КАФЕ ПАУЗА

Tag: црно кафе

  • 4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе

    4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе

    Ако сте како повеќето луѓе, тогаш вашата способност нормално да функционирате во текот на денот многу зависи од вашето утринско кафе. Кафето не само што може да ви даде доза кофеин наутро, тоа може да биде и корисно за вашето здравје. На пример, обичното црно кафе (без никакви додатоци) содржи бројни поволности за вашето тело. Во продолжение проверете на што точно мислиме.rnrn4 причини зошто би требале да пиете обично црно кафеrn

    1. Малку калории

    rnДодавањето млеко, шлаг или шеќер во кафето може да звучи примамливо, но сите овие додатоци се калорични. Обичното црно кафе содржи само 5 калории.rn

    2. Побрз метаболизам

    rnКофеинот е природен додаток кој помага при согорувањето на маснотиите, но не и доколку се пие со млеко. Исто така, истражувањата покажуваат дека црното кафе го забрзува метаболизмот за 3 до 11%!rn

    3. Кафето е диетално

    rnАко после консумирање кафе често морате да одите во тоалет, сигурно знаете дека и тоа е сосема нормално. Всушност, кафето ви помага при чистењето на вашето тело од штетни токсини.rn

    4. Помал ризик од некои видови рак

    rnЛабораториските истражувања покажуваат дека фитохемикалиите во зрната на кафето можат да помогнат при контролата, како и при намалувањето на развојот на канцерогените клетки. Ова посебно се однесува на ракот на црниот дроб.rnrnДоколку сте дел од оние луѓе кои сакаат да пијат силно, црно кафе, дознајте што тоа кажува за вас.

  • Какви се луѓето кои сакаат силно кафе?

    Какви се луѓето кои сакаат силно кафе?

    Постојат многу видови кафе ширум светот, но речиси секаде може да се најде црно и силно кафе за оние кои претпочитаат такво. Без разлика дали се однесува на количеството на кофеин во напитокот или на самиот вкус, сите љубители на силно кафе имаат одредени заеднички карактеристики.rnrnКакви се луѓето кои сакаат силно кафеrnrnИстражувањата покажуваат дека луѓето кои сакаат силно кафе се директни и едноставни. Тие не сакаат игри или незавршени разговори.rnrnОвие луѓе сакаат да извлечат најмногу од животот, но и тешко ги менуваат навиките. Сепак, кога еднаш ќе сменат нешто во нивниот живот, потоа брзо забораваат на нивното претходно „јас“.rnrnЗа љубителите на силното кафе најчесто е познато и дека се одлучни и амбициозни. Од својата шолја кафе бараат силно и комплетно уживање, а на сличен начин му приоѓаат и на животот. Тоа им помага да бидат успешни.rnrnКонечно, љубителите на црно и силно кафе секогаш се многу трпеливи и не се избувливи, покажува едно истражување.rnrnБез разлика дали станува збор за силно или слабо кафе, многумина посегнуваат по шолјата веднаш штом се разбудат. Што се случува кога ќе испиете кафе на празен стомак?

  • Пакистанско кафе за вистинските љубители на кофеинот

    Пакистанско кафе за вистинските љубители на кофеинот

    Зачинете го вашето омилено црно кафе

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 лажици црно кафе
    • rn 011

    • 700 милилитри вода
    • rn 011

    • 700 милилитри млеко
    • rn 011

    • 1 стапче цимет
    • rn 011

    • 5 зрна кардамом
    • rn 011

    • Шеќер (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОтворете ги зрната кардамом и ставете ги во голем сад, заедно со сите останати состојки. Оставете тивко да вријат околу 10-тина минути и повремено мешајте кога ќе почнат да се појавуваат балончиња, за да му помогнете да воздухот да излезе од кафето. Процедете го кафето и послужете.rnrnДознајте и како да си приготвите виетнамско ледено кафе.

  • Дали знаевте како кафето влијае врз изгледот и здравјето на нашата кожа?

    Дали знаевте како кафето влијае врз изгледот и здравјето на нашата кожа?

    Добро е познато дека пиењето кафе може да има позитивни, но и негативни влијанија врз нашето тело и организам, па затоа денес вниманието го насочуваме кон сите последици кои кафето може да ги предизвика, а се однесуваат на изгледот и здравјето на нашата кожа.rnrn1-dali-znaevte-kako-kafeto-vlijae-na-izgledot-i-zdravjeto-na-nashata-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кафето може да го намали ризикот за појава на рак на кожата

    rnКафето може на многу начини да влијае на изгледот на нашата кожа, но пред сè може да има големо влијание врз нејзиното здравје, и тоа позитивно. Едно неодамна спроведено истражување покажало дека пиењето голема количина кафе може да влијае превентивно при појавување на меланом на кожата. Истражувачите за потребите на оваа студија ги испитувале навиките во исхраната на 450.000 луѓе и дошле до изненадувачки резултати кои велат дека оние кои пијат по 4 или повеќе шолји кафе дневно имаат и до 20% помал ризик за појава на меланом на кожата.rn

    2. Кожата може да изгледа поуморно

    rnИако кафето често го пиеме кога сме под стрес, тоа не е најдоброто решени за нас во тие ситуации, бидејќи токму од него кожата може да ни изгледа поуморна. Една студија покажала дека луѓето кои ќе испијат една шолја кафе пред да се сретнат со ситуација која изобилува со стрес, потешко поминуваат низ неа отколку оние кои не пијат кафе пред овие случувања. Со други зборови, кафето може да го зголеми нивото на стрес и притоа да предизвика лачење на поголема количина инсулин во нашето тело. Тоа е воедно и лоша вест за оние кои веќе се борат со акни.rn

    3. Не мора да влијае на дехидрацијата на кожата

    rnКафето содржи кофеин кој е диуретик, па со самото тоа ја дехидрира кожата. Меѓутоа, многубројни спроведени студии сепак покажале дека кофеинот не е јак диуретик, поточно 12 од 15 случаи покажале дека не влијае на тоа дали нашата кожа е доволно хидрирана. Едноставно, кафето не може да влијае на овој начин врз кожата доколку секојдневно внесувате доволна количина вода во својот организам.rn2-dali-znaevte-kako-kafeto-vlijae-na-izgledot-i-zdravjeto-na-nashata-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кафето може да го комплицира проблемот со акните

    rnОва не важи за црното кафе, но важи за сите останати варијации кои во себе содржат млеко. Поточно, млекото содржи обилни состојки кои можат да го зголемат нивото на хормоните во нашиот организам, а со тоа да ги забрза процесите на воспаление на кожата, што води до поголема појава на акни. Затоа, доколку имате проблеми со акните, настојувајте да пиете само црно кафе.rn

    5. Кафето е богато со антиоксиданси

    rnЕдна американска студија покажала дека кафето е одличен избор во текот на диетата, бидејќи е богато со антиоксиданси. Тоа не значи дека кафето има повеќе антиоксиданси од овошјето и зеленчукот, но сепак може да допринесе за здравиот изглед на кожата, бидејќи се бори со слободните радикали кои го предизвикуваат нејзиното стареење. Ете уште една предност за пиењето кафе.

