Во 1418 година градските власти во Фиренца конечно се одлучиле да го решат проблемот што го игнорирале со децении – огромната дупка на покривот на нивната катедрала. Нивните претходници ја започнале изградбата на оваа црква во 1296 година за да ја истакнат важноста на градот како една од европските економски и културни престолнини. Така, било одлучено катедралата во Фиренца да биде крунисана со најголемата купола во светот при што катедралата ќе постане „поубава, помоќна од која било друга катедрала изградена досега…rnrnrnrnСепак, никој немал идеја како да ја изгради куполата со внатрешен дијаметар од 45 метри. Освен тоа, надзорниците кои биле задолжени за катедралата ги одбегнувале сводовите кои биле карактеристични за готскиот стил и присутни во ривалските градови на север, како Милано.rnrnТака, во 1418 бил распишан конкурс за идејно решение на куполата со примамлива награда за добитникот која изнесувала 200 златни флорини. На конкурсот учествувале многубројни познати архитекти од Фиренца.rnrnМеѓу кандидатите бил и златарот Филипо Брунелески кој ветил дека ќе изгради не една туку две куполи без сложени и скапи скелиња. Поради страв дека неговите ривали би можеле да му ја украдат идејата, тој одбил да објасни како би можел да ја изгради куполата. Неговата тврдоглавост довела и до расправии со надзорниците.rnrnrnrnИмено, Брунелески имал широки познавања не само од областа на златарството туку и од сликарството и столарството. Освен тоа, нему му биле добро познати изработката на скулптури од сребро и бронза, работата со скапоцени камења и оптиката. Применувајќи ги своите знаења од областа на механиката, без ничија помош, ги смислил и правилата за линеарна перспектива.rnrnИдејата на Брунелески била куполата да се состои од два дела, внатрешна купола која би била видлива во катедралата, сместена во поширока и повисока надворешна купола. За да не дојде до пукнатини или колапс на целата катедрала што би можеле да бидат предизвикани од тежината на оваа огромна конструкција, ѕидовите биле зацврстени со железо, дрво и камен.rnrnБиле потребни 16 години за целосната изградба на куполата. Преку нејзината изградба, Брунелески го започнал процесот на културна и општествена трансформација на ренесансата благодарение на неговата креативност и оригиналност, но и храброто преобликување на класичното минато во согласност со потребите и аспирациите на модерното време.rnrnДенес, оваа купола не само што е симбол на градот туку е и симбол на човечкиот дух кој се стреми кон рајот.rnrnОткако прочитавте за куполата на Брунелески, можеби ќе сакате да прочитате и кои места во Фиренца морате да ги посетите.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
Доколку на вашата листа за патување се наоѓа и Фиренца, погледнете го најдобриот начин на кој можете да поминете 24 часа во овој романтичен град, богат со ренесансна уметност и архитектура.rnrnrn
07:00 часот
rnВо Фиренца треба да станете многу рано и уште пред појадокот да отидете до плоштадот Микеланџело (на ридот) за да го доживеете утрото во целост. Од тука има најубав поглед на градот, затоа што сонцето најпрво ги осветлува портокаловите лисја, па покривите и на крајот реката Арно.rn
09:00
rnПосле појадокот веднаш треба да отидете до галеријата „Уфици“, затоа што оваа колекција на ренесансна уметност ја прави Фиренца единствена во светот. Колку порано ќе отидете, толку подобро, затоа што редовите за Микеланџело, да Винчи, Рафаело и Ботичели, може да бидат застрашувачки.rn
11:00
rnМостот Векио е еден од најпознатите во Италија и е единствениот кој го преживеал бомбардирањето за време на Втората светска војна. Тука се наоѓале продавници за накит, а сега е преполн со туристи. Затоа, убаво е да пиете кафе со поглед на Понте Векио.rn
14:00
rnПопладне можете да се прошетите околу Дуомо, познатата огромна катедрала од 13-тиот век. Нејзината фасада е исклучителна, влезот е бесплатен, а до врвот има 463 скали. Камбанаријата е висока 82 метра, а погледот од врвот е неверојатен. Тука се наоѓа и најстарата зграда во која се сметало дека престојувал Данте.rnrnrn
16:00
rnГалеријата Академија е вистинско место за љубителите на уметноста, затоа што овде се наоѓа оригиналниот Давид на Микеланџело, но и многу други светски познати дела. Таа е отворена до 19 часот.rn
18:00
rnМногу од продавниците работат две смени, а Торнабуони е улица наменета за шопинг. Многу поинтересно е да шетате по улиците како што е Спада, каде што не се наоѓаат толку познати брендови, туку локални бутици. Фиренца е прочуена и по одличната обработка на кожата.rn
20:00
rnНајдобра вечера и пијалак можете да имате на плоштадот Сант Амброгио, каде што сите пијат вино, коктели и вкусуваат разни аперитиви.
Фиренца е градот на италијанската уметност и ренесанса, со уникатна атмосфера и богата историја. Доколку некогаш ја посетите, еве ги местата кои не смеете да ги пропуштите за целосно доживување на градот.rn
Дуомо
rnrnrnНајпознатата градба која мора да ја видите во Фиренца е катедралата на градот, Санта Марија дел Фјоре, позната како Дуомо. Веднаш до Дуомото се и камбанаријата и баптистериумот, кои исто така вредат да се посетат. Искачете се на врвот на камбанаријата или на Дуомото и ќе добиете прекрасна панорамска глетка на целиот град. Вистинско уживање.rn
Плоштадот Микеланџело
rnrnrnОвој плоштад е изграден во чест на Микеланџело. Доколку сте по пешачењето, тоа е вистинското место за вас. Совршен е за панорамски поглед на Фиренца. Одете со пријателите, земете си малку вино и уживајте во прекрасното зајдисонце.rn
Понте Векио (Стариот мост)
rnrnrnНе само што е најпознатиот мост во Фиренца, туку е и едно од најдобрите места за шопинг во градот. И од тука имате одличен поглед и совршена позадина за една убава фотографија. Наоколу има многу продавници за накит, кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.rn
Статуата Давид на Микеланџело
rnrnrnИ додека има многу копии од оваа статуа, најоригиналната и најспектакуларната се наоѓа во Академската галерија. Во Академијата има безброј убави уметнички дела, но главна атракција е секако, статуата Давид.rnrn
Автор: Ема ЈакимовскаrnrnРенесансната италијанска уметност се смета за еден од најубавите периоди во историјата на уметноста. Еден од најпознатите уметници од тој период е Сандро Ботичели, сликар од Фиренца, кој ги насликал двете најзначајни дела за ренесансното сликарство – „Раѓањето на Венера“ и „Пролет“. Двете слики, како да укажуваат на постоењето на муза, за која историчарите на уметноста веруваат дека е Симонета Веспучи, најубавата жена во Фиренца, а оттука и во целата ренесанса.Симонета Веспучи е родена во Порто Венере, во околијата Џеона, во 1453-та година. Таа била ќерка на благородниците Гаспаре Катанео дела Волта и Катокја Спинола де Кандија. На 16 години, Симонета, стапила во брак со Марко Веспучи, студент во Фиренца и далечен роднина на Америго Веспучи. Марко бил лудо заљубен во Симонета и неговиот предлог за брак бил прифатен поради добрите врски со семејството Медичи од Фиренца. Симонета и Марко се зеле во 1469-та во Фиренца, во палатата на Медичи. Медичи веднаш ја засакале Симонета. Нејзината убавина и женственост ја освоиле цела Фиренца и станала опсесија на многу мажи. Џулијано де Медичи, веројатно бил нејзиниот најблагороден додворувач и не се срамел тоа јавно да го искаже. rnrnНаведено во историјата е дека на еден витешки натпревар во 1475-та година, одржан на главниот плоштад во Фиренца, имало банери со ликот на Симонета, претставена како Палас Атена, а насликана од самиот Ботичели. Под сликата стоел насловот „La Sans Pareille“, односно „Неспоредливата“.