечена облека за некоја прилика, преферираат црвена боја.rn
Бик – симетрично лице и полни усни
rnФизички гледано, припадниците на овој знак имаат најправилно симетрично лице. Повеќето од нив имаат полни усни и сјаен тен. Телото им е обично пропорционално градено, па ако се здебелат, се пополнуваат насекаде по малку. Нивниот изглед оддава впечаток на мека, но истовремено силна личност. Биковите се облекуваат елегантно, а најдобро им стојат зелена и крем боја.rn
Близнаци – весели очи и насмеано лице
rnПрипадниците на овој знак се секогаш во движење. Лицето им е многу експресивно, секогаш делуваат полни си млад дух, а очите им се доста изразени. Најчесто имаат прилично долги раце и нозе, витко тело и висока градба, поради што делуваат грациозно, и покрај тоа што немаат истакнати мускули. Струкот најчесто не им е многу изразен. Лесно се пронаоѓаат во различни стилови на облекување, а омилени бои им се жолта и сребрена.rn
Рак – изразен нос и високо чело
rnПрипадниците на овој знак обично имаат кружно лице со истакнати јаготки, но и впечатлив нос кој не мора да значи дека е голем, туку со малку необичен облик. Брадата им е кружна, градниот кош широк, а косата темна и не многу густа. Иако се младолики и витки, голем број од нив почнуваат да се гојат после 30-тата година од животот. Вратот им е краток и најчесто имаат чувствителна кожа. Целиот нивен изглед оддава впечаток на мека и суптилна личност, а омилени бои им се црната и белата.rn
Лав – широко чело и густа коса
rnРодените во знакот лав лесно се препознаваат по „гривата“. Густата и сјајна коса им е заштитен симбол, а ако почне да им опаѓа или белее стануваат многу загрижени. Нив ги краси широко чело, широка вилица и убаво обликуван нос. Мускулатурата им е изразено силна, а омилени бои им се жолтата и портокаловата. Сакаат тренди облека.rn
Девица – витка градба и нежни црти
rnМашките и женските припадници на овој знак се прилично витки, а доколку почнат да ја зголемуваат својата маса, обично се им се собира во рацете и стомакот. Телото им е симетрично, а на лицето имаат убави, нежни црти. Имаат истакнати јаготки и веѓи, а најчесто одбираат неутрални и елегантни комбинации на облека, кои се ненападни. Омилени бои им се сината и зелената.rn
Вага – овално и шармантно лице
rnПрипадниците на овој знак најчесто имаат овално лице со правилни црти. Најчесто се повисоки од просекот, изгледаат софистицирано и имаат впечатлива боја на очи. Долниот дел од телото им е појак од горниот, а градниот кош и струкот потесни. Обожаваат да се дотеруваат и да го истакнуваат својот изглед, а омилени бои им се сината и црвената.rn
Скорпија – широки рамена и магнетски очи
rnТие имаат прилично цврста физичка конструкција, па дури и кога се многу слаби делуваат силно. Имаат пошироки рамена од повеќето луѓе, лицето им е впечатливо, со сензуални усни, продорни очи и неправилен нос. Косата најчесто им е густа и со боја на лешник. Сакаат да изгледаат убаво, но не сакаат ништо што е нападно. Омилени бои им се црвената и црната.rn
Стрелец – најдобра фигура во целиот зодијак
rnНајчесто имаат просечна или нешто малку надпросечна висина и се спортски градени, состојба која можат самите да си ја уништат со претерано уживање и јадење. Најчесто имаат долгнавесто лице, заоблено чело и изразени сини или зелени очи. Кај нив често се случува да имаат проблем со опаѓање на косата. Сакаат спортски и опуштен изглед, а омилени им се светлите бои.rn
Јарец – елегантен и долг врат и ковчести рамена
rnИако изгледот на припадниците на овој знак делува помалку неутрално, сепак тие се издвојуваат по тоа што се прилично ковчести. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се големи и изразени. Лицето им е заоблено, со вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Сакаат убава облека, но не и вулгарен изглед. Најдраги бои им се зелената и костенливата.rn
Водолија – средна висина и склоност кон дебелеење
rnПрипадниците на овој знак најчесто се со средна висина или нешто под просекот, имаат полно лице и светол тен. Килограмите им се голем проблем по триесеттата година. Имаат мали дланки и стапала, но прекрасни нозе. Имаат убави очи и големи, меки усни. За нив облеката не игра некоја голема улога, а омилени бои им се виолетовата и сината.rn
Риби – привлечни, со убава кожа
rnОдличен тен, мека кожа и убави црти на лицето ги красат припадниците на овој знак. Лицето најчесто им е заоблено или овално, а косата јака и густа. Горниот дел од телото им е обично потенок од долниот, кој им е заоблен и широк. Очите им се најубав дел на рибите, имаат широка и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелената и црвената.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Колку сте уникатни според вашите физички карактеристики?
Некои луѓе мислат дека одредени физикчки карактеристики кои ги поседуваат се многу уникатни и ги имаат малкумина или никој. Но, вистината е дека кога ќе сфатите дека сте 1 од неколку проценти од светската популација, всушност вашата уникатност ја делите со голем број луѓе. Сепак, не со сите.rnrn
rnrnВидеото ги открива овие физички карактеристики кои не се типични за сите луѓе, но сепак се заеднички за поголем или помал број од нив. На пример:rnrn- rn011
- 8% од луѓето имаат сини очи
- 75% можат да го свиткаат јазикот по должина
- на 20% не им растат умници
- на 10% вториот прст на стапалото им е поголем од палецот
- 25% киваат веднаш штом се изложат на јака светлина
- 1 од 2.000 луѓе имаат пајакови нозе (залепени прсти на нозете)
- само 2% од возрасната популација има природно руса коса
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПогледнете ги останатите уникатни карактеристики во ова интересно видео.rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Какви промени ќе му се случат на човекот за 1.000 години?
Еволуцијата илјадници години го менувала нашето тело, а тоа и понатаму ќе се случува. Прочитајте како научниците за анатомија, сметаат дека ќе изгледа човекот за 1.000 години од сега.rnrn1. Ќе бидеме повисоки поради подобрувањето на исхраната и напредокот на медицинската наука, а во прилог на тоа оди и податокот дека просечниот американец е повисок за 2,4 цм, во однос на 1960 година.rnrn
rnrn2. Нашиот желудник ќе се намали за да не консумираме премногу шеќери и масти – природен начин на кој телото го избегнува дебелеењето.rnrn3. Доколку плодноста на жените продолжи да се намалува, мажите ќе имаат помали тестиси.rnrn4. Рацете и прстите ќе станат подолги, а бројот на нервните завршетоци на рацете и прстите ќе се зголеми, како резултат на зголемената употреба на уреди какви што се мобилните телефони, кои бараат прецизна координација.rnrn5. Ќе имаме помали мозоци, најверојатно бидејќи најголем дел од информациите ќе бидат сместени во компјутерите и мобилните телефони.rnrn
rnrn6. Ќе имаме помалку заби во устата, бидејќи потребно е помалку џвакање на меката храна.rnrn7. Научниците предвидуваат дека храната во иднина ќе биде консумирана во облик на таблети или течности.rnrn8. Ќе имаме подбрадок затоа што нашите тела се дизајнирани да јадеме помалку, а да трошиме повеќе енергија, а тоа е неизводливо во модерниот свет.rnrn9. Сите ќе имаме идентични носови, зошто природата има сѐ помало влијание на ширината на носниците, благодарение на централното греење и климатизерите.rnrn
rnrn10. Централното греење и топлата облека ќе предизвикаат растење на помалку влакна на човечкото тело, но ќе ни се појават повеќе брчки, поради константното гледање во електричните направи.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Надворешен изглед на рибите
Општи карактеристики
rnПрипадниците на хороскопскиот знак риби се најчесто слаби, но имаат тенденција да ги зголемат килограмите во текот на животот. Тие имаат овален облик на лицето, убави обравчиња, мал нос, густи веѓи и полни, сензуални усни, а нивниот поглед е длабок, мечтателски и истовремено детски. Овие личности најчесто имаат крупни, убави, забележителни очи, со „воден изглед“, кои претставуваат огледало на нивните силни емоции. Рибите имаат „топла“, шармантна насмевка, нежна кожа, тркалезни или мускулести рамена и најчесто ниски, а дури и оние високите припадници на овој хороскопски знак, делуваат како да се малечки. Движењата на рибите се брзи, но грациозни.rn
Карактеристични стапала
rnНајкарактеристичен и најчувствителен дел од телото кај рибите се стапалата. Некои припадници на овој хороскопски знак имаат убави, малечки стапала, кои одлично се вклопуваат на телото, а други имаат необични, специфични или големи стапала, кои отскокнуваат од контурите на другите делови на телото. Како и да е, кај рибите можат да се јават проблеми со овој дел од телото, па затоа треба да ги негуваат со разни креми и секогаш да носат удобни обувки. Овие луѓе најчесто имаат потреба од почеста масажа на стапала во однос на другите знаци.rnrn
rnВлажни дланки
