Ако отсекогаш сте имале проблем да се воздржите од искажување на она што ви се мота низ умот, тогаш дефинитивно сте биле во неволја повеќе од еднаш. Ова особено се однесува за искажувањето емоции кон луѓето што ни се драги и блиски. Па, доколку чувствувате како полека се вљубувате во некоја личност, тогаш познавајќи се себеси, дефинитивно не можете да кажете што сѐ може да произлезе од вашата уста нареден пат кога ќе излезете на романтичен состанок.rnrn
rnrnМожеби вие не знаете начин како да престанете да се изразувате себеси толку искрено, што е само по себе ризик да го исплашите вашиот партнер или партнерка. Можете да се извежбате да кажувате нешта коишто се малку посуптилни од „те сакам“ доколку сметате дека е премногу рано за толку силни зборови или не сте доволно спремни за таков чекор.rnrnВо ваквите моменти, многу е практично да имате при рака 15-тина фрази кои ќе ви помогнат доколку не се чувствувате удобно да ги изговорите или сте срамежливи по природа. Без разлика која е вашата причина што не сте подготвени за тие два големи збора, тоа не значи дека не можете воопшто да ги споделите вашите емоции со саканата личност, напротив постојат многу начини да го направите без тие зборови. Сѐ што ви е потребно е малку креативност и правилно селектирани емотикони, за да го споделите срцето со личноста којашто ви го растреперува срцето. Еве 15 добри идеи:rn
Кажете му/ѝ како прави да се чувствувате:
rn1. Јас едноставно не можам да си дојдам на себе колку сум среќен/на со тоа што те познавам и те имам во својот живот. 🍀😍rnrn2. Ти точно знаеш како да направиш да се чувствувам посебно. Стварно ми е драго што те запознав. 🤭rnrn3. Никој досега не предизвикал да се чувствувам на начинот на кој ТИ правиш да се чувствувам.rnrn4. Хеј ти, само сакав да ти кажам „ти благодарам“ за тоа што си.rnrn5. Моето тело го сака твоето тело – едноставно, сметав дека треба да го знаеш тоа. 😉rnrn
rn
Кажете му/ѝ како вие се чувствувате за него/неа:
rn6. Во случај да не знаеше, ти МНОГУ ми значиш мене.rnrn7. Можеби звучи по малку сладуњаво, но вистината е дека јас секој ден се грижам сѐ повеќе за тебе. 🌽🌽🌽rnrn8. Што би рекол/рекла, доколку ти кажам дека мислам дека ти си можеби мојата најомилена личност на сите времиња? (Бидејќи навистина си.) 🤷♀️rnrn9. Навистина се надевам дека знаеш колку си ми важен/на. 😍rnrn10. Ти си навистина неверојатна личност и многу сум благодарен/на што те имам во мојот живот. 💋💋💋rn
Кога не знаете што да изустите, можете едноставно да му/ѝ кажете цитат од некој романтичен филм:
rn11. „Мислам дека ќе ми недостасуваше, дури и ако никогаш не те запознаев.“ – Датумот на венчавката (The Wedding Date)rnrn12. „Многу ми се допаѓаш. Токму онаков/ва каков/ва што си“ – Дневникот на Бриџит Џонс (Bridget Jones’s Diary)rnrn13. „Јас едноставно сум… среќен/на. Никогаш не сум се чувствувал/а вака претходно. Јас сум точно онаму каде што сакам да бидам.“ – Вечниот сјај на беспрекорниот ум (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)rnrn14. „Ако ти си птица, и јас сум птица.“ – Бележникот (The Notebook)rnrn15. „Би сакал/a да имав можност да направам сѐ што може да се направи на планетата Земја, заедно со тебе.“ – Големиот Гетсби (The Great Gatsby)rnrn
rnrnНаравоучение: Само затоа што не се чувствувате подготвени да ги изговорите тие 2 збора, тоа не значи дека треба да се воздржувате до степен да не споделите со таа посебна личност во вашиот живот, како навистина се чувствувате во врска со неа/него. Половина од чувството на заљубеност, е во изразувањето на вистинските емоции. Покрај тоа, никогаш не би можеле да знаете со сигурност, дали и личноста од другата страна на клупата просто не умира за да ви го каже истото вам, а овие пораки се идеалната доза храброст којашто ви е потребна, за да бидете спонтани и го искажете она што искри во вас.rnrnДоколку сте подготвени за магичните зборови, прочитајте ги и овие: 25 едноставни начини да кажете „Те сакам“.


