КАФЕ ПАУЗА

Tag: црвен

  • Црвена кадифена торта: Најубавиот и најсочниот десерт што ќе го пробате

    Црвена кадифена торта: Најубавиот и најсочниот десерт што ќе го пробате

    Совршен кремаст десерт што вреди да се направи.rnrnЦрвена кадифена торта: Најубавиот и најсочниот десерт што ќе го пробатеrn

    Потребни состојки:

    rnЗа кората:rn

      rn 011

    • 250 грама брашно
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 2-3 лажици какао во прав
    • rn 011

    • 115 грама маргарин
    • rn 011

    • 300 грама шеќер
    • rn 011

    • 1 ќесичка ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 240 мл јогурт
    • rn 011

    • половина лажичка сол
    • rn 011

    • 1 лажичка сода бикарбона
    • rn 011

    • 1 лажичка оцет
    • rn 011

    • 3 лажици екстракт од јагода или црвена боја за колачи
    • rn

    rnЗа кремот:rn

      rn 011

    • 360 мл слатка павлака
    • rn 011

    • 460-500 гр сирење маскарпоне
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 115 гр шеќер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка на кората:

    rn1. Измешајте ги брашното, какаото и солта во пластичен сад.rnrn2. Во друг сад измешајте ги екстрактот јагода и јогуртот додека не ја постигнете саканата боја.rnrn3. Во третиот сад измешајте го маргаринот со миксер. Кога смесата ќе стане кремаста, измешајте ја со шеќерот и ванилиниот шеќер сè додека убаво не се соедини и стане повторно кремаста. Додајте две јајца и продолжете да мешате. Кога смесата ќе стане хомогена, полека додајте ја содржината од првиот и од вториот сад.rnrn4. Ставете сода бикарбона во чаша и прелијте ја со оцет и додајте ја во смесата, па измешајте. Поделете ја смесата на два идентични делови пред печење.rnrn5. Тортата треба да има 4 слоја, па затоа најдобро е да се испечат 2 кори, а по печењето, повторно да се преполови секоја од нив.rnrn6. Печете околу 25-30 минути на температура од 180 °С. Откако малку ќе се изладат корите, ставете ги во замрзнувач околу еден час. Кога ќе се изладат, ќе ги исечете полесно.rn

    Начин на подготовка на кремот:

    rn1. Во еден сад измешајте ја павлаката, а во друг сирењето маскарпоне, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Кога ќе добиете хомогена смеса, постепено додајте ја изматената слатка павлака и измешајте сè заедно.rnrnПремачкајте ја кората со крем, па преклопете ја со друга кора и така сè додека не се потрошат сите кори. Можете да ја декорирате тортата со свежи јагоди или малини.rnrnПрочитајте кои се 5-те најчести грешки при подготовката на палачинки.

  • Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?

    Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?

    Многу од жените летово можеби забележале дека една од најпопуларните летни нијанси на кармин – корално црвената, не им одговара баш најдобро на нивната насмевка. Ова наједноставно може да се објасни со правилата за комплементарност на боите. Сината и портокаловата, односно жолтата боја, стојат спротивно една од друга во спектарот на бои. Со оглед на тоа дека спротивностите се привлекуваат, сините тонови во кармините ги поништуваат жолтеникавите бои на нашите заби. Ви претставуваме неколку трикови со чијашто помош ќе ги избегнете „грозните“ нијанси на кармините, врз основа на тенот на вашата кожа или пак, ќе ги изберете оние коишто вашата насмевка ќе ја направат поблескава.rnrn(1) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?rn

    1. Изберете го вистинскиот црвен кармин

    rnЦрвениот кармин може да стои на секоја жена и девојка, само доколку ја изберете вистинската нијанса според тенот на вашата кожа. Тогаш, ќе дојдат до израз сите ваши атрибути и ќе направи вашите заби да изгледаат побели. Доколку сте со посветол тен, изберете црвен кармин со боја на вишна кој има сина основа и вашата насмевка ќе заблеска. Оние девојки и жени кои имаат потемен тен треба да изберат црвен кармин со нијанси на боите на виното или костенот. Виолетовата основа ќе направи чуда кога станува збор за белината на вашите заби.rn

    2. Боја на малини за поблескава насмевка

    rnРозовата е вообичаено понежна и посветла од црвената, па најчесто не може да го даде истиот ефект како потемните бои кои ја истакнуваат белината на забите. Но, розовите нијанси можат да ни дадат холивудска насмевка доколку се држиме до постудените тонови, како што е бојата на малините. Додека оние со корални или портокалови тонови треба да се избегнуваат.rnrn(2) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?rn

    3. Избегнувајте ги кафените тонови

    rnКафените кармини никако не ѝ ласкаат на вашата насмевка. На пример, бордо кармините со кафена основа ќе ги истакнат жолтите или темните дамки на вашите заби. Наместо нив, доколку имате посветол тон на кожата, користете кармини со боја на темни бобинки и сина основа, како оној со нијанси на слива. Жените со потемен тен најдобро ќе изгледаат со кармин во нијанса на црвен грав. Таа нијанса добро одговара речиси на секој тен, а нејзината сина основа ги прави посветли вашите заби.rn

    4. Обичниот сјај е вашиот најдобар пријател

    rnОбичниот сјај ќе им даде влажен изглед на вашите усни, а забите ќе изгледаат блескаво. Кармините во мат нијанси го предизвикуваат спротивниот ефект. Но, сјајот со седефести тонови треба да се избегнува затоа што ги прави посјајни нашите усни, но не и нашите заби.rnrn(3) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?rn

    5. Неонски бои

    rnОвие кармини ги истакнуваат вашите усни и потемнетиот тен по деновите минати на плажа, но забите ги фрлаат во втор план. Кармините со светли флуоресцентни нијанси никако нема да помогнат во истакнувањето на вашата насмевка, туку напротив, можат да ги направат вашите заби да изгледаат потемни.

  • 8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен кармин

    8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен кармин

    Постои нешто необјасниво кај девојката која носи црвен кармин. Нешто што може да се почувствува, но што не може соодветно да се објасни со зборови. Сигурно сте ја забележале, бидејќи таа лесно се издвојува од останатите. Но, зошто таа е најдобар избор за вас? Прочитајте…rnrn8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен карминrn

    1. Таа не е очајна за да ве бакне (и токму тоа ја прави неодолива)

    rnДоколку влезете во дискотека или бар и добро ги погледнете девојките, ќе забележите дека поголемиот дел од нив носат проѕирен сјај на своите усни. Токму тоа е еден од најголемите знаци кои укажуваат на фактот дека тие се очајни за бакнеж, па плашејќи се да не ги избркаат момците со силниот кармин целосно го отфрлаат од својот изглед.rnrnДевојката со црвен кармин воопшто не се грижи дали таа вечерта ќе се бакне со некој или не. Тоа не е нејзината мисија. Таа излегла да танцува, да се забавува, да запознава нови луѓе како и да се дружи со своите пријатели. Таа исто така знае и дека нејзиниот кармин ќе ги привлече само најхрабрите момци, па токму затоа таа би бакнала само личност која не се грижи дали на неговото лице ќе остане малку црвен кармин.rn

    2. Таа е неверојатно секси

    rnНејзините усни се софистицирани, сензуални, страсни и исполнети со тајни и сексуална енергија. Девојката која одбира да привлече внимание со овој дел од себе е силно свесна за нејзината сексуална моќ. Таа сака вие да гледате во нејзините усни и да фантазирате како ги бакнувате.rn

    3. Таа има неверојатно висока самодоверба

    rnНе постои друг збор како самодоверба во нашиот јазик кој соодветно може да ја објасни суштината на девојката која носи црвен кармин. Таа е индивидуа која ги остава сите без здив, движејќи се храбро низ животот со помош на својата неверојатно висока самодоверба. Таа со својот кармин го напаѓа светот и одбива да биде што било помалку од она што навистина е.rn

    4. Таа е класична убавица

    rnБез разлика на нејзиниот стил, девојката која одбира силен црвен кармин за своите усни чувствува слатка носталгија за дамите од минатото и не ѝ се допаѓаат новите трендови на „природна убавина“. Таа е сè освен здодевна и токму тоа се обидува да го покаже со својот смел изглед. Токму затоа е вистинско (и винтиџ) освежување помеѓу останатите девојки околу вас.rn

