Патување низ историјата на хаус музиката – вистинско пишано, визуелно и музичко задоволство.
rn
Наша оценка: 10/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnrnАко бараат да го опишам во неколку збора овој феноменален приказ на историјата на хаус музиката, мислам дека би ја употребила токму претходната реченица. Да се пропатува назад низ годините, да се биде дел од едно друго време преку звуците избрани токму од Лоран Гарние надополнети со совршено избрани зборови на новинарското перо на Давид Брен-Ламбер, комплетирани со графика за дополнително визуелно уживање е искуство кое и вистинските лаици за електронска музика, меѓу кои и јас, не би смееле да го пропуштат. За оние кои живеат за електронска музика, верувам дека книгава е нивна Библија.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrn
rnrnОд Манчестер – каде што очигледно е изворот на квалитетните звуци до Париз – метрополата на сè што е важно во светот, од Hacienda каде Лоран прв пат ја слушнал токму таа важна трака до Rex и ноќта на вистински делириум кога Французите се претопуваат со новиот звук во градот… Лоран нè води на бескрајна журка а кулминацијата е всушност од почеток до крај, без намалување на интензитетот но со совршен ритам. Дел од главите имаат и плејлиста за целосно доживување (или за такви залутани читатели како мене кои секое второ име мора да го гуглаат). Доживувањето на клубовите и атмосферата, запознавање на публиката и „фаците“ кои редовно се среќаваат на журките, описите на уникатната енергија која ја создава диџејот ќе ви ја разгорат желбата за забава.rnrnСтанува збор за автобиографија која го опфаќа зачетокот на хаус музиката во 1987 година во Манчестер каде што прв пат настапува Лоран, до доживувањето на Summer of love кога преминува во андерграунд сцената и добива своја публика па до популаризирањето и преминот во мејнстрим и последиците поврзани со квалитет кои доаѓаат со тоа (никогаш не мислев дека ќе употребам толку фенси зборови во една реченица, во рецензија). Иако целата автобиографија е во прво лице, логично, делови од книгата се всушност и раскажувања на негови пријатели диџеи кои му се обраќаат на читателот и го зголемуваат доживувањето.rnrn
rnrn
„Играчите замрзнаа на подиумот за играње, со дигнати раце, со спуштени глави, со големи блажени насмевки што им ги исполнуваа лицата. Возвишен миг. Браздата на плочата стигна до својот крај и потпукна, а потоа ѝ го отстапи местото на тишината. Играчите не мрдаа, како на почетокот на некоја голема емоција, како да се плашеа да ја растурат магијата.“
rnrnВеќе се замислувате на подиум, нели?rnrnВсушност, случувањата во оваа музичка енциклопедија не се воопшто далечна историја, но верувам дека со она што се нуди на музичката сцена во светот денес и она што се нуди од ноќниот живот кај нас, веројатно ќе почувствувате илјадници светлосни години разлика. Постојано ќе ве следи чувство дека некој ви дал можност да ѕирнете и да доживеете за кратко свет кој одамна е изгубен, енергија која долго време нема да се повтори, револуција која го изменила текот на историјата.rnrnЛоран раскажува едноставно но возбудливо, ќе уживате во неговите приказни од детството за првата дискотека во неговата детска соба и ќе играте во ритамот на музиката на подиумот на францускиот клуб Palace со скинхедси и шминкери на едно место. Дополнително, реално го прикажува и проблемот со дрогата која е неизбежна на ваков тип журки и особено ќе ви се допадне неговото размислување за нејзиното уништувачко дејство, не само кон луѓето туку и кон самиот правец, стилот на живот и сè она што електронската музика е. Драго ми е што излегов од комфор зоната и овој пат одбрав друг жанр, особено нешто што е сосема различно од моето секојдневие а верувам и вашето. Читајте и журкајте се!rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk


rn
rnrn

Миксот е дело на DjGoce D’Sauce од групата „Raw N Wicked“, кој оваа година е финалист на интернационалниот диџеј-натпревар на RedBull „Thre3Style“, како единствен претставник од Македонија.rnrnВо тек е фазата на јавно гласање за најдобар микс, па ако сакате да го подржите DjGoce D’Sauce, 


rnrnЧувствувам како го пробивам својот пат низ темнинатаrnrnВоден од срцето што чукаrnrnНе знам каде ќе заврши мојот патrnrnНо знам каде започнуваrnrnМи велат дека сум бил премногу млад за да разберамrnrnДека сум бил заробен во мојот сонrnrnДека животот ќе ми поминел залудно ако не ги отворам очитеrnrnАма мене тоа не ми е проблемrnrn rnrnРазбудете ме кога сè ќе завршиrnrnКога ќе бидам помудар и постарrnrnЦело ова време се пронаоѓав себесиrnrnА не знаев дека сум бил изгубенrnrn rnrnСе обидов да го носам сиот товар на овој светrnrnНо имам само две рацеrnrnСе надевам дека ќе имам шанса да го пропатувам светотrnrnИако сега немам плановиrnrnПосакувам да можев засекогаш да останам олку младrnrnБез страв да ги затворам очитеrnrnЖивотот е игра наменета за секогоrnrnА љубовта е наградатаrnrn rnrnРазбудете ме кога сè ќе завршиrnrnКога ќе бидам помудар и постарrnrnЦело ова време се пронаоѓав себесиrnrnА не знаев дека сум бил изгубенrnrn rn
rn
rn
rn
Следниот ремикс е дело на диџејот Стив Портер, којшто собрал неколку впечатливи изјави од најбрзиот човек во светот и од нив создал оригинална песна којашто може да послужи за инспирација на сите оние кои сакаат да ги издржат напорните тренинзи.rn
Нормално фотографиите се монтажи, но убаво е да се види дека и друга професија интересно би му прилегала. Повеќе фотографии од најновиот светски познат диџеј може да се најдат на блогот „





rn
Компанијата е основана во 2005 година од Нејтан Томас од Сиднеј. Тие велат дека „создаваат накит за поединецот“.
Овие производи се изработени од сребро, злато и платина и чинат од 300 до 750 американски долари.







rn