КАФЕ ПАУЗА

Tag: денес

  • Мантра на денот: Денес, сетете се да дишете

    Мантра на денот: Денес, сетете се да дишете

    Денес, затворете ги очите и потсетете се дека во ред е тоа што не можете да ја смените секоја можна ситуација и околност во вашиот живот. Кажете си дека работите понекогаш нема да се одвиваат онака како што сакате, но и покрај тоа треба да верувате во вашата сила и смисла за да можете да одите напред, колку и да сте збунети.rnrnМантра на денот: Денес, сетете се да дишетеrnrnДенес, истегнете го и почувствувајте го секој мускул од вашето тело. Издишете ги негативноста и стравот. Бидете нежни и љубезни кон себеси. Борете се, без разлика каков пораз ви чукнал на врата.rnrnДенес, слушајте го биењето на вашето срце и сетете се дека сте тука, дека се движите и се борите, дури и тогаш кога сте уморни.rnrnДенес, научете да простите. Простете си ги грешките што сте ги направиле. Престанете да поставувате недостижни очекувања за себе и за другите и разберете дека животот е несовршен и прекрасен. Запомнете дека успевате да преживеете.rnrnДенес, не заборавајте да бидете трпеливи. Запомнете дека крајните рокови и обврски не мора да ве контролираат и дека не сте жртви на времето што минува. Запомнете дека смеете да забавите, да најдете мир и да не им вршите услуги постојано на сите. Наместо тоа, направете си услуга самите на себе.rnrnДенес, стишете го вашиот ум и ослободете се од работите што не можете да ги контролирате. Држете се до она што го имате и впивајте го секој радосен момент во животот. Но, немојте да се држите до она што не е повеќе ваше, бидејќи тоа ќе ве направи слаби.rnrnДенес, покажете си себеси дека сте моќни и прекрасни. Покажете си дека сте целосни и исполнети. Покажете си дека сте хаотични и грешни, но тоа не значи дека не заслужувате убав живот.rnrnДенес, не заборавајте да бидете смирени. Вдишете ја убавината околу вас и ослободете се од она што не можете да го поправите, излечите или промените. Денес, сетете се дека сѐ ќе биде во ред. Утрото што доаѓа е свежо, храбро и ново.rnrnДоколку ви се допадна оваа мантра, прочитајте ги и следниве мотивациски пораки за поубав ден.

  • Денес може да биде ужасно, но утре ќе биде подобро

    Денес може да биде ужасно, но утре ќе биде подобро

    Вие можеби чувствувате дека денес е најлошиот ден од вашиот живот и ви се чини како ова да се најдолгите 24 часа што некогаш сте ги преживеале. Можеби денес ви беше зададен тежок тест, раскинавте со вашиот партнер, изгубивте пријател или некоја блиска личност, се здобивте со физичка повреда, доживеавте неуспех и уште многу други работи кои може да направат да се чувствувате исцрпени и навечер да заспиете со еден куп солзи.rnrnДенес може да биде ужасно, но утре ќе биде подоброrnrnВо такви моменти се чувствувате како да не можете да се движите, како рацете и нозете да ви се врзани со тешки синџири, а на срцето ви е насобрана толкава тежина што дури не можете ни да дишете. Тогаш се чувствувате дека не можете да најдете ни среќа, ни мотивација, ни сила каква што сте имале во минатото. Наместо тоа, сега чувствувате само празнина. rnrnНо, животот е таков. Понекогаш задава удари и ве става на места каде што веќе не знаете кои сте. Сепак обидете се да ја видите светлината. Денес е само еден ден, само 24 часа, па откако ќе изминат, вие ќе имате нови можности пред себе. Можеби денес ќе биде долг ден, поразителен и напорен за вас, кој ќе ве остави без насока и без надеж. Но, ќе помине. Доаѓа нов ден, па како што заоѓа сонцето, ќе исчезне и болката и немирот. Со зората ќе дојде нова шанса. Шанса да ги поправите проблемите од минатото, да ги обновите местата кои се срушени. Шанса да започнете одново. Шанса да се лекувате. rnrnДенес може да биде најтешкиот ден во вашиот живот, но тој ден не трае засекогаш. Денес ќе престане да постои и еден ден, понатаму, сè што поминавте во текот на овие 24 часа ќе остане само далечен спомен. Никогаш нема целосно да го заборавите тој ден, затоа што на некој начин сепак ќе остави трага во вашиот живот, но вие не можете вечно да бидете силно поврзани со овие случувања. Не можете постојано со себе да ги носите тие 24 часа кои неизбежно ќе ве водат кон пораз. Учете од денешниот ден, за утре да можете да станете посилни и помоќни личности.rnrnМора да ги научите животните лекции од она што ве повредило, доколку сакате да се движите напред. Претворете го злото во добрина и погледнете кон иднината со свежи очи. Денес е денес, но наскоро ќе биде вчера, па пред два дена, па пред една недела… а потоа тој ден ќе остане зад вас, оддалечен неколку месеци или години. Оставете го денешниот ден во минатото и зачекорете со похрабри чекори кон посветлата иднина. Заслужувате да бидете излекувани!

  • Неколку ситуации што ни покажуваат колку денешните училишта се различни од оние во 90-тите

    Неколку ситуации што ни покажуваат колку денешните училишта се различни од оние во 90-тите

    Секое дете од деведесеттите години се сеќава како изгледаше училиштето: Дофрлање белешки за време на часовите и чекање да дојде одморот за да позборувате со пријателите. Но, сега, со појавата на паметните телефони и воопшто со брзиот развој на технологијата, училиштето е поразлично. Денес децата не може да сфатат како е да се оди на училиште без мобилен телефон и без Интернет. Но, без разлика дали сте задоволни со времето во кое сте живееле или сте среќни што тоа сѐ уште не трае, погледнете ги овие неколку ситуации што ја покажуваат разликата помеѓу училиштето во деведесеттите години и денешното.rn

    Тогаш: Ви недостигаа пријателите од другиот клас

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnПериодот додека часовите траеја вие не можевте да зборувате со вашите пријатели, па затоа и овие 45 минути ви изгледаа како цела вечност.rn

    Денес: Постојано комуницирате со пријателите со помош на мобилните, како за време на часовите, така и помеѓу нив

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnНе мора да се прегрнувате кога ќе ги видите пријателите од другиот клас затоа што постојано комуницирате, па тие воопшто не ви недостигаат.rn

    Тогаш: Мечтаењето значеше замислување сѐ што сакате да ви се оствари

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnЗа време на часовите патувавте со вашиот ум…rn

    Денес: Мечтаењето значи прегледување на објавените Фејсбук содржини, или гледање видео клипови на Јутјуб

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnТелефон под клупа, брз Интернет и потонување во некој друг свет.rn

    Тогаш: Пуштање музика на ЦД плеер

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnПри што моравте да бидете внимателни да не ви падне, па да го уништите засекогаш.rn

    Денес: Не мора да се соочувате со тежок ЦД плеер

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnМожете да играте, скокате или да танцувате, додека го држите вашиот телефон кој воопшто не е тежок.rn

    Тогаш: Заедничкото играње видео игри после училиште беше возможно само со помош на Нинтендо

    rnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnНишто полошо од тоа кога ќе станете за да одите во бањата, па случајно ќе ја извадите рачката за управување.rn

    Денес: Игрите се достапни секаде, а и сѐ е безжично

    rnЕдинствената ужасна работа што може да ви се случи е да заборавите да ги смените батериите на далечинскиот управувач.rnrnНеколку ситуации кои покажуваат колку училиштето денес е поразлично во споредба со деведесеттите годиниrnrnПродолжете на следната страница за останатите разлики…rn

