Ако сè уште не сте ја украсиле просторијата за вашето бебе, овие два вида декор може да ви помогнат во тоа. Првата тема е тропска, а втората е во џунгла стил. Двете се многу популарни во последно време и со нив можете да создадете забавна просторија за вашите најмили.rnrnrnrnАко сте одбрале стил, палетата на бои е очигледна. Тропските сцени се весели, светли и игриви. Во нив доминираат бои како зелена и жолта боја и кафени тонови. Вашиот избор во овој случај може да биде неутрална позадина со мебел и играчки во впечатливи бои или весел тапет на ѕидот во комбинација со едноставен мебел и детали. Пригушените тонови, па дури и црно-белите комбинации се совршени за тропскиот декор.rnrnМебелот од ратан изгледа фантастично во вакво опкружување. Но, ако не се вклопува во вашиот модерен или минималистички концепт, секогаш можете да се придржувате до основните тонови како што се белата и бојата на светло дрво. Ѕидовите се соодветни за уметничко изразување и за претворање на едноставниот простор во прекрасен тропски остров или во џунгла. Големите лисја, меките кадифени играчки, завесите и тепихот со тропски принт ќе создадат прекрасна атмосфера. Забавувајте се додека ја уредувате собата на вашето бебе затоа што сигурно ќе му биде забавно да игра во неа додека расте.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете како да ја уредите вашата градина во весел медитерански стил.
Еден унгарски артист создава илустрации со многу добро скриени предмети кои само луѓето со остро око можат да ги пронајдат.rnrnВо оваа загатка треба да ја пронајдете скриената змија во џунглата. Дали ќе успеете?rnrnrnrnПомош: Гледајте околу стеблото кое се наоѓа на левата страна од илустрацијата.rnrnАко не успеавте да ја пронајдете, тогаш погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”РЕШЕНИЕ:” active=”false”]rnrnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПогледнете дали можете да ја решите оваа загатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ.
Енди Јеунг е неверојатно талентиран фотограф кој обожава да фотографира пејзажи, архитектура и различни моменти во текот на неговите многубројни патувања. Верувајќи дека фотографијата и патувањата одат рака под рака во неверојатна хармонија, тој повеќе од 10 години ни претставува сосема нови и различни перспективи на светот. Погледнете дел од неговата серија фотографии наречена „Урбана џунгла“ и уживајте во еден од најбрзите градови ширум светот.rnrnrnrn
Дождовните шуми се џиновска ризница од мистерии. Кога ќе доближиме во тамошниот микро светот, брзо ќе забележиме природни креации кои изгледаат како да се направени од луѓето. Токму затоа и можат да се сметаат за најмалите архитектонски дела, креирани од најмалите архитекти на природата. Фотографот Ники Беј патува низ светот и ги истражува џунглите, фотографирајќи ги малите, минијатурни архитектонски мистерии. Погледнете какви чуда кријат големите дождовни шуми.rnrnДрвена колиба – гасеница на молец собира и крши мали стапчиња за да направи детално изработена, спирална дрвена колиба за живеењеrnrn
Вилата „Aqualina“ е сместена во тропските шуми на островот Ко Самуи во Тајланд и претставува прекрасно место за одмор и релаксација. Оваа модерна вила има 3 спални соби, 4 купатила, а она што е најимпресивно кај неа е огромниот базен кој е опколен со прекрасна природа. Ентериерот во куќата е минималистички и модерен, а доминира белата боја. rn
Деве Ду Туи е бивши јужноафрикански службеник од обезбедување, кој решил да започне да го живее животот на фиктивниот лик Тарзан, со цел да привлече внимание кај режисерите, за да го повикаат за следниот филм. 24-годишниот невработен боди билдер станал опседнат со легендата за Тарзан додека живеел во Намибија како дете. Во тој период, татко му бил колекционер на книги и стрипови со Тарзан. Деве сега се надева дека ќе биде забележан од холивудските ловџии на таленти, кои ќе го одберат да ја глуми главната улога во следниот филм за Тарзан.Тој работел една година во Манчестер како обезбедувач на продавница и возач, но решил да се врати во неговата родна Јужна Африка, каде ја заменил униформата со лавовско парченце облека и решил да постане „Тарзан во реалниот живот“.rn
„Јас сум сличен на Тарзан во многу работи. Мојата најдобра пријателка е слоницата Шака и поминувам повеќе време со мајмуни, зебри и крокодили, отколку со луѓе. Луѓето може да мислат дека сум луд, но јас знам дека сум роден за да го правам ова.“
rnПред да стане Тарзан, Деве живеел заедно со неговите 53-годишни родители Лидолф и Ида и со братот близнак Рудолф во Џорџ, Јужна Африка, а сега ги поминува ноќите сам во грмушки, без да ужива во нормалните човечки неопходности. Тој си направил засолниште на дрво, за да се заштити од заскитаните леопарди и змии.rnrn
„Понекогаш се чувствувам осамено. Би сакал да си ја пронајдам мојата Џејн, која ќе ми помогне побрзо да ми поминува времето.“
rnОва сингл момче, признава дека добива многу внимание од девојките, поради неговото мускулесто тело. Како и да е, тој сѐ уште го чека моментот кога ќе ја пронајде вистинската за него, која ќе ја запознае со неговите пријатели-животни. rn
„Јас не сум тип момче кое сака да се журка. Во суштина, јас никогаш не се ни опивам. Наместо тоа, преферирам да јадам овошки и црвени зрнести плодови кои ќе ги најдам низ грмушките. Исто така, знам кои инсекти да ги јадам. Би сакал со мене да понесам специјална девојка, која ќе ми се придружи во џунглата.“
rnТој започнал да „тренира“ да живее како Тарзан од 2007 година и смета дека многу напреднал оттогаш. Тој дури и снимил краток филм за неговите авантури низ џунглата и се надева дека некој ќе го препознае неговиот талент и ќе му ја понуди улогата на Тарзан за големото платно. Погледнете го видеото и никако немојте да испуштите да ја изгледате последната минута. :)rn