Некои математички задачи не се толку едноставни колку што се чинат на прв поглед. Но, без сомнение загатките се одлични за развој на аналитичкото и логичкото размислување кај луѓето. Дајте му добра вежба на вашиот мозок со тоа што ќе се обидете да ја решите следнава детска загатка која може да ги збуни дури и најголемите интелектуалци…rnrnКое е решението на последната равенка?rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]rnrnДали добивте 105? Или можеби 102?rnrnОдговорот е всушност 81. Веројатноста е дека не го погодивте поради две суптилни детали. Прво, поради бројот на жолтите цветови: Во третата равенка има 2, а во последната само 1.rnrnНо, втората ситница е малку покомплицирана: Бројот на ливчиња кои ги имаат виолетовите цветови. Не ги забележавте? Ништо страшно! Во втората равенка секој од цветовите има по 5 ливчиња, што е еднакво на 1. Во последната равенка, виолетовиот цвет има само 4 ливчиња (4 x 1). Па така, 20 x 4 + 1 = 81.rnrnЧеститки ако успеавте да ја решите. Имате одлично око за детали!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
Иако за господин Зомер не се знаеше многу, со сигурност можеше да се каже дека во круг од 60 км немаше човек, маж, жена, или дете – па дури ни куче – што не го познаваше господинот Зомер.
rn
Наша оценка: 7
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnСо намера да внесам малку разноликост во моите рецензии, решив овој пат да ви презентирам детска книга, која во никој случај не е само детска. Поточно, може да се рече дека е приказна од детството, но не и стриктно детска книга. Може да ја читаат и деца и возрасни. Лесна е, читлива, полна со илустрации, и ќе ве поттикне да се замислите за мистериозниот и загадочен шетач, господинот Зомер.rnrnИнтересно е тоа што може да му ја дадете на вашето дете или на вашиот помал/а брат/сестра да ја прочита и потем заедно да развивате дискусии за книгата. Една ваква загадочна и кратка приказна во еден здив е совршен почеток за идните вљубеници во литературата.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrn
„Во времето кога јас сè уште се јазев по дрвја, во нашето село, на одвај два километри од нашата куќа, живееше еден човек по име господин Зомер. Тоа беше неговото презиме. Никој не му го знаеше името и никој не знаеше дали господин Зомер има некоја професија. Се знаеше само тоа дека госпоѓа Зомер имаше свое занимање, правеше кукли…“
rnВо цело Долно и Горно Езерани, нема некој кој не го знае господин Зомер. Нема некој кој не чул за него, нема некој кој не го видел како неуморно оди, но нема ни некој кој знае нешто повеќе за него. Господин Зомер е вистинска мистерија. Тој неуморно шета, талка и ретко кога им зборува на луѓето. Неговата сопруга, госпоѓа Зомер прави кукли, тоа е сè што се знае за Зомерови.rnrnrnrnГосподин Зомер е секогаш по патиштата. Оди од село во село небаре некој го гони, од нешто се плаши, од нешто бега. Кога децата рано изутрина одат на училиште тој свеж и расонет оди по патот, навечер кога сонцето се крие, господин Зомер продолжува неуморно да оди. Оди и ако има дожд, грмотевици, бура. Господин Зомер едноставно оди, ита кон нешто или негде. Со својот празен ранец и долг стап на кој се потпира, овој необичен господин станува дел од животот на едно мало момченце кое е на прагот на зрелите години. Дури кога малото момченце ќе престане да јази по дрвја, господинот Зомер засекогаш ќе исчезне.rnrnСо сегменти на детска и наивна младешка љубов, Зискинд на по малку необичен и интригантен начин го опишува созревањето на едно младо момче и го преточува во загадочна приказна, која иако мала и кратка, ќе ве натера да се замислите. Што се крие зад господинот Зомер, дали децата го гледаат господин Зомер со поинакви очи, од што бега таинствениот и стар господин Зомер и каква улога има тој во созревањето на момчето што ни ја раскажува приказната?rnrnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 8 октомври 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn
Една од заблудите на минатиот век е дека култната Рубикова коцка е направена за детска забава. Точно е дека ја создал Унгарецот Ерно Рубик, затоа и го носи неговото име, но целта не му била да ги забавува луѓето низ светот, туку да ги објасни принципите на тродимензионалното планирање.rnrnrnrnРубик во тој период предавал архитектура и дизајн на мебел. Во 1974 година, обидувајќи се да направи 3Д визуелизација за своите студенти, тој ја дизајнирал коцката, не знаејќи дека всушност направил сложувалка. Таа се состоела од дваесет и седум мали коцки, врз кои ставил налепници во шест бои. Тогаш, никому не му било важно боите да бидат подредени, ниту на професорот, ниту на студентите.rnrnrnrnЗа правилно да се подредат сите шест страни на Рубиковата коцка, која на почетокот била нарекувана магична, постојат четириесет и три квинтилиони варијанти. Дури и самиот Ерно Рубик едвај ја решил сложувалката, после многукратни обиди. Но, откако го сторил тоа, дошол до идеја да го патентира пронајдокот како детска играчка. Тоа го направил по една година од дизајнирањето на коцката.rnrnrnrnИграчката немала посебен успех сè до 1980 година, кога за неа се заинтересирала американската компанија „Ideal Toys“ и го откупила патентот за пронајдокот. За кратко време компанијата успеала да продаде над 100.000 оригинални рубикови коцки, со што Ерно станал првиот легален милионер во социјалистичките земји. rnrnrnrnОваа култна играчка на осумдесеттите години и ден денеска е популарна. Се организираат бројни натпревари за нејзино брзо сложување. Засега, рекордот го држи Австралиецот Феликс Земндегс. Тој успеал да ја сложи за само 5,66 секунди.rnrnrnrnНајмалата Рубикова коцка изнесува само 8 милиметри. Покрај основниот облик на сложувалката, денеска на пазарот можат да се најдат и други, најразлични форми. Досега се продадени над 300.000.000 оригинални рубикови коцки и нејзини најразлични имитации.rnrnrnrn
Секоја боја има своја енергија и вибрација, а различните нијанси будат различни емоции. Бидејќи сите ние сме различни помеѓу себе, бојата на нашата спална соба треба правилно да ја избереме, во согласност со нашите интереси и потреби.rnrnrnrnСекоја боја кореспондира со различна страна на компасот, па затоа најважно е најпрво да се утврди каде е точно лоцирана. Како генерално правило, собите кои се наоѓаат на север и исток најдобро одговараат со ладни бои, како што се сината, зелената и виолетовата. Собите пак, кои се наоѓаат на запад и на југ, најдобро кореспондираат со топлите бои, како црвена, портокалова и жолта. За белата се вели дека има моќ на исцелување. Особено е препорачливо да се употреби во северниот дел од собата.rnrnЦрвенатае полна со енергија и е активна боја која има стимулативен ефект на вашето тело. Не е препорачлива за спални соби, особено не за детски, бидејќи може да вознемирува во спиењето. Но, доколку се чувствувате летаргично или пак мислите дека тешко се мотивирате, употребата на црвената боја на југозападниот дел од собата може да ви го подигне нивото на енергија. Таа често се поврзува со чувството за мирис.rnrnrnrnПортокаловатае боја на среќата, која инспирира на социјална интеракција и на оптимизам. Нејзините воздигнувачки ефекти ја прават многу забавна, па затоа е препорачлива за детски соби. Најдобро е да се употреби во соба која е свртена јужно. Доколку собата не се наоѓа свртена кон југ, можете да ставите некаква декорација или некое парче уметност на јужниот ѕид. Таа често се поврзува со чувството за вкус.rnrnrnrnЖолтатабоја го стимулира умот и ја поддржува комуникацијата и концентрацијата, правејќи ја идеална за соба за работа и учење. Но, таа е и една од најдобрите бои за спална соба и може да се употреби за соба која се наоѓа на исток, југоисток, југ или југозапад. Таа често се поврзува со чувството за вид.rnrnrnrnЗелената ја претставува природата и го симболизира балансот, изобилството и исцелувањето. Зелената може да се додаде во собата, преку бојадисување, растенија или преку парчиња уметност. Зелената е најефективна во соби кои се наоѓаат на север или пак на северниот дел од собата. Таа хармонизира и создава мир. Зелената боја често се поврзува со чувството за допир.rnrnrnrnСинитенијанси се познати по нивните смирувачки и исцелителни моќи. Бидејќи делува психолошки, сината боја е идеална за спална соба, особено за луѓе кои се премногу активни и зафатени по цели денови или пак за оние кои патат од вознемиреност. Сината боја се поврзува и со креативност и инспирација, па затоа е одлична и за детска соба. Сината боја е најефективна доколку собата е свртена кон запад или северозапад, а често се поврзува со исцелување.rnrnrnrnТемносинатабоја е длабоко спиритуална и најдобро е да се употребува во спалната соба на луѓе кои имаат силна верба. Таа е одлична за употреба во соби за одмор, релаксација и опуштање.rnrnrnrnВиолетоватаима најголем смирувачки ефект од сите бои и е одлична за спални соби и соби за мирување. Таа исто така се поврзува со спиритуалноста.rnrnrnrnДоколку сакате совети во врска со изборот на соодветната боја за која било соба во вашиот дом, прочитајте ја серијата содржини на тема: „Боите во домот го менуваат вашето расположение“, и тоа доколку се љубители на топли бои, ладни бои или на неутрални бои во уредувањето, а информирајте се и детално за значењето на боите околу нас.