Дали обожавате гумени бонбони? Оние растегливи слатки задоволства во форма на црвчиња, мечиња и други животинчиња…rnrnЕве како да си направите во домашни услови, играјќи си со клучната состојка – желатин.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 240 мл бистар овошен сок (100%)
- 1 лажица цеден сок од лимета
- 100 грама шеќер
- 3 лажици незасладен желатин
rn011
rn011
rn011
rn
rnВо сад измешајте 60 мл од овошниот сок со сокот од лимета. Пропрскајте го одозгора желатинот и оставете го така неколку минути. Не се чудете, ќе почне да „оживува“.rnrn
rnrnВо тенџерче измешајте ги остатокот од сокот со шеќерот и варете на средна температура додека не се растопи шеќерот. Штом зовре смесата, тргнете го тенџерчето од огин. Оваа смеса префрлете ја во садот со другата смеса со желатин и измешајте. Оставете малку да се излади и потоа распоредете ја смесата во тавче за печење, во калапи за мраз или во модли за колачиња. Ставете ги во фрижидер да стојат 3 часа.rnrnПотоа извадете го садот од фрижидер и одлепете ги гумените бонбони. Не грижете се, нема да се скинат доколку внимавате на количината на состојките. На крајот фрлете ги во сад со шеќер за да не се лепат едни од други.rnrnЗа да си направите црвчиња, желатинската смеса од тавчето пренесете ја на даска за сечкање и со остар нож исечете ја на ленти. Други интересни форми можете да добиете ако користите модли за колачиња, а за различни вкусови едноставно експериментирајте со овошните сокови.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Уникатниот ефект е резултат на големиот број црви и други инсекти кои висат на ѕидовите на пештерата. Кај нив, додека се во фаза на ларва, се случува одредена хемиска реакција која резултира со емитување на светлина од нивните опашки.
Ова е карактеристично за две пештери од големиот систем, Арануи и Руакури. Покрај декорот од необичниот жив свет, тие се украсени со сталактити, сталагмити, фосили од корали, школки, риби и други формации создадени во последните 30 милиони години, колку што постои овој систем.
Посетителите можат да нурнат во несекојдневниот амбиент преку организирани тури, а властите во Нов Зеланд добро се погрижиле за тоа да им биде лесно достапно. Турата има три дела, а започнува на врвот на пештерата во т.н. катакомби. Потоа следува вториот дел наречен „Сала за банкети“, каде што посетителите можат да купат храна, пред да го доживеат највозбудливиот дел, катедралата и турата со чамец по подземната река.


rnrn