КАФЕ ПАУЗА

Tag: двор

  • Двор кој секој би го посакал

    Двор кој секој би го посакал

    Овој многу модерен двор е дело на холандското студио „Centric Design Group“, кое се погрижило сопствениците безгрижно да уживаат во своето фантастично катче за опуштање.Двор кој секој би го посакалДворот содржи прекрасен базен со фонтана, џакузи, туш кабини, огромно сепаре и сауна. Целата оваа убавина е комплетно опколена со зеленило, со што приватноста е загарантирана. Импресивно, зар не?Двор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакал
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатките верверички во дворот на една фотографка

    Слатките верверички во дворот на една фотографка

    Ненси Роуз во својот двор во Халифакс, Канада има многу верверици, кои редовно ги фотографира. Овие љубопитни животинки се совршени за фотографирање, бидејќи барајќи места каде да ги скријат своите плодови, тие ги испитуваат сите предмети кои Ненси ќе ги остави во својот двор.rnrnСлатките верверички во дворот на една фотогрaфка
    rn

    „Фотографијата со поштенското сандаче, беше првата фотографија што ја направив која стана голем хит на Фликр и која ме инспирираше да направам уште фотографии. Скарата ја направив од алуминиумска кутија за храна, стапчиња за сладолед и некои мали предмети од мојот сет за правење украси. Отсекогаш сум сакала да изработувам предмети, по дома имам многу мали нешта со кои можам да ги создавам, па сега кога одам на пазарување посветувам многу повеќе време барајќи работи соодветни за големина на верверица, отколку за мене. “

    rnСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфкаСлатките верверички во дворот на една фотогрaфка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подгответе го дворот за ова лето

    Подгответе го дворот за ова лето

    Убаво уредениот двор го привлекува вниманието и создава чувство на удобност и просторност, правејќи ја сè помалку јасна границата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.rn

    Мини-бар во дворот

    rnКако што на готвачите им е потребно место за нивниот прибор, така и на бармените им е потребно место каде што ќе ги сместат своите алатки. Но кога се работи за големо и отворено место како што е дворот, најсоодветна е мала и функционална бифе-маса, доволно голема да го собере целиот прибор, а сепак лесна за преместување.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Дворот како спа-центар

    rnИако звучи необично, дворот може да го претворите во вистински спа-центар кој ќе ве доближи поблиску до природата. За оваа интересна идеја не ви е потребен целиот двор. Најдобро е својот мини-спа центар да го сместите во некој агол од дворот или во некое поинтимно место опкружено со повеќе зеленило.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Поблиску до природата

    rnДоколку во дворот имате дрвена платформа, тоа е одлична шанса да ја почувствувате природата со сите сетила. Заборавете на мебелот, земете само неколку перници и опуштете се на платформата. Дополнително, опкружите ја платформата со цвеќиња, а во вечерните часови загрејте ја атмосферата со свеќи во различни бои.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Изнесете го домот надвор

    rnЗа оваа идеја не е потребно да имате двор голем исто колку и вашата куќа. Својот дом можете буквално да го изнесете надвор, така што ќе пренесете еден дел од мебелот во дворот. Тоа може да го направите со одреден мебел (на пример, само мебелот од дневната или од спалната соба), но може да направите и комбинација од повеќе соби со што ќе добиете дом под отворено небо и шанса да ги гледате ѕвездите додека да заспиете.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Вечера во дворот

    rnДоколку сакате да организирате вечера во дворот, внимавајте на неговата големина. Без разлика дали планирате поголема прослава или интимна вечера, просторот треба да е доволно голем за да собере десетина луѓе. Дури и да се работи за вечера за двајца, целиот двор може да биде декориран со интересни украси, светлото да биде интимно, а мебелот да биде изработен од дрво.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Во задниот дел од куќата

    rnОва е идеално решение за помалите домови. Уредете го предниот дел од дворот, но не заборавајте го и задниот. Дворното место зад куќата треба да е поинтимно и со помалку елементи, отколку делот пред куќата. Доколку малата спална соба се наоѓа во задниот дел од куќата, со минимално уредување на задниот дел од дворот визуелно ќе се зголеми собата и ќе изгледа како таа да продолжува и надвор од домот.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Внимавајте на влезот

    rnОсвен дворот, подеднакво е важно како ќе биде уреден и самиот влез на куќата. Скалите се најчест избор, но доколку дозволува големината на дворното место, наместо скали, пред влезот поставете платформа на три нивоа. Во овој случај, скалите нема да се забележуваат многу и ќе служат само за да ги поврзат платформите.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Опкружување со вода

    rnПрисуството на вода во дворот, без разлика дали се работи за фонтана или мало езерце, го зголемува чувството на смиреност. Езерцата се погодни за одгледување риби и желки, што може да го направи дворот уште поинтересно место, посебно ако сред езерцето се наоѓа мал остров каде што може да се релаксирате во секое време.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Неколку нивоа на дворот

    rnОдлично решение за куќа која се наоѓа на повисоко и пострмно место е дворот на неколку нивоа. Бидејќи просторот околу куќата не дозволува хоризонатална поставеност на дворот, тој ќе мора да биде вертикално поставен на неколку нивоа. За да се долови вистинскиот изглед и удобноста на дворот, нивоата треба да бидат широки, уредени со удобен мебел, а меѓусебно да бидат поврзани со скали.rnrnПодгответе го дворот за ова летоrn

    Поиграјте си со боите

    rnУредувањето на дворот не значи дека треба да доминира само една боја. Напротив, ако е застапена само една боја, тоа може да го направи дворот здодевно место. Бидете храбри и поиграјте си со боите. Ако сакате инстант промена, направете го тоа преку мебел и декорации за дворот во различни бои. Но, доколку сакате промена на боите на подолг рок, засадете растенија во различни бои, на пример сончоглед за да добиете жолта боја, или лаванда за виолетова.rnrnПодгответе го дворот за ова лето
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Камената куќа во Нов Зеланд

    Камената куќа во Нов Зеланд

    „Локалната камена куќа во Нов Зеланд“ дизајнирана од архитектонската компанија „Pattersons Associates“ има соодветно име со оглед на фактот дека голем дел од градежниот материјал кој е употребен за нејзината изградба, е направен од локалните камења. Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландТаа се издига покрај новозеландското Божиќно дрво похутукава кое се протега спроти белата, песочна плажа. Во средишниот дел од дворот има прекрасен базен, простор за ручање и надворешен камин, што ја прави оваа куќа идеална за ноќни забави организирани од семејството кое живее во неа.  Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландИнтимата во спалните соби кои се лоцирани на горниот кат, е заштитена со необични ролетни кои не дозволуваат да се гледа однадвор, но истовремено овозможуваат прекрасен поглед кон океанот за домаќините. Оваа куќа, со својата уникатност, луксуз и локација е неспоредлива со ниедна друга, пред сè поради необичниот дизајн со камења, кои ù даваат совршен „шмек“ и чувство на припадност во својата околина.Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов Зеландrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Канцеларија во двор за оние кои работат од дома

    Канцеларија во двор за оние кои работат од дома

    Работењето од дома станува сè поголем тренд во модерното општество, благодарение на брзиот интернет кој го има во речиси секоја куќа, можноста за групна комуникација, видео комуникација преку сервиси како Скајп наместо состаноци во живо, целодневното проверување имејл-пораки на паметните телефони, намалувањето на трошоците за превоз и уште многу други причини.Канцеларија во двор за оние кои работат од домаНо, останувањето во рамките на вашиот удобен дом има и свои недостатоци како неодвојување на личниот од професионалниот живот, немање работна атмосфера, немање фиксно работно време, ниту можност за разменување збор-два со колегата спроти вас кој би го имале во канцеларија. Ако се борите со ваков проблем најверојатно ви е потребна ваква малечка, практична и лесно пренослива канцеларија која ќе ви создаде пријатна работната атмосфера во вашиот куќен двор.Канцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаМини-канцеларијата, т.н. „OfficePOD“, ја овозможува таа работна атмосфера која ја немате во вашата дневна соба и плус е доволно голема за да собере канцелариски стол, убаво биро за компјутерот, фиоки за вашите папки со документи и плус е лесно пренослива, во случај да се селите во друга куќа. Ако сакате да вработите некој во вашата фирма, можете да купите уште една канцеларија за него итн.Канцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаГолемината на оваа практична канцеларија со модерен дизајн изнесува 2.1 на 2.1 метри. Составена е од повеќе парчиња кои се спојуваат, а тоа ја овозможува нејзината едноставна инсталација, дури и во дворовите кои имаат најкомплициран пристап. Ова е една одлична идеја и практично решение за вашиот проблем, нели?!Канцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од дома

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.