Поголемиот дел од пушачите најчесто најмногу уживаат кога ќе запалат цигара веднаш по јадењето. Но, научниците и лекарите особено предупредуваат на штетноста на цигарите во овие моменти.rnrnrnrnПо јадењето, цигарите се исклучително опасни, така што силно го оштетуваат целиот организам. Некои истражувачи тврдат дека 1 цигара по оброк прави иста штета како да сте запалиле 10 цигари одеднаш во било кој друг момент од денот. Вие исто така со пушењето по оброкот ги иритирате и цревата. Дигестивниот систем делува на целото тело, додека никотинот се врзува со кислородот во крвта, па во овие моменти тој најлесно се апсорбира. Научниците предупредуваат дека со пушење цигари веднаш по оброкот драстично се зголемува и опасноста од рак на цревата, како и рак на белите дробови.rnrnТокму затоа, ако навистина морате, пушете цигари барем 20 минути по јадењето.
Автор: МајаrnrnrnrnНема посовршен ден од денес.rnЗа нови почетоци и нови луѓе.rnНо, нека започне денот со старите навики.rnКафе, цигара и благо.rnИ сонце.rnПод него, секој има свое место.rnБитно е да го пронајдеш,rnдодека уживаш во својата кожа.rnМизерно е да се обидувашrnда влезеш во туѓа.rnКолку и да си мал,rnтаму не те собира.rnНасмевни се,rnспонтано.rnЌе откриеш дека дишеш.rnСè уште нештоrnможеш да смениш.rnПочнувајќи од тебе.rnОчите нека ти сјаат.rnАко немаш љубов,rnнека ти сјаат од надежrnза љубовта која те чекаrnна секое ќоше.rnЧувај си ги рацетеrnширум отворени,rnникогаш не знаешrnкој би ти влетал в прегратки.rnТропај за да ти отворат,rnбарај за да најдешrnи думај:rnљубезноста е побитна од убавината,rnсексапилот е енергијата и шармот,rnа не брендираната облека.rnШтиклите не ги прават нозете јаки,rnтуку помислата дека можешrnдо крајот на светот и назад.rnРизиците нека ти бидат игра.rnНе доживувај пораз,rnтуку учи ги лекциите.rnСекој ден создавај по една приказна.
Американската артистка Хедер Дуи Хагборг ја приближила уметноста многу блиску до науката, со нејзиниот експериментален проект „Stranger Visions“, во кој пресоздава човечки лица од ДНК што ја наоѓа на предмети фрлени на улиците, како што се плукната гума за џвакање, паднати влакна или отпушок од цигара.Работејќи заедно со биолошката лабораторија „Genspace“, артистката имала можност по пат на анализа на ДНК да ги открие физичкиот изглед, полот, бојата на очите, културолошките корени на луѓето. Со истражувањето спроведено во овој проект не можело да се одреди возраста на личноста од која е најдена ДНК, па артистката решила да ги конструира нејзините маски како да се лица на 25-годишни луѓе.И покрај тоа што Хедер признава дека нејзините 3Д портрети можеби не изгледаат идентично како луѓето чијашто ДНК ја користи, таа тврди дека маските дефинитивно би личеле барем на роднина на личноста.Уметничката серија презентира еден, иако застрашувачки, сепак и фасцинантен факт за тоа колку може да се открие за еден човек од неговата ДНК и колку е лесно да се дојде до неа. Секојдневно, во јавност сите ние оставаме бесконечно количество на скапоцена информација. Зарем не ве застрашува помислата дека еден ден може да влезете во некоја уметничка галерија и да го видите внатре сопственото лице?Во јуни, артистката ќе зборува за нејзиниот проект и ќе презентира дел од проектот, во Лонг Ајленд, Њујорк.rnrnХедер со својот генетички добиен портрет од себесиrnrn