rnrnСистемот, при големи брзини, произведува ласерски зраци со висока резолуција кои траат многу кратко (милионити дел од милијардитиот дел од секундата). Кога раката ја попречува проекцијата, таа може да манипулира со холограмските пиксели.rnrnНаучниците веруваат дека оваа технологија може да има широка примена во медицината, архитектурата и секако во забавната индустрија.rn
rnrnНо, кога сте заедно, го поминувате целото време во кревет.rnrn
rnrnСекогаш се надевате дека ќе ве изненади и ќе ви се појави на домашната врата.rnrn
rnrnНо, потајно сте нервозни дека ако тоа се случи, ќе дознае дека кога не е во близина, не се грижите доволно за вашиот изглед.rnrn
rnrnСите што ги познавате ви кажуваат по барем една причина зошто врските на далечина не можат да успеат.rnrn
rnrnСонувате дека имате способност да го/ја видите во секој момент.rnrn
rnrnНо, кога ќе се разбудите и ќе видите дека не е до вас, болката во срцето почнува одново да се интензивира.rnrn
rnrn

Најавете се на вашиот профил на фејсбук и одобрете го пристапот на апликацијата до него. По одобрувањето, на екранот ќе ви се отвори нов прозорец на кој ќе се појави вашиот идентификациски број. Ископирајте го и потоа преминете на следниот чекор:rn
Во прозорчето кое ќе ви се отвори, пополнете ги полињата соодветно и притиснете „Create“ и постапката е завршена. Останува уште да влезете во архивата:rn
rn

Доколку не добиете одговор, едноставно напишете нешто во стилот: „Изгледа не си тука, ќе ти пратам имејл“. Исто така, не треба да се навредите ако некој ја напушти комуникацијата ненадејно, без да ве извести за тоа и потоа повторно се врати после еден час или дури и по неколку дена.rnrn
Разбираме дека вашата мисла е многу осетлива на времето, па наместо да ја напишете целата реченица, едноставно притискате Ентер на средина на реченицата или зборот. На тој начин, вашиот соговорник знае што сакате да кажете уште на почетокот на реченицата, без да мора да ја чита истата докрај. Помислете дека секој пат кога ќе притиснете Eнтер, на вашиот соговорник му бипка компјутерот за да му сигнализира пристигнување на нова порака. Ова многу вознемирува. Затоа, пишувајте целосни реченици, дури и пасуси пред да го притиснете големото копче. Луѓето ќе го ценат тоа.rnrn
Пристојно е прво да почнете со пишана порака. Доволно ќе биде нешто од типот: „Онлајн си? Имаш време да ти се јавам на кратко?“ Вознемирувачки е кога скајп почнува да ѕвони од никаде. Може да се случи соговорникот по грешка да го прифати разговорот кој имал намера да го одбие, а вие да му предизвикате губење на слухот поради јачината на вашиот микрофон. Уште ако имате и вклучено видео и притоа барате и тој да го стори истото, ќе биде премногу. Некому можеби не му е до бучно попладне.rnrn
Само затоа што вам ви се зборува со видео, не значи дека исто се чувствува и другата страна. Можеби вашиот соговорник моментално седи раскомотен по дома во својата долна облека, со лоша фризура и растурена соба во позадината. Вие можете да изберете да направите видео повик со вашиот соговорник, но ако тој сака да го направи истото, ќе го стори тоа, не мора дополнително да му го побарате тоа. Ако веќе го вклучите вашето видео пак, внимавајте како се однесувате. Многу смешно ќе изгледате ако се фрцкате пред камерата 90% од времето. Не заборавајте, соговорникот го гледа истото што и вие. Веб-камерата не е огледало.rnrn
Никогаш не брзајте да пратите некоја важна порака до некој кој во моментот можеби се наоѓа на јавна презентација служејќи се со својот лаптоп. Пораката која ја кажувате во доверба ќе заврши проектирана на ѕидот пред сите присутни во просторијата. Затоа, секогаш треба да ја започнете комуникацијата со мек разговор и да почекате соговорникот да ви одговори пред да се избрзате да напишете нешто осетливо. Не заборавајте дека други луѓе може да стојат зад компјутерскиот екран на вашиот соговорник, така што бидете внимателни со праќање доверливи информации без да се осигурате кој сѐ ги прима.