КАФЕ ПАУЗА

Tag: диетално

  • Намирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеат

    Намирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеат

    Ако на намирниците пишува дека се диетални, не значи дека не дебелеат. Ако се обидувате да изгубите килограми, сигурно сте купиле некоја од овие намирници, убедени дека ќе ви помогне да го намалите внесот на калории.rnrnНамирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеатrn

    Диетален јогурт

    rnДиеталниот јогурт е популарен кај сите што сакаат да го намалат внесот на калории. Овој јогурт содржи помалку калории, масти и шеќер од обичниот, но диеталните јогурти честопати се повеќе обработени и имаат повеќе вештачки состојки.rnrnПокрај тоа, мастите се корисна хранлива состојка кога се консумираат во умерени количини и ви помагаат да останете сити подолго време. Ако сакате јогурт, подобро е да пиете обичен отколку диетален.rn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај често се карактеризира како волшебен пијалок за слабеење. Иако има многу здравствени придобивки, истражувањата покажуваат дека има минимално влијание врз слабеењето. Не е штетно да пиете чаша зелен чај секој ден, но голема е веројатноста дека нема да ги изгубите вишокот килограми поради него.rn

    Оризови галети

    rnОризовите галети имаат многу малку калории, но и многу малку хранливи материи. Ќе ви требаат повеќе парчиња за да се чувствувате сити, а тоа нема да придонесе за губење на вишокот килограми.rn

    Диетални газирани пијалаци

    rnАко сте зависник од газирани пијалаци, можеби ви се чини како добра идеја да пиете диетални пијалаци наместо обични. Сепак, некои истражувања покажуваат дека пијалаците со вештачки засладувачи можат да ја зголемат желбата за шеќер и да го поттикнат зголемувањето на телесната тежина.rn

    Нискокалоричен сладолед

    rnИако се рекламираат како поздрава опција, нискокалоричните сладоледи не се толку здрави. Ако имаат помалку шеќер, најверојатно содржат повеќе заситени масти. Ако, пак, содржат помалку масти, веројатно содржат повеќе шеќер.rn

    Обезмастено млеко

    rnОбезмастеното млеко со малку мрснотии или без мрснотии се рекламира како поздрава опција, но истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат полномасно млеко обично имаат помалку килограми. Можеби затоа што тие се сити подолго време поради мастите што ги содржи млекото.rn

    Протеински плочки

    rnИако се смета дека протеинските плочки се здрави, за жал, многу од нив имаат многу калории, масти и додадени шеќери и тие го поттикнуваат зголемувањето на телесната тежина. Ако веќе купувате протеински плочки, нека имаат што повеќе природни состојки, но не јадете ги секој ден.rn

    Јаболков оцет

    rnЈаболковиот оцет е исто така еден од најпопуларните трикови за слабеење. Оние кои го промовираат велат дека го намалува гладот и помага при слабеење, но постојат многу малку докази што ги поддржуваат овие тврдења.rn

    Кокосово масло

    rnОва масло се промовира како сојузник во согорувањето калории, но е богато со заситени масти и може да го подигне нивото на холестерол.rnrnПрочитајте кои 11 намирници треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.

  • Диеталниот шеќер создава „фантомско“ чувство на глад

    Диеталниот шеќер создава „фантомско“ чувство на глад

    Многу луѓе кои се грижат за своето здравје и за својот изглед, консумираат диетални пијалаци или користат вештачки засладувачи за да го избегнат регуларниот бел шеќер. Но, едно ново истражување покажува дека таквата навика е штетна затоа што диеталните шеќери всушност предизвикуваат поголемо чувство на глад. Според новата студија спроведена во Австралија, научниците откриле дека лажните шеќери предизвикуваат хаос во мозокот при регулацијата на чувството на глад и на тоа како вашите сетила ги препознаваат вкусовите. Овие резултати можат да се приклучат кон останатите научни тврдења кои застануваат против употребата на вештачките засладувачи. Како научниците дошле до ваквите сознанија?rnrn(1) Диеталниот шеќер создава „фантомско“ чувство на гладrnrnТие во своето истражување најпрвин ги искористиле винските мушички. На мушичките им била дадена храна премачкана со вештачки засладувачи, резултирајќи со консумирање 30 проценти повеќе калории во споредба со нивната нормална исхрана. Но, тоа не било последица на нивната супер активност тој период, туку на нешто сосема друго. Второто тестирање било изведено на глувчиња. И тие добиле храна покриена со вештачки засладувачи, што довело да внесат многу повеќе калории во своите организми – поточно 50 проценти повеќе од нивната редовна исхрана.rnrnНаучниците веруваат дека тоа е така затоа што во центрите за наградување во мозокот, нивото на енергија во организмот и сензорите за слатко се поврзани. Па, така, кога одреден период не се синхронизирани, мозокот треба да се прилагоди. Тој му дава знаци на вашето тело дека е гладно, иако претходно сте изеле доволно храна. Затоа, пред да купите диетален пијалак или кутија со вештачки засладувач, имајте на ум дека по нивната консумација, многу брзо кај вас може да се јави „фантомско чувство на глад“, иако не сте гладни. Колку повеќе користите од тие производи, толку е поголема шансата да добиете прекумерна тежина, затоа што едноставно губите контрола над чувствата за глад и ситост.

