КАФЕ ПАУЗА

Tag: фантастично

  • Банани претворени во фантастични уметнички дела

    Банани претворени во фантастични уметнички дела

    Иако некои сметаат дека со храната не треба да се игра, овој пат дефинитивно нема да му замериме на артистот Стефан Бруше од Холандија. Неговата способност бананата да ја претвори во прекрасно уметничко дело кое сигурно ќе измами насмевка на вашето лице е единствена и воодушевувачка. Од едноставноста на бананата до креативна и фантастична уметност – неверојатно!rnrnrnrn(1)-banani-pretvoreni-vo-fantastichni-umetnichki-dela-kafepauza.mk(2)-banani-pretvoreni-vo-fantastichni-umetnichki-dela-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете ги сите убавини на Париз во помалку од три минути

    Погледнете ги сите убавини на Париз во помалку од три минути

    Ова неверојатно видео ќе ви ги претстави сите знаменитости кои задолжително треба да ги посетите доколку појдете во градот на светлината, Париз.rnrnПогледнете ги сите убавини на Париз во помалку од три минутиrnrnБез разлика дали некогаш сте го посетиле или пак сакате а не можете да си дозволите, ова видео ќе ве воодушеви. Креатор на видеото е Кирил Неиежмаков кој го претставил градот на фантастичен начин, преку ова тајмлапс видео.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Танцувачи меѓу нас

    Танцувачи меѓу нас

    Барем еднаш на сите ни се случило несвесно да заиграме кога ќе ја слушнеме вистинската песна во вистински момент. Тогаш без никакво објаснување нашето расположение го достигнува својот максимум и во наредните неколку часови никој и ништо не може да го намали. Но, доколку тоа ни се случи на отворен простор и покрај интензивната потреба да заиграме, нешто нè спречува и си продолжуваме по нашиот пат како ништо да не се случило…Танцувачи меѓу насНо, за танчерите од проектот „Танцувачи меѓу нас“ како што видовме и претходно, овие настани се секојдневна појава. А доколку некогаш решите да се препуштите на музиката и да заиграте помеѓу голем број непознати луѓе – отприлика вака би изгледале во нивните очи…Танцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу насТанцувачи меѓу нас
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ново чудо од глас на годинешното шоу „Britain’s got talent“

    Ново чудо од глас на годинешното шоу „Britain’s got talent“

    После феноменалните изведби и откривањето на новите пејачки феномени, Пол Потс во 2007 година и Сузан Бојл во 2009 година, шоуто „Britain’s got talent“ повторно го шокираше светот со уште едно фантастично дуо. Станува збор за 17-годишниот Џонатан и 16-годишната Шарлот, кои заедно звучат фантастично. Џонатан е момче кое е премногу срамежливо поради неговиот проблем со прекумерната тежина, но заедно со неговата најдобра другарка, по сугестија на нивната учителка по пеење, тие се пријавуваат на ова шоу. Можеби функционираат како дуо, меѓутоа гласот на Џонатан ќе ве турне од столчето на кое седите.Ново чудо од глас на годинешното шоу „Britain’s got talent“Дури и скептичниот и секогаш искрениот Сајмон Кауел ќе стане и ќе аплаудира на ова пријатно изненадување. Застрашувачки моќно! Оние што се посензитивни нека си спремат шамиче.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога фотограф ќе се спријатели со дивите животни…

    Кога фотограф ќе се спријатели со дивите животни…

    Со докторат по зоологија, Италијанецот Stefano Unterthiner не е само уште еден обичен фотограф на животни. Неговата огромна пасија да ја прераскаже животната приказна на дивите животни, го прави популарен уметник ширум светот. Како секој исклучително талентиран фотоновинар, Стефано го чека вистинскиот момент за да улови добра фотографија, при што честопати преноќува по неколку седмици во дивина, потполно сам.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrn rn

    „Сакам да правам фотографии од природата, најмногу затоа што таа работа ми овозможува да останам надвор во дивината. Уште додека бев дете, обожавав да поминувам време во природа. Пораснав во малечко планинско село, каде што научив колку може да биде интересно да ја разоткриваш природата која ја има во близина на твојот дом. Јас сум раскажувач на приказни. Тоа не значи дека јас многу зборувам, туку дека ми се допаѓа можноста да прераскажувам „приказни“ за дивите животни, преку моите фотографии.“

    rnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnСтефано успева да ја долови убавината на дивите животинки, дури и на мечките, без да дозволи тие на фотографијата  да изгледаат застрашувачки.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrn rn

    „Додека ја работам својата работа, јас се обидувам да се спријателам со предметот на мојата фотографија. Сакам да го прикажам вистинскиот карактер на животните и да креирам позитивна емоција кај набљудувачот, кога ќе ја погледне добиената фотографија.“

    rnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnЗа да ги фотографира животните на овој начин, Стефано практично живее во нивната средина подолг временски период. Така на пример, за да ги направи фотографиите со црните макаки мајмуни, тој поминал шест седмици на индонезискиот остров Сулавеси, постојано следејќи група мајмуни, сè додека тие не почнале да го препознаваат и прифаќаат. Две фотографии од оваа серија, му ја овозможиле посакуваната награда Фотограф на Дивиот Свет на Годината.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnПрисетувајќи се на друг негов проект на Антарктикот, Стефано рекол:rn
    rn

    „Тоа беше вистинска експедиција. Поминав пет месеци таму, секојдневно фотографирајќи царски пингвини и албатроси. Тоа беше едно надреално, но неверојатно искуство. Живеев во малечка научна база, а за да се стигне оттаму до најблиската болница, е потребно една седмица пловење со брод. Дома успеав да се јавам на телефон само еднаш.“

    rnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnСтефано ги прави сите негови фотографии користејќи ги моделите на Никон, D3 и D3S, а го осигурува нивното постоење, префрлувајќи ги на надворешен диск G-RAID Mini додека е на терен и потоа на G-SAFE во студио.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnНеговите фотографии можат да се купат онлајн.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnНајверојатно досега сте виделе некоја од фотографиите на Стефано, но не сте знаеле, бидејќи тој е редовен соработник со „National Geographic“.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Танц во воздух

    Танц во воздух

    Понекогаш наидуваме на фотографии кои едноставно кажано не тераат да потскокнеме од радост. Проектот на њујоршкиот фотограф Џордан Матер т.н. „Танцувачите меѓу нас“ го постигнува токму тој ефект. Овој проект Џордан започнал да го работи пролетта, 2009, со артисти од „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“, кои изведуваат неверојатни движења во воздух, без трамбулина или други слични помагала кои го засилуваат телото при скок. Проектот го работел една година, а фантастичните фотографии кои се направени на различни локации во Менхетен, едноставно се резултат на стотици часови напорно вежбање.Танц во воздух.rn

    Идејата за овие фотографии ја добив кога гледав една од изведбите на танцувачите во „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“. Бев импресиониран од чудесната комбинација од уметност и атлетика која ја имаат во себе танцувачите. Тие се посветени и ангажирани околу вежбањето на движењата и надвор од нивните проби и изведби – тоа е нивен начин на живот.

    rnТанц во воздух.rn

    Во фотографиите танцувачите се обидувам да ги прикажам како најобични луѓе. Ги фотографирав далеку од нивната сцена како ги извршуваат нивните секојдневни обврски танцувајќи. Работата на овие танцувачи говори за моќта на живеење на животот со страст. Ако целосно се внесеш себеси во нешто, што е твое ќе си дојде.

    rnТанц во воздух.rn

    Размислував за рецесијата и како таа се одразила на талентираните луѓе кои можеби ја изгубиле нивната работа. Дали сè уште ќе работиш како танцувач, ако не си платен за твојата изведба? Или дали сè уште ќе бидеш готвач ако немаш кујна во која ќе готвиш? Станува збор за луѓе со неверојатен талент кои чекорат по улиците и ги рекламираат нивните способности секојпат кога ќе посакаат. Танцувањето е неизоставен дел од нив и тие секогаш ќе бидат танцувачи.

    rnТанц во воздух.rn

    Бев вџашен од талентот кој го поседуваат танцувачите на Пол Тејлор и благодарение на еден мој пријател успеав  да дојдам до овие момци и девојки, кои дојдоа и ми го ставија на располагање нивното слободно време за овој проект.

    rn

    Танц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздухТанц во воздух