Од тој момент па наваму, Симонета станала позната како најубавата жена во Фиренца, а подоцна и во самиот ренесансен период.rnrnЏулијано победил на витешкиот натпревар, а со тоа ја добил љубовта на Симонета, која на настанот била номинирана за „Кралица на убавината“. Дали станале љубовници е сè уште непознато. Симонета починала во април, во 1476-та година, од туберкулоза, на само 22-годишна возраст.rnrnКако и да е, нејзината убавина сè уште живее на сликите на Ботичели, барем многумина веруваат дека ликот е всушност нејзин. Фигурата која постојано се појавува во неговите дела, со класична убавина и долга, руса, лелеава коса вистина одговара на описите на Симонета. Иако некои од историчарите на уметноста се сомневаат за постоењето на љубовна врска меѓу Ботичели и Симонета, сепак не може а да не се шпекулира за такво нешто меѓу најубавата жена во ренесансата и најпознатиот сликар во истиот период. Едноставно звучи предобро за да биде случајност.Сличностите меѓу Симонета и фигурата во сликите на Ботичели се неоспорливи, иако многумина веруваат дека тие карактеристики ја претставуваат женската ренесансна убавина воопшто, а не дека укажуваат на поврзаност со одреден лик. Како и да е, едно е вистина, а тоа е дека Ботичели дефинитивно бил назначен да изработи портрет на Симонета по повод витешкиот натпревар, и можеби тоа било местото каде романсата меѓу нив всушност започнала.rnrnИма еден факт кој укажува на тоа дека врската меѓу Симонета и Ботичели била повеќе од односот меѓу муза и уметник. Кога Ботичели починал, во 1510-та година, побарал да биде закопан крај Симонета, во црквата во Оњисанти, во Фиренца. Неговата желба била исполнета.rnrnИако светот е сведок на подемот и падот на многу музи од 15-от век па натаму, тешко е да се замисли дека постоела посилна, повитешка врска од онаа на најубавата жена во ренесансата и најуспешниот сликар од периодот.rnrn
Ако науката е вашето поле на интерес, си должите патување до Фиренца, Италија, поточно посета на Музејот „Галилео“. Тоа е мал музеј кој е преполн со неверојатните научни инструменти од времето на ренесансата. Дури и да не сте заинтересирани за науката, невозможно е да ја игнорирате убавината на овие предмети. Рачно изработени, по најточните стандарди, тие имаат двојна атракција кај посетителите на овој музеј. Прво, тоа се инструменти направени со неверојатни вештини и второ, тоа се технолошки откритија кои се отскочна штица за она што го имаме денес како технологија.rnrnПогледнете дел од изложените научни инструменти, изум на Галилео:rnrnНебесна (рајска) топкarnrnНебесната (рајска) топка е направена по нарачка на Ferdinand de Medici за својата жена. Топката е висока над 3 метри и е направена од злато и дрво од чемпрес. Небесната топка го покажува движењето на сите планети. Во внатрешноста на топката има слика од Господ како управува со движењето на топката.rnrnАстро топкаrnrnРенесансен калкулаторrnrnРачно изработен стакларник од Венецијански уметникrnrnРачно изработен телескопrnrnСо овој телескоп Галилео ја докажал теоријата дека земјата се врти околу сонцето.rnrnТермометарrnrnТермометарот за мерење телесна температура претставува стаклена жаба што се полни со течност која ја менува густината во зависност од температурата на телото. Термометарот се ставал во зглобот на пациентот 15 минути. Различен број на стаклени монистри пловеле во внатрешноста на жабата кои ја покажувале телесната температура.