Пушачите кои палат цигара веднаш штом ќе станат од спиење, без претходно да каснат нешто или барем да се напијат, го зголемуваат ризикот за добивање рак на белите дробови и на усната шуплина, покажува истражувањето направено на 2.000 возрасни пушачи.rnrnrnrnРезултатите од ова истражување покажале дека дури 32% од испитаниците првата цигара ја палат 5 минути после станувањето. Од испитаниците, 31% правата цигара ја палат од 6 до 30 минути по станувањето, 18% од 31 до 60 минути по будењето, а само 19% после еден час.rnrnУчесниците кои првата цигара ја палат по будењето, имале најголемо ниво на отровни материи во организмот од цигарите во однос на останатите. Научниците утврдиле дека ова особено е штетно за постарите лица. Тие објаснуваат дека луѓето кои првата цигара ја палат многу рано, го вовлекуваат димот многу подлабоко и подолго го задржуваат, што може да предизвика рак на усната шуплина и на белите дробови.rnrnТокму затоа тие објаснуваат дека најдобро е наутро, прво нешто да се касне, за да може организмот да се разбуди. На телото, во утринските часови најмногу му е потребна енергија, па токму затоа потребно е да ми овозможите здрав почеток на денот.rnrn rnrn
Автор: Анаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnКој би рекол дека таа умее така прекрасно да танцува? Старото радивце беше вклучено и насекаде низ станот се разлеваа звуци на блуз… Како тој да ги пиеше нејзините грациозни движења со своите жедни очи, желни за уште и уште. Ја гледаше неуморно додека цигарата му гореше меѓу прстите, а вискито стоеше на масата. Таа се насмевна заводливо и во меѓувреме ја виде желбата во неговите очи и реши….rn
„Ќе танцувам цела вечер, сè додека тој сака, сè додека тој не ме замоли да престанам. А потоа ќе се препуштам на ноќта, ќе ù дозволам таа да се погрижи за останатото…“
rnКако да стана неподносливо жешко во премалиот стан, што од нескротливата желба, а што од страста што гореше секаде околу нив. Тој со брзо и отсечно движење посегна кон масата и си стави три коцки мраз во вискито. Испи две-три голтки и повторно ја врати чашата на старото место. Таа бавно се приближуваше кон него, а потта се слеваше насекаде по нејзиното тело. Очите ù беа како дијаманти кои сјаеја непрестајно во бескрајната ноќ…rnrnСе гледаше дека и обајцата гореа од желба да бидат заедно, да се спојат во едно и никогаш да не се разделат. Нивните погледи го покажуваа тоа, а и говорот на нивните тела. Сè уште се слушаше стариот блуз од радивцето, но девојката престана да танцува. Ја подотвори устата со цел да изусти нешто, нешто што одамна требаше да биде кажано, а остана скриено, како тајна во нивните срца што чукаа едно за друго.rn.rn
„Ах, драга моја, нема потреба од зборови. Ти си тука, а јас сум до тебе. Зар можеме да посакаме нешто друго?!“ – ù се обрати тој нежно покривајќи ù ги усните со неговата рака.
rn
„Не, остави ме да го кажам она што одамна го чувам недокажано… Знаеш ли колку долго ја чекав оваа ноќ кога повторно ќе бидеме заедно, колку ноќи го сонував истиот сон… Загаснати светла, твојот стан и тивки звуци на блуз. Ти, потпрен на старата фотелја, виски во раката, а во него – три коцки мраз. rnrnПотоа доаѓам јас и танцувам, танцувам сè додека не паднам на нозеве од умор и сè додека зората не ме разбуди. И иако можеби не те познавам толку долго време и имам поминато само една ноќ со тебе (можеби безвредна за другите, но проклето вредна за мене), јас сепак мечтаев за уште една таква ноќ кога повторно ќе ти се предадам не размислувајќи… зошто и како.“
rnВо моментот кога и последните зборови излетаа од нејзината уста, тој почна страсно да ја бакнува, насекаде и без престан. Не можеше да се воздржи, тој толку многу ја посакуваше, а и таа него… А и мислата дека можеби веќе никогаш нема да ја види и да го почувствува оној мирис на ванила на нејзината кожа, го тераше сè повеќе да се препушти на моментот и да ужива во него… Зашто истиот можеше да му е последен.rnrnСе зазори, веќе стана утро. Тој само што се разбуди, а таа не беше веќе крај него. Другата страна на креветот беше празна. Тој како да се насмевна, можеби со надеж дека повторно ќе ја сретне „неговата газела на ноќта“, која како да ја имаше моќта да ги направи и најневозможните работи – возможни… Мирисот на кафе и свежо лиснато тесто допираа до него од кујната. Кафето беше сè уште топло… Изгледа таа си заминала пред малку, но не сакала да го разбуди. Имаше и порака на масата.rn.rn
„Ти направив кафе и ти купив лиснато тесто, пред да заминам… Шприцнав и неколку капки од мојот омилен парфем од ванила во твојата соба, со надеж дека ќе се задржи што подолго и ќе те потсетува на мене… Ти благодарам на прекрасната ноќ за која имам преголема желба да се повтори, а и ти го знаеш тоа… А, ако веќе никогаш не се вратам, сепак, чувај ја оваа порака и секогаш кога ќе ти недостасувам – посегни по неа и ќе ме најдеш мене во неа. rnrnСè најдобро, твојата ноќна газела.“
rnTој само воздивна и промрморе…rn
„Ах, драга, да знаеш дека ќе те чекам, вечно ќе те чекам да се вратиш… и да останеш со мене.“rn
rnИ така, ноќта си замина, трите коцки мраз беа одамна стопени, а вискито испиено. Звуците на блузот повеќе не допираа до него, тие како да беа изгубени во ноќта која пребргу си замина и ја однесе грациозната танчерка со неа… Сега, кога веќе не постоеше ништо како остаток од таа прекрасна вечер, остана нивната љубов, да живее засекогаш.rnrnА, таа никогаш не се врати. Само остана да живее во неговото срце, како бескраен спомен кој никогаш нема да се избрише…rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале некои предмети што постојано ги користиме, но во многу поголем размер? Ви ја претставуваме колекцијата на џиновски предмети од целиот свет.rn
Џиновски LEGO човек
rn
Овој предмет висок 8 метри се наоѓа во холандското одмаралиште Zandvoort.
rnrn
Џиновска лажица
rn
Оваа креативна џиновска лажица со цреша на врвот се наоѓа во парк во Минеаполис.
rnrn
Џиновска фудбалска топка
rn
Најк имаат многу креативни идеи за рекламирање. Оваа топка е една од нив.
rnrn
Џиновски авион од хартија
rn
Компанија во Сиетл, Америка го има овој хартиен авион над нивната влезна врата.
rnrn
Џиновски играчки
rn
Овие големи плишани мечиња се дело на холандскиот артист Florentijn Hofman.
rnrn
Џиновска туба млеко
rn
Овој бокал млеко е стациониран на метродромот во центарот на Минеаполис, Минесота.
rnrn
Џиновска сијалица
rn
Направена од полиетилен, оваа уникатна ламба е во форма на огромна сијалица.
rnrn
Џиновска шопинг-торба
rn
Оваа торба е дел од изложбата „Unstern. Sinistre. Disastro“ во Германија.
rnrn
Џиновско сечило
rn
Создавањето на ова сечило е дело на компанијата BIC како дел од својата рекламна кампања.
rnrn
Џиновска цигара
rn
Работниците од комуналната хигиена во Лондон инсталираа огромен опушок од цигара со цел да се зголеми свеста кај граѓаните, да не ги фрлаат цигарите на улиците бидејќи зафаќаат 78% од целосниот отпадок во Лондон.
rnrn
Џиновски чевел
rn
Ова е една креативна рекламна кампања на Woodland Shoes.
rnrn
Џиновска шолја за кафе
rn
Шолја за многу кафе, за луѓето кои не можат да се расонат наутро…
rnrn
Џиновска гума
rn
TITAN гумата за трактор се наоѓа на саемот за автомобили SEMA 2008.
rnrn
Џиновска виљушка
rn
Металната скулптура на виљушка изникнува од Лак Леман пред Алиментариум Музејот во Вевеј, Швaјцарија.
rnrn
Џиновски пржени јајца
rnНеколку големи пржени јајца биле распоредени по улиците на Леуварден, Холандија од страна на Henk Hofstra како дел од изложбата „Art Eggcident“.rn
Џиновски предмети за на плажа
rnСе наоѓаат во пределот Римини.rn
Џиновска корпа за пикник
rnОваа креативна зграда во форма на корпа за пикник се наоѓа во Њуварк, Охајо.