Ако некогаш сте почувствувале чудно чувство на дежаву што не можете да го објасните кога сте со некоја личност, можно е да сте во кармичка врска. Кармичката врска е дефинирана како врска што открива проблеми од друг живот. Верувањето кои стои зад кармичките врски е дека „тие ја одржуваат поврзаноста на душите од минатиот живот со сфаќање дека сè уште има некои недовршени работи во овој живот“.rnrn
rn
Позадина
rnИдејата за кармички врски потекнува од хиндуизмот и будизмот. Најчесто зборот „карма“ се толкува негативно, но кармичкиот однос не е негативен, позитивен, романтичен или платонски, туку станува збор за нерешени прашања од минатиот живот. Тие проблеми се разликуваат во зависност од личноста. Ако се прашувате дали во моментов сте во кармичка врска или сте ја имале во минатото или сакате да знаете како изгледа, прочитајте го подеталниот опис на кармичките односи.rn
Што е тоа кармичка врска?
rnКармичката врска во суштина служи како огледало. Ова значи дека може да биде и добро и лошо, во зависност од тоа што треба да научите од таа врска. Додека верувате дека партнерот со кој сте во кармичка врска е вашата сродна душа, веројатно ќе треба заедно да се соочите со некои предизвици за да може да ја сметате врската за кармичка. Во кармичките врски не цветаат секогаш рози. Наместо тоа, овие односи ги откриваат сите ваши слабости (трауми или проблеми што треба да ги решите за да станете подобра верзија од себе), како и вашите позитивни страни.rn
Како може да знаете дали сте во кармичка врска?
rnВо ваква врска, веројатно ќе имате многу силни чувства еден кон друг. Ќе се чувствувате како да ја познавате таа личност цел живот и покрај тоа што неодамна сте ја запознале. Можно е да доживеете дежаву заедно, да имате емоционални спомени или однос што изгледа како да ја предодредува вашата моментална врска. Исто така, можно е да се појават тешкотии кои изгледаат како да произлегуваат од ништо, како и да доживеете ментална и емоционална болка при помислата дека вашиот партнер ќе замине.rn
Дали ве плаши дежаву?
rnОд друга страна, ако чувствувате силна поврзаност со партнерот, но на негативен начин, тоа исто така може да биде знак дека сте во кармичка врска.rnrnАпсолутно можете да почувствувате целосна паника и омраза кон некој што не ви направил ништо. Ако тоа е многу силна реакција и можете да утврдите дека не е резултат на траума од овој живот, можеби станува збор за кармичка врска.rnrnДруг знак за кармичка врска е интензитетот. Кога сте во кармичка врска, таа веројатно се состои од еуфоричен напредок што ги надминува сите претходни врски.rn
Како се разликува кармичката врска од кој било друг вид интензивна врска?
rnНајголемата разлика помеѓу кармичката врска и која било друга интензивна врска е чувството на немоќ. Кога сте во кармичка врска, може да се чувствувате како вашиот партнер да е буквално дел од вашата душа, што може да ги отежни работите. Ако вашето тело или душа чувствува дека друга личност е дел од вас, вашето внатрешно самоодржување ќе го направи одвојувањето од неа речиси невозможно.rnrnИако прекинувањето на кармичката врска може да биде тешко, постои мотивирачки фактор, а тоа е дека вашата душа се обидува да ја научи лекцијата од минатиот живот.rnrnАко сте имале интензивни врски во минатото, споредете ги со врската за која мислите дека е кармичка и видете дали се разликуваат. Во повеќето некармички врски, но сепак интензивни врски, ќе останете заедно заради егото, гордоста, потребата и поврзаноста, додека кај кармичките врски тоа е многу подлабоко.rnrnПрочитајте кои 10 знаци укажуваат дека вашиот партнер е подготвен за долга врска.

rn
rnrnМагнетната резонанса покажала дека најактивните делови од мозокот во тие моменти биле оние што се одговорни за донесување одлуки, а не за сеќавања. Доктор О’Конор претпоставил дека овие области од мозокот создаваат чувство на дежа ву затоа што ги следат сеќавањата и бараат грешки во нив. Кога ќе најдат некоја недоследност, веднаш се активираат, а ние доживуваме морничаво чувство дека тоа веќе ни се има случено порано.rnrnСпоред еден друг истражувач, Стефан Келер од Канада, можно е да се случува и некој конфликт при донесувањето решенија во мозокот за време на овој феномен.rnrnПотребно е да се соберат уште многу податоци пред да се докажат овие теории, но ако некоја од нив е вистинита, феноменот дежа ву конечно ќе биде разоткриен. Тогаш со сигурност ќе знаеме дека мозокот само го проверува квалитетот на нашите сеќавања и бара недоследности помеѓу она што навистина го паметиме и она што мислите дека го паметиме.
rnrnНиз годините, жителите на Таос – мало гратче во југозападниот дел на Америка, слушаат звук со мала фреквенција од непознато потекло. Тој доаѓа некаде од пустината и сличен е на тешки возила кои се движат по автопат, иако нема големи патишта околу градот. Шумот често пати води до сериозни ментални нарушувања и самоубиства кај луѓето што го слушнале. Некои од жителите сметаат дека е лош предзнак, а научниците сѐ уште не можат да го најдат неговиот извор.rn
rnrnДежа ву е француски израз кој значи „веќе видено“. Тоа е чудно чувство што нѐ тера да помислиме дека веќе сме искусиле некоја ситуација. Моќта во имањето дежа ву е во чувствувањето дека има стотици различни патишта кои можат да ве одведат до одреден момент во времето. Чувствувате дека веќе сте го доживеале моментот, и оттогаш сте направиле доволно одлуки што ќе предизвикаат да биде невозможно да се случи уште еднаш. Но, сепак се случило, па можеби тоа е вашата судбина? Научниците имаат разни тврдења и претпоставки за овој феномен, од промените во координацијата на времето во нашиот мозок до повторувањето на некои сцени во нашите соништа. Но, тешко е да се истражи бидејќи нема начин да се предизвика вештачки.rn
rnrnЛуѓето кои искусиле клиничка смрт понекогаш кажуваат дека имале визии од светло на крајот од тунелот, чувство на летање, средби со роднини и слично. Феноменот е наречен „искуство блиску до смртта“. Главниот проблем е тоа што мозокот скоро запира со работа откако ќе запре срцето, што значи дека мртвата личност не може да почувствува или искуси нешто. Постојат теории кои го објаснуваат не само овој проблем, туку и проблемите со секој тип визија. Но, она што науката не може да го објасни е зошто некои пациенти се сеќаваат што им се случувало за време на реанимацијата, до најситен делат.rn
rnrnМожеме да го најдеме првото спомнување на духовите во историските легенди, но и во денешната литература. Не само што постојат колективни докази од луѓе кои сретнале духови, туку и факти како фотографии и видеа. Научниците разоткриваат бројни паранормални феномени објаснувајќи ги како масовна хистерија, психички нарушувања и разни труења. Но, постојат неколку случаи кои едноставно не можат да се објаснат со една теорија.rn
rnrnПонекогаш ја викаме и шесто сетило. Науката сѐ уште не може да ја објасни природата на овој феномен. Некои научници тврдат дека сите имаат претчувство кога треба да направат некаков избор. Тие велат дека ја имаме оваа способност од раѓање, но, развивајќи само 5 од нашите сетила, ние со тек на време забораваме како да ја користиме.rn
rnrnПлацебо ефектот е една од најголемите неразрешени мистерии во медицинската наука. Не е јасно како само чистата верба во исцелителните моќи на едно „празно апче“ кое го зема пациентот, може да го излечи телото. Независно дали станува збор за настинка или рак, понекогаш сугестијата може да помогне и со најтешките болести. Доколку еден човек може да се излечи од фатално заболување само со помош на неговиот мозок, зарем тоа не докажува дека нашите способности се бескрајни?
rnrnСамиот термин дежаву доаѓа од
rn