КАФЕ ПАУЗА

Tag: циркус

  • Животот е циркус, а сите ние сме дел од него

    Животот е циркус, а сите ние сме дел од него

    Можеби е докажано дека Земјата има форма на топка, но дали ќе се согласите дека Животот кој се одигрува на неа наликува на огромен циркуски шатор? А во него – многу таленти: акробати кои го ризикуваат својот живот одејќи по жица, храбри ликови кои танцуваат со опасни животни, голтачи на оган, илузионисти кои ја оставаат публиката без здив, шарени кловнови кои измамуваат насмевки, жонглери со извонреден талент, невини животни кои болката ја оставаат зад сцената, а во рингот публиката ја оставаат без здив.rnrnЖивотот е циркус, а сите ние сме дел од негоrnrnСите ние на оваа Земја сме дел од овој животен перформанс кој се одигрува под шарениот циркуски шатор. Сите ние сме учесници, само што некои од нас се публика, а некои пак се главните ликови во рингот наречен Живот. Некои од оние кои се дел од публиката, со воодушевување ја следат целата претстава, аплаудираат и се восхитуваат, а има и онакви кои жалат што платиле толкава цена за влезница, им пречи прашината која се крева наоколу и мирисот на испотените храбри циркусанти; досадно им е и едвај чекаат да си заминат, одбројувајќи ги минутите на часовникот кој бавно одбројува.rnrnВо центарот се изведувачите, кои некогаш одлучиле да бидат малку поинакви од оние кои се само набљудувачи. Тие се сепак, малку похрабри, имаат смисла за хумор, некои од нив го совладале стравот, а некои пак се во центарот како би ја оставиле публиката без здив на ваков или онаков начин. Без исклучок, во центарот се само најупорните и сите имаат една главна цел, цел да ја придобијат публиката, воодушевувајќи ја секој на свој начин.rnrnСите ние сме дел од овој шарен циркус, под истиот шарен шатор, само нѐ разликува тоа што сме одбрале да бидеме – дали во центарот или надвор од него.rnrnСфатете ја целта на Животот. Вие кои сте дел од публиката, погледнете го наоколу шаренилото, почувствувајте ја храброста и упорноста, аплаудирајте силно за оние кои се во рингот, и доколку покажете заинтересираност и храброст можеби ќе бидете повикани на сцената. И занемарете ја прашината, грешките – тие секогаш ќе ги има додека трае циркускиот перформанс. Уживајте, за жал овој циркус само еднаш се одигрува, а се одигрува овде и сега.rn

    Автор: Кристина Николовска Шебаљ

  • 13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

    13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

    На јавноста отсекогаш ѝ било потребно нешто неверојатно, а циркусите се едни од местата што го нудат токму тоа. Циркуските перформанси може да предизвикаат многу емоции. Тие нè инспирираат и нè изненадуваат со неверојатните трикови. Па, погледнете некои од најчудните циркуски точки со луѓе кои изгледаат како суперхерои.rn

    1. Алар, човекот стрела

    rn13-те најчудни циркуски точки и изведувачиrnrnПанси Зедора, позната и како Алар, човекот стрела, изведувала со нејзината сестра и нејзиниот зет во циркусот Барнум и Бејли. Нивната точка се викала Летачките Зедора, а Панси била како живо оружје – била истрелувана како стрела низ мета од хартија, а потоа нејзината сестра која висела на трапез ја фаќала. Таа ја воодушевувала публиката со нејзината способност да „прелета“ големо растојание со неверојатна прецизност и грациозност.rn

    2. Греди Стајлс, момчето рак

    rn13-те најчудни циркуски точки и изведувачиrnrnГреди Френклин Стајлс бил изведувач во шоу на чудаци. Тој бил 6-та генерација од семејството Стајлс роден со дефект поради кој неговите дланки и стапала наликувале на канџи на рак. Татко му веќе бил дел од патувачки циркус, па момчето го следело и станало познато како момчето рак. Греди 2 пати бил во брак и имал 4 деца, од кои 2 ја наследиле неговата состојба.rn

    3. Алојс Питерс, мажот со железен врат

    rn13-те најчудни циркуски точки и изведувачиrnrnАлојс Питерс бил германски акробат со уникатна вештина – можел да скокне од платформа висока 23 метри со јаже околу неговиот врат и да го преживее сето тоа. Истовремено, јажето го повлекувало нагоре пред да падне на земјата. Ова резултирало со „летање“ нагоре и контролирано слетување. Тој ја изведувал својата точка во познат циркус од Берлин, како и на бреговите на САД во 1930-тите. Неговиот последен и трагичен перформанс бил во 1943-та година.rn

    4. Мадмазел Октави Латур

    rn13-те најчудни циркуски точки и изведувачиrnrnОваа дама била возач каскадер и дел од циркусот Барнум и Бејли во 1905-та година. Во овој период автомобилите биле нова технологија. Нејзината точка се состоела од возење мал автомобил со голема брзина по патека која имала прекин од 6 метри. Таа се превртувала со својот автомобил и правела скок од 6 метри, слетувајќи на другиот дел од патеката.rn

    5. Френк „Топовско ѓуле“ Ричардс

    rn13-те најчудни циркуски точки и изведувачиrnrnФренк Ричардс можел 2 пати дневно да издржи топовско ѓуле од 47 килограми испукано во неговиот стомак. За да го направи тоа, тој ги замолувал луѓето да го удираат по стомакот. Потоа им дозволувал и да скокаат на неговиот стомак. Почнувал со 1 човек, а завршувал со 4-ца. Ова му овозможило да издржува и удари со голем чекан. Но неговиот најневеројатен перформанс е издржувањето на топовското ѓуле.rn

    6. Џозефин Гиардели, огноотпорната жена

    rn13-те најчудни циркуски точки и изведувачиrnrnЏозефин прв пат ја извела својата точка во 1816-та година, и бидејќи навидум била имуна на топлина, била наречена „Огнена кралица“. Таа можела да држи врело олово во својата уста, да држи загреан метал на нејзината глава со голи раце, одела боса по врел метал и готвела јајца со нејзините раце во врело масло. Се сметало дека нејзините способности биле лажни, односно развивани со многу труд, посветеност и помош. Подоцна на својот перформанс додала и консумирање отров.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најопасните циркуски акти кои се изведуваат и денес

    Најопасните циркуски акти кои се изведуваат и денес

    Сигурно кога сте посетиле циркус имате помислено дека артистите се навистина храбри. Оваа листа ги содржи најдобрите, а можеби и најлошите циркуски акти кои имаат едно заедничко нешто – тие се најопасни. Можеби веќе сте слушнале за некои, но ќе се изненадите кога ќе ја дознаете вистинската опасност која лежи зад нив.rn

    1. Фрлање оган

    rn(1)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mkrnrnАјде да погледнеме како се одвива овој акт низ неколку чекори. Прво, артистот става некакво гориво во неговата уста – керозин, бензин или некоја алкохолна запалива течност. Потоа го прска горивото низ устата. Следно, го пали испрсканото гориво со мал рачен факел. Овие артисти не им веруваат на запалките и на кибритот, па секогаш користат факел.rnrnОвој акт има многу ризици, но да ги погледнеме најопасните: Огнот може да се врати во устата на артистот, може да добие хемиска пневмонија од вдишување на горивото, па може дури и да се отруе. Постои и опасност за публиката, огнот не се движи по правило или по наредба, па секогаш има можност да излезе надвор од контрола.rn

    2. Акти со големи мачки

    rn(2)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mkrnrnИако темата за работење со животни од циркус е контроверзна, не може да се затворат очите на популарноста на овие акти. Можеби изгледа дека овие животни се тренирани за да бидат совршените миленици, но тоа не е така. Во 1872 година, Томас Мекарт бил нападнат од 5 циркуски лавови пред публика од стотици луѓе. За жал, постојат и понови слични случаи, како на пример инцидентот од 2003 година кој се случил во Лас Вегас. Човекот кој го изведувал актот бил нападнат од тигар и претрпел толку сериозни повреди поради кои морал да се пензионира. Подоцна тој тврдел дека тигарот се обидувал да го спаси бидејќи тој имал мозочен удар. Како и да е, сигурно не е безбедно да го поминувате денот со овие ѕверови.rn

    3. Ѕидот на смртта

    rn(3)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mkrnrnОва е спортски акт со мотори (или автомобили) каде што артистите се „тркаат“ околу ѕидовите на цилиндар додека изведуваат опасни трикови. Ова е опасно да го гледате, а не па да учествувате во него.rnrnОвој акт не е дел од секој циркус, но станува еден од најпопуларните. Артистите ја користат центрифугалната сила и инерцијата за да останат на ѕидот. Иако денес ѕидовите не се исправени како порано, артистите сепак се ставаат на голем ризик. Саманта Морган, една од овие артисти, умрела во 2008 поради компликации од повредите кои настанувале во текот на годините.rn

    4. Акти во воздух

    rn(4)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mkrnrnАкробациите во воздух можеби се дел од секој циркус, но тоа не значи дека се безбедни. Постојат многу начини на кои артистите можат да паднат, а за жал тоа се случува многу често. Во 2007 година, во Јужна Калифорнија, артист кој изведувал акт на трапез загинал откако паднал од 12 метри височина без безбедносна мрежа. Во 2013 година, во Москва, артист паднал од 26 метри височина преку безбедносната мрежа, и за голема среќа закрепнал доволно за да може да се врати на работа. Во 2014 на Роуд Ајленд, 8 артисти паднале на земјата откако се скинало едно јаже. За среќа сите преживеале. Лекцијата од ова? Воздушните акти можеби се популарни, но гравитацијата секогаш победува.rn

    5. Слонови

    rn(5)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mkrnrnМожеби претпоставивте дека опасноста од слонот е тоа што многу лесно може да ве згмечи, и во право сте. Слоновите биле одговорни за бројни несреќи кои настанале во циркусите, вклучувајќи го и инцидент од 1994 година во Хонолулу, кога еден слон го убил својот тренер, а потоа избегал од циркусот. Слоновите можат да направат вистинска штета доколку избегаат, а верувајте, тоа се случува често. Во 1956 година, 42 слона успеале да избегаат додека го воделе кон вагонот.rnrnНо да не заборавиме дека актите со животни се најопасни за самите животни. Многу организации се загрижени за доброто на циркуските животни и имаат многу документирани случаи кои ја покажуваат суровоста кон нив. Ова резултирало со многу судења и протести. Иако некои циркуси ги тргнале слоновите од својот репертоар, сепак другите имаат право да ги користат.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Книга: „Пламен сјај“ – Трејси Шевалие

    Книга: „Пламен сјај“ – Трејси Шевалие

    (1) Kniga-plamen-sjaj-trejsi-shevalie-www.kafepauza.mkКнигите на Трејси Шевалие според многумина претставуваат идеален спој – драгоцено камче историја претворено во уникатно дело благодарение на фантазијата и огромното внимание посветено на детали. Инспирацијата за „Пламен сјај“ Шевалие ја црпи од животот на Вилијам Блејк – поет, сликар и гравер кој како и повеќето уметници кои биле пред нивното време, се соочувал со неодобрување од околината додека бил жив за подоцна неговите дела да бидат признаени и ценети.rnrnГлавните ликови се всушност семејството Келавеј кои од мало, рурално место во Англија во 1792 година се преселуваат во Лондон и се соочуваат со предизвиците на големиот и за нив опасен град. Томас Келавеј е столар кој ја добива можноста на неговиот живот кога Филип Астли – сопственикот на највозбудливиот циркус во Лондон ќе го покани да работи за него. Семејството од малечко селце се сели во големиот град, на навидум вообичаена улица со не толку обични соседи. Блејк е најинтересниот лик од сите и всушност го запознаваме преку нивните очи, поточно преку доживувањата на младиот Џем Келавеј кој ќе биде воодушевен од неговите дела, размислувања и начин на живот.rnrnЗаедно со новата пријателка Меги, итра градска девојка која е целосна спротивност од срамежливиот Џем и неговата мила сестра Мејси, од ден на ден дознаваат нешто ново за уметникот кој живее на нивната улица. Блејк и неговата жена ќе ги засакаат новите љубопитни соседи и на некој начин уметникот ќе ги вовлече во неговиот свет, постојано предизвикувајќи ги да размислуваат поинаку за сѐ што ги опкружува. Една од најпознатите книги на Блејк е „Песните на невиноста и искуството“ која претставува збирка од детски песни посветена на секојдневните доживувања кои го обликуваат карактерот на децата и на некој начин ги дефинираат какви ќе бидат кога ќе пораснат. Според критичарите, Џем, Меги и Мејси ги „живеат“ неговите песни, а „Пламен сјај“ е книга токму посветена на патот од невиноста до искуството.rnrn(2) Kniga-plamen-sjaj-trejsi-shevalie-www.kafepauza.mkrnrnОд магичните претстави во циркусот до драматичните случувања во домовите на соседите на возбудливата улица, Шевалие раскажува со типичната посветеност на детални описи и повремено го почестува читателот со интересен историски факт совршено вклопен во текот на приказната. „Пламен сјај“ е од оние книги коишто немаат лоши и добри ликови ниту пак драматичен сплет на околности, па читателот се препушта целосно на едно делче историја со посебна магија на кое треба дефинитивно да му се посвети внимание. Книгата е одлична за опуштено летно попладне, со леснотија ве носи во едно друго, поинакво време, а со последната страница ве враќа назад, но со чувство за носталгија кое трае.rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 18 јуни 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

    Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

    Филм за проблемите и предизвиците на британската разузнавачка служба во времето на студената војна…rnrnСкитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Режија: Томас АлфредсонrnrnУлоги: Гери Олдман, Џон Харт, Колин Фирт, Том Херди, Марк СтронгrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англиски, руски, француски, унгарскиrnrnПремиера: 6 јануари 2012rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    „Скитник, кројач, војник, шпион“ е филм снимен по истоимениот роман на Џон Ла Каре, напишан во 1974 година. Зборува за британската разузнавачка служба во времето на студената војна, за начинот на кој се справувала со проблемите, внатре и надвор од неа. Иако, екранизацијата на романот беше окарактеризирана како исклучително ризичен потег на шведскиот режисер, филмот сепак стигна до три номинации за Оскар, за најголемо филмско музичко достигнување, за најдобра главна улога и за најдобра адаптација на сценарио. rnrnЗа разлика од досегашните шпионски филмови, во ова остварување куршумите се помалк убројни, драматичните „бондовски“ акции сведени на минимум, а интелигенцијата искачена на пиедесталот. Сцените се уникатни, тензични и непредвидливи, а фотографијата навистина беспрекорна.



    rn

    rnПриказна: Шефот на британската разузнавачка служба – МИ6 (Џон Харт) се сомнева дека меѓу нив има шпион, кој со години им дава доверливи информации на Русите. Тој одлучува да поведе истрага, потпирајќи се на неговиот лојален пријател, агентот Џим (Марк Стронг). Го испраќа на тајна задача во Будимпешта, за да се сретне со унгарски генерал, кој треба да му продаде информации и да му го открие идентитетот на шпионот во нивните редови. Но, не оди сè по планираното, агентот е застрелан и операцијата се откажува.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Немајќи друг избор, шефот на МИ6 познат под шифрата „Контрола“ ја напушта функцијата, односно се пензионира заедно со неговиот пријател и колега Џорџ Смајли (Гери Олдман). Кусо после повлекувањето, умира. На чело на службата застанува Перси (Тоби Џонс). Во новонастанатите околности, Смајли одлучува да ја преземе истрагата која ја започна „Контролата“ и да го пронајде предавникот. Во таа мисија ги вклучува неговите луѓе од доверба, Питер (Бенедикт Кумбербат) и Рики (Том Херди). Но, шпионот ниту на повидок, се наоѓаат на крстосница без ниту еден знак…Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Филмот е мистерија до самиот крај. Колку и да се обидувате, нема да можете да ја одгатнете предвреме. Низ безброј заплети и неочекувани пресврти, прецизно е прикажано како британската разузнавачка служба функционирала за време на студената војна. Во текот на целиот филм службата ја нарекуваат „Циркус“. Тоа се должи на нејзината местоположба, бидејќи се наоѓала во близина на циркусот Кембриџ, а името на филмот доаѓа од старата англиска бројалица  „Tinker, Tailor, Soldier, Sailor, Rich Man, Poor Man, Beggar Man, Thief“.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Глума: За улогите не би зборувале многу. Само ќе ви кажеме дека речиси сите глумци сме ги виделе во остварувања каде се надминале себеси. Ова не е едно од нив. Би ја издвоиле единствено руската актерка Светлана Кодченкова, за која можеме да кажеме дека одлично се снаоѓа во друштвото на големите ѕверки. Карактеристично е и тоа што покрај Кодченкова, во филмот се појавуваат само уште неколку жени. Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Кога и како да го гледате: За викенд! Бидете добро одморени и потрудете се концентрацијата да ви биде на исклучително високо ниво. Во спротивно или предвреме ќе заспиете или ќе останате со прашалници во главата. Филмот го заслужува вашето внимание, но не два пати. 🙂Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудо на природата – неверојатни албино животни

    Чудо на природата – неверојатни албино животни

    Албино животните се многу ретки во природата и човекот уште од античко време бил фасциниран од нив. Во некои култури се сметале за свети животни и биле основа на едни од најголемите легенди и митови. Поради нивната уникатност, албино животните и ден денес се најголемата атракција во зоолошките и циркусите низ светот.rnrnЧудо на природата - неверојатни албино животниrnrnАлбинизмот е еден вид вродено хипопигментарно нарушување, кое се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигментот меланин во очите, кожата и косата. Тој се наследува преку рецесивни гени и досега е откриен кај цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите, птиците, рептилите и водоземните животни.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вода за слонови (Water for elephants)

    Вода за слонови (Water for elephants)

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОна што ви се чини премногу далечно, може за миг и вам да ви затропа на вратата. Подгответе се за неочекувана животна бура.rnrnВода за слонови (Water for elephants)Режија: Френсис Лоренс („I am Legend“; „Constantine“)rnrnУлоги: Роберт Патинсон, Рис Витерспун, Кристофер ВалцrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 април 2011rnrnЖанр: љубовна драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn—————————————————————————————————————————————————rnСтанува збор за филм кој ќе ве остави без здив и со „грутка“ во грлото. Романтична драма базирана на истоимената новела на Сара Груел… Ќе ве однесе во ерата на прохибицијата и на депресијата, карактеристични за триесетите години на минатиот век. Но, ќе ви покаже и како да истраете во вакви тешки периоди и да зачекорите по нов животен пат.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во квалитетни 120 минути е претставена судбината на Џејкоб (Роберт Патинсон), млад студент по ветерина кој по смртта на неговите родители е принуден да го напушти факултетот. Неговиот удобен и исполнет живот, за кус период се претвора во буквална борба за опстанок.rnrnОткако ќе му ја одземат куќата, тој без „скршена“ пара во џебот се приклучува на патувачки циркус кој сонот за успешен доктор по ветерина, ќе му го замени со кошмар. Џејкоб, ќе се соочи со немилосрдно дресирање и злоупотреба на животните.rnrnПреку симпатиите и особениот интерес за новиот слон кој ќе пристигне во циркусот, како замена за дотогашната главна атракција, тој ќе ја пронајде вистинската, но во моментот и забранета љубов, Марлена (Рис Витерспун). Таа е главен изведувач во циркусот, но во исто време и сопруга на неговиот злобен сопственик, Август (Кристофер Валц).Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Режисерот, преку глевиот лик во филмот испраќа недвосмислена порака за ненадејниот пресврт кој може да му се случи на секој од нас, во кој било момент од животот. Младиот Џејкоб храбро и подготвено чекори низ ужасот, кој ќе му го приреди лицемерниот и алчен Август. Во ниту еден момент нема да се откаже од љубовта која исто така, одненадеж ќе го „здрма“.Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Кога и како да го гледате филмот: Оваа драма е одлична, со неа да го завршите денот. Сеедно е дали ќе ја гледате со вашите пријатели или сами, бидејќи и во двата случаи, приказната ќе ве натера добро да размислите и да ги преиспитате вредностите и целите што сте ги поставиле во животот.Вода за слонови (Water for elephants)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.