КАФЕ ПАУЗА

Tag: дебела

  • Mодел со „плус големина“ целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето тело

    Mодел со „плус големина“ целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето тело

    Британскиот модел со „плус големина“, Оливија Кемпбел, која истовремено е и самохрана мајка, се ослободи од својот емотивен товар и се соблече по долна облека за време на интервју за проектот „Што лежи под површината“ – документарец во кој жените се соголуваат емотивно и физички пред камера.rnrnПогледнете како овој модел со плус големина целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето телоrn

    „Според мене, нема ништо лошо во тоа да се биде подебел“, вели Кемпбел во нејзиното разголено интервју кое на моменти е исполнето со солзи. „Јас сум дебела. Јас навистина сум дебела“, вели Оливија додека ги покажува своите бутови и го соблекува палтото како да сака да докаже нешто. „Тоа е само една обична описна придавка.“

    rnНо, Кемпбел не се чувствувала отсекогаш толку удобно во своја кожа.rn

    „Со години тоа беше најлошото нешто што некој можеше да ми го каже“, вели таа потсетувајќи се на периодот кога имала 11 години и момчето во кое била вљубена ја нарекувало бафало.

    rnПогледнете како овој модел со плус големина целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето телоrnrnТаа го напуштила училиштето кога имала 15 години за да се заштити од сексуалното и емотивното малтретирање од страна на нејзините соученици. За Кемпбел, тоа бил најтешкиот период од нејзиниот живот бидејќи и нејзината мајка и нејзината маќеа истовремено дознале дека се болни од рак. Оваа несреќа ја поттикнала да си постави цел во животот, да се избори со депресијата и конечно да се прифати себеси онаква каква што е.rn

    „Тие луѓе не допираат до мене сега“, вели таа додека емоциите почнуваат да ја надвладуваат. „Но, јас плачев и плачев со години и со години мислев дека сум безвредна и бескорисна. Зборовите се моќни, многу моќни, исто како делата.“

    rnMодел со „плус големина“ целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето телоrnrnСега гордо вооружена со висока самодоверба, овој модел нема воопшто намера да ослаби за да се вклопи во рамките на општествените стандарди за убавина.rn

    „Веројатно би можела да го променам телото ако вежбам 13 часа на ден и јадам целер“, вели таа додека полека почнува да се соблекува. „Но, јас имам живот, јас сум мајка, имам попаметни работи за правење.“

    rnСега Кемпбел го прифаќа она што го гледа во огледало, а што порано го одбегнувала.rn

    „Поминувам гола покрај огледало, и си помислувам, браво!“

    rnКемпбел го завршува интервјуто со зборовите:rn

    „Јас уживам во моето тело, и уживам во моето лудило“.

    rnПогледнете го неверојатното видео кое целосно ќе ви ја смени перспективата кон вашето тело…rnrn

  • Тие очекуваат состанок со жешка риба, но таа се појавува малку променета од фотките на профилот

    Тие очекуваат состанок со жешка риба, но таа се појавува малку променета од фотките на профилот

    Бидете искрени, доколку се запознаете со атрактивна личност на социјална мрежа и се договорите да се видите во живо, дали би останале доколку таа има, да речеме, 20-30 кг повеќе? Во овој социјален експеримент атрактивна девојка договара состанок со неколку момци преку социјалната мрежа Tinder.rnrntie-ochekuvaat-sostanok-so-zheshka-riba-no-taa-se-pojavuva-malku-promeneta-od-fotkite-na-profilot-kafepauza.mkrnrnНо, она што тие не го очекуваат е променета фигура со мошне голем стомак и неколку „бради“ под брадата. Таа се обидува да води нормален разговор, па дури и да ги убеди дека сè уште е истата личност, и нели, важно е она што секој го има во себе, но дали момците и покрај сè ќе останат, погледнете и сами.rnrnrnrnА што мислите, дали во обратната ситуација би било исто? Дали девојка која се договорила да се види со згодно момче кое го запознала на интернет, ќе избега или ќе сака да се види повторно со тоа момче кое ќе ѝ се појави во живо со неколку стомаци на себе?rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дебелка девојка танцува како да ќе нема утре