    5. Таа повеќе ја цени модата отколку функционалноста

    rnСекоја девојка која дозволила кармин со силна црвена боја да се најде во нејзината козметика знае дека оваа боја воопшто не е лесна за носење. Потребно е соодветно планирање на облеката, но и постојано проверување дали карминот е на своето место. Таа би требало да биде бестрашна за да одлучува постојано да го одржува овој стил, а во нејзината ДНК треба да постои нешто кое постојано ќе ја тера да презема ризици, а тоа најмногу се објаснува преку фактот што таа никогаш не знае кога може да погледне во огледалото и да забележи дека има малку кармин на еден од нејзините заби…rnrnДевојката со црвен кармин секогаш ја одбира модата пред функционалноста и во секое време е подготвена да чувствува мала непријатност со цел да придонесе за општиот гламур и убавина во светот. Во денешниот модерен свет овие девојки се реткост, може дури и да се каже дека се загрозен вид, но тоа не значи дека немате доволно среќа да налетате на една од нив… Токму затоа доколку ја забележите, особено во текот на денот, веднаш пристапете ѝ и кажете ѝ колку прекрасно таа изгледа. Овој смел чекор без сомнение ќе ви се исплати понатаму.rn

    6. Таа не се плаши да се обврзе во свет без обврски

    rnНосењето црвен кармин е ултимативно козметичко обврзување, па токму затоа воопшто не нè чуди тоа што сè помалку девојки го одржуваат овој стил. Вие би требало да ја одберете девојката со црвен кармин само затоа што нејзиното длабоко чувство на обврзување може да се пронајде јавно изложено на нејзиното лице, преку карминот. Црвениот кармин може да остави дамки на усните, па токму затоа не можете во кое било време да го отстраните и притоа сè уште да изгледате добро. Имајте го тоа на ум кога ќе размислувате како да ѝ пристапите на оваа девојка!rn

    7. Таа секогаш го кажува она што е во нејзините мисли

    rnЗошто оваа девојка би одбрала да привлекува толку внимание кон својата уста доколку не планира да ја користи? Девојката која не се плаши да ја потенцира својата уста со силна нијанса на црвен кармин со сигурност има многу нешта кои јасно сака да ги искаже преку зборови. Во свет каде што жените се брутално обесправени и постојано замолчувани, црвениот кармин на некој начин е славење за женскиот глас.rn

    8. Таа ги преферира фините нешта во животот

    rnДевојката со црвен кармин покажува висока софистицираност и богатство. Таа која е подготвена да ги носи потемните нијанси на црвената боја е девојка која знае како да ужива во сјајот на животот. Таа знае како да живее и е свесна за своите способности во секој момент. Девојката која постојано ја бои својата уста со црвно ги разбира концептите на исполнетиот живот.

  • 3 бои на кармини кои секоја жена треба да ги има

    3 бои на кармини кои секоја жена треба да ги има

    Секогаш е забавно да пробате нешто ново и да откривате бои кои добро ќе прилегаат на вашиот тен, коса и стилот на шминкање, но овие 3 нијанси одговараат на скоро секоја жена.rn

    1. Кремастa „nude“

    rnКармините во боја на кожа односно во „nude“ нијанса се одличен избор доколку со шминката сакате да ги истакнете очите, нагласувајќи ги со туш, маскара или со заводливи сенки нанесени во ефект на „зачадени очи“.rnrn1-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk 2-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    2. Мат црвена

    rnВизажистите се едногласни кога велат дека најдобро е на лицето да се истакне само еден дел. Доколку сакате тоа да бидат усните, нема да погрешите ако изберете црвен кармин во мат варијанта. Црвениот кармин одлично им прилега на русокосите, црнокосите и црвенокосите жени и девојки, а е одличен избор и за свечени и за бизнис опкружувања.rnrn3-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk 4-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mkrn

    3. Сјајна розова

    rnДоколку ги обожавате природните нијанси на шминка, изберете кармин во нежна розово-црвена варијанта со нијанса на шумско овошје како цреши и јагоди. Овие бои суптилно ги бојат усните и се одличен избор за секој ден додека ги извршувате вообичаените дневни обврски и рутини.rnrn5-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk 6-3-boi-na-karmini-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

  • Вашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци

    Вашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци

    Се приближува новогодишната прослава, а со тоа започнува женското празнично лудило околу пронаоѓањето на совршената облека и фризура за оваа прилика. Но, што е со вашиот маникир? Со помош на овој туторијал, ќе дознаете како да си ги средите ноктите, на начин со кој ќе покажете дека ве фатила вистинска празнична еуфорија. :)rnrnВашите нокти како 10 слатки новогодишни подароциrnrn1. Откако ќе ги обликувате вашите нокти со турпија во посакуваната форма и ќе ги турнете кутикулите кон коренот на ноктот, нанесете лак за основа, а потоа обојте 4 нокти од секоја рака со темно црвен лак со светки.rnrn2. На двата нокти кои ги оставивте нелакирани, нанесете снежно бел, непровиден лак, а потоа одозгора нанесете сјаен провиден лак, за и тие да светкаат како црвените нокти.rnrn3. Земете една шпенадла и топчето потопете го во бел лак и нацртајте малечка точка малку подесно од средината на ноктот. Повторете ја постапката кај двата бело налакирани нокти, цртајќи црвена точка.rnrn4. Нацртајте буква „С“ на двете страни од точката, со соодветната боја на лак. Потоа, со многу тенка четкичка нацртајте по три долги латинични букви „V“, за да го постигнете ефектот на триаголно пресечени врвови од панделка.rnrn5. Завршете ја панделката, цртајќи четири прави линии, од точката кон краевите на ноктите. Завршете со лак за финиш.rnrnВашите нокти како 10 слатки новогодишни подароци
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Конечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го подолу. :)rn

    Облечете црвен фустан

    rnАко имате црвен фустан длабоко збутан во вашиот плакар, кој одамна го имате заборавено, најверојатно ќе сакате да го извадите откако ќе го прочитате ова. Едно истражување спроведено на универзитетот Рочестер, покажало дека мажите ги означиле жените облечени во црвено како сексуално поатрактивни, во однос на оние кои не носеле црвено. Но, црвената облека сепак не може да направи чуда. Врз мажите не влијае бојата која ја носите на себе, кога тие го рангираат вашиот карактер и интелигенција.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Немате црвен фустан? Зацрвенете ги вашите усни!

    rn

    Обојте ги вашите усни со црвен светкав сјај за усни и ќе имате поголеми шанси да го привлечете погледот на мажите кон вас. Научници од универзитетот Манчестер откриле дека мажите поминуваат многу време зјапајќи во вашите совршени усни, особено ако имате ставено црвен кармин. Црвената боја ги држи мажите хипнотизирани околу 7.3 секунди, додека розовите усни 6.7 секунди. Хипотезата е дека црвените усни го имитираат проширувањето на крвните садови, кое се случува за време на сексуалната возбуда. Не можете да се карате со биологијата, нели? 🙂

    rn

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    rnrn

    Подарете му ја вашата насмевка

    rnМанекенките кои чекорат по модната писта со „ледена“ фаца всушност грешат многу. Недамнешно истражување објавено од страна на Американската психолошка асоцијација, покажало дека смеењето ве прави поатрактивни, бидејќи го стимулира центарот за емоции во мозокот на мажите. Едноставно кажано, вие ќе изгледате многу попристапна, ако на себе носите блескава насмевка. Така што, наредниот пат кога ќе излезете со некое момче на кафе и си „фрлите око“, знаете што треба да направите. Насмевката е вашиот најдобар моден додаток.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Наградете го со смеење од срце

    rnДолгото, искрено смеење е навистина најдобриот лек за сè, вклучувајќи го и вашиот љубовен живот. Истражување спроведено од Канадскиот универзитет, покажало дека мажите ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Тоа прави логика, бидејќи сите сме нарциси во срце и ни се допаѓаат луѓето на кои ние им се допаѓаме. Ако тој едноставно не е интересен (ако сите негови шеги започнуваат со: си беше еднаш еден мој другар…) тогаш поштедете го од срамот, но ако сте шармирани од неговата добра смисла за хумор, женското кикотење нема воопшто да му пречи. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Суптилно имитирајте го