  • Рум кафе за вкусен празничен ден

    Рум кафе за вкусен празничен ден

    Во духот на празниците, збогатете ја вашата трпеза на првиот ден од новата година со ова вкусно рум кафе!

    rnРум кафе за вкусен празничен денrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 кафени лажички црно кафе
    • rn011

    • 600 милилитри вода
    • rn011

    • 3 кафени лажички шеќер
    • rn011

    • 4 кафени лажички чоколадо во прав
    • rn011

    • 1 пакување шлаг пена од чоколадо
    • rn011

    • 2 кафени лажички рум
    • rn011

    • 40 грама бело чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо поголемо ѓезве ставете вода, додадете шеќер и почекајте да зоврие. Потоа додајте го црното кафе, промешајте и почекајте да се направи пена. Тргнете го ѓезвето од ринглата, оставете го талогот да се намали, а потоа процедете низ густа цедалка. Во исцеденото кафе додајте ги румот и чоколадото во прав и промешајте. Шлаг пената од чоколадото подгответе ја според упатството на кесичката. Ставете го кафето во 4 шолји и одозгора со помош на слаткарски шприц нанесете го шлагот од чоколадо и посипете со малку рендано бело чоколадо.

  • 5 причини зошто треба да пиете само црно кафе, без грижа на совест

    5 причини зошто треба да пиете само црно кафе, без грижа на совест

    Кафе. Една од омилените мали шолји задоволство кои човекот некогаш имал можност да ги доживее. Веќе некое време ги знаеме придобивките од кофеинот, но она што не е толку познато е фактот што со какви било додатоци вие влијаете врз неговите позитивни страни така што ги намалувате, а понекогаш дури и целосно го згушувате нивниот ефект. Токму затоа погледнете ги следниве 5 причини зошто отсега би требало да пиете само црно кафе…rnrn5 причини зошто треба да пиете само црно кафе, без грижа на совестrn

    1. Тоа е подобро за вас

    rnКафето изобилува со антиоксиданси кои се борат против ракот. Тоа ви помага да ги подобрите вашите когнитивни функции, расположение и меморија. Исто така може да ви помогне да го намалите ризикот од тип 2 дијабетес, Алцхајмерова и Паркинсова болест. Но, кога додавате млеко и шеќер, калориите и маснотиите се зголемуваат, создавајќи пијалак кој не е толку здрав за вас. Токму затоа црното кафе е поздрав избор, без разлика како гледате на него.rn

    2. Едноставно е за подготовка

    rnВие можете да пиете црно кафе во кое било време и на кое било место, како и да го подготвите за само неколку секунди. Доколку не ви се потребни млеко и шеќер, можете да го носите кафето со вас и да го подготвите во секое време. Да не заборавиме и на фактот дека во меѓувреме исто така ќе заштедите некој денар, бидејќи ќе ги исфрлите останатите состојки.rn

    3. Подобро оди со храна

    rnДоколку пиете засладено кафе со кој било вид десерт, вие нема да можете да уживате во целост поради количината благо која ја внесувате во вас. Но, црното горко кафе, во комбинација со сладок колач, взаемно се балансираат и создаваат совршен јин и јан на вкусови.rn

    4. Ќе ја зачувате автентичноста на вкусот на кафето

    rnПостојат стотици видови кафиња, секое со свој специфичен вкус. Вашата задача е да го најдете вашиот омилен вкус, кој нема да има потреба да го „подобрувате“ со други додатоци, бидејќи на тој начин вие не го искусувате вистинскиот вкус на кафето. Размислете, дали го сакате кафето поради својот вкус или пак, преферирате млеко и шеќер кои едвај имаат вкус на кафе?rn

    5. Покрај црното кафе изгледате кул

    rnКога нарачувате црно кафе, вие покажувате и дека немате проблем при држењето на нештата под контрола. Тоа е лесно, едноставно и моќно, исто како што треба да биде и вашиот живот. Не постои ништо подобро од неверојатното задоволство кое го носи со себе првата голтка утринско црно кафе – пробајте и ви гарантираме дека нема да зажалите.

  • Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

    Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

    Имате уште само неколку часа до крајот на работното време, но полека почнувате да чувствувате умор. Во еден момент посегнувате по шолјата кафе која стои на вашата маса од утрото и се прашувате дали ќе биде во ред доколку го допиете. Еве го одговорот на тоа прашање!rnrnДали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?rn

    1. Кафе со млеко

    rnДоколку е добро затворено и ставено во фрижидер, млекото може да остане свежо и недела дена по отворањето. Но, ако тоа стои во кафе повеќе од неколку саати, многу е подобро да си сварите ново.rn

    2. Црно кафе

    rnЦрното кафе е сигурно за пиење и откако малку ќе отстои, иако големи се шансите дека нема да има исто толку добар вкус како што имало кога било свежо подготвено. Многу подобра идеја е да направите ново кафе, но ако сте решени да го испиете старото, барем загрејте го прво.rn

    3. Промена на вкусот

    rnСвареното кафе може да го промени својот вкус и по 30 минути, а потоа имате отприлика 4 часа пред маслата во него да се расипат, што резултира со лош вкус на овој пијалак. Токму затоа, за најдобар вкус и најголема сигурност, најдобро е да го испиете до половина час од подготовката.

  • Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

    Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

    Секој има свои утрински кафе ритуали и токму според нив можете многу да дознаете за нечиј карактер. Дури и покрај тоа што сè уште не постојат научни експерименти кои ја докажале поврзаноста на карактерот на љубителите на кафето со нивниот избор на кафе, сепак оваа врска може многу лесно да се забележи доколку подобро ги анализирате вашите пријатели или пак, седнете во кафуле и ги набљудувате луѓето кои доаѓаат.rnrnБез кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?rn

    1. Црно кафе

    rnДоколку го започнувате вашето утро со црно кафе, вие најверојатно сакате колку што е можно повеќе кофеин со цел да го издржите денот. Вие не сакате шеќерот и другите видови дополнителни калории да влезат во вашето тело покрај кафето. Не се грижите многу за вкусот, ниту пак за начинот на кој тоа изгледа бидејќи вам едноставно ви е потребно само кафе.rnrnВие сте личност која лесно може да биде задоволена и сте на мисија да ги постигнете сите оние нешта кои сте ги замислиле. Вие се грижите за вашето здравје и цените квалитетно кафе. Секогаш одите по својот пат, без да скршнувате од него и токму затоа другите ви се восхитуваат.rn

    2. Еспресо

    rnДоколку пиете дупло еспресо, вие сигурно барате да добиете што е можно повеќе кофеин за помалку пари или пак, се надевате дека тоа ќе ви даде повеќе енергија од обичното црно кафе. Од друга страна пак, секогаш постои веројатноста дека вие пиете двојно еспресо само затоа што ви е многу вкусно, па во тој случај можете слободно да продолжите.rnrnБез разлика на ситуацијата, вие сигурно сте личност која постојано ја гази времето и имате тенденција да се исцрпувате работејќи бидејќи никогаш не успевате да ги завршите вашите обврски на време. Токму затоа го цените тоа малку слободно време кое го имате и порачувате силно еспресо со цел побрзо да можете да продолжите со вашиот ден. Вие секогаш сте во движење, но сепак се обидувате да ги цените едноставните нешта во животот. Не се фокусирате многу на гламурот кој ве опкружува и лесно ве мотивираат дури и најмалите победи кои ќе ги доживеете. Секоја мала шолја еспресо која ќе ја испиете во текот на денот се смета за мала победа, се согласувате?rn

    3. Лате со различни вкусови

    rnДоколку сте љубители на кафињата лате, тогаш вие сте личност која ужива во различни вкусови и не се грижите доколку внесете во вашето тело поголемо количество шеќер или шлаг. Исто така, вие повеќе сте навлечени на вкусовите, отколку на кофеинот, па често се случува да побарате дополнително шлаг пена со цел вашето кафе да добие поблаг вкус. И покрај тоа што се обидувате да се предадете на светот на кафето, сепак секое утро порачувате кафе за носење со интензивен вкус, бидејќи слаткиот вкус на шеќерот ве расонува многу повеќе дури и дупло еспресо.rnrnИмајќи го сè ова на ум, вие сте ентузијасти кои сакаат да ги впијат сите слатки детали во животот. Вие сакате да експериментирате со различна храна и пијалаци, па токму затоа никогаш не се чувствувате ограничени од можностите на менито. Вие имате слободен дух и креативни очи со чија помош лесно се движите во светот. Можеби сте поуморни од оние кои пијат црно кафе или еспресо, но тоа не значи дека не сте задоволни од животот.rn

