КАФЕ ПАУЗА

Tag: ефтино

  • 10-те најевтини дестинации во Европа за викенд патување

    10-те најевтини дестинации во Европа за викенд патување

    Ако барате евтина дестинација во Европа за кратко викенд патување, сте дошле на вистинското место. Погледнете ги 10-те најдобри места каде што ќе поминете одлично со малку пари.rn

    1. Палма, Мајорка

    rn(1)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 230 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 120 евраrnrnПросечна цена за музеј: 0 евраrnrnПросечна цена за кафе: 3 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 3,66 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 50 евраrn

    2. Атина, Грција

    rn(2)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 225 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 95 евраrnrnПросечна цена за музеј: 5,23 евраrnrnПросечна цена за кафе: 2,30 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 4,70 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 46 евраrn

    3. Прага, Чешка

    rn(3)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 215 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 91 евроrnrnПросечна цена за музеј: 6,11 евраrnrnПросечна цена за кафе: 2 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 2,78 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 50 евраrn

    4. Лисабон, Португалија

    rn(4)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 191 евроrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 77,88 евраrnrnПросечна цена за музеј: 5,50 евраrnrnПросечна цена за кафе: 1,77 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 3 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 57 евраrn

    5. Краков, Полска

    rn(5)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 189 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 85 евраrnrnПросечна цена за музеј: 5,30 евраrnrnПросечна цена за кафе: 1,77 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 3 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 57 евраrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома

    9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома

    Повеќето луѓе се согласни дека низ годините поминати студирајќи, ги искусиле најубавите моменти од младоста кои се доживуваат само еднаш. Проблем се само парите, кои голем број студенти ги добиваат како месечен џепарлак од родителите, а кој никогаш не им е доволен за сé. Но, доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок.rnrn

    Купете користени книги

    rnrnНа повеќето студенти голем финансиски товар во текот на секоја студентска година им претставува купувањето книги и прирачници. Зависно од цената на секоја книга, на годишно ниво може да се случи да потрошат 100 или повеќе евра. За да не се случи тоа, обидете се да запознаете некој од постарите генерации кој ќе ви ги продаде неговите учебници за дупло пониска цена.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Научете да готвите

    rnЈадењето надвор, без разлика што ќе изберете од менито, е секогаш за 2-3 пати поскапа варијанта од домашно приготвената храна. Ако живеете во студентски дом, користете ја заедничката кујна или јадете во бифе. Ако нема кујна, а храната во бифето не ви се допаѓа, станете креативни и почнете да готвите на решо или во микробранова печка, кои ви е поисплатливо да си ги купите, отколку да се расфрлате. На тој начин, 2-3 пати во месецот ќе можете да си дозволите да се нагостите во ресторан со вашите колеги.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Возете се со автобус

    rnrnБензинот е скап, а возењето со такси уште повеќе. Давањето толку многу пари за превоз, е навистина голем финансиски трошок за студент кој нема пари, а студира далеку од својот дом. Затоа, и покрај тоа што најудобно ви е возењето во автомобил, стиснете заби во текот на студиските години и користете го автобусот како основно превозно средство. Возењето во нив не е бесплатно, но е најевтина варијанта.rnrn10 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Возете велосипед

    rnrnДруг начин да заштедите на превоз е да возите велосипед. Не само што нема да потрошите ниту еден денар, туку истовремено и ќе ја одржувате вашата линија. Ако немате велосипед, можете да си купите нов за 3000-4000 денари и да заштедите многу пари.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Пазарете во евтини дуќани

    rnrnЕдна од најбитните работи ако сакате да бидете штедливи додека студирате, е да гледате во цените пред да купите некој производ. Избегнувајте да купувате козметика и други потребни препарати од скапи брендови, кога не ви е многу битно. Разгледајте ги цените во околните продавници и секогаш пазарете во онаа, каде цените се најниски. На тој начин ќе заштедите многу пари.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Немојте пречесто да пиете алкохол

    rnrnСтудентите обожуваат да се журкаат и да се пијанат. Но, пиењето е доста скапо и може да ви го потроши вашиот месечен буџет, ако претерате. Доколку сте едни од тие студенти кои си го празнат паричникот на забави, забавете малку и размислете колку е тоа штетно по вашето здравје од една страна и екстремно скапо од друга. Одењето на забави и во дискотеки два пати неделно е сосема доволно за да ги „наполните батериите“ пред испитна сесија. Од друга страна, ако сте повеќе надвор отколку внатре, значи дека малку време поминувате над книга. Имајте на ум дека забавата е послатка ако немате паднати испити да ви ги преоптоваруваат мислите.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Искористете ги бесплатните манифестации

    rnrnСите сакаат да одат на концерти, во кино или на други настани за забава, но ретко кој може да оди секаде кај што сака. Не го пропуштајте настапот на вашиот омилен бенд или пејач, бидејќи ќе ви биде криво отпосле, но не купувајте карта за сé што е актуелно во месецот. Наместо тоа, присуствувајте на бесплатни манифестации на отворено и разни други хуманитарни концерти. Ќе ги сретнете сите ваши пријатели и истовремено ќе заштедите многу пари.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Пригответе си кафе со пикантен вкус

    rnrnСтудентите обожуваат да пијат кафе со своите колеги во некој кафе-бар, на паузи меѓу предавањата. Тоа ги држи будни кога остануваат да учат доцна навечер. Но, ако пиете по неколку кафиња секој ден, ќе потрошите многу пари. Ако во кафе-барот не е скапо, посетете го 2 пати неделно, но во останатите денови од неделата, понесете си кафе од дома во термос или купете си од кафемат. Ние ви нудиме голем избор на вкусни кафе-рецепти.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Најдете некоја хонорарна работа

    rnrnСекојдневното броење на парите во џебот, може да биде многу истоштувачко, па затоа ако успеете да најдете некоја работа со половично работно време е одличен начин да го намалите стресот. Сé додека работата не му наштетува на вашиот успех на факултет, таа може да ви помогне да живеете порелаксирано и да си дозволите повеќе луксузи.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.