Се сеќавате ли на вашето детство, на тоа какво дете бевте, какви сништа и желби имавте? Дали и сега доследно ги следите? Дали напуштајќи го детското тело го напуштаме и детето, па тој детски дух повеќе не се вклопува со веќе одраснатото тело?rnrnДетето во нас го оставаме низ годините и не се вртиме кон него, го забораваме. Како бесчувствителни ѕверови го оставаме во преполна железничка станица, да се изгуби помеѓу телата, не можејќи да види ништо освен забрзани чекори на некои занесени луѓе кои ги бараат патиштата до своите цели.rnrn
rnrnИ тие некогаш го направиле истото, тие одамна се приклучиле во толпата на возрасниот свет, каде хартиите се најважниот ресурс, каде познаваат само неколку симболи и многу бројки. Се претопиле во механизам и нив машината ги собрала и ги ставила на центрифуга. Соочени сме со фактот дека вака функционира овој свет: исклучете ги сите сетила, затворете ги очите, навијте се одзади и движете се само право следејќи ја линијата и слободно газете преку мртви лешови.rnrnНишто ново. Научивме да газиме со ѓон по земјава и по соништата, ладнокрвно да поминуваме покрај чувствата, да лапнеме трипати поголем залак отколку што можеме и без да го соџвакаме да го проголтаме. Овој свет повеќе личи на ринг со гладијатори, отколку на живеалиште за сите нас.rnНо, некаде околу нас сè уште живеат луѓе. Тие имаат способност да ги гледаат боите и нивните нијанси, не си ги осакатиле сетилата и можат да ги почувствуваат природните задоволства на своја кожа. Од нив блика детскиот живот и неокованиот младешки дух, независно од годините, свесни дека телото е само форма, белег за препознавање. Тие луѓе многу безбедно го чуваат своето дете, ослободено од старомодните и досадни принципи на возрасниот свет. Детето во нас не осудува според боите и не прави таква поделба, на црни, жолти и бели, па за него тоа е само дел од спектарот кој го нуди природата, здодевно би било кога сите би биле исти. Тоа ја има моќта да те соголи со искреност. Додека оперираните од чувства не само што ја прават таа поделба, туку имаат и поделба на партиски бои, на ваши, наши и на мои и ничии! Тука не можам, а да не ја споменам трката по парите, моќта и високиот углед во општеството. На оваа патека за трчање на 200 метри сите се подготвени и личниот опис да си го сменат само да стигнат до трофејот. Па не ме ни чуди, зарем имаат нешто да изгубат на таа коцка освен нивната толку избрусена душа што не можат ниту самите да си ја пронајдат. И токму така, парите го вртат светот, затоа што сме такви и цело време трчаме во круг. А најинтересно од сè e што само луѓето ги плаќаат оние основни придобивки кои природата ги дава бесплатно за сите други жители на планетата.rnrnГи замислувам сите луѓе, како егоистично под својот килим, чуваат едно парче шагринска кожа, како и сите нечистотии што се кријат под него. Го стискаат под пазувите, роботски и механички поставуваат цели, што за жал не се нивни желби, и итаат да ги достигнат, заборавајќи да функционираат со срцето – функционираат само со разум. Но, и шагринската кожа има своја цена, брзајќи кон остварување на најбизарните и непродуктивни цели, тие забораваат на вистинската животна суштина и на нејзините најмоќни алатки како љубовта, насмевките, енергијата, пријателите и радоста и си го дозволуваат луксузот да живеат без нив и се задоволни со беден живот кој се заснова само на материјални добра. И во оваа бескрајна дискусија теориите се безбројни, ставовите се спротивставени, а јас се одлучив да чекорам по работ на генијалноста и лудоста, бранејќи го детскиот дух, кој ми овозможува да се чувствувам жива.rnrnНе напуштајте го и вие детето на таа кобна железничка станица, не плашете се и осмелете се да дишете со полни гради, не хендикепирајте се и не ставајте го панцирот на вас за да ги избегнете чувствата кои хаотично летајќи се обидуваат да ве штипнат за срцето. Од тоа штипкање нема ништо посовршено во универзумот, тоа ви прави да ви се придвижи крвта во вените и конечно да почнете да живеете.rnrnДо читање!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Главни улоги:

Иако сиромавите знаат да бидат зајадливи, а богаташките празноглави, во серијата е дозирана примената на стереотипи и можеме да видиме како едните можат да учат од другите. Целта на двете девојки е да заработат доволно пари за еден ден да отворат сопствена слаткарница каде ќе ги продаваат неодоливите колачи на Макс, кои сега ги продаваат во кафулето.

