КАФЕ ПАУЗА

Tag: домаќинка

  • Совршениот одговор на прашањето „Со што се занимавате?“ што сите домаќинки треба да го знаат

    Совршениот одговор на прашањето „Со што се занимавате?“ што сите домаќинки треба да го знаат

    Момо Капор е еден од најпознатите српски писатели и сликари. Во една од неговите приказни, тој им се обратил на жените кои не одат на работа, туку се грижат за домот и сѐ што е поврзано со него. Прочитајте ја неговата приказна и дознајте го неговото мислење за работата на домаќинките.rnrn(1) Совршениот одговор на прашањето „Со што се занимавате?“ што сите домаќинки треба да го знаатrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnВо денешно време стана непристојно за жените да кажат дека се домаќинки. На прашањето: „Со што се занимавате госпоѓо?“, таа ќе почне да се туфка, ќе се замисли еден долг момент, па дури потоа ќе го изговори тоа поразително признание дека е домаќинка и дека не работи ништо друго.rnrnВо ваков период кога жените се менаџерки, секретарки, министерки или во најмала рака бизнисменки кои имаат милиони, на домаќинките им е непријатно да кажат дека не се занимаваат со ништо друго освен со домот, бидејќи чувствуваат дека залудно го трошат животот.rnrnА има ли нешто посвето од најчестата професија во нашите краишта? Од жртвувањето на кариерата за да се послужат најблиските со љубов, која сѐ поретко се наоѓа во нашиот живот?rnrnОдите на пазар, го бирате најдоброто овошје и зеленчук, секој ден смислувате нови оброци кои нема да се повторуваат, притоа водите сметка да потрошите што е можно помалку, готвите, перете и пеглате, ја чистите куќата, ја одржувате блескава и удобна, плаќате сметки за струја, вода, греење и телефон, со нелагодност барате пари од сопругот за сето тоа, истовремено сте и секретарки, докторки и негувателки на семејството, а притоа им кажувате на сите дека не се занимавате со ништо.rnrnТокму затоа, драги мои домаќинки, кога оние дами со долги и лакирани нокти ќе ве прашаат со што се занимавате, кажете им дека се занимавате со луѓето кои ги сакате!rnrn[/message_box]rnrnВо продолжение прочитајте ја целосната вистина за животот на сите невработени мајки.

  • Целосната вистина за животот на сите невработени мајки

    Целосната вистина за животот на сите невработени мајки

    Изморена од честото прашање „Но, што работиш ти по цел ден?“, тату артистката Ришел Каслбери од Флорида, одлучила да напише писмо и да го објави на Фејсбук, во чест на сите мајки кои го посветиле живот на своите деца и одржувањето на домот. Објавата буквално експлодирала! Таа добила преку 640.000 лајкови, а текстот е споделен повеќе од 300.000 пати.rnrn1-shto-ti-rabotish-po-cel-den-tochnata-vistina-za-site-majki-koi-ne-rabotat-www.kafepauza.mk_rnrnМожеби ви изгледа дека бројката е голема, но тоа не е доволно. Овој текст би требало да го прочитаат сите луѓе од целиот свет за мајките навистина да ја добијат почитта поради својата голема жртва за доброто на нивните деца и семејство. Меѓутоа, не сите се сложиле со нејзината објава. Некои мајки кои работеле ја критикувале Ришел со тоа што коментирале: „Нè има и нас кои го правиме сето тоа и плус работиме“. Ришел се обидела да ја одбрани својата објава со што коментирала: „За сите мајки кои работат, татковци кои работат или кој било друг, треба да ја прочитаат пораката од текстот и да ги заменат оние зборови со зборови што повеќе одговараат во нивната ситуација.“rnrn[message_box title=”Мојата сопруга не работи!” color=”yellow”]rnrnВо продолжение следува разговорот помеѓу мажот (М) и неговиот психолог (П):rnrnП: Со што се занимавате господин Роџерс?rnrnМ: Работам како сметководител во една банка.rnrnП: А вашата сопруга?rnrnМ: Таа не работи, таа е домаќинка.rnrnП: Кој подготвува појадок за вашето семејство?rnrnМ: Мојата сопруга, бидејќи таа не работи.rnrnП: Кога се буди вашата сопруга?rnrnМ: Рано се буди, бидејќи мора да се организира. Подготвува ручек за децата. Се грижи да се добро облечени, да се исчешлани. После појадокот следува миење на забите, па таа им го подготвува приборот за на училиште. Наутро се буди и со нашето бебе на кое треба да му се промени пелената и да се облече. Додека го дои бебето, подготвува појадок за сите.rnrnЛистата на задачи кои таа ги извршува секојдневно не завршува овде…rnrnП: Како вашите деца одат на училиште?rnrnМ: Мојата жена ги носи во училиште, бидејќи таа не работи.rnrnП: Откако ќе ги остави во училиште, што друго прави вашата сопруга?rnrnМ: Најчесто, прво смислува што би требало да направи за денес, па оди до банката за да ги плати сметките, па до маркетот заедно со бебето. А, понекогаш заборава да купи нешто, па заедно со бебето, повторно се враќа до градот. Кога ќе се врати дома, го пресоблекува бебето и му подготвува оброк, па повторно го дои. Па, потоа го заспива. И додека бебето спие, таа заминува во кујната и започнува да го подготвува ручекот, да ја пере облеката, да ја чисти куќата. А, знаете, таа не работи.rnrnП: Откако вие ќе дојдете дома, што правите тогаш?rnrnМ: Се одмарам, секако. Па, изморен сум после цел ден работа во банката.rnrnЧекајте, а што се случува навечер?rnrnП: Што прави вашата сопруга навечер?rnrnМ: Готви вечера, ја сервира масата, откако ќе јадеме ги мие садовите, ја средува кујната, а остатокот од храната му го дава на кучето. Откако ќе им помогне на децата околу домашната работа, таа им помага да ги облечат пижамите, да ги измијат забите, бидејќи е време за спиење. Го бања бебето, го пресоблекува, му дава да јаде. И тогаш се одмара. Бидејќи, таа не мора да стане рано наутро за на работа.rnrnМногу луѓе погрешно го сфаќаат животот на невработените мајки…rnrnОва е дневната рутина на многу мајки во целиот свет, започнува наутро и трае до доцните вечерни часови… И за тоа некој вели дека „Tаа не работи“! За домаќинка не постои диплома, но таа има клучна улога во семејниот живот! Уживајте и ценете ги вашите сопруги, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки, бидејќи нивната жртва е непроценлива.rnrnЕднаш ме прашаа: Ти работиш или си домаќинка?rnrnЈас одговорив: Јас работам дома, како мајка, 24 часа дневно!rnrnЈас сум мајка. Јас сум жена. Јас сум ќерка. Јас сум аларм. Јас сум готвачка. Јас сум слугинка. Јас сум мајстор. Јас сум келнерка. Јас сум дадилка. Јас сум медицинска сестра. Јас сум физички работник. Јас сум заштитник. Јас сум советник. Јас сум тешител. Јас немам годишен одмор. Јас немам дозвола за болест. Јас немам слободен ден. Јас работам и преку ден и за време на ноќта. Јас сум на должност цело време. Јас не примам плата.rnrnНо повторно, често го слушам прашањето: Што работиш ти по цел ден?rnrnПосветено на сите жени кои ги дале своите животи за благосостојбата на своето семејство.rnrnЖената е како сол: Нејзината присутност не се забележува, но нејзиното отсуство, остава сè без вкус!rnrn[/message_box]

  • За вредните домаќинки: 6 феноменални трикови за чистење на бањата

    За вредните домаќинки: 6 феноменални трикови за чистење на бањата

    За важноста на чистата и уредна бања воопшто не мора да пишуваме. Иако поголемиот дел од вас сигурно веќе знаат како се чистат одредени делови од бањата, сепак обрнете внимание на овие 6 трикови кои ги споделуваме со вас. Тие се навистина сјајни, а што е најдобро од сè, сите средства кои ќе ги употребите за чистење ќе можете да ги направите сами. Она што е навистина важно е дека задолжително би требало да обезбедите заштитни ракавици за да ги избегнете иритациите на кожата.rnrn1-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Дамките од огледалото

    rnНаместо класичниот спреј за стакло, можете да се послужите со пената за бричење. Природна, и многу подобра, варијанта е спрејот кој ќе го направите сами, на тој начин што во шише со прскалка ќе измешате сода бикарбона и хидроген пероксид.rn

    2. Чиста када или туш кабина

    rnВашата када или туш кабина ќе сјаат доколку направите средство за чистење од следниве состојки: 120 милилитри оцет, 240 милилитри алкохол и две лажички сода бикарбона. Помешајте ги сите состојки со 400 милилитри топла вода и истурете ја смесата по кадата. Оставете ја така 15 минути и додека ја измивате ќе забележете неверојатен резултат.rnrn2-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Чиста шолја во тоалетот

    rnИзмешајте течност за миење на устата или пак паста за заби со вода и со оваа течност полијте ја тоалетната школка. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа изрибајте ја и разликата ќе биде очигледна.rn

    4. Сјајни плочки

    rnПлочките ќе сјаат доколку ги избришете со памучна вата намокрена во избелувач за алишта.rnrn3-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ослободете се од ‘рѓата

    rn‘Рѓата ќе исчезне преку ноќ доколку врз неа посипете сол, а преку солта исцедете лимон. Утрото кога ќе се разбудите само избришете ја солта и ќе забележите дека ‘рѓата исчезнала.rn

    6. Чиста завеса за туширање

    rnЗа завесата за туширање да изгледа како нова, сипете 500 милилитри избелувач во шишенце со прскалка и додајте 2 лажички детергент за садови. Напрскајте ја завесата со оваа течност и пред да ја исплакнете, оставете ја неколку минути да делува.

  • 11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

    11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

    Вечерата само што не е готова, а вас ви заѕвони телефонот. После подолгиот разговор со пријателката се сетивте на вечерата. Ја отворивте рерната и го почувствувавте познатиот, непријатен мирис на изгорена храна, провлекувајќи се со брзина на светлината во секој ќош од вашиот дом. За среќа, постојат повеќе брзи и едноставни начини да го отстраните. Еве како…rnrn1-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    1. Отстранете го остатокот од храната што е можно побрзо

    rnВо никој случај не фрлајте ги остатоците од храната во кантата за ѓубре и потоа да заборавите на нив, бидејќи нивниот непријатен мирис и понатаму ќе се шири низ вашиот дом. Наместо тоа, ставете ги во пластична кеса, заврзете ги и веднаш фрлете ги надвор.rn

    2. Отворете ги прозорците и вратите

    rnЕден од најбрзите и најлесните начини да се ослободите од неудобниот мирис е да ги отворите прозорците и вратите за да навлезе свеж воздух и да ја неутрализира миризбата.rn

    3. Вклучете вентилатор

    rnЗа свежиот воздух побрзо да го исполни вашиот дом, веднаш покрај прозорците или вратите ставете вентилатор (или повеќе ако имате) и вклучете го на најјака брзина. Ако имате аспиратор во кујната, вклучете го и него.rn

    4. Рерна

    rnЗагрејте ја рерната на 100 степени. Дното на тепсијата покријте го со алуминиумска фолија и на неа ставете лажичка путер, малку цимет и шеќер. Ставете ја тепсијата во рерната и исклучете ја. После три часа извадете ја тепсијата. Непријатниот мирис ќе исчезне, а домот ќе мириса како штотуку да сте испекле некој вкусен колач.rn

    5. Освежувач за воздух во спреј

    rnАко ниеден од членовите на вашето семејство не е алергичен, тогаш во кујната напрскајте малку освежувач за воздух. Водете сметка да не претерате, бидејќи поголемата количина може да го засили непријатниот мирис.rnrn2-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    6. Лимон

    rnВо зовриена вода додадете лимон кој ќе биде исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 30 минути.rn

    7. Каранфилче

    rnВо зовриена вода додадете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 20 минути.rn

    8. Кромид

    rnИсечкајте една главица кромид и ставете ги парчињата во зовриена вода. Тргнете го тенџерето од шпоретот и течноста сипете ја во повеќе пластични сада. Потоа садовите распоредете ги насекаде низ домот. Оставете ги така преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утрото.rn

    9. Оцет и леб

    rnСтавете вода во тенџере, па додајте две шолји оцет. Оставете да зоврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари уште 15 минути. Натопете неколку парчиња бел леб од оваа течност и поставете ги на различни места низ вашиот дом.rn

    10. Сода бикарбона

    rnРаспоредете половина шолја сода бикарбона во неколку сада и поставете ги на местата каде што мирисот најмногу се чувствува. Оставете да делува преку ноќ.rn

    11. Направите природен освежувач за воздух

    rnВо шише со распрскувач ставете еднаква количина лимонов сок и вода. Распрскајте ја течноста насекаде низ кујната и неудобниот мирис набрзина ќе исчезне.

  • 15 причини зошто секоја домаќинка треба постојано да има во близина чепкалки за заби

    15 причини зошто секоја домаќинка треба постојано да има во близина чепкалки за заби

    Смачено ви е постојано да губите време барајќи го почетокот на селотејпот? Или пак, колку и да се трудите, изгледа како никогаш да не можете да ја исчистите целосно тастатурата од вашиот компјутер? Погледнете ги следниве трикови со чепкалки за заби кои ќе ви го олеснат секојдневието…rnrn15 причини зошто секоја домаќинка треба постојано да има во близина чепкалки за забиrnrn1. Чепкалката за заби е најдобра алатка за боење излупени делови од мебелот. Таа е поевтина, помала и попрецизна од четката, па токму затоа ви овозможува лесно и брзо да нанесете боја на минијатурна површина.rnrn2. Тие се одлични сојузници кога треба да нанесете лепило на некоја мала фигурина или декорација во домот.rnrn3. Губите живци кога се обидувате да го пронајдете почетокот на селотејпот? Залепете чепкалка за заби на површината по употребата и веќе никогаш нема да го имате овој проблем.rnrn4. Обликот и големината на чепкалките за заби се одлични за чистење на тастатурата на вашиот компјутер, ќошињата на смартфоните или краевите на мебелот. Едноставно потопете го врвот од чепкалката во алкохол и поминете по површината на објектот кој сакате да го исчистите.rnrn5. Тие се одлична алатка за низа проекти од типот направи сам така што ви овозможуваат лесно аплицирање на минијатурните декорации, лепење и изработка на предметите. Исто така можете многу лесно да ја претворите и самата чепкалка за заби во декорација за мафини или знаменце за коктели.rnrn6. Тие се од голема корист при наводнување на домашните цвеќиња и растенија, односно помагаат при проверката на влажноста на земјата. Боцнете со чепкалката во земјата на цвеќето и веднаш извадете ја. Доколку чепкалката е чиста, на земјата ѝ е потребна вода, но доколку е прекриена со земја, тогаш можете да почекате со наводнувањето.rnrn7. Поставете 3 чепкалки за заби во земјата околу насадените патлиџани со цел да го спречите нападот на гасеници.rnrn8. Тие можат да послужат и како помагало за стабилизирање на скршените цвеќиња или растенија. Заврзете ги со конец околу скршеното стебло и тоа ќе почне полека да се подобрува.rnrn9. Чепкалките за заби горат побавно од класичните чкорчиња, па токму затоа тие се подобар избор за палење на роденденските свеќи на тортата.rnrn10. Со нив можете и многу лесно да проверувате дали вашиот колач е печен. Доколку чепкалката е сува, вашиот десерт е готов, но доколку е влажна, тогаш потребно му е уште малку печење.rnrn11. Со четки во различни бои означете ги различните продукти кои ги користите за готвење.rnrn12. Тие се идеална помош за подготовка на коктели. На нив можете да ја поставите маслинката за мартини, или пак, парчињата овошје за тропскиот коктел.rnrn13. Подобрете го вкусот на храната така што ќе ги прободете намирниците со чепкалка која претходно сте ја прободеле во парче сланина.rnrn14. Тие ќе ви помогнат и да ги одржите сите намирници на едно место. Прободете ги состојките при подготовката на богат сендвич или хамбургер, или пак, кромидот кој сакате да го потпечете на скара без притоа да ви се разлиста.rnrn15. Чепкалката во уста е проверен метод за орално одвикнување од цигари кога сакате да се ослободите од вашата зависност од никотин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајка се прослави со нејзината уметност од храна

