КАФЕ ПАУЗА

Tag: џогер

  • Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Исчистете го домот за помалку од 20 минути

    Брзото темпо на живење не ни дозволува да посветиме многу време и внимание на домот. Особено кога станува збор за чистењето, е тоа е веќе проблем. Затоа, погледнете што сè можете да исчистите во домот за помалку од 20 минути. Ова се неколку проекти за одржување на чистотата во домот, кои можете да ги прилагодите на слободното време кое го имате:rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 20 минути? – Исчистете го подот од бањата

    rnЗемете го џогерот, натопете го во вода и миризливо средство за чистење и исчитете го подот од бањата. Особено обрнете внимание на ќошињата на кои се лепат сите нечистотии.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 15 минути? – Исчистете ги прозорците и огледалата во две соби

    rnОдберете две соби (спална и дневна) и исчистете ги прозорците. Чистете од горе кон долу со средство за чистење стакло, притоа внимавајќи да не оставите некој дел неисчистен. За чистење на огледалата, потсетете се на стариот трик за чистење со стари весници.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 10 минути? – Исчистете го правот од дневната соба

    rnЕлектрониката и ламбите фаќаат многу прашина. Исчистете ги со помош на мека крпа и средство за чистење. Посветете внимание на најнедостапните места на електронските уреди и на широките површини околу нив.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 5 минути? – Испразнете ги корпите за ѓубре

    rnЗемете голема црна ќеса и испразнете ги корпите за ѓубре од секоја соба. Потоа, заменете ги со нови.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrn

    Имате 1 минута? – Ставете ги нечистите садови во машината за садови

    rnИсчистете ги остатоцте од чиниите и ставете ги во машина за садови. Соберете ги садовите од сите соби и масички. Вклучете ја машината и таа ќе ја заврши работата за вас.rnrnИсчистете го домот за помалку од 20 минутиrnrnОва не се совети за чистење кои некој не ги знае, но понекогаш ни треба потсетување дека повеќе работи можат полесно да се завршат доколку се праваат во различни периоди од нашето слободно време. Што чекате? Прашината од мониторот нема сама да се избрише. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.