rnНежноста и интуитивноста на рибите се забележува во нивните очи, но и во нивните меки, влажни дланки. Прстите им се тенки и конусни на врвовите кај ноктите, а дланката им е подебела и цврста. Токму дланките ги симболизираат двете планети кои управуваат со рибите, Јупитер (огнен елемент) и Нептун (воден елемент).rnrn
rnОчи кои сонуваат
rnПрипадниците на хороскопскиот знак риби имаат длабок, далечен поглед во нивните очи, па делуваат како да сонуваат некој убав сон, а отсликуваат слобода, мистерија и спиритуална длабочина. Нивниот поглед е „вкочанет“ во далечина и изгледа како да живеат во утопија, која одеднаш постанала реалност. Поради овие причини, очите на рибите се најверојатно најубавите очи во зодијакот.rnrnАко се заљубите во некоја риба, најверојатно ќе се прашувате себеси, „Како може да имаш толку убави очи?“rnrn
rnrnВсушност, сите водени знаци имаат карактеристични очи. Скорпијата има продорен поглед, кај ракот очите изгледаат како тој штотуку да се разбудил од спиење, а на рибите се искрени, длабоки и нежни и особено ако се сини или зелени, изгледаат како едно бескрајно море. Затоа, на секој би му било тешко да го тргне погледот настрана од очите на рибите.rnНежни, благи кадрици
rnКосата на рибите е најчесто нежна и брановидна, а варира од руса до темно кафена боја.rnrnМашките претставници на овој знак најчесто имаат благи кадрици, поради што личи како да носат венец на главата. Поради тоа, тие најчесто ја потстрижуваат нивната коса многу кратко или ја пуштаат да им порасне долга.rnrnЖенските риби го прават токму истото како и машките, ја носат косата долга или кратка, а не со средна должина. Таа е нежна и мека на допир и им дава една грациозност и женственост.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Надворешниот изглед на вагата
Детското лице на вагата
rnВагата има нежно ангелско лице, кое најверојатно е резултат на тоа што Купидон во митологијата бил слуга на божицата Венера, а истоимената планета е водилка на овој хороскопски знак. Доколку го анализирате детското лице на вагата можете да забележите неколку специфични карактеристики. Сликите во продолжение ќе ви доловат какво влијание имаат физичките карактеристики на Купидон, во реалниот живот…rnrn
Кожата на вагата
rnОвој хороскопски знак како резултат на влијанието од планетата Венера – симболот на љубовта, најчесто има прекрасна кожа која изгледа како да блеска однатре, отсликувајќи го жарот и страста кои ги поседуваат вагите.rn
rnРајска косаrn
rnВагите најчесто имаат густа, благо навиткана коса. И покрај тоа што некои астролошки фактори индицираат меко и слабо влакно, сепак веројатноста дека вагата ќе има по некоја локна, е голема.rnrn
Сјајни очи
rnВо комбинација со витканата коса одат очи со облик на бадем, но тие не се премногу потенцирани. Средишниот дел од окото е заоблен, кој на краевите се стеснува во бадемов облик, давајќи ѝ шармантен и сексапилен изглед на вагата.rn
rnПривлечни усни
rnНежната вага најчесто има исполнета долна усна и потенка горна усна, која е подвиткана надолу.rn
rnСензуална убавина
rnПовеќето жени родени во знакот вага имаат голем апетит за слатка храна, па затоа не е чудно доколку им се случи да качат некое кило. Сепак, вагите сакаат и да ја одржуваат својата линија, но се додека имаат добро друштво и забава, во текот на спортските активности.rn
rnВитко тело
rnМашките ваги својата самодоверба ја добиваат кога се чувствуваат привлечно и секси, а тоа значи дека се подготвени да одат на џогинг, да спортуваат или да ја посетуваат редовно салата за вежбање, секогаш кога се јавува потребата за намалување на килограмите. Сè што ќе им овозможи да изгледаат добро во секој миг, е добредојдено за нив.rn
rnСимпатични дупчиња на образите
rnБез разлика дали се помалку забележителни или подлабоки и потенцирани, речиси сите ваги имаат слатки дупчиња на образите.rn
rnТаа насмевка…
rnНасмевката на вагата може буквално да ја подигне атмосферата и расположението на сите луѓе кои се околу неа. Без разлика дали станува збор за машка или женска вага, шармот и позитивната енергија која ја носи овој знак е несомнена. Кога еднаш ќе видите насмевка на вага, многу е тешко да не ја возвратите назад.rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn