КАФЕ ПАУЗА

Tag: црн хумор

  • Науката открива: Мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција

    Науката открива: Мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција

    Дали некогаш ви се случило да ве искритикуваат поради вашите мрачни и вознемирувачки шеги? Според најновите истражувања, веќе никој нема да се осмели да ви префрла за мрачната смисла за хумор, бидејќи наводно тоа е знак за висока интелигенција. Истражувачите од Виена дошле до ова интересно откритие кое е објавено во списанието „Cognitive Processing“. Според нив, доколку се смеете на шеги кои на другите им предизвикуваат чувство на непријатност, можете да се сметате себеси за гениј.rnrnНауката открива: Мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенцијаrnrnДобро, можеби ќе претерате ако почнете да мислите дека сте Ајнштајн, но истражувачите од Медицинскиот универзитет во Виена дознале дека луѓето кои претпочитаат мрачни шеги оствариле подобри резултати на тестовите за интелигенција. Во истражувањето учествувале 156 испитаници кои требале да го покажат нивното разбирање и уживање во 12 цртежи преземени од „Црната книга“ (The Black Book) од Ули Штајн. Станува збор за антологија на цртежи со црн хумор. Потоа, тие направиле вербални и невербални тестови за интелигенција. Освен тоа, учесниците требале да одговорат на прашања поврзани со нивното потекло.rnrnЛуѓето кои најмногу уживале во вознемирувачките шеги оствариле најдобри резултати на вербалните и невербалните тестови за интелигенција. Исто така, се покажало дека тие имаат и подобро образование. Истражувачите заклучиле дека емоционалната нестабилност и нагласената агресивност водат кон намалено уживање во црниот хумор.rnrnПа, која е причината што лежи зад оваа морничава, но фасцинантна врска меѓу хуморот и коефициентот на интелигенција? Истражувачите откриле дека уживањето во црниот хумор подразбира комплексна обработка на информации, што значи дека само паметните луѓе можат вистински да ги разберат вознемирувачките шеги полни со сарказам и иронија.rnrn

    Науката открива: Мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција
    Погледнете ја сликата на ѕидот
    rnrnНо, не станува збор само за тоа. Меган Флин, авторка на книгата „Психолошката придобивка од црниот хумор“ (The Psychological Benefit Of Dark Humor) објаснила дека улогата на хуморот е да го намали стресот и да го подобри расположението. Имено, кога се смееме, доживуваме физички промени во срцебиењето и го подобруваме дишењето. Потоа, ритамот на срцето забавува, крвниот притисок се снижува и целиот организам се опушта.rn

    „Ваквите промени се последица на промените во ендокриниот систем и намалувањето на кортизолот и епинефринот. Регулацијата на овие стрес хормони објаснува зошто некои луѓе се смеат кога се анксиозни или тажни, како на пример за време на погреб. На тој начин нивните тела се обидуваат да најдат начин да се смират. Црниот хумор е еден вид когнитивно-бихејвиорална стратегија која има двојна цел: Таа ги изложува луѓето на темите од кои најмногу се плашат и истовремено има неверојатно смирувачко дејство на телото“, открила Флин.

    rnИ покрај тоа што истражувањето се фокусирало само на 156 учесници на возраст од околу 33 години, мора да признаеме дека тоа ни открива каква е врската помеѓу нештата што ни се смешни и човечката природа. Но, доколку не ви се допаѓа црниот хумор, не очајувајте бидејќи тоа не значи дека имате ниска интелигенција. Познато е и дека смислата за хумор се менува во зависност од возраста, така што ако сега не можете да ги разберете мрачните шеги, можеби за некое време вашиот мозок ќе се навикне на нив. Или не. Бидете она што сте и самите пронаоѓајте си го смешното во животните ситуации!rnrnДоколку се сметате за љубители на црниот хумор, погледнете го овој 4-минутен филм со наслов „Грешка“.

  • Краток филм: „Грешка“ (The Mistake)

    Краток филм: „Грешка“ (The Mistake)

    4-минутен филм за љубителите на црн хумор и оние со силен желудник. Доколку се пронајдовте во овој кус опис, тогаш следното филмче е вистинскиот избор за вас. Но, пред да го пуштите видеото, запрашајте се што сè би направиле за да се извлечете од некоја непријатна ситуација, на пример, после пијан секс со непозната личност. Некои се подготвени на навистина екстремни чекори…rnrnКраток филм: Грешка (The Mistake)rnrn„Грешка“ е во режија на Брајан Мојсеј. Прикажан е на австралискиот „Tropfest“, еден од најголемите фестивали на кратки филмови во светот. Кога веќе стигнавте со читањето до тука, време е и да го погледнете филмот. :)rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни и смешни роденденски пораки