  • Сан Франциско некогаш и денес, претопен во маестрални фотографии

    Сан Франциско некогаш и денес, претопен во маестрални фотографии

    Во точно 5 часот и 12 минути на 18 април 1906 година, Сан Франциско бил разбуден од еден мал земјотрес. Наредните 25 секунди сè било мирно, па луѓето се вратиле во своите кревети. Но, потоа следеле брутални 42 секунди, кога градот бил срушен до пепел. Зградите се треселе, канализацијата се изливала низ шахтите, улиците испопукале, но најголем проблем бил пожарот или поточно триесетината пожари.Сан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииПожарите, всушност направиле 90% од штетата во градот, уништиле 25.000 згради во 490 блокови од градот. За многу од нив биле криви и самите пожарникари, кои не биле доволно обучени за да го спречат понатамошното ширење на пожарот.Сан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииИнспириран од катастрофалниот земјотрес кој пред повеќе од еден век го погодил неговиот град, Шон Кловер одлучил во една сесија на фотографии да прикаже како градот воскреснал. Неговите фотографии се спој на моменталните локации и сотојбата на истие места непосредно по земјотресот. Фотографиите се фантастични!rnСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографииСан Франциско некогаш и денес претопен во маестрални фотографии
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ВИП во нашиот град

    ВИП во нашиот град

    Автор: Нинаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnТАА – добар „look“, беспрекорна шминка, поглед фатален, тело извајано, косата паѓа по рамениците, солариум, фитнес, сауна, силикони… ТОЈ – добар „look“, јак парфем, обликувано тело, продорен поглед, средена коса, бели заби… Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед?ВИП во нашиот градНа времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излегување навечер „у бољи живот“ за нив било одење на чешма со стомни по вода, „трачарењето“ на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви, припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по СМС и честењето пијачки било праќање шефтелии и сл.rnrnДодека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотелји, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач муабет, што-како, во некој елит кафич, особено ако е самер тајм, на надворешните фотелји со наочари во „Холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен), бабите наши и дедовци „излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не „пукне брука низ село“ ако таа има 22 години, а е немажена. Демек „уседелица“ ќе останела! Дедо ми ја „армасал“ баба ми баш на ВИП-зоната и ù купил ВИП лепче-сомунче. Нормално по лепчето ја однел дома кај него, а баба ми ја испратила снаата да каже дека нема да се враќа веќе дома.rnrnДодека нашиве „елит“ (не зборам за сите) машки бараат девојка со „2 метра нога“, тогаш биле „ин“ ниски девојки. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 см, плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!?rnrnГледале само да се земат и да изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно, што би рекле „колку за проба“ заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веќе била мажена.rnrnКога ќе погледнеш „уназад“ 60 години, знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со „нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање:rn.rn

    „Зошто место на крај да кукате дека сте се изгореле поради тоа ‘не му пишува на челo’, малце вие не ставите прст на чело, поразговарате и се зближите со личноста која ви го привлекува вниманието, а не одма да одите во врска?! Уште одма се впуштате во ‘љубов’! Што е? Не ви се чека? Ма дајте без наивност.“

    rnЈас не велам дека на баба ми времето било убаво, но искрено, денешниве сè повеќе и повеќе на број фацки кои само дремат по кафичи, дискотеки и со муабет го минуваат денот, ми се преку глава… а уште повеќе преку глава ми е кога гледам како ги менуваат партнерите како циган коњи.rn.rn

    „Не трагајте по совршенство, кога ни самите вие не сте тоа, никој не е совршен, постојат само сродни души…“

    rnЗошто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Прифатете ги своите маaни, но и туѓите како дел од карактерот. Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП-ложата, која за мене поточно е ИКП (Имаш Кеш – Повели!) Небаре парите ќе купат и љубов и среќа… Ноу рулс вит мани дјуд… ноу ВИП витаут мани… БУЛ ШИТ У БОЈА!!!rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 чекори за ослободување од стрес

    4 чекори за ослободување од стрес

    Го живееме животот, секогаш со умот на друго место. Брзаме да стигнеме на работа. Кога ќе стигнеме, правиме to-do листи за сѐ што треба да завршиме дома. Кога веќе ќе стигнеме дома, најчесто сме преизморени за да ги завршиме нашите домашни обврски. И така, ни се слизнал низ прсти големиот проект на работа кој требало да биде одлучувачки за нашата кариера. Навиката секогаш да гледаме еден чекор напред, прераснува во циклус од грижи и стресови кои не спречуваат да го цениме единственото нешто врз кое може да имаме контрола – сегашноста.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnФокусирањето на сегашниот момент е клучот за ослободување од стресот кој го носиме со себе. Наместо да се окупираме со сѐ околу нас, може да се научиме да се посветуваме на една работа во даден момент. Штом еднаш сфатиме што правиме, работата ќе ни причинува многу поголемо задоволство. Наместо да се мачиме, стануваме посветени, подготвени и ангажирани. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да најдете смисла во фокусирањето и подигнувањето на свеста за сегашниот момент.rn

    1. Ден по ден

    rnЧесто дозволуваме еден или неколку проблеми да ни го преплават целиот ум и да ни го контролираат животот. По некое време стануваме заглавени со нашите грижи. Решението е во живеење ден по ден. Секој може да преживее еден ден. Ако преземеме работа за повеќе, кога-тогаш ќе наидеме на проблем.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnОбидете се да не мислите на целиот ваш живот. Не се грижете ниту за утре. Само живејте го денес. Ослободувањето од потребата за менаџирање на вашата иднината, ќе ви го ослободи животот и ќе ви помогне да уживате во патувањето.rn

    2. Фокусирајте се на она што функционира

    rnВашите мисли се моќни. На што и да се фокусирате, таквите мисли ќе имаат тенденција да се засилуваат. Ако размислувате на проблемите, тие ќе стануваат поголеми и поголеми. Спротивно, ако фокусот ви е на позитивните нешта, од секаде ќе наидувате на благослов. Вашиот живот можеби нема да се смени, но ќе се смени начинот на кој вие гледате на него и со тоа, начинот на кој го доживувате. Исто така, претскажувањето на она што ќе се оствари има позитивно влијание.rnrnХелен Килер вели:rn
    rn

    „Свртете го лицето кон сонцето и нема да ја гледате сенката.“

    rn4 чекори за ослободување од стресrnrnВо нашиов случај, свртете се кон сонцето и обрнете внимание на она што функционира во вашиот живот. Прославувајте ги успесите и радостите, без разлика дали се работи за унапредување на работа, нов супер колега или редовна плата.rn

    3. Покажувајте благодарност

    rnЕдноставен начин да се фокусирате на позитивните работи е да направите листа на сѐ за што сте благодарни. Додека сте на работа, запишувајте на компјутер. Точките што ќе ги запишувате не треба да се некои широки елаборации. Едноставно, доколку си одвоите време да ги евидентирате сите работи кои ви одат добро, ќе сфатите колку сте среќни и вашите грижи полека ќе избледнат.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnИако очигледно, но кажувањето благодарам е уште еден начин за покажување благодарност. Кога вашиот колега ќе успее да ја заврши задачата што сте му ја задале, кажете му благодарам. Кога ќе ви направат добро кафе во вашето омилено кафуле, дозволете им на келнерите да го забележат тоа. Градејќи позитивни врски со луѓето околу вас, ви се обновува смислата за добрите нешта, а истовремено тоа ќе направи многу од нив да се чувствуваат подобро.rn

    4. Не верувајте во митот „тревата е позелена…“

    rnЈа знаете изреката „Тревата е секогаш позелена на другата страна“. Но, ние појдовме и видовме дека не е така. Така само изгледа оддалеку. Овој мит не спречува да согледаме колку добро сме поминале со работите што сме ги направиле. Наместо тоа, го поминуваме времето посакувајќи нешто подобро.rnrnПознато е дека во животот многу пати посакуваме да бидеме во некоја ситуација, што кога ќе се случи, веќе не ни изгледа толку привлечно. Можеби мислите дека животот ќе ви тргне кога ќе стапите во брак или кога ќе бидете унапредени или кога ќе родите дете. Иако овие цели не се за потценување, тоа не значи дека треба да дозволите да ве потиснуваат во согледувањето на она што се случува тука и сега.rnrn4 чекори за ослободување од стресrnrnСтеснете го фокусот, барем денес, во овој момент, на ова место. Тогаш делувајте, ангажирајте се, најдете ги добрите работи, кажувајте благодарам и едноставно бидете присутни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.