    4. Кафе со млеко и шеќер

    rnВам секое кафе ви е вкусно доколку му додадете млеко и шеќер. Исто така оваа комбинација ве буди многу полесно од останатите. Веднаш по црното кафе, тоа е брзо за подготвување и е одличен избор за кафе за носење. Тоа е едноставен, но сепак индивидуализиран пијалак кој ви нуди доволна доза кофеин за да можете да го издржите денот.rnrnДоколку го пиете кафето на овој начин, вие сигурно сте стабилна личност која сака да има контрола врз својот живот, исто како што сакате да имате контрола врз кафето кое го внесувате. Вие сте фокусирани, детерминирани и подготвени да го започнете вашето утро според вашите однапред поставени стандарди.rn

    5. Без кофеин

    rnЗошто некој би сакал да пие кафе кое реално не е кафе? За тоа можат да постојат неколку различни причини…rnrnВие можеби имате некаков здравствен проблем кој не ви дозволува да внесувате кофеин во своето тело, но толку многу го сакате вкусот на кафето што едноставно не можете да си дозволите да го поминете денот без него.rnrn„Кафето“ е вашата удобна зона и вие сте создале навика која вклучува негово пиење во секое време од денот. Вие го обожавате вкусот, околината и друштвото кое тоа го носи, дури и откако ќе го достигнете вашиот кофеински лимит, па затоа во овие моменти посегнувате по она без кофеин.rnrnБез разлика на причината поради која пиете безкофеинско кафе, вие сте личност која е изградена од навики и без разлика на препреките кои ви ги носи животот, сепак се придржувате до планот кој сте си го направиле. Вие лесно наоѓате начини да ги надминете сите оние несакани ситуации и ретко правите драстични или спонтани чекори, па затоа играте на сигурно и чекате да дојде вистинскиот момент за да излезете од вашата удобна зона.

  • Црна магија: Кафе кое ќе го маѓепса вашето срце

    Црна магија: Кафе кое ќе го маѓепса вашето срце

    Откако еднаш ќе го пробате ова кафе, веќе никогаш нема да сакате да пиете нешто друго

    rnЦрна магија: Кафе кое ќе го маѓепса вашето срцеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 милилитри свежо подготвено црно филтер кафе (топло)
    • rn011

    • 1/4 лажичка екстракт од чоколадо
    • rn011

    • 1/4 лажичка екстракт од лешници
    • rn011

    • 1/4 лажичка екстракт од рум
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете го топлото кафе во шолја, а потоа додадете ги и останатите состојки. Додадете и засладувач, доколку сакате поблаг вкус. Промешајте и уживајте!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовно кафе (Café d’Amour)

    Љубовно кафе (Café d’Amour)

    Јако црно кафе за уживање со саканата/саканиот…Љубовно кафе (Café d’Amour)Потребни состојки:rn

      rn011

    • 200 мл врело црно кафе
    • rn011

    • 40 мл коњак
    • rn011

    • шеќер по вкус
    • rn011

    • половина лимон
    • rn011

    • стапче цимет
    • rn

    rnНачин на подготовка: Рабовите на шолјата за кафе намачкајте ги со сок од лимон, а потоа додајте им претходно направена мешавина од шеќер и кафе. Потоа исцедете го лимонот и сокот додајте го во топлото црно кафе заедно со шеќерот и стапчето цимет. Ставете го коњакот во црпка за супа и запалете го, а потоа истурете го во кафето. Додајте ја целата смеса во претходно подготвената шолја и сервирајте.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.