    Забавни и смешни роденденски пораки

    Не трудете се премногу околу подарокот, бидејќи среќата и насмевката кај славеникот многу полесно ќе ги излобирате со некоја „откачена“ порака во роденденската честитка. Не е на одмет ниту малку роденденски црн хумор. Еве неколку веќе проверени идеи, кои се особено применливи кај оние на кои веќе им натежнуват годините. :-)rnrnЗабавни и смешни роденденски поракиrn

    „Знаеш дека старееш, кога единствената работа што ја посакуваш за сопствениот роденден е да не те потсетуваат на него.“

    rn

    „Родендените се добра работа. Статистиката покажува дека луѓето со најмногу родендени, најдолго живеат.“

    rn

    „Стареењето е задолжително, но затоа созревањето е само опција.“

    rn

    „Смеј се додека имаш заби.“

    rn

    „Во ред е ако дуваш свеќи на твојата роденденска торта. Ја известив противпожарната служба.“

    rn

    „Дали атмосферата тука станува жешка или тоа се само свеќите на твојата торта.“

    rn

    „Многу познати личности се родиле на овој ден. Штета што ти не си една од нив.“

    rn

    „Без гајле, сè уште не си стар, само си уште една година поблиску до смртта.“

    rn

    „Почни да ги броиш благословите, а не брчките.“

    rnЗабавни и смешни роденденски поракиrn

    „Мислиш дека си стар? Не си стар, минатата година беше стар, сега си веќе антика.“

    rn

    „Ќе почнеш ли да ги дуваш свеќите или уште ќе ги броиш?“

    rn

    „Што е тоа што оди нагоре и никогаш не се симнува? Твоите години! Среќен роденден!“

    rn

    „Единственото кое го добиваме без да вложиме напор се годините.“

    rn

    „Во секој постар човек живее младо момче, кое се прашува: ‘Што по ѓаволите се случи со мене?’“

    rn

    „Како и сите други жени на моја возраст, имам 25 години.“

    rn

    „Не, не сум ти го заборавил роденденот, само заборавив кој датум е денеска.“

    rn

    „Ти немаш 40 години, ти си 18-годишник со 22 години искуство.“

    rn

    „Најдобар начин да останеш млад, е да лажеш за годините.“

    rn

    „Здравица за тебе. Можеби ќе доживееш да наполниш онолку години, колку што изгледа дека имаш во моментот.“

    rnДополнителна инспирација: 45 забавни начини на кои можете да им честитате роденден на најблиските.

  • Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин

    Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин

    Џорџ Карлин – човекот кој за религијата и политиката зборуваше без влакна на јазикот. Своите ставови по овие прашања му обезбедија посебно место во светот на стенд-ап комедијата. Со неговиот вознемирувачки црн хумор и критика, Карлин стана особено омилен кај публиката. На тапет кај Ирецот беше американското општество.rnrnНа 22 јуни, 2008 година, светот остана без легендарниот комичар, но очигледно не и без неговото влијание. Тој е меѓу најцитираните личности, а неговите видеа се меѓу најгледаните на интернет…Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлинrn

    „Атеизмот е непрофитна организација.“

    rn

    „Пливањето не е спорт. Пливањето е начин да се спасите од давење. Тоа е само здрав разум!“

    rn

    „Ако е точно дека нашиот вид е единствен во универзумот, тогаш морам да кажам дека универзумот имал прилично ниска цел и се задоволил со многу малку.“

    rn

    „Само што ја открив суштината на животот… и тие ја сменија.“

    rn

    „Повеќето луѓе работат доволно напорно за да не бидат отпуштени од работа и доволно се платени за да не дадат отказ.“

    rn

    „Немам страв од височина. Страв ми е да не паднам од височина“.

    rn

    rn
    rn

    „Имам исто толку авторитет колку и Папата. Само немам толку луѓе кои веруваат во него.“

    rn

    „Искреноста може да биде најдобрата политика, но важно е да се запамети дека очигледно, по пат на елиминација, нечесноста станува втората најдобра политика.“

    rn

    „Никој не знае што е следно, но сите го прават тоа.“

    rn

    „Причината за тоа што разговарам самиот со себе е тоа што јас сум единствениот чии одговори ги прифаќам.“

    rn

    „Временска прогноза за вечерва: Темница. Таа ќе продолжи во текот на целата ноќ и ќе заврши со широко распрскана утринска светлина.“

    rn

    „Јас не сакам да мислам на законите како на правила што мора да се следат, туку повеќе како на предлози.“