    Дебелка девојка танцува како да ќе нема утре

    Витни Тор покажува дека бројот на килограми нема никаква врска со способноста за танцување. Таа почнала да танцува од 4 години, а веќе на 16 држела часови во студио за танц. Но, кога заминала на факултет, почнала нагло да се дебелее. По дипломирањето ѝ бил дијагностициран синдром на полицистичен јајник, после што се преселила во Јужна Кореа и се здебелила 90 килограми. Таа и понатаму продолжила да танцува по клубови, но не ни помислувала професионално да се занимава со танц.rnrnДебелка девојка танцува како да ќе нема утреrnrnВитни работи како блогерка и радио продуцентка, а идејата да започне да ги споделува своите видеа во кои енергично танцува е на нејзиниот колега од утринското шоу Џеред и Кејти.rnrnТаа е и иницијатор на кампањата „Тело без срам“ преку која се труди да ги инспирира другите девојки да се прифатат такви какви што се.rnrnНејзините видеа на Јутјуб ги споделува со изразот A Fat Girl Dancing (Дебела девојка танцува).rn
    rn

    „Учам да се сакам себеси. Имам живеено како жена од 59 килограми и како жена од 150 килограми во Америка, Европа и Азија. Културните норми, притисоците, општеството и каприците на модната индустрија не ја дефинираат мојата вредност како жена или како човечко суштество“ – пишува Тори на нејзиниот сајт.

    rnrnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смртно убава (Drop Dead Diva)

    Смртно убава (Drop Dead Diva)

    ТВ серија за светоста на внатрешната убавина на човекот, наспроти променливата физичка убавинаrnrn„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Главни улоги: Брук Елиот, Кејт Леверинг, Маргарет Чо, Ејприл Болби, Џексон Харст, Џош Стембрг, Бен ФелдманrnrnКреатор: Џош БерманrnrnЖанр: комедија, фантазија, драмаrnrnПремиера: 12 јули 2009rnrnБрој на сезони: 2rnrnСтатус: трета сезона во текrnrnВреметраење: 45-48 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    —————————————————————————————————————————————rnСте размислувале ли некогаш колку вашиот физички изглед влијае врз оформувањето на вашиот карактер? Колку сте вие позадоволни од себе кога ќе се погледнете во огледало, толку посамоуверени ќе бидете и тоа чувство ќе го пренесете и во умовите на другите луѓе, кои ќе ве доживуваат на истиот начин. Но, без разлика дали физички изгледаме добро или лошо, ние луѓето сме вечно незадоволни од нешто кое го поседуваме, па постојано се обидуваме да станеме подобри, физички или психички. Оние помалку привлечните, а поинтелигентни луѓе, се трудат колку е можно повеќе да се разубават со шминка и облека, а оние кои изгледаат како фотомодели, се обидуваат да ја пронајдат длабочината и смислата на нивниот живот. Ретко кој се родил под среќна ѕвезда да ги поседува двете најбитни работи кај луѓето: интелигенција и надворешна убавина, но верувајте и таквите имаат многу мани.rn—————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rn

    Младата Деб во ТВ серијата „Смртно убава“, ја има можноста да ги искуси двете човекови крајности. Таа е преубава, згодна девојка, која го има „момчето од соништата“ во нејзините прегратки. Нема постојана работа, но се труди да „заплива“ во манекенските води. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“? „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.

    rnПриказна: Во серијата станува збор за една преубава русокоса манекенка Деб, која прави сообраќајна несреќа во која погинува. Нејзината душа влегува низ портите на Рајот, каде што дознава од нејзиниот ангел-чувар Фред, дека таа спаѓа во категоријата луѓе „нула“, што значи дека во текот на нејзиниот буден живот таа направила нула добри и нула лоши дела, односно била личност со површен карактер. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.rnrnПорака: Навидум изгледа дека станува збор за сапуница, која често ќе ве разнежнува, расплакува и расположува, но во суштина оваа серија има една фантастична длабочина, која нè учи да не сфаќаме сè, вклучително и телевизијата пресериозно. Има убавина во јадењето високо калорична крофна додека работите некоја напорна работа и во изгледот на човечкото лице кое нема совршени црти, моделирани со ботокс или премногу козметички препарати. Деб во Рајот не беше класифицирана како површна девојка поради нејзиниот изглед, туку поради плиткоста на нејзиниот карактер, а оваа серија ја истакнува токму човечката длабочина, на еден истовремено комичен и сентиментален начин. Карактерот на ликовите, а не физичката убавина на актерите, е магијата во оваа серија, со која таа успева да ја промени перспективата на гледачите за поимот телевизија, воопшто.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Кога и како да ја гледате: „Смртно убава“ е ТВ серија „лесна за консумирање“, сами или во друштво, поради што само од вас ќе зависи во кој дел од денот ќе сакате да ја гледате и со кого. Лесно прилагодлива на вашето моментално расположение, оваа серија е одлично потрошено време за одмор и психолошка гимнастика на вашето „внатрешно јас“.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.