Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?rnrn
rn
1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно
rnОваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.rn
2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно
rnРаботата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.rn
3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно
rnМожете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.rn
4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно
rnСинхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.rn
5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно
rnНезависно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.rn
6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно
rnПравењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.rn
7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно
rnЛичноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.rn
8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно
rnТреба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.rn
9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно
rnПрофесијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.rn
10. Етички хакер – 140.000 долари годишно
rnОвој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.rn
11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно
rnДоколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.rn
12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно
rnОваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.rn
13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно
rnДоколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.rn
14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно
rnАко ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.rn
15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно
rnДоколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.


rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
Овие луѓе буквално стануваат „high“ во текот на нивната работа. Со отворањето на многубројните аптеки за марихуана во Калифорнија, Колорадо и во други земји, се отвори и работната позиција за проверувач на квалитетот на овие места и производите кои таму се нудат. Сепак, за да можат да ја работат оваа работа, тие луѓе и самите мора да смеат легално да купуваат марихуана.rnrn
Томи Линч има многу интересна работа, иако некогаш е лизгава. Тој е проверувач на забавни базени (тобогани). Тој ја проверува висината, брзината, количината на вода и сигурноста при спуштањето за да се осигури дека сè е како што треба за луѓето кои доаѓаат на одмор.rnrn
Ова е буквално слатка работа. Сали Меккинон кој е проверувач на чоколадо и менаџер за развој на производите за ланецот продавници Теско, вели дека ја има најдобрата работа во светот.rnrn
Оваа вкусна работна позиција му припаѓа на Абел Гонзалес од Далас. Досега има изумено многу вкусни печени колачи. Со ваква работа, не можеш да останеш гладен.rnrn
Ако сакате да ја работите најмрзливата работа во светот, која подразбира лежење и неправење ништо по цел ден, тогаш вие треба да станете ТВ-леш. Ќе се дружите и зезате за време на снимањето, ќе добиете бесплатна храна и добар хонорар (200$), барем ако сте дел од светскиот шоу-бизнис. Се прашуваме колку се плаќа за глумење леш во македонски услови?rnrn
Ако имате ваква работа, ќе се чувствувате потопло, но и помалку занесено, почесто од сите други луѓе. За разлика од дегустаторите на вино, пробувачите на пиво мора да голтнат за да дадат оценка за квалитетот на пивото. На здравје пиење!rnrn
Ако ги сакате видео игрите, ова е вистинската работа за вас. Тестерите на видео игри, ги играат игрите пак и пак и пак и пак, сè додека не се уверат во нејзиниот квалитет, во тоа таа да нема никакви технички проблеми, да пробаат да ја „срушат” и многу повеќе.rnrn
Во ред, работава сигурно нема да ви трае вечно, меѓутоа навистина е кул и забавна додека трае. Во август, 2009, Роисин Мадиган, студент од Бирмингем, Англија, добивал по 1.600 долари месечно само за да ги пробува најдобрите кревети и постелнини чијашто цена се движела од 8.000 до 43.500 долари.rnrn
Паровите коишто уживаат да патуваат и да пишуваат ќе ја обожаваат работава. Официјалните претставници на министерството за туризам на Тајланд, неодамна почнале да ја рекламираат оваа работа за двојки кои би патувале и би блогирале за Тајланд. На петте победнички двојки ќе им бидат платени сите патни трошоци, а парот којшто ќе биде најдобар во својата работа во Тајланд, ќе добие и 10.000 долари, видео камера и Блекбери.rnrn
Го сакате велосипедизмот и Градот на Светлината? Па тогаш сигурно ќе ја обожавате и оваа работа. Имено, Гугл вработил двајца млади велосипедисти да возат ултра технолошки велосипеди на три тркала низ главниот град на Франција во летото, 2009. Фенси троциклите биле опремени со по 9 камери, GPS, компјутер и генератор за велосипедистите да направат илјадници дигитални фотографии за познатиот сервис Google Maps.rnrnrn