    rn

    rn
    rn

    „Должноста на еден комичар е да дознае до каде е границата и намерно да ја премине.“

    rn

    „Дали сте забележале дека оној што вози побавно од вас е идиот, а оној што вози побрзо манијак?“

    rn

    „И ‘немам коментар’ е коментар.“

    rn

    „Кога се раѓате добивате карта за шоуто на фрикови, а кога се раѓате во Америка добивате седиште во првиот ред.“

    rn

    „Планетата е во ред. Луѓето се за никаде.“

    rn

    „Единствената добра работа која произлезе од религијата е музиката.“

    rn

    rn
    rn

    „Дали сте забележале дека адвокатот е секогаш со поширока насмевка од клиентот?“

    rn

    „Го нарекуваат ‘Американски сон’, бидејќи за да поверувате во него, вие мора да сте поспани.“

    rn

    „Религијата е како пар чевли… Најдете пар што ви одговара, но не терајте ме да ги носам вашите чевли.“

    rn

    „Смејте се често, долго и гласно. Смејте се сè додека не останете без здив.“

    rn

    „Некои ја гледаат чашата полупразна, некои полуполна. Јас ја гледам два пати поголема отколку што треба да биде.“

    rn

    „Никогаш не потценувајте ја моќта на глупавите луѓе во големи групи.“

    rn

    rn
    rn

    „Издвојувањето на посебен дел за пушачи во рестораните е исто како да издвоите посебен дел за мочање во базените.“

    rn

    „Ако 4 од 5 луѓе страдаат од дијареа, дали тоа значи дека еден ужива во неа?“

    rn

    „Што ако немаше хипотетички прашања?“

    rn

    „Во секоја ситуација има по една смешна страна. Предизвикот е да ја пронајдете.“

    rn

    „Не давајте ù ги парите на црквата. Таа треба вам да ви ги дава нејзините пари.“

    rn

    „Постојат ноќи кога волците се тивки, а месечината завива.“

    rn

    „Во секој циничен човек, живее разочаран идеалист.“

    rn

    „Помислете колку е глупав просечниот човек и ќе сфатите дека половината од луѓето се поглупави и од тоа.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите во South Park

    Познатите во South Park

    South Park е американска анимирана ситком серија која сигурно барем еднаш случајно или намерно сте ја „начекале“ на некој телевизиски канал. Серијата е наменета за возрасна публика, затоа што изобилува со црн хумор, нереалност и сатира, кои се однесуваат на најразлични теми. Создадена е од Треј Паркет и Мет Стоун. Своето телевизиско деби серијата го имаше во 1997 година, кога постигна огромен успех и висока гледаност. Главните ликови во серијата се четирите деца Стен Марш, Кајл Брофловски, Ерик Картмен и Кени Меккромик, а во секоја епизода се раскажува некоја необична случка која им се случува на нив во градот Колорадо.Познатите во South Park

    rnОние кои редовно ги следат епизодите на South Park знаат дека продуцентите честопати внесуваат познати ликови од светската музичка и политичка сцена, со цел да исмеат некоја нивна лична карактериситка или да потенцираат нешто што тие направиле. Мајкл Џексон, Бритни Спирс и Барак Обама се само некои од „среќниците“ кои успеале да влезат во некоја епизода од оваа серија. Погледнете кои се другите познати личности кои имаа свое појавување во South Park:rnrn

    Познатите во South Park
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Познатите во South Park
    Дедо Мраз и Исус
    rnrn
    Познатите во South Park
    Металика
    rnrn
    Познатите во South Park
    Слипнот
    rnrn
    Познатите во South Park
    Токио Хотел
    rnrn
    Познатите во South Park
    Садам Хусеин и сатаната
    rnrn
    Познатите во South Park
    Линкин Парк
    rnrn
    Познатите во South Park
    Барак Обама
    rnrn
    Познатите во South Park
    Radiohead
    rnrn
    Познатите во South Park
    Париз Хилтон
    rnrn
    Познатите во South Park
    Том Круз
    rnrn
    Познатите во South Park
    The Jonas Brothers
    rnrn
    Познатите во South Park
    Џорџ Лукас, Индијана Џонс и Стивен Спилберг
    rnrn
    Познатите во South Park
    Сестрите Кардашијан
    rnrn
    Познатите во South Park
    Дејвид Духовни
    rnrn
    Познатите во South Park
    Џокер
    rnrn
    Познатите во South Park
    Спајдермен
    rnrn
    Познатите во South Park
    Бетмен
    rnrn
    Познатите во South Park
    Бритни Спирс