КАФЕ ПАУЗА

Tag: долар

  • Моќта и значењето на симболите

    Моќта и значењето на симболите

    Зад симболите се кријат безброј верувања, митови, тајни кодови и што уште не. Прочитајте дел од нив…rnrn1. Прстенот на рибарот е вториот официјален симбол на папата. На него се изгравирани риби и Св. Петар. Ова име го носи за да потсетува дека Поглаварот на Римокатоличката црква се јавува како наследник на апостолот, кој по професија бил рибар. Прстенот за првпат се споменува во 1265 година, во писмото на папата Климент IV до неговиот внук. Од средновековието пак, се зачувала традицијата, секој посетител на поглаварот да го допре прстенот со усните, како знак за послушност пред неговата волја. До 1842 година тој се користел и како печат, за да ги потврди папските писма од приватен карактер.rnrnЗа секој нов папа се изработува нов прстен, на кој на латински се гравира неговото име. Го добива за време на инаугурацијата. По неговата смрт, прстенот се уништува во присуство на кардинали, за да се исклучи можноста за фалсификување документи со стар датум.Моќта и значењето на симболите2. Пентаграмот е нарекуван уште и Соломоновиот знак. Тој е познат од древни времиња и ги симболизира петте големи принципи на човештвото: љубовта, мудроста, вистината, правдата и добродетелта. За раните христијани пак, зраците на пентаграмот ги означуваат петте рани на Исус Христос, а според некои записи тој е симбол и на женскиот почеток. Но, ваквите позитивни перцепции на превртената ѕвезда за кусо време биле заборавени.rnrnСимболот е вкучен во кампањата на Ватикан за надминување на паганските религии и така се претвора во заштитен знак на ѓаволот. Во денешно време, тој е омилен симбол на сатанистите.Моќта и значењето на симболите3. Христовиот столб – крстот – Иако нам ни е познат како христијански симбол, крстот всушност преставува пагански остаток. Во грчките оригинали на трите најстари евангелија, тој никаде не се споменува како место на Христовото страдање. Таму се споменува зборот „стаурос“, кој во превод значи столб.rnrnКрстот, заедно со кругот се најстарите симболи познати во човештвото. Во некои култури тој го симболизира светот, но подлежи и на други најразлични интерпретации. Откако во 4-от век, императорот Константин го прифаќа христијанството и го наложува како религија во Византија, крстот станува официјален симбол. Неговата вертикална линија го означува божественото, а хоризонталната овоземното.Моќта и значењето на симболите4. Црниот камен во Каба, древниот храм во Мека е најсветото место за муслиманите. Независно каде се наоѓаат, за молитва верниците секогаш се вртат во насока на Каба, во чијшто источен агол е вграден црниот камен. За светото поклонение таму годишно се собираат повеќе од еден милион верници.rnrnПотеклото на црниот камен до ден денешен е мистерија. Легендата вели дека највисокиот муслимански симбол е остаток од метеорит. Се верува дека е паднат од небото за да им покаже на Адам и Ева каде да изградат храм. Всушност каменот бил почитуван од арапските племиња многу пред појавата на исламот. Мухамед го користи овој факт, претворајќи го каменот во централен елемент на своето учење. Користејќи ја неговата популарност, тој го олеснува ширењето на неговото проповедање.Моќта и значењето на симболите5. Бројот на ѓаволот – 666 – Овој број во библиски контекст секогаш предизвикува загриженост, бидејќи се смета дека зад него се крие нумеролошкото олицетворение на сатаната. Како сатана е опишуван римскиот император Нерон, кој бил прогонувач на христијаните. На хебрејски, сумата од нумеролошките вредности на буквите од неговото име е 666.rnrnТајни кодови постојат и се шират уште од антиката. Популарен е еден пример со букви од латиницата. Ако прифатиме дека А=100, Б=101, C=102…, и го пресметаме збирот од буквите во името на Хитлер, ќе го добиеме бројот 666.