КАФЕ ПАУЗА

Tag: дел

  • Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“?

    Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“?

    Американската ТВ куќа „ABC Family“ најави дека ќе се снима нов дел, петти по ред, од филмот „Сам дома“. Како што пренесуваат холивудските медиуми, филмот насловен како „Сам во мракот“ премиерно ќе биде прикажан за Божиќ, 2012 година.Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“Јунак во новиот дел ќе биде осумгодишниот Фин, а улогата ќе ја толкува Кристијан Мартин. Тој ќе биде убеден дека неговата куќа е опседната со духови. Додека неговите родители се на другиот дел од градот, тој и неговата сестра, која ќе ја толкува Џодел Ферланд, ќе останат сами во нивната куќа. Па така, тој ќе поставува замки кои ќе бидат наменети за „духовите“, а од нив всушност ќе страдаат тројцата крадци, улоги кои ќе ги толкуваат Малком Мекдауел, Деби Мејзар и Еди Стиплс.rnrn

    Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“
    Кристијан Мартин
    rnrnПрвиот дел „Сам дома“ во кој глуми Меколи Калкин е снимен во 1990 година, а две години покасно беше прикажано и второто продолжение. Двата дела доживеаја огромен успех. За разлика од првите два дела третиот и четвртиот дел не го постигнаа истиот ефект кај публиката, а интересно е да се напомене дека во третиот дел снимен во 1997 година, глуми и тогаш малата Скарлет Јохансон. Четвртиот дел од филмот беше прикажан во 2002 година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дневна соба од автомобилски делови

    Дневна соба од автомобилски делови

    Андреј Сапирежински и Лукаш Сјодомок од студиото за дизајн LA во Полска направиле неверојатно уникатен мебел од автомобилски делови. Најновата колекција „Духот на 427“ се базира на браници, отвори за гориво, светла и кожа од Бентли и Ферари од 60-тите години. Од овие делови се направени софа, фотелја, масичка за кафе, работно биро и ламба. Секако, сиот мебел е рачно изработен од оригинални автомобилски делови, а инспирација за оваа колекција е AC Cobra 427.rnrnДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиrnrnИако необична, оваа дневна соба е дизајнирана со вкус, без да изгуби од својата практичност. Мора да се признае дека ова е освежувачки пристап во внатрешното уредување.rnrnДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски делови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.