    Мајка се прослави со нејзината уметност од храна

    Пред 4 години, малезиската мајка Саманта Ли не ни помислуваше дека нејзината шармантна уметност од храна која ја создава за нејзините две ќерки, ќе ја направи популарна на социјалните мрежи и на светски познатите сајтови како Today, Daily Mail и Huffington Post. Денес, таа е инспирација за многу мајки ширум светот, давајќи им пример дека можат да бидат креативни, без да купуваат скапи алатки. Во суштина, Ли сечка леб, зеленчук и овошје и гарнира со ориз, макарони… Цртежите од храна ги прави само со помош на обичен кујнски прибор, како ножеви и ножици.Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од хранаНејзината пасија за ова хоби започнала уште во декември 2008 година, кога Ли била во доцна фаза од бременоста со нејзината втора ќерка.rn
    rn

    Целта ми беше мојата прва ќерка да се научи да јаде сама, после доаѓањето на нејзината помала сестра. Имав среќа што моите креации од храна никогаш не престанаа да ја импресионираат и заради тоа таа секогаш со задоволство го очекуваше нејзиниот следен оброк. Сега, таа се расправа со нејзината помала сестра за тоа кој лик треба да им се падне на следниот оброк. Поради тоа, времето поминато на маса ни е екстремно забавно.“

    rnМајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од хранаЛи нема посетувано професионален кулинарски курс и е многу скромна во однос на нејзиниот талент. Таа себеси се смета за многу секојдневна мајка и домаќинка.Мајка се прослави со нејзината уметност од храна
    rn

    „Никогаш не очекував мојата работа да стане толку популарна. Благодарна сум за она што ми се случува во моментов.“

    rnМајка се прослави со нејзината уметност од хранаПогледнете го останатиот дел од нејзините најдобри креации од храна, инспирирани од поп културата.Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ЖЕНА – битен фактор во општеството

    ЖЕНА – битен фактор во општеството

    Автор: Маја КузмановскаrnrnДа сме начисто со една работа – времето кога понежниот пол ја играше улогата на мајка, домаќинка и совршено пожртвувана сопруга помина. Дами и господо, викнете трипати „УА“ за стереотипите и уште погласно, трипати „УРА“ за еманципираноста на жените. Да живеат жените кои имаат кариера, а меѓувремено успехот го надополнуваат со среќата да бидат сопруги и мајки. Искрено, сѐ уште не ми е јасно како е возможно да постојат мажи кои стојат на радикалниот став дека местото на жената е во кујната и како воопшто постојат жени кои се помируваат со шовинистичко мислење.rnrnЖЕНА - битен фактор во општествотоrnrnВо Македонија си имаме проблем со традицијата. Таа останала: мажот да работи, да печали, а жената да биде во домот и да се пријави на „портирница“ дури и ако оди до кај сосетката на кафе.rnrnАко живеете во метрополата или во некој поголем град од земјава, веројатно ви звучам како да сум излегла од некој серген и сега ви продавам приказни за ич пари. Но, ако ја земеме бројката на жени кои живеат во мали градови и рурални средини во земјава, тогаш сигурно не бладам од некое феминистичко бунило. Жално е што кај нас живеат стереотипите. Жени кои седат дома, кои немаат право на сопствен став, онемени, нешколувани, физички и психички злоупотребени, ете и такви жени има во Македонија. Ние како народ сме навикнати ѓубрето наместо да го собереме и фрлиме, да го потпикнеме под теписонот. Но, нели е крајно време да кажеме „СТОП“ и да ѝ кажеме „ДОБРЕДОЈДЕ“ на независната жена во современото општество!?rnrnСе сеќавам на кампањата на норвешката амбасада пред неколку години која имаше за цел да ги поттикне младите жени активно да учествуваат во политиката. Кампањата немаше голем одек во јавноста и ни стана секојдневие вратоврските да ги решаваат државните, политичките, социјалните, економските, образовните и медицинските проблеми. Претпоставувам дека Македонија за скоро време нема да види жена на чело на државата поради пустиот менталитет.rnrnСпоред машкото мислење жена не може да биде претседателка на држава и во исто време да биде добра сопруга и мајка. Непишано правило е да не ѝ се дава авторитет и кредибилитет на дамата. Ако таа се обиде тие да ги стекне со сѐ она што го поседува (овде не мислам на нејзиното деколте, туку на нејзиното образование, карактер, моќ за убедување, енергијата која ја поседува), тогаш тие би требало да ѝ бидат одземени со постојано негирање на нејзините креации.rnrnАјде да не биде така! Да ги охрабриме жените активно да учествуваат во социјалниот живот. Да бидат амбициозни, со сите свои доблести кои ги поседуваат да се борат за своето место во општеството, да имаат кариера, да бидат граѓански активистки, да си ги знаат и бараат своите права. Ајде заедно да се бориме за ова, силната, едуцираната и независна жена може да биде добра и пожртвувана мајка и да покаже дека со партнерот мора да биде рамноправна.

  • Жени и воени авиони – поинаков поглед кон историјата

    Жени и воени авиони – поинаков поглед кон историјата

    Навистина постојат голем број црно-бели воени фотографии кои ни дозволуваат за кратко да погледнеме назад во историјата, но секогаш го предизвикуваат тоа чувство на отсеченост од минатото. Сега можеме полесно да се поврземе со времето благодарение на овие фотографии од жени кои помагаат во изработката на воени авиони во 40-тите години. Тие се дел од каталогот на „Library of Congress“ и во оригиналната верзија се црно-бели, а се дело на фотографот Алфред Т. Палмер. Благодарение на програмите за уредување фотографии и умешните раце, овие парчиња историја оживуваат со свежи бои и ни нудат многу пореално чувство.rnrnЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаrnrnФотографиите биле направени во Канцеларијата за воени информации, агенција која се занимавала со обработка на воени вести, промовирање патриотизам и регрутација на жени. Настрана техничката обработка, со помош на нив добиваме нова идеја за традиционалните жени во Америка во тој период. Наместо очекуваната визија за ретро домаќинка, тука гледаме способни и одлучни жени кои имаат активна улога во одбраната на својата земја.rnrnЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Книга: „Домаќинка од Бога дадена“ – Софи Кинсела

    Книга: „Домаќинка од Бога дадена“ – Софи Кинсела

    Одлична книга која ќе ве насмее до солзи и ќе ве потсети дека може да бидете сè што ќе посакате во животот и дека никогаш не е доцна за промена.rnrn„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи КинселаНаслов на оригиналот: The Undomestic GoddessrnПо серијата „Купохоличарка“, Маделин Викам, повторно под псевдонимот Софи Кинсела, им подарува на своите читатели уште еден урнебесно смешен бестселер. Живото раскажување, беспрекорното опишување на низата настани и честиот хумор уште еднаш им потврдуваат на вљубениците во добрите новели, дека станува збор за неповторливата Софи Кинсела. И овој пат не нè изненади, дело кое ќе нè натера макар за момент повеќе да ги сакаме книгите отколку филмовите, е токму она што го очекувавме од Кинсела.
    rnrn

    Синопис

    rnСаманта Свитинг е 29-годишна адвокатка во познатата адвокатска фирма Картер Спинк во Лондон. За разлика од главниот лик од серијата книги „Купохоличарка“, Беки Блумвуд, овој пат Кинсела носи нова хероина, за која слободно би кажале дека има сосема спротивни карактеристики. Саманта е воркохолик и нема социјален живот. Нејзината работа можеби повеќе ѝ носи стрес отколку што ја исполнува, но таа не обрнува внимание на тоа, бидејќи е зафатена со извршување на своите обврски и спасување на своите клиенти изразено во милионски суми. Мерејќи го слободното време во минути и секунди, Саманта нема време за љубов, после една кратка романса, речиси без никакви чувства, и лош тајминг со еден од нејзините колеги, сè што ѝ преостанува е работата.rnrnКога станува збор за домаќинството, не знае ама баш ништо поврзано со тоа. Кога нејзината постара сосетка ќе ја искритикува поради фактот што не знае да го сошие скинатото копче, Саманта луто возвраќа: „Можеби не знам да сошијам копче, но можам да спасам финансиски договор вреден 30 милиони фунти! Тоа е она што јас го правам!“„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи КинселаГолемиот пресврт во нејзиниот живот се случува кога еден ден конечно ја избираат за партнер во фирмата. Но, истиот тој ден, Саманта на своето неуредно биро наоѓа документ за кој заборавила да се погрижи. Избезумена поради фактот што направила грешка, ја напушта канцеларијата и трча кон железничката станица качувајќи се на првиот воз без никакво размислување. Одбегнувајќи ги телефонските повици, Саманта пристигнува во едно мало предградие на Лондон. Неверувајќи дека направила таква глупава грешка се соочува со огромна паника. Барајќи насоки, пристигнува во една голема куќа каде несвесно е заменета со кандидатка за куќна помошничка.rnrnТука наголемо почнува смеата, Саманта не знае да ракува ни со рерната, а не пак да ги прави сите сложени јадења што им ги вети на сопствениците на куќата, Триш и Еди, кои не се ни свесни дека нивната куќна помошничка има диплома по право и коефициент на интелигенција повисок од 140. Дали Саманта ќе успее да се снајде во улогата на куќна помошничка? Дали ќе пронајде вистинска љубов? И доколку ѝ се даде шанса да се врати на стариот живот, дали ќе прифати?rn
    rn

    Лична критика

    rnНе би сакала да ви откривам ништо повеќе од содржината со цел да разбудам љубопитност во вас и желба да ја најдете книгата и да ја прочитате. Сеедно, дури и да ви ја откријам целосната содржина, а и крајот, секој кој прочитал макар една книга од Кинсела, сепак ќе сака да ја прочита бидејќи знае дека станува збор за урнебесен тек на настани и раскажување кое ќе ве насмее до солзи. Просто заборавате на вашиот живот и сè она што ве мачи, и станувате дел од светот на главниот лик.rnrnОна што сепак не ми се допаѓа баш најмногу, е можеби фактот што книгата и не е толку реална. Саманта не знае ни да свари јајце, а за неколку недели ќе научи да ги прави сите комплицирани работи во кујна. Плус, главниот лик е ставен пред свршен чин, или да продолжи да биде куќна помошничка, или да се врати во фирмата. Наспроти овој нереален црно-бел свет, вистинскиот живот не е избор од една крајност до сосема друга. Но, настрана од тоа, целото раскажување, ќе направи да ги занемарите овие ситници, затоа топло ви ја препорачувам.„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи КинселаМакедонски превод нема (или барем сè уште не е излезен), но би можеле да најдете примероци на српски. Сепак, би ви препорачала доколку сте во можност да ја прочитате во оригиналната, англиска верзија, за да ги доловите урнебесните моменти и неповторливото раскажување.rn
    rn

    Кој и кога да ја чита?

    rnКнигата спаѓа во лесна литература, па е совршена за да ве опушти во слободно време и секако, добро да ве насмее. Станува збор за слатка и романтична книга со хумористични случувања, која исто така носи и поука. Бидејќи е чик лит, совршена е за младите девојки и жени, особено оние оптоварени со работа и обврски, но не значи дека не им би се допаднала и на мажите. Во ладните зимски ноќи, направете си кафе, земете ја книгата и подгответе се да се смеете на случувањата на Саманта, онака како што не би се смееле ни на филм. Да успееш толку сликовито да прикажуваш ситуации со зборови, е голем успех, можеби токму поради тоа, Кинсела е автор на добар дел од најбараните бестселери изминативе неколку години.„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи Кинселаrn

    Други самостојни дела од Софи Кинсела:

    rn
    rn

      rn011

    • „Знаеш ли да чуваш тајна?“
    • rn011

    • „Ме паметиш?“
    • rn011

    • „Девојка во дваесеттите“
    • rn011

    • „Го имам твојот број“
    • rn011

    • „Свадбена вечер“ (во исчекување)
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Зошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?

    Зошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?

    Љубовта е во воздухот, но не секој ја вдишува. Помисливте дека околу нас цути искрена љубов? Размислете подобро. Ново истражување нè освестува покажувајќи дека дури 25% од мажите би се согласиле на брак доколку не се вљубени, дури и ако не чувствуваат сексуална привлечност кон партнерката.rnrnЗошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?rn

    „Љубовта“ доаѓа преку стомакот

    rnВи звучи чудно или стереотипно? Но тоа е суровата вистина. Жените им готват на мажите, а мажите сакаат да бидат нахранети.rn

    Им треба домаќинка

    rnЕдна од многуте работи кои се бараат од жената е да биде домаќинка. Кога се во брак, мажите не се грижат за перење или пеглање, па ова им е олеснителна околност.rn

    Сигурност

    rnБез разлика дали станува збор за искрена љубов или не, сеедно, во бракот има нешто што ви влева многу сигурност, како на пример самиот факт што кога ќе заврши напорниот ден, некој ќе ве чека дома.rn

    Сите други го прават тоа

    rnДруштвото може многу да влијае врз мажите. Никој не сака да остане сам во бар до доцна навечер, додека неговите другари се дома со своите сопруги и деца. Плус општеството го налага тоа. Наместо на сите да им ја објаснувате вашата филозофија за животот, скратете им ги маките на тетките и бабите кои се прашуваат што не е во ред со вас. Во одреден момент од животот едноставно треба да се стабилизираат и да созреат… онолку колку што е возможно.rnrnЗошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?rn

    Страв

    rnНа крајот на краиштата, никој не сака да старее сам. Од староста не се плашат само жените, напротив мажите можеби се плашат повеќе.rn

    Одат на сигурно

    rnВремето изминува, а тоа дека биолошкиот часовник си отчукува не важи само за жените. Кога веќе мисли дека му е дојдено времето за женење, зошто да пробува нешто ново кога веќе има нешто проверено? Па така, ќе ја побара за жена бидејќи долго време биле заедно, или бидејќи му е сигурна опција.rn

    Поради секс

    rnКако и да е, сепак ќе добиваат секс, и што е најважно без да треба многу да се трудат околу тоа. Можеби нема да биде исто како кога имале 18 години, но ќе го добиваат речиси секогаш кога ќе посакаат, па зошто да не?rn

    Заради поставениот ултиматум

    rnЗаедно се веќе некое време, таа сака брак, него не му се брза. Но ако таа му постави ултиматум, наместо да бара некој кој ја сака и е подготвен за брак, ќе го притисне. Тој секако кога-тогаш ќе треба да се жени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.