КАФЕ ПАУЗА

Tag: делфин

  • Највеселиот кит на светот

    Највеселиот кит на светот

    Случајната средба со вакво огромно суштество може да делува застрашувачки поради неговата неверојатна сличност со китот-убиец, но напнатоста престанува кога тој изненадувачки ќе отпоздрави со својата широка насмевка.Највеселиот кит на светотЗатоа се нарекува „лажен кит-убиец“ иако, исто како и китот-убиец, тој всушност не е кит туку еден огромен делфин. Сепак, не е дружељубив колку делфините. Иако знае да се смешка пред камерите, кога е гладен го напаѓа останатиот животински свет во океанот.Највеселиот кит на светотОвој кит се вика Смајли, а е забележан во Пацификот од фотографот Даг Перин. Може да расте и до 6 метри должина, а има од 16 до 22 огромни заби на секоја од двете вилици кои ја формираат оваа широка насмевка.Највеселиот кит на светотНајвеселиот кит на светотНајвеселиот кит на светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нови животни на работ на исчезнување

    10 нови животни на работ на исчезнување

    Како резултат на индустрискиот развој, сè почеста е злоупотребата на животните во производството. Иако денес постојат различни здруженија за нивна заштита, истребувањето на животинскиот свет продолжува. Според најголемата светска организација за зачувување на животните, оваа година загрозени животни се следниве:rn
    rn

    1. Суматранскиот орангутан

    rnОвој вид орангутан може да се најде само во Индонезија. Опстанокот на суматранскиот орангутан е доведен во прашање најмногу заради уништувањето на дрвјата, што претставува нивно природно живеалиште.rn

    2. Желка со мек оклоп (Leatherback Turtle)

    rnВаквиот вид желки наместо тврд оклоп, имаат мека обвивка со која е покриено нивното тело. Може да се видат во Карипското море, Атлантскиот и Индискиот океан. Бројот на овој вид желки е значително намален поради нивното прекумерно ловење заради користење на нивните коски и поради уништување на нивното живеалиште.rn

    3. Тигар

    rnНајновите истражувања посочуваат дека се останати само околу 3.200 тигри. Како најчеста причина за намалување на бројот на тигрите, се ловците и уништувањето на шумите.rn

    4. „Vaquita“ мал делфин

    rnСе работи за специфичен вид мали делфини. Проценето е дека се останати само 150 видови во Мексиканскиот Залив. Овој вид делфини се на работ на исчезнување поради тоа што најчесто завршуваат во мрежите на риболовците.rn

    5. Јавански носорог

    rnДенес јаванскиот носорог е критично загрозен, со 50 преживеани видови, иако во минатото бил најраспространетиот азиски носорог. Живеел од островите во Индонезија, преку југоисточна Азија, до Индија и Кина. Носорозите се убиваат најмногу заради нивните рогови.rn

    6. „Bluefin“ туна

    rnОвие туни се најскапоцените риби, бидејќи од нивното месо се подготвува познатиот специјалитет суши. Но, поради претераното ловење, нивниот број е значително намален.rn

    7. Снежниот леопард

    rnСнежниот леопард живее на Хималајските планини во Авганистан, Пакистан, Индија, Кина и Непал. Проценето е дека се останати од 4.000 до 65.00 леопарди.rn

    8. Планинската горила

    rnКако резултат на напорите за зачувување на овој вид, бројката на планинската горила е зголемена. Се смета дека овие горили ги има околу 790.rn

    9. Азискиот слон

    rnНајмногу заради недозволеното ловење, азискиот слон оваа година е сместен на листата на истребување.rn

    10. Делфинот „Irrawaddy“

    rnОвој вид делфин живее во Лаос. Се проценува дека се останати околу 85 делфини. Најголема закана за нивно истребување, како и кај повеќето загрозени видови, се уништување на нивната природна околина и неконтролираното ловење.
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сте знаеле ли дека…

    Сте знаеле ли дека…

    Светот на животните е многу интересен и разновиден. Секое животно си има свои специфики и карактеристики, а дел од нив ќе ги дознаете токму преку овие факти и занимливости.rnСте знаеле ли дека...1. Мечката има 42 заба.rn2. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.rn3. Крвта на ракот е безбојна, но кога ќе биде изложена на кислород таа постанува сина.rn4. Најдолгиот регистриран лет на кокошка траел 13 секунди.rn5. Мачките имаат по 32 мускули во секое уво.rn6. Златната рипка ги гледа инфрацрвените и ултравиолетовите зраци.rn7. Коалите поминуваат 18 часа од денот во спиење.rn8. Жирафите можат сами да си ги чистат ушите, со својот долг јазик (над 50 сантиметри).rn9. Млекото од камила не се потквасува.rn10. Слонот спие само 4-5 саати во период од 24 часа.rn11. Жабите не можат да голтаат со отворени очи.rn12. Срцето на колибри чука повеќе од 1.000 пати во минута.rn13. Крокодилот не може да го мрда јазикот.rn14. Физички е невозможно свињите да погледнат нагоре.rn15. Белите мачки со сини очи се најчесто глуви.rn16. Мачките можат да скокнат 7 пати повисоко, отколку што им е долга опашката.rn17. Само женските комарци касаат.rn18. Во Индија живеат повеќе од 200 милиони крави.rn19. Фламингосите можат да ги свиткаат колената обратно.rn20. Скорпиите светат на ултравиолетова светлина.rn21. Животниот век на една верверица е 9 години.rn22. Жирафата може подолго да издржи без вода од камилата.rn23. Во светот има повеќе кокошки отколку луѓе.rn24. Игуаната може да издржи 28 минути под вода.rn25. Во просек кокошките несат по 228 јајца годишно.rn26. Животниот век на една мува е помеѓу 10 и 25 дена.rn27. Делфините можат да достигнат брзина и од 60 километри на час.rn28. Змиите се имуни на сите познати болести.rn29. Африканскиот слон има само 4 заба.rn30. Гепардот може да достигне брзина од 114 километри на час.rn31. Мачката ги користи своите мустаќи за да процени дали некаде може да ја собере.rn32. Полжавот може да спие 3 години.rn33. Јазикот на камелеонот е два пати поголем од должината на неговото тело.rn34. Китовите можат да пливаат наназад.rn35. Биковите можат да трчаат побрзо по угорница отколку по удолница.rn36. Забите на ајкулата се буквално цврсти како челик.rn37. Штурците имаат бела крв.rn38. Коските на гулабот тежат помалку од неговите пердуви.rn39. Пингвините се единствените птици кои не можат да летаат, но можат да пливаат.rn40. Фламингосите можат да живеат повеќе од 80 години.rn41. Полот на коњите може да се определи по нивните заби. Машките имаат 40, а женските 36.rn42. Пандите поминуваат 12 часа дневно јадејќи бамбуси.rn43. Потребни се 4 часа за да се свари јајце од ној.rn44. Повеќето птици дневно јадат, двојно повеќе отколку што тежат.rn45. Змиите не можат да трепкаат.rn46. Елените не јадат сено.rn47. Кожата на нилскиот коњ е дебела 3,8 сантиметри.rn48. Мравките можат да подигнат тежина 50 пати потешка од нив.rn49. Лавовите јадат еднаш во 3-4 дена.rn50. Пчелите имаат 4 крилја.rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn