Во зависност од тоа како се доживувате себеси, тоа може да ве претвори во подобра личност или да ве скрши. Доколку сакате да бидете успешна и правилно изградена личност, внимавајте на овие 15 работи, кои никогаш не треба да си ги велите на себе.rnrn
rn
1. Би сакал/а да немав толку лоша среќа
rnКолку повеќе ги прифаќате можностите кои излегуваат пред вас, толку подобра „среќа“ ќе имате. Доколку навистина сакате нешто, одете и земете го. Успехот е резултат на акција, а не на добра или на лоша среќа.rn
2. Прекасно е за мене, па зошто воопшто да се трудам?
rnНикогаш не е доцна да го промените вашиот живот. Дури и оние „најоштетените“ можат да станат од пепелта и да ја преземат контролата врз нивниот живот. Гледајте на вашата возраст како на предимство, а не како на некаква препрека. Со годините доаѓа искуството, а со искуството доаѓа знаењето.rn
3. Што ќе си помислат тие за мене?
rnРазмислувањето за тоа што другите мислат за вас, е сигурен начин за зголемување на вашето ниво на стрес. Никогаш не го жртвувајте вашето „сопствено јас“, само за ги импресионирате другите. Доколку некој пријател е доволно вреден, тој/таа ќе ве цени онакви какви што сте, а не онакви какви што сака да бидете.rn
4. Толку сум глупав/а
rnНикој не ги знае одговорите на сите прашања, така што не се оптоварувајте со тоа. Секој од нас има цел сет од уникатни способности. Доколку сте лоши во една работа, не значи дека сте глупави. Наместо да се фокусирате на вашите слабости, посветете се на развивање на вашите јаки страни и користете ги што е можно повеќе. Колку подобри станувате во некоја работа, толку посамоуверени ќе станувате.rn
5. Никој никогаш нема да ме сака
rnКако е возможно да го знаете тоа? Не можете! Па, доколку решите да останете дома и да размислувате за тоа како никој не ве сака, наместо да излезете надвор и да побарате потенцијален партнер, ја правите ситуацијата полоша. Господинот или госпоѓицата Совршен/а, нема да може да ве пронајде доколку се тегнете по дома, во пижами.rn
6. Не можам да го направам тоа
rnНе го признавајте вашиот пораз уште пред да започне борбата. Ако ви фали мотив, помислете на трите најголеми достигнувања во вашиот живот, на пример стекнувањето со универзитетска диплома, добивањето унапредување на работа, започнувањето блог, започнувањето убава љубовна врска или што и да е. Размислете кои ваши квалитети ги употребивте при реализирањето на секоја од овие цели и запишете ги. Забележувате некакви насоки? Истите тие ќе ве одведат кон нови успеси.rn
7. Не верувам дека му/ѝ се допаѓам, бидејќи не ми врати на пораката/повикот
rnДонесувањето вакви заклучоци е резултат на тоа што мислите дека светот се врти околу вас. Не е пологично да помислите дека вашиот пријател/партнер имал тежок ден или се задржал на работа или факултет? Луѓето имаат обврски, така што почекајте малку, пред да носите заклучоци.rn


rn
rnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn
rnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn
rnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn
rnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrn