КАФЕ ПАУЗА

Tag: епл

  • Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

    Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?

    Кога читаме или слушаме за тоа како е да се работи во најголемите светски компании, најчесто дознаваме за лошите страни на корпоративната култура и за нивните тешки интервјуа за работа. Сепак, работата таму покрај големата плата носи и определени привилегии со кои одговорните сакаат да им обезбедат на вработените мала оддишка од напорната работа, поголемо задоволство во работата и со тоа и поголема продуктивност.rn

    Гугл

    rnГугл на вработените им обезбедил куглана во која може да се релаксираат, не е забрането и да дремнат малку, а покрај тоа секој од нив може 20% од своето работно време да го искористи на некој личен проект по свој избор. Им се нуди и невообичаена можност за перење на алиштата додека се на работа, но најинтересната привилегија е тоа што компанијата му дава по 5.000 долари на секој вработен кој ќе реши да купи електричен автомобил. Дел од зелената политика се и бесплатните велосипеди наменети за транспорт од една до друга зграда во големиот комплекс на Гугл.rnrnКакви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?rn

    Фејсбук

    rnФејсбук се труди да ги задоволи своите вработени давајќи им големи количини на бесплатна вкусна храна. Во своите простории тие имаат пицерија, суши ресторан, слаткарница, ресторани со скара, продавница за салати итн.rnrnКакви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?rn

    Твитер

    rnТвитер е компанија која очигледно претпочита малку поопуштена атмосфера. Не постои код на облекување, некои од состаноците се одржуваат на покривот, може да се вежба јога во канцелариите и внимавајте – даваат бесплатно пиво. Исто така многу се флексибилни кога станува збор за годишните одмори.rnrn(3) Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?rn

    САС

    rnИТ компанијата САС се грижи за здравјето на своите вработени. Имаат свои терени за кошарка и тенис, своја фитнес сала, базен, салон за масажа, па дури и сопствен лекар.rnrnКакви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?rn

    Епл

    rnЕпл е позната како компанија која е скржава кога станува збор за дополнителни привилегии за работниците. Таа е далеку од останатите компании кои се спомнуваат овде, но се издвојува по тоа што отсекогаш промовирала политика на толеранција кон работниците – припадници на ЛГБТ популацијата и еднакви привилегии за сите, дури и во моментите кога поради тоа губеле клиенти и пари.rnrnКакви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?rnrn

  • Филм: Џобс (jOBS)

    Филм: Џобс (jOBS)

    Биографија за легендата во иновациите и бизнисот

    rnФилм: Џобс (jOBS)Режија: Џошуа Мајкл СтернrnrnУлоги: Ештон Кучер, Дермот Малруни, Џош ГадrnrnВреметраење: 128 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 август 2013rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnСтив Џобс е иконата на корпоративна Америка. Тој е пример за човек кој сака да направи промени во светот, влегува во бизнисот поради тоа и успева. Згора на сѐ, после некое време некој неспособен го брка од неговата компанија, а тој по неколку години воскреснува враќајќи се на истото место, со истите идеи и страст да остави белег со своите иновации.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnНе е спорно дека Стив Џобс беше еден од оние големи иноватори, визионери и лидери во бизнисот. Како таков и е претставен во филмот. Секогаш визијата му е на прво место, одличен преговарач е, доста ја користи интуицијата, бројките не го интересираат премногу и вечно се бунтува против оние кои сакаат „да ја доведат компанијата во ред“. Стив Џобс во „Џобс“ е лик чиј жар во работата е инспиративен за неговата околина.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnТоа е доста нагласено, па можеби затоа на моменти филмот делува како да претерува со идеализирањето на неговиот лик и дело. Тој навистина беше харизматичен лидер, но за него е познато и тоа дека не бил секогаш фин со своите подредени. Во филмот има сцени кои се обидуваат да го доловат тоа, но се ретки и немаат некој особен интензитет кој би оставил впечаток. Авторите на филмот со неговиот лик и дело постапуваат како и со секој друг неодамна починат човек: ја сокриваат неговата темна страна и на публиката ѝ ги прикажуваат само убавите работи по кои тој ќе се памети.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn„Џобс“ е редица на хронолошки настани кои го опфаќаат животот на главниот лик од неговите студентски денови, па сѐ до моментите кога создава историја. Придружуван со музика од седумдесеттите, сиот акцент е ставен на неговиот лик, одигран од Ештон Кучер. Малку е необично да се види Кучер во улога на сериозен и зрел човек, а и не зрачи со харизмата на вистинскиот Стив Џобс, па што поради него, што поради самото сценарио ова не е една од оние врвни биографии од типот на „Линколн“ или „Социјална мрежа“. Но во секој случај вреди да се погледне… барем додека на излезе уште некој филм посветен на Стив Џобс.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога 10.000 Ајфони паѓаат како домино

    Кога 10.000 Ајфони паѓаат како домино

    Во ова видео ќе видите 10.000 телефони Ајфон 5 како паѓаат во домино ефект. Ова всушност претставува рекламно видео за најновиот Ајфон со NFC сензор, кој Епл наскоро ќе почне да го вградува во својот најпопуларен производ.Кога 10.000 Ајфони паѓаат како доминоСистемот NFC (Near Field Communication) му овозможува голем број можности на корисникот, кои ниту еден претходен модел не му ги овозможувал. Преку него ќе биде можно безжично праќање пари преку Пејпал или размена на податоци помеѓу два телефона со нивно приближување.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Илустрации во сеќавање на Стив Џобс

    Илустрации во сеќавање на Стив Џобс

    Стив Џобс почина на 5 октомври 2011 година. Сите сме свесни за успесите и квалитетот на производите на неговите компании Елп и Пиксар. Но, Стив не беше инспирација само за лицата во неговиот бизнис. Тој успеа да влијае врз светот и врз начинот на живеење.Илустрации во сеќавање на Стив Џобс Овие илустрации доаѓаат од неговите фанови ширум светот. Сите тие искажуваат почит кон човекот кој направи револуција во дигиталната индустрија. Тоа што го остави зад себе ќе остане вечно и бесмртно засекогаш.Илустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив ЏобсИлустрации во сеќавање на Стив Џобс
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • iMove – концепт автомобил инспириран од производите на Apple

    iMove – концепт автомобил инспириран од производите на Apple

    Што мислите за автомобил брендиран од „Епл“ (Apple)? Италијанскиот дизајнер Ливиу Тудоран, инспириран од производите на „Епл“ создал концепт на автомобил за 2020 година, кој го нарекол iMove. Тој би работел на електрична енергија, а надворешно би ги имал истите стилски карактеристики како најновите Мекинтош производи.rniMove – концепт автомобил инспириран од производите на „Епл“iMove – концепт автомобил инспириран од производите на „Епл“Поголемиот дел од колата е прекриен со проѕирен материјал, така што и целосно затворен би ви создавал чувство како да се возите во кабриолет. Транспарентниот материјал истo така е и сончев колектор. Во него би можеле да се возат тројца патници, а возилото ќе понуди и инвентивен багаж простор.rniMove – концепт автомобил инспириран од производите на „Епл“iMove – концепт автомобил инспириран од производите на „Епл“Овој концепт исто така предвидува, разни можности за персонализација, така што сопственикот би можел да си го прилагодува возилото спрема своите потреби.rniMove – концепт автомобил инспириран од производите на „Епл“rnВидео за концептот iMove (препорачливо е да го гледате на цел екран):rnrn

  • Како познатите брендови го добиле своето име

    Како познатите брендови го добиле своето име

    Познатите брендови, со сигурност не станале тоа што се денеска преку ноќ. Потребни им биле многу години вложување и промоција, за да го достигнат нивото на светска популарност кое го имаат сега. Интересно е тоа што голем дел од големите корпорации имаат некоја интересна приказна од периодот на нивното настанување, а е поврзана со нивното име.rnКако познатите брендови го добиле своето имеНавистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Apple

    rnВо 1976 година, Стив Џобс работел на една фарма во Орегон, која го инспирирала да и го даде името на компанијата Apple (Јаболко). Ко-основачот Возниак, верува дека Стив ја добил идејата или од фармата на која работел или од “Apple Records” – музичка куќа основана од познатата група Битлси.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Adobe

    rnAdobe Systems е создаден во 1982 година од страна на Џон Ворнок и Чарлс Гешки. Името е добиено од реката Адоуб Крик во Лос Алтос, Калифорнија, бидејќи поминувала зад куќата на Ворнок.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Google

    rnДали сте знаеле дека најупотребуваниот пребарувач, на почетокот во 1996 година се викаше “BackRub”? Името Google за прв пат се примени во 1998 година и тоа поради правописна грешка на зборот “googol”.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Hewlett Packard

    rnПознатиот бренд HP е создаден од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард. Бидејќи двајцата биле во недоумица дали да ја крстат компанијата Хјулит-Пакард или Пакард-Хјулит решиле да фрлаат паричка.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Mercedes

    rnПознатата автомобилска компанија “Мерцедес” името го добила по ќерката на Емил Јелинек. Емил Јелинек всушност бил австриски бизнисмен кој нарачал мотор од дизајнерите Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах, со кој учествувал во трка. Потоа, тој увидел дека тоа може да биде добар начин за заработка, па нарачал уште 36 автомобили и добил франшиза за продажба во неколку земји.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Pepsi

    rnПијалокот Пепси за прв пат се појавил во 1893 година под името “Brad’s Drink”. Името било добиено од фармацевт Кејлеб Бредхем кој ја создал формулата. Во 1898 година пијалокот е преименуван во “Pepsi-Cola”, поради дигестивните ензими пепсин и кола кои се содржани во формулата.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Intel

    rnДали сте знаеле дека компанијата што сите ја знаеме како “Intel” можела да се вика ” Moore Noyce “? Нејзините основачи Боб Нојс и Гордон Мур го смислиле името, но за жал тоа веќе било зафатено од некој синџир на хотели. Поради ова бил усвоен акронимот од “INTegrated ELectronics”.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Sony

    rnОвој гигант во 1946 година бил создаден под името “Tokyo Tsushin Kogyo K.K”. Но, во 1958 година фирмата решила да го смени името во “Sony”, спојувајќи два збора “sonus” и “sonny”. Сленгот “sonny” значи паметен, млад и претставителен.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Yahoo

    rnОвој познат пребарувач и имејл сервис првично бил наречен ” Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Нормално, името било добиено од имињата на пронаоѓачите Џери Јанг и Дејвид Фило. Името Yahoo е добиено малку покасно, и тоа како кратенка од “Yet Another Hierarchical Officious Oracle”.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Adidas

    rnИскрено, дали некој од нас воопшто знае што значи Adidas? Брендот е создаден според името и презимето на основачот АДолф (АДИ) ДАСлер.

  • Епл Мек про со неверојатни 12 процесорски јадра

    Епл Мек про со неверојатни 12 процесорски јадра

    Мек про десктоп компјутерите на Епл доаѓаат во ново издание, а она што ќе го забрза чукањето на вашето срце е 12-јадрениот процесор кој е спакуван во внатрешноста. Ова би требало да ги возбуди професионалците кои се занимаваат со графика, музика и видео кои преферираат да работат на Мекинтош заради моќноста со која можат да работат нивните омилени апликации за креативна работа. Она што ќе го добиете од овој процесор е 2,66 GHz или 2,93GHz по јадро, што би било доволно за симултана работа на толку задачи колку што не би можеле ни да замислите.rnrnrnrnrnrnОднадвор, неверојатниот процесор кај новите Мек про компјутери го чува мазниот метал од страните и перфорираната решетка однапред. Промените во дизајнот се минимални, но останатите технички спецификации се исто така значајно подобрени заедно со процесорот. Новиот Мек про може да работи со две ATI Radeon HD 5770 графички картички со 1GB GDDR5 меморија на секоја и поддршка за поставување на 6 монитори. Во однос на меморијата, новиот Мек про може да вклучи максимум 32GB RAM. Купувачот може да избере неколку терабајтни тврди дискови, 512 гигабајтни solid state дискови или комбинација од двата типа.rnrnrnrn12-јадрениот Мек про пристигна во август годинава, а неговата цена почнува од 5000 американски долари. Од информацијата за максималната цена ќе ве поштедиме, само одоколу ќе ви наспомнеме, дека може четирикратно да се зголеми од основната.rnrnrnrn