Моќта и значењето на симболите6. Свастика – Крстот чии краеви се свиткани под агол од 90 степени во правец кон десно, се јавува како симбол во различни култури за време на целокупната човечка историја. Зборот свастика значи предмет кој носи среќа или навестува нешто добро. Луѓето го носеле на себе како амајлија.rnrnНо, односот кон свастиката се менува за време на Хитлеровата диктатура, заради која симболот бил дури и забранет во голем број европски држави. Свастиката помеѓу германските племиња била позната како крстот на Тор. Интересно е тоа што нацистите не го користеле овој термин, кој е во согласност со нивната историја, туку преферирале да го позајмат индискиот термин свастика. Уште поинтересно е тоа што симболот бил пронајден во еврејски храмови во Палестина, пред 2.000 години.rnrnВо Индија сè уште на многу места се цртаат свастики: на вратите од храмовите, врз куќите, ткаенини со кои се завиваат свети текстови… Индиската свастика има точка во секое квадратче.Моќта и значењето на симболите7. Пирамидата со окото што гледа сè – се наоѓа на државниот печат на Соединетите Американски Држави. Идејата за овој симбол е на американскиот уметник и философ, Pierre Eugène du Simitière. Но, неговиот дизајн е без сончеви зраци. Конечниот изглед е дело на Чарлс Томпсон, секретар на Конгресот.rnrnПредмет на шпекулации е и некогашната американска банкнота од еден долар, на која се наоѓал симболот. Видот бил во оптек само 2 години и тоа уште на почетокот на историјата на САД, кога на нејзино чело застанува Џорџ Вашингтон. Се верува дека тој е член на масоните и дека пирамидата е всушност нивен симбол. Друг член на тајното братство кој ја враќа обновената банкнота во оптек е Рузвелт. Така според многумина, започнува ерата на „новиот светски поредок“… Симболот е познат и во христијанството. Триаголникот го симболизира Бог во три лица (Светата Тројца), а зраците се сонцето на правдата. Моќта и значењето на симболите8. Бројот 13 – Петок 13-ти или црн петок буди тревога кај многу луѓе. Причината сè уште не е јасна, постојат само бројни хипотези. Факт е дека и до денешен ден бројот 13 се поврзува со несреќа. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ бидејќи е под 12, која пак, симболизира завршен циклус. Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во Тарот картите, 13 е картата на смртта.rnrnСтравот од Црн Петок оди дотаму што во многу облакодери недостасува 13-ти кат, на некои аеродроми писта со број 13, голем број хотели не нудат соба со таков број, а во формула 1 нема болид со бројот 13. Во Фиренца при нумерирање на улиците тој бил намерно испуштен. Интересно е тоа што бројот 13 најмногу се влече во германското лото.rnrnДруго истражување покажува дека веројатноста за несреќа во овој ден е 4 пати поголема отколку во другите денови. Психолозите го објаснуваат овој факт со зборовите дека луѓето од страв „го влечат“  ѓаволот за опашката. Ова ја потврдува и силата на суеверијата.Моќта и значењето на симболите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компјутери од милион долари

    Компјутери од милион долари

    Компјутерите се за да се користат, но што ако воедно можат да бидат и уникатна декорација која ќе го направи просторот препознатлив. Million-Dollar-PC.com е веб-сајт кој ги собира најубавите компјутерски системи на едно место. Еве дел од она што досега е објавено таму:rnrnКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долариКомпјутери од милион долари

  • 10 случајни факти кои ни случајно не ги знаете

    10 случајни факти кои ни случајно не ги знаете

    1. Симболот што го означува доларот ($), всушност произлегол од вклопување на буквите U и S (United States).rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn2. Мадрид е единствениот главен град во Европа кој не се наоѓа покрај река.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn3. Во последните 4000 години, нема ново животно кое е припитомено.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn4. Во секоја епизода на серијата „Саинфилд“ се појавува знакот на супермен.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn5. Февруари 1865 година е единствениот месец во кој не се појавила полна месечина.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn6. Првиот хард диск произведен од Епл имал капацитет од 5 мегабајти.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn7. Најчесто име во светот е Мухамед.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn8. Во Италија, Мики Маус е наречен Тополино.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn9. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn10. Прашумата околу Амазон произведува една половина од кислородот на Земјата.rnrn10 случајни факти кои ни случајно не ги знаетеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.