    rnМожеби ова звучи како да треба да го копирате, но едно недамнешно истражување има покажано дека жените кои суптилно ги имитирале мажите со кои излегле, добиле повисока оценка на крајот од состанокот. Пренагласеното имитирање нема да ви даде плус поени, но кога тој ќе се почеша по лицето и вие почешајте се неколку секунди подоцна. Тој ќе смета дека покрај вас може да се чувствува удобно и дека сте компатибилен пар.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Фаќајте високи ноти

    rnИ покрај тоа што е општо познато дека сензуалниот глас е синоним за сексапилност, истражувања откриваат дека мажите всушност ги привлекуваат жени кои фаќаат повисоки ноти, како Мерлин Монро. Се сеќавате на нејзината секси изведба на песната „Happy Birthday“ пред бившиот претседател на САД Џон Кенеди? Ајде ќе почекаме додека го погледнете видеото. 🙂 Се разбира, нејзиниот долг, блескав фустан кој ù ги истакнува облините, воопшто не му смета на овој секси перформанс.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Замавнете со колковите

    rnДостоинствено и женствено чекорете низ супермаркетот и гледајте како погледите на мажите се вперуваат во вас. Жените кои малку замавнуваат со колковите додека чекорат, имаат поголеми шанси да го „боцнат“ машкото око, велат истражувачите од тексашкиот универзитет „A&M“. Галопирањето на манекенките по модната писта никој не ви го препорачува, доколку сакате да бидете забележани. Наместо тоа, правете долги чекори ставајќи ја едната пред другата нога, како да се движите по греда, за да изгледате суптилно и секси. Не заборавајте да замолите некое симпатично момче да ви симне некој производ од маркетот, што е качен на повисока полица. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Сведете ги вашите солзи на минимум

    rnВашето момче не е пожелно честопати да ве гледа со марамчиња и солзи на лицето. На едно истражување кое неодамна беше објавено во магазинот за наука „Science express “, било откриено дека мажите помалку ги привлекуваат жени кои мирисаат на солзи. Се разбира, тешко е да не се расплачете на некоја тажна, емотивна сцена од филм, но доколку е возможно, сочувајте ги солзливите водопади за филмската вечер со другарките или гледајте го акциониот филм кој тој „умира“ да го гледа.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Покажете ги вашите раце

    rnОтсекогаш си мислевте дека мажите уживаат да гледаат во долги женски нозе, но истражување направено од универзитетот во Нов Јужен Велс, покажало дека мажите кои сметаат дека високите девојки се поатрактивни, се всушност привлечени од нејзините раце, а не нозе. Затоа, наредниот пат кога ќе правите вежби во салата за вежбање, направете повеќе вежби за мускулите на рацете и се разбира, додека го правите тоа, носете краток горен дел.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Користете сличен стил на изразување

    rnКомуникацијата и понатаму е најдобриот рецепт за долга и успешна љубовна врска. Истражувачите од тексашкиот универзитет во Остин, откриле дека паровите кои слично јазично се изразуваат, подолго истрајуваат. Во истражувањето биле спроведени онлајн разговори помеѓу повеќе љубовни парови и притоа 80% од оние кои се служеле со слични стилови на пишување и изразување, биле сè уште во врска три месеци после четот, наспроти 54% од паровите кои користеле различни стилови на пишување. Така, ако тој наместо „поздрав“ ви пишува „позз“, „здр“ наместо „здраво“ или „чек“ наместо „чекај“ и вие користете слични кратенки и јазични стилови, за да имате долготрајна и успешна врска.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Истакнете ја вашата силуета

    rnТој навистина не ги забележува тие неколку килца кои ги качивте во текот на изминативе месеци, а сега за тоа тврдење постои и доказ. Истражувачи од Шкотска забележале дека мажите повеќе ги посакуваат оние жени кои имаат нормална телесна тежина, во однос на оние кои се екстра слабички. Затоа, престанете да зјапате во наслвната страница од модното списание и самоуверено носете ги вашите секси бикини наредниот пат кога ќе отидете на плажа или базен и безгрижно гризнете една-две вафли кога ќе огладнете. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.