Верувале или не, она што обожавате да го јадете наутро може многу да каже за вашиот карактер. Затоа, пронајдете го вашиот омилен појадок и откријте што тој вели за вашиот карактер.rnrn
rn
1. Колбаси, јајца и сендвич со сирење
rnЛуѓето кои го сакаат овој појадок важат за вистински љубители на забавата. Тие едноставно најдобро функционираат во вечерните часови, а најзадоволни се ако вечерта е исполнета со добра забава.rnrn
rn
2. Џус и само џус
rnВие сте неверојатни чистотници и вешти сте да го средите вашиот дом да блеска како аптека. Вашата самоконтрола е зачудувачка, но и моќта да предизвикате чувство на вина кај другите луѓе.rnrn
rn
3. Мафин и лате
rnВие воодушевувате со својата појава каде и да се појавите. Едноставно, не може да се појавите некаде, а луѓето да не се завртат по вас. Главниот виновник за тоа е вашата неверојатна енергија со која плените.rnrn
rn
4. Житарици
rnВие длабоко во душата сте дете. Зрачите со невиност, вашиот поглед е детски, а луѓето ве сакаат зашто секогаш им го разубавувате денот. Меѓутоа, секогаш сте во својата сигурна зона, па би било добро понекогаш да излезете надвор од неа.rnrn
rn
5. Јогурт и овошје
rnВие сте зрели и сите ваши обврски ги сфаќате сериозно. Секогаш сте одговорни и за вас сè е како по правило. Никогаш не доцните, а тоа не го сакате ниту кај другите луѓе.rnrn
rn
6. Палачинки
rnВие сте традиционалист и често со носталгија се сеќавате на старите времиња и жалите што не живеете во некој минат период. Меѓутоа, тоа не значи дека не сте оптимист, баш напротив, бидејќи верувате дека сè што е вистинско ќе се оствари порано или подоцна.rn
rn
7. Тост
rnОбожавате луксуз и уживате во сè што ви дава животот. Едноставно, настојувате да си го обезбедите она што е најдобро и да ги искористите сите предности на лежерниот живот.rnrn
rn
8. Кафе
rnВие едноставно се борите за подобар свет и никогаш не се откажувате од таа борба. Само така продолжете!rnrn

rnrnТипичен појадок во Париз се состои од еден или два кроасани или Тартини (француско лепче исечено на кришки, најчесто намачкано со путер и џем), овошје или џус и кафе со млеко.rnrn
rnrnДоколку не сте сместени во хотел каде што се служи појадок, најубави места за појадување се кафулињата со масички на тротоарите на француските улици. Таму најубаво можете да ја почувствувате традицијата на францускиот појадок.rnrn
rnrnДруга можност за појадување ви се малите пекари. Некои од нив имаат по неколку мали масички и служат кафе, доколку не сте си купиле за носење. Во овие места појадокот ќе ве чини помалку, поради поинаквиот амбиент на самото место и поради тоа што нема надворешни маси на тротоарот.rnrn
rnrnИсто така, можете и да си купите вкусни кроасани и кафе со млеко за носење, па да си седнете на клупа покрај Сена и комплетно да уживате во магијата на Париз.rnrn


rn
rn
rnrn
rn
rnrn