Жените сакаат да бидат независни, но длабоко во себе, сакаат да бидат третирани како дами. Но, реалноста е поинаква и денес ретко ќе сретнете вистински џентлмен. Во продолжение прочитајте како да го освоите срцето на една жена преку вашето воспитување и вашиот начин на однесување.rnrn
rn
1. Ви ја држи вратата отворена
rnЕден од знаците дека тој е кавалер е отворањето на вратата и повлекувањето настрана за вие да поминете први. Истото важи за поместувањето на столот за да седнете и кревањето тешки предмети.rn
2. Ви се јавува кога ќе рече дека ќе ве побара
rnЖените се навикнати да чекаат повик од својот партнер со часови и постојано да го проверуваат телефонот и нема ништо повеќе вознемирувачко од тоа.rnrnАко тој ви рече дека ќе ви се јави во 17:30 часот и ви се јавува токму во тоа време, потрудете се да го задржите во вашиот живот.rn
3. Не игра игри
rnНема ништо попривлечно од тоа јасно да ви даде до знаење дека е заинтересиран за вас и дека му се допаѓате.rn
4. Изразување интерес за средба со вашето семејство и со вашите пријатели
rnАко вашиот партнер е заинтересиран да се запознае со вашето семејство и со вашите пријатели, тогаш тоа е знак дека има сериозни намери со вас.rn
5. Покажување љубов во јавност
rnЖените сакаат кога мажите им изразуваат љубов во јавност, па доволно е да ве фати за рака додека се шетате или да ве бакне на образ. Самиот факт што тој сака да им покаже на другите дека ве сака, прави да се чувствувате фантастично.rn
6. Ви се јавува за да провери дали безбедно стигнавте дома
rnВе чека да стигнете дома и потоа ви се јавува за да провери дали сте на безбедно. Исто така, никогаш не ве остава сама на застрашувачки и небезбедни локации.rn
7. Ви ја нуди својата јакна кога ви е ладно
rnАко некој е спремен да го издржи ладното време и да ви ја даде неговата јакна само за да ви биде топло и пријатно, бидете сигурни дека покрај вас имате вистински џентлмен.rn
8. Се грижи за вашето мислење и ве почитува
rnАко партнерот има сериозни намери со вас, тој ќе сака да научи повеќе работи за вас, за тоа како размислувате и како реагирате. Она што најмногу треба да го цените кај партнерот е тоа што тој ги почитува вашите мислења и ставови.rnrnПрочитајте како да ги препознаете луѓето кои може да ве повредат.


rn
rnrnМажите со хороскопскиот знак Риби се најголемите џентлмени во астрологијата. Од моментот кога ќе ја сретнат жената на која ќе ѝ го подарат своето срце, тие целосно ѝ се посветуваат и секојдневно ѝ даваат внимание.rnrnОвие мажи се емотивни и сочувствителни, а особено се чувствителни на промените во расположението на нивната сакана. Во овој случај, тие ќе дадат сè од себе за да ја разберат, да ја утешат и да ја насмеат партнерката.rnrnМажите со знак Риби најмногу ги исполнува насмевката на нивната сакана, па навистина ќе се обидуваат секојдневно да ѝ помагаат, да ѝ го олеснат животот и да ја ослободат од грижи.rnrnТие се навистина прилагодливи, па нивната љубов ќе биде силна и кога има проблеми, и во најубавите моменти од животот. Овие мажи ќе ја опсипат нивната партнерка со љубов и ќе се обидат да ѝ дадат до знаење колку всушност им е важна.rnrnЗнаете ли 
rnrn
rnrn

rn
rnrnЗнаеме дека момците не се вратари, меѓутоа доколку не ве мрзи да излезете од автомобилот и да ѝ ја отворите вратата на вашата дама, ќе оставите впечаток на внимателен и добро воспитан маж. На девојките им е многу важно да се чувствуваат безбедно и пријатно. Секоја девојка ќе го цени овој гест, иако делува безначајно.rn
rnrnДоколку мажот навистина сака да ги разгледа сите ваши фотографии од детството, да ги чуе смешните приказни за вашите браќа и сестри и да поминува време со вашите родители наместо да игра фудбал со другарите за време на викендот, можете да бидете сигурни дека тој е вистинскиот. Момците треба да знаат дека дури и малите гестови на внимание покажуваат колку ја ценат фамилијата на нивната сакана, а тоа е многу важно за понатамошниот развој на врската.rn
rnrnВистинскиот џентлмен знае дека доколку не ја претстави неговата дама кога случајно ќе се сретне со некој пријател и наместо тоа почне да си разговара со него додека таа чека, девојката ќе се почувствува непожелно. Внимателниот маж никогаш нема да дозволи да дојде до ваква ситуација, бидејќи тој се грижи за неговата девојка и сака да ѝ биде пријатно.rn
rnrnНа модерните принцови не им треба посебен повод за да ѝ подарат цвеќиња или некој мал подарок на нивната девојка. Еден обичен ден тој се враќал од работа, забележал прекрасен букет, се сетил на неговата девојка и решил да го купи бидејќи знае колку ваквиот едноставен гест ќе ја израдува. Прекрасно сценарио, нели?rn
rnrnУште еден мал гест што ретко која девојка го забележува. Мажот кој ќе одбере да оди на работ од тротоарот до улица, каде што поминуваат автомобилите, е маж кој сака да ја заштити неговата принцеза од сите неочекувани ситуации. Нема сомнеж дека станува збор за вистински џентлмен!rn
rnrnКога мажот ги искажува чувствата со тоа што нежно ќе ја бакне саканата во челото, тоа значи дека тој е навистина приврзан за неа. А таа, пак, ќе биде неверојатно среќна што ја почувствувала неговата љубов и грижа.rn
rnrnСекако дека жените се способни сами да си го облечат палтото, но тука не станува збор за тоа дали можат или не можат да го направат тоа. Мажот со добри манири секогаш ќе го придржи палтото за неговата сакана и ќе ѝ го даде неговото кога ќе ѝ биде ладно.rnrnПа, момци, од ова можете да видите дека навистина не е тешко да ја направите вашата сакана среќна и задоволна. Девојките знаат да ги ценат овие мали гестови и верувајте дека тие нема да поминат незабележани. Секако дека за вистински џентлмен потребна е и вистинска дама, така што обидете се да ја направите добитничката комбинација и да ја пронајдете вашата друга половина која ќе знае да ве цени и почитува.

rnrn