Архипелагот составен од 115 островчиња сместени во Индискиот океан е вистински дар од природата. Поранешната британска колонија со децении наназад претставува една од најегзотичните и најпривлечните дестинации за туристите од целиот свет, благодарение на фантастичните тропски плажи и интересниот див свет.rnrn
rnrnПесочни плажи од ситен бел песок се протегаат веднаш под падините и бујната вегетација, а водата е светло сина и толку проѕирна што можете од далеку да го видите песочното дно што се простира под површината. Сејшелите претставуваат природен музеј и дом на некои од најретките видови флора и фауна.rnrn
rnrnСо заштита со многу легислативи, правила и норми на приближно 50 проценти од вкупната површина на архипелагот, Сејшелите го држат рекордот како еден од најзачуваните екосистеми во светот. Сејшелите се исто така и дом на две локации под капата на УНЕСКО, првата е Aldabra, најголемиот корален остров во светот, а втората е Praslin’s Vallée de Mai, за која во минатото се претпоставувало дека ја претставува автентичната локација на Рајската градина.rnrnЗа Сејшелите честопати се користи терминот „островот на љубовта“, бидејќи тука романтиката се случува на најприроден начин, во комбинација со нежните бранови кои го бакнуваат брегот во полноќните часови.rnrn
rnrnТуристите можат да се одлучат да ги посетат островите Praslin, La Digue, Mahé или некои други. Во врска со прашањето кој остров е поубав, верувајте дека е сеедно, бидејќи заеднички именител на сите 115 острови е неопислива, воодушевувачка убавина која го одзема здивот и се вгнездува во вашето сеќавање засекогаш. Популарни активности на овој остров се нуркање, риболов, пловење и излежување на неверојатните плажи од бел песок.rnrn
rnrnСејшелите се мирно, спокојно и безбедно место, каде волшебната убавина и бавниот живот во комбинација со прекрасната тропска клима и љубезните мештани, ќе го потпомогнат случувањето на нежните романтични искуства. Тука можете да ја направите вашата свадба од соништата, да отидете на меден месец или на некоја битна годишнина од брак, бидејќи незаборавните Сејшели се вашиот сон за романтика.rnrn
rnrnДа, Сејшелите навистина се рај на земјата.rnrn


rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Ова „село“ е наречено „Coral Reef“ или на македонски кажано „Корален Гребен“, а изградено е на сеизмички столбови во близина на самиот брег. На него секое семејство би имало свое парче земја, за да одгледува храна. Помеѓу двата реда живеалишта би имало кањон, а целиот вештачки остров би изобилувал со тропски екосистем, односно со богата флора и фауна. Матната вода од фармите и домовите би се филтрирала, пред да биде испуштена во морето.rn
Целиот систем е јаглеродно неутрален и би се напојувал преку голем број различни обновливи извори на енергија. Напојувањето би се генерирало преку конверзија на термална енергија под столбовите, од морските струи, од турбини на ветер и преку соларните панели.rn
Пред некое време можевте да прочитате за успешно реализираната идеја на Џон и Синтија Харди, кои се креатори на феноменалното 