  • Замрзната мока, одлична за вашето здравје

    Замрзната мока, одлична за вашето здравје

    Диетална мока која ќе ви го направи денот подобар

    rnЗамрзната мока, одлична за вашето здравјеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 240 милилитри силно филтер кафе, оладено
    • rn011

    • 240 милилитри диетален сладолед од ванила (со помала масленост)
    • rn011

    • 125 милилитри обезмастено млеко
    • rn011

    • 1/4 лажичка ванила
    • rn011

    • шеќер или засладувач (по избор)
    • rn011

    • 4 лажици диетална шлаг пена
    • rn011

    • инстант мешавина од чоколадо и млеко (по избор)
    • rn011

    • чоколаден прелив
    • rn011

    • неколку коцки мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер, сместете ги кафето и мразот и мешајте на највисока брзина околу 10-20 секунди или додека мешавината не стане течна. Потоа додајте го сладоледот, млекото, мешавината од чоколадо и млеко и ванилата. Повторно мешајте на највисока брзина или сѐ додека добро не се соединат сите состојки. Засладете со шеќер или засладувач и сипете во 3 чаши. Декорирајте со шлаг пената и чоколаден прелив. Сервирајте веднаш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

    30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

    Секој сака да биде во добра форма, а со тоа и да се чувствува подобро. Би се изненадиле колку е лесно да се намали бројот на калориите кој секојдневно го внесуваме. Не станува збор за изгладнување или откажување од најомилените задоволства, бидејќи на организмот му треба од сè по малку. Изгладнувањето и ригорозните диети најчесто имаат негативен ефект. Наместо тоа, сè што треба да направите е да намалите количински од храната која ја внесувате, секогаш кога имате можност да одбирате диетална храна, да ја подготвувате варена или печена наместо пржена и да ги замените полномасните млечни производи со оние со пониска масленост.rnrn30 лесни начини да скратите 100 калории на денrnrnЕве некои совети со чие применување би крателе по 100 калории дневно, што би резултирало со губење околу половина килограм месечно. Ви се чини малку? Сепак, зборуваме за здрав начин на слабеење и одржување на здравјето.rnrn1. Наместо путер, на вашиот тост или парче леб за појадок, намачкајте една лажичка овошен мармалад.rnrn2. Заменете ја вашата шолја полномасно млеко со половина шолја млеко со пониска масленост.rnrn3. Наместо две пржени јајца, изедете две варени.rnrn4. Заменете ги чоколадните житарици со овесни.rnrn5. Секогаш кога имате можност, во готвењето искористете ја само белката од јајцата.rnrn6. Како закуска направете си овошна салата со портокал и банана.rnrn7. Наместо кикиритки, грицкајте соленки.rnrn8. Кога правите домашен овошен шејк не засладувајте го.rnrn9. Дел од вашиот оброк со месо заменете го со свежи печурки.rnrn10. Доколку не можете да се откажете од мајонезот, заменете го со диетален.rnrn30 лесни начини да скратите 100 калории на денrnrn11. Грицкајте сушено овошје наместо карамели или други слатки.rnrn12. Наместо црвено вино напијте се минерална вода со вкус на цреша.rnrn13. Заменете ја пржената сланина со сушена.rnrn14. Зеленчукот гответе го дома наместо да купувате конзервиран.rnrn15. Заменете го белиот со црн леб.rnrn16. Исечете помало парче торта за десерт од вообичаено.rnrn17. Наместо купечко чоколадно млеко, во обично млеко додадете инстант за чоколадна напивка.rnrn18. Месото подготвувајте го варено или печено наместо пржено и секогаш комбинирајте го со зеленчук како грашок и моркови.rnrn19. Наместо пет коцкички чоколада или чоколадни колачиња, изедете две.rnrn20. Наместо салата со макарони, направете си салата со спанаќ.rnrn30 лесни начини да скратите 100 калории на денrnrn21. Не мора целосно да се откажете од путерот, туку употребувајте го во помали количини.rnrn22. Наместо конзервирана туна во масло, купете конзервирана туна во вода.rnrn23. Сервирајте го месото со помалку сос.rnrn24. Изедете го хамбургерот, но оставете го помфритот.rnrn25. Не јадете каков било сос со рибата, само истискајте лимон врз неа.rnrn26. Наместо филети од риба, направете риба на скара.rnrn27. Намалете ја употребата на масло и заменете го со маслиново масло.rnrn28. Наместо купечки овошен шејк, направете го дома. Измешајте филџан млеко со ниска масленост, половина филџан сецкани јаготки и половина банана.rnrn29. Направете си сендвич со мисиркино месо наместо пилешка салата.rnrn30. Наместо свинско месо, конзумирајте месо од дивеч.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни сладоледи

    Овошни сладоледи

    Најздравите сладоледи се пред вас. Направете ги и лижете без да се грижите за килограмите…

    rnОвошни сладоледиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 г јагоди, исчистени
    • rn011

    • 100 г мед
    • rn011

    • 3 супени лажици сок од лимон
    • rn

    rnОвошни сладоледиrn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги јагодите во бледнер. Миксајте ги додека да се создаде еднолична смеса. Кога ќе бидат убаво измиксани, ставете ги медот и сокот од лимон и измешајте со лажица. Смесата распоредете ја во калапи за сладолед.rnrnОвошни сладоледиrnrnСтавете ги калапите да се замрзнат најмалку 4 часа.rnrnОвошни сладоледиrnrnДецата ги обожаваат, но има ли воопшто некој што